Јас сум исто ко зашеметена кога сум без бебето и брзам за дома Ама не барам да и купувам, до толку сум зашеметена што не знам што би и' купила, мала ми е. Уште носи облека од поклоните од мекици
кај нас мн брзо израсна се, отвараме по некое од мекици ама и од што доаѓаат на честито да го видат сите носат.. и јјас на секое идење по едно бодрнце му купувам од мерак колку
Истоо, ако не купам нешто и за него како грижа на совест имам, и најмала ситница да е, ама да има нешто за него И обавезно му пишувам на мм на секој пола саат да ми прати слика од него. А ако сум излезена навечер, откако ќе го успие мм и ќе уклучи камера, знам да си ја отворам апликацијата за камерата и да си го ѕирнам
јас освен маркет, аптека, дм и мол ама на кратко овие што ми се на 10мин. На кафе бев еднаш ама ѕвонев ко лудача хахахаха
И ние закажавме за одмор јуни здравје, секоја година одиме тогаш, после фаќа многу топло, па одиме септември пак најчесто. Иначе, јас кога и да влезам негде да купам нешто за мене или за поклон обавезно купувам и за големата, а и за малово иако има се од сестра и, јас пак и купувам, нема помош од оваа болест . Општо сум шопингхоличар
А може да кажете предлог места за бебе каде сте носеле/ каде ќе носите? Ние ќе имаме отприлика 8м тогаш
Денеска ја оставивме рано наутро кај моите, јас и мм да правиме генералка. Со тешко срце ја оставив како да не е за неколку часа, толку тажно се почувствував што ја оставам за да чистам, скроз забегана работа. Си дојдовме дома, не знам како да се понашам без бебе, како празни да ми се рацеве, на секој саат ѕвонев да ја проверам и едвај чекав да си ја земам, иако знам дека ја чуваат исто како јас. Многу била умна, ручкала, играла, спиела, кога ме виде од врата збесна буквално, пишти, прета со раце, нозе, душа моја. Ние се спремаме за на одмор Јуни, здравје планираме и Септември уште една тура, не резервираме однапред, бебе ќе почне во градинка и не знам како ќе биде.
Nie rezerviravme na Tasos , togas 5ipol meseci ke ima. Apartmanot ni e na sama plaza i se nadevam beba ke prodolzi da saka da se vozi vo kola do avgust za da ne se ubieme so mm po pat )))
Бебуш ми се разболе 13м.Педијатар вика настинка е само чиста плуќа и грло ама кашла како куче.Денес малце повеќе енергија но прв пат имаме проблем со храна и течности.Млеко не сака да допие а вечерва не сакаше ни малце да се напие.Храна само блендирана успеав некако со цртани иако никогаш не пуштам додека јаде.Вода пие трошка значи и до сега воопшто не сакаше одвај се молиме со чашче за ракија едно цел ден,исто и чај,сок не сака воопшто.Само разреден јогурт проаѓа некако.Страв ми е дека ќе дехидрира бидејќи млеко не пие.Немам памет веќе втор ден како цела вечност.Мрсулите од проѕирни лепливи станаа бело жолти. Толку сум нервозна што не знам што правам.Толку добро си јадеше и парчиња си сакаше сега се плука.Не знам ни заби дали искачаат не можам уста да му отворам.4ките и од двете страни се како топки не знам така ли треба да е не ли ...Ах бе.Плус педијатаров што патем од секад не сум била уверена дека знае што прави ни даде сирупче со тегавец некој со мала доза но на тој пишува над 3 години дека се дава и уште толку паника ми е се.
Кашлање како куче е ларингитис (бар така се опишува)и тоа се лекува со сладолед, ладни пијалоци и инхалации со кортаир бар така го лекувале син ми..
Скроз е очекувано да не јаде и пие. За тој тип на кашлање, не ви дадоа инхалации барем? Обиди се ладна храна да понудиш. Јогурт, кисело млеко, овошен јогурт, грчки. Ама од фрижидер ладни да се.
Нормално е дете ќе се разболи, плус времето е променливо, сите се поднастинати, не му се сеќирај толку, и ние кога сме болни не ни се јаде, јас обично овошно јогуртче сум давала така, нуди цело време вода, јогурт, млеко, колку пие толку. иначе мн чудно за толку мало бебе сируп, мојата матична ми викаше никако сируп до 3-4 години полошо ќе направи не знае да го искашла, прв пат и препиша сируп сега на 4 години, цело време инхалации со кортаир како што ти пишале. со лесно да проаѓа
Кај толку мало дете не се даваат сирупи за искашлување - јас не би давала. Побарај си и второ мислење, а во меѓувреме давај ладно да јаде, да лиже.
Испи 100мл јогурт на два пати ама ми беше страв директно од фрижидер ради грлото дека кашла ..инхалација ни рече само со марисол ампула ако сака ако не директно во носе.Иако ја знам дека тие ампули не се за инхалатор во аптека исто рекоа може. Пробувам блендирам ставам повеќе водичка за да внесе нешто. @Anaroz1 па и мене ми е страв ама ај викам дека мала количина...не знам веќе памет немам дали да се акам на други лекари еден матичен да се најде асално Овој ни го даде.Наутро дадов и ок беше сега пред спиење дадов пак и нејќеше млеко потоа ич ич да се напие . Не кашла цело време но кога ќе се закашла баш тешко длабоко кашла.Најчесто после спиење ,вчера и додека спиеше се закашлуваше
Марисол ти е солен раствор( физиолошки) и се инхалира со него. И само него и со плус други ( сега на пример така инхалирам). Ако кашла како куче што викаш, тоа е ларингитско кашлање и се третира инхалација плус ладно.
Бебе е 7ипол месеци трет пат сме болни. Една недела веќе е затната со носето и кашла, нема температура. Три дена само неколку лажички каснуваше, не сакаше, а иначе полна чинија си јаде секогаш, кога ќе му биде подобро ќе почне да си јаде, нуди без форсирање.
И мојата беше болничка со мрсули и поткашлување. Во систина рекоа вирус кај матична не однесов, температура 3дена и после се оправи. За мрсулите носко 2-3 пати дневно не повеќе ама мислам тоа ја спаси да не симне на плуќа сируп ми рече хербион па псоле отидов до зегин аптекарката ме знае ми рече полошо ќе направиш земи за бебиња pranarom ти праќам подоле слика да прашаш доктор дали би било ок и за вас. Не е за искашлување туку за смирување на кашлица е / таков требало за бебиња до година … твоето мислам е поголемко. За носот ни дадоа назориг капки три пати дневно капнував и успешно завршивме прво разболување за 3-4дена.
Никако да отрпнам на чистењето со носко и неговото вриштење како да го колам.Значи секое чистење ми е смрт ама што да правам морам.Овој од тегавец исто е за смирување и за омекнување на грлото и не знам,многу мала количина му давам.Живее на јогурт деновиве,мрсулите се сменија во жолто зелени валјда тоа е знак дека напредува ,до сега фала богу само еднаш сме биле болни и така беше...ќе следам денес ако не ќе одам на друг лекар.
Исто е и мојата со ноското. Урлаше плачеше, ама мислам дека ја спаси буквално. Кога ќе ме видеше со правосмукалката почнуваше да плаче ваљда знаеше што ја чека..Јас дури си мислев дека ќе ме отсака детево пошто јас и го чистам носот ама после 2 мин се беше нормално Нека поминува со лесно
Да пробаш прво на некоја играчка демек вадите секрет со неговото раче да држи, после нека го држи сама да вади, а ти од доле командај го ноското. Ние вака успеваме без да не слушне пола Скопје дека вадиме секрет.