Ден денес ако се разбудам сред ноќ, ми треба еден саат да презаспијам. Па средувам алишта, машина, сушара. Се додека не се клатиш лево десно, во маркет, на автобуска, на тезга додека чекаш продуктите, арна си. Ова се фаќав дека го правам и којзнае што мислеле луѓево околу. Сигурно за некоја тешко, психолошки, оболена особа ме гледале.
Од најсмешни инсерти во мајчинство ќе издвојам дека пред некој ден во маркет отидов сама вечерта, пазарам и додека стојам на фрижидери и чекам месо да ми исечат ја клацкам количката за пазарење како да е количката на ќерка ми напред назад од навика ми текна во еден момент дека детево не е со мене
Истово и јас го правев. Мм напред со неа во количка, јас си стојам разгледувам и ја клацкам количката за паразење. Мм урлаше од смеење.
+1 Денес го правев ова баш. Стојам со количката за пазарење во место и ја возам малку напред назад. После гледам мм го земал бебе
Ете не сум сама улава полесно ми дојде уште една смешка и да легнувам пред некој ден со колешка ги шетаме децава - 3 месеци ни се разлика во парк и ми вика: абе нели скроз сме сменети откако станавме мајки, не трчаме по состаноци, не сме во штикли, не сме нашминкани, скроз не личиме на претхидно… ја гледам вака викам да бе, сроз нормално е тоа во овој стадиум…. И од другата стрна према нас иде наша клиентка со години и не поминува, не ни вика здраво викам дај си рака, потврдено … сменети до непрепознатливост се изнасмеавме
Хахахаха...еве јас да те утешам, јас имав таков период од од прилика месец ама после тоа повторно почнав лесно да презаспивам. Сега буквално во полусон му давам да цица (креветчето е споено со спалната со едната извадена страница, па одма до мене ми е) и си продолжувам. Пред некоја вечер ми правеше драми сред ноќ не сакаше да цица, па морав шише да му давам, со едната рака го држев шишето а другата му ја имав ставено под главчето за да е поподигнат и буквално така со шишето во рака имав заспано. Он пиел што пиел, си ја свртел главата на друга страна и си заспал. Јас се разбудив тек после два часа и нормално раката што ми беше под него ми беше цела вкочанета, ама битно поднаспана бев
Дочекав ќерка (3 години) да ми рече ајде да си ги собериме играчките и стварно да почне да собира Плус да ги врати сите кутии наместо и се со ред. Мала победа за човештвото ова Надежно желбата ќе и потрае и за понатаму.
Леле јас па кога и да шетаме, јас ја буткам количката, маж ми не може да ја допре од мене, ми вика што не ја даваш количката хахаха, леле викам не знам да одам без да гурам количка, толку ми станало навика да чудно ми е друг да гура, а јас така со рацете.
Одам вчера до маркет сама, на 300м ни е и обично со дете пешачиме со таму. Прва помисла - ејј ептен брзо се стасувало до маркетот Тоа без влечење, без застанување да видиме камче, куче, маче, порта, не знам што, не знам кој .
Мене идење во сити мол сама ми е терапија - без количка или кенгур или без тодлер што го барам меѓу алишта и 500 пати повторувам не тоа, не пипкај таму . Едноставно кога имам брн аут одам сама да пазарам тоа ми е издувен вентил.
И јас во тоа време искачам Него кога сме кај скоковиве на мајкиве, нешто во последно време и ја кога ќе се разбудам не можам да презаспијам ноќеска ќерка ми ни правеше шоу од 2 докај 5, научила да лази војнички, не сака да спие, искача од креветчето, лази по спална, пробува да се исправи после презаспа до 7, мртва сум, еве од сабајле два пати спие, а јас не можам да заспијам никако, ни ручек ни фатив нешто денес
Веќе скоро месец дена сум самаа по цели денови со бебе, мм отвараше нов локал кафич и таму е цеело време, ние одиме со бебе од сабајле ама после цел ден сме си дома сами Преселена сум во друг град, моите се во скопје, неговите се ма 30 мин од нас ама не доаѓаат често ич.. една единствена другарка имам тука и она е со дете И сеа читам шо викате до сити мол да се издувате или било каде сеедно, и сфќаам дека јас тас привилегија тој луксуз го немам пошо нема кој да е со бебе а и плус еве и мм да е дома, не знам дали би ја оставила така и да одам да шетам... од што сум со неа 24/7 си мислам дека никој друг не ја знае доволно како мене па дури ни мм, не знае што сака кога сака.. кога плаче зошто плаче и слично
Јас одам со бебе да се издувам. Татково веќе кажав ќе сфати дека има дете за едно 3-4 години. Палам кола со бебе во некој мол, не е идеално ама кога нема друго добро е и така.
Па не ми текнало искрено.. ја дома збеснувам ама не ми текнало со бебе да излезам да се олабавам.. Иначе да мм мисли дека оправдано е отсутем пошо "работи" "носи пари" успат ја дома полудувам некои денови со бебе и плус трудна сум пак тазе па супер е..... не јадам неам време когаа, заборавам некогаш битамините да ги пијам и така супер е
Лајкот е за подршка, честитки за бременоста со лесно да биде, те памтам бевме мн кратко заедно во соба, односно ти кога се породи јас си одев те препознав од форумов иначе сум била во твојата ситуација и потполно те разбирам колку ти е тешко, маж ми работи две работи, мн често по две смени, сум била со месеци сама со бебето, сега сум сама со тодлер и бебе исто многу често, не смеам јас да се пожалам пошто он исто се оправдува со тоа дека носи пари, а најтрагичното е што и пред друг некој не смеам да се пожалам пошто сите него го разбираат дека му е тешко по цел ден на работа, а никој не те сфаќа тебе колку си прегорен затоа што ете во нивните очи ти си дома со децата и уживаш нели пошто тоа е бајка. претешко ни е на сите што сме без помош, деновиве се видов со една другарка и ми кажуваше како бабите се караат меѓу себе која да ги чува внуците и како она и маж и редовно си одат на ручеци сами и на викенди и на одмори и сфатив дека живееме во различни универзуми
Многу ме нервирс баш тој момент дека никој не не разбира нас мајките... па дури и другарка една сега е трудна и на неа и е чудно како јас така драматизираам нигде не одаам како тоа се мене бебето ми спиело не знам што.. ужас. Инаку леле не се сеќавам ич дали имаше некој во собата кога ме симнаа пошо бев у шок хахаха знам бев сама една вечер и после дојде уште едно девојче она царски се породи и остана уште два три дема после мене.. како памтиш ти? Хахахс по што ме препозна А од секогаш се прашував дали на формуов пишува некоја мајка со која што делев соба.
Јас бев веќе облечена да си одам чекав кога те симнаа, те препознав по името на бебето Марија, ми остана во памет дека го немам слушнато одамна. 18 ти август си дојдов јас дома, мислам не сум грешка