Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Со тек на време престануваат да вриштат до тогаш на сила. Ја би напрајла брис
     
    На Anaroz1, Anastasia579 и Stone им се допаѓа ова.
  2. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Уште ова го немам пробано ама ќе пробам да ти кажам.Чим види како го составувам носко почнува драма,а го држи пробувам демек на мене и не бе пак...
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Пробај така. Не дека секогаш ќе успее де.
    Дај му нека помага во склопување. Може нешто ќе упали.
    А и јас би ти рекла како Милки еден брис да направиш. Зелени мрсули се знак за бактерија.
     
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Исто, плаче урла, дури и спрејче кога прскавме, а сега кога ќе го види спрејчето не плаче, дури сама се мести, мирно стои да прснеме :D.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Е**ти државата глупа ,кај не можат да обезбедат барем 1 г породилно ,кај се снаоѓаме ко неарни за да ги дрмиме што подолго дома уште и во никакви услови во градинка да ги оставаме ,после наталитетот паѓал. Ќе паѓа ,јас се каам шо родив овде арно вукаше татко ми иди Дубаи муваи цел свет е твој ја не да не сум станела старлета оооф (facepalm)
     
    На EarthFire, Anastasia579, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Како е малата, како и оди адаптацијата? Со јадењето уште ли одбива? Стискам палци да стане полесно наскоро :hug:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Шо да ти кажам... катастрофа.
    Не јаде таму ,не јаде дома тие само си бараат изговор да не седи. Од работа ме бараат одмори требало да почнат... охх предолго е се да пишам ама вчера се скарав со тие затоашто ми се испонашаа како да јас го занемарив детето и од се ми е смачено ;(
     
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, се надевам е период што брзо ќе пројде. Да не имаш опција друга некоја градинка, можда стварно голема група е и негователките не сакаат да се замараат со уште едно плус детенце? Праќам гушки :hug:
     
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Да групата е преголема ,но не одат сите деца затоа што они вака прават па кај помине помине.
    33 им се на список 17 идат од кои негде 7 си одат пред спиење и сеа бидејќи знаат дека имам дома свекрва (едната ми е комшивка) и сакаат моето да направат да се зима пред спиење. А тоа шо бабата вака дење е топ не ја бие ама ноќе халуцинира јбг ,баба арслан е.
    Ох нема да ни да ме разберете вака напишано ама да така ми рече ,,баба и то не ја зима"
    викам изгледа има деменција (намерно не навлегувам дека е со халуцинации)
    ,,Ама како па баба и е и ми покажува со раце демек силна."
    Еве денес да спие пробуваме па заспала она иако не јаде скроз е мирна и кога и се спие спие иако јас ја рачунам гладна др вика си надокнадува со млекото после и тоа е тоа а тие не сакаат да проба да спие со изговор ќе плаче.
    Јакото е што на 2 мин сум од градинка за 2 мин можам да отидам ако плаче и не сака да спие.
    До вчера проблем беше дека не јаде како гладна ќе седи (дури и примери му се залепиле на нејзин роднина цревата на бебето од гладно во градинка) а вчера проблем било што спиела од 10-11:30 па сеа немало да и заспие во 12:30 денес еве ќе ја држела будна.
    Викам како ќе ја држиш будна кога она спие 3 пати секако, шамари ли ќе и маваш ?
    Морало така ,таков бил редот таму на 7 месечно тој ред го направиле што повеќе сон му треба не па на 10 м - ќе ја миеле.
    Еве па денес заспала сеа ми пиша ,да волшебно изела ручек тешка работа. Ама не не можеше.
    Ручек имало како дома манџи ,викам е баш тешко дека дома јадеш ти супа со манџа мешана ама ај и ќути.
    Е во овие случаи викам ќе имаш дете ќе видиш ,оваа што ,,како дома е јадењето" не е мажена и немала бебе дома па скока само.
    Викам што ќе правиш сите 33 да ти дојдат.. па не знам :tmi: а кој да знае ?
    Плаќаме за тоа ,за нервози само.
     
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Страшна работа леле… до толку ли нема негователки па да се поделат групите ццц. Морало така дека таков е редот им е кажано дека не постигаат поинаку со толку деца
     
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Испадна на крај колешката не и кажала дека сум побарала да спие. Изгледа ни комуникација немаат како што треба.
    Нема ,простории има негувателки нема и тие што се се е никакво... не сакам вака да се карам зошто сепак дете им оставам од кај знам каква будала е. Ама исклучив.
    Вчера и на градоначалникот пишав имаат на официјалната страна на општината оставено демек за прашање којзнае кој го чита и дали ќе е пренесено ама многу бев нервозна. Не се пожалив за односот ,само за бројот на деца.
     
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Не се нервирај, глеј Дубаи бегаат од таму замисли таму да беше сега. А замисли да беше во Америка 2.5месеци е породилното? Има подобро да, ама има и полошо. Генерално не се живее којзнае колку лошо. Лошите услови вп градинките се и тука и секаде... во Лондон па да живееш немаше да можеш ни да си дозволиш градинка. Син ми тргна пред да наполни година и тоа само ради тоа што фати лето па се снаоѓавме. Со второво ич нема да се снаоѓам одма штом заврши породилно трга во градинка. Ти кажувам да не си прајш нервози деца ќе си пораснат.
     
    На Madi и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Дубаи ако бев може немаше да родам ,во Америка 200 % немаше да родам. Е Словенија ќе имав 3 до сеа :D
    Мене криво ми е старлета во Дубаи што не сум :bandit:
    :rofl:
    Да деца се и сигурно нема ни да памти ,мене ме нервира менталитетот ,одма баба ваму таму а никој зад затворени врати не е ама да напаѓа може.
    И сигурно уште мислат за инат не давам баба и да ја зема а уствари ако баба и беше добра како ја гледала така барем до 15м ќе беше дома ако не повеќе. И однесувањето ,некои зборови шо ми ги кажа и другарка да и сум кога би се работело за официјален однос не треба да ги каже така а тек ни ме знае ни ме познава.
     
    На hannybanny и Milkiway им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Абе не се замарај тие се такви однист калап сите. Дете си е за во градинка и свекрва ми ќе оди во пензија ама немњ да го чува првото го причувуваше 2мес се менувавме со мене и мм. Знаеш колку е напорно да ти е дома детето? Мисли 3 оброци и ужинка да оставиш зготвено, па млеко требало вака, па вода, па колку сок, па дала благо не дала, изело, спиело ти промашила ред па одозгора мора да мижиш на некои работи пошо "помагаат" :fubar:
    На негователки ништо не се објаснувај пушташ, одреден период адаптација и крај после тоа немаш за зимање.
     
    На defocus и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Во однос на спиењето така е, кај нас малите ги легнуваат малце да се освежат ако многу им плачат и после во 12 пак ги успиваат ама ова кратко трае, после ги учат да спијат заедно со поголемите деца. Ќерка ми многу лесно се навикна на тој распоред иако пред тоа беше со две дремки. Ќе бидете поостри дека детето нема кој да го земе и готово, нема потреба да ви влагаат во приватност и да кажуваат каква била бабата. Ќе реагирате ако треба кај директорот на градинката. За јадењево денес не те сфатив, јадела или не јадела? Супа и манџа, ни на крај памет не ми паднало да и дадам ама во градинка јаде се, и репете јаде. Што им прават не знам ама сите се разјадуваат во градинка..
     
    На Трагедијаупмм, Anaroz1 и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Женска те читам некое време за градинкава што си правиш нервозни. Ќе ти кажам мое мислење без филтер, ништо лично не е.

    Прво, веројатно си од помал град штом знаат негователките дека имаш некаков баба сервис достапен. Знаеш дека по помали градови луѓето се поотворени и си зимаат за слобода да коментираат. Не си го земај при срце. Ти си знаеш најдобро за себе и своето дете. Нема зошто никому да се објаснуваш.

    Второ, не се толку лоши условите како што кажуваш. Еве и јас го запишав во државна градинка, бевме да разговараме со раководителката, до година јас ќе седам дома и после ќе го пуштам ама бевме на информативен разговор. Условите се сосем пристојни. Не е ништо луксузно, но е сосем пристојно. Има и играчки, има активности. Реално за 2000 денари месечно условите се супер. 2 оброци и 2 ужинки. Креветчињата се убави, нови. Играчки имаше и дрвени. Сосем пристојно.
    Правите споредба со некои држави како Швајцарија кај што градинка за еден ден чини 300 франци. Кај нас чини помалку од 100 денари. И да, финансирани се од буџетот на државата ама и државата не е дека ни е многу богата.

    Трето, за храната. Исто е сосем пристојна. Они не ни разбираат за вкус. Ако ти е нејадач детето што и да му дадат исто ќе е. Јас што го видов менито во нашата градинка има манџички, овес, просо, тарана, млечни производи. Сосем пристојно. Има и бисквити со млеко да, но реално здрави навики се всадуваат дома. Ако основата ја поставиш дома, нема еднаш во неделата ако јаде бисквити со млеко ништо да му смени.

    Последно, ако изборот ти е тој да мора да го пратиш бебето и да се вратиш на работа, фокусирај се на позитивните работи. На пример психолошки сепарациската анксиозност е најголема меѓу 1 и 2 години. Дете се праќа во градинка или над 2 (што се препораките) или под година. Така најмала траума прави. Друго дека ќе стекне вештини за кои ти дома нема да го научиш макар и на глава да се качиш. Трето ќе научи да јаде сама и да пие, полесно ќе ја одвикнат од пелена зошто ќе има и други деца што ќе и бидат пример. Ќе биде пргава и борбена уште од многу мала. Фокусирај се на тоа. Можеш да се нервираш до бескрај но нема да ја смени моменталната состојба. Никој никогаш нема да ги третира како што ќе ги третираме ние. Животот е многу суров, како за нас така и за нив ќе биде. Се што можеме да направиме е да имаат добра основа дома и да сме им ветер во грб и најголема поддршка. Не можеме да ги заштитуваме од сите работи и не треба. Колку си ти посмирена и сигурна во себе дека ќе и е добро во градинка, толку полесно ќе се адаптира зошто ќе чувствува од тебе дека имаш доверба за местото кај што ја праќаш. Нас дома ни се едни, ама таму се 30тото дете.

    Диши. Издиши. Се ќе биде океј.
     
    На Elly989, Eho, Madi и 15 други им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно како јадат во градинка се. Мојава зелка манџа дома нема да ја погледне, гриз со млеко исто. Таму јаде се.
    Домашна супа и правам јас викенд обавезно и ја обожава.
    Јас прво викам, да не лажат дека јадат децава. После гледам на снаа ми и викаат дека малово изела само 4-5 лажички или дека ептен малце пробала. Викам значи не не лажат. Плус како мириса на лукче во здивот :rofl:
     
    На Eho, dummy, Dodo1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Знам како е големото беше со свекрвата дома ама сеа свекрвата забега ,додека да откриеме дека веројатно за болест се рабоити и сеуште немаме дијагноза забегав и јас покрај неа буквално (во заедница сме ) ама тие гледаат дома ја имам и бараат рачки не ни можеш да не се објасниш.
    Не јаде општо и до вчера страв им беше да остане гладна а вчера страв им беше да спие оти веќе еднаш спиела од 10 |( уствари како да НЕ остане е работава.

    @EnaEnA30 Тие мене ми ги претставуваат лоши условите.
    ,,Нека ја зема некој до 3 пошо од 4 ри се на дежурство тогаш ќе биде во ходник па таму се сите ,може да се повреди ,во креветче само ќе биде ни сок,ни јадење нема да има сок и онака две шишиња ми оставаат за кој побрзо една учителката ќе е " тонот не можам да го доловам ама разговорот е отприлика така.
    Апсолутно не ми е проблем да плаќам 2000 ако треба и повеќе проблем ми е однесувањето. Ако јас речам нема кој да ја земе порано нема шо да кажува таа ,,свекрвати нека ја земе " си има причина зашо не ја зима и тоа е тоа.
    Не ми е проблем ни млеко ни бисквити нуту било која манџа проблем е шо не јаде ништо освен евентуално шмукалчиња. И заради тоа шо ,,гладна била немало да спие" не ни сакаа да пробаат ,они претпоставуваат на 1 ч дека цица изгледа.

    Зборот ова супа со манџа дека мешано беше затоа шо замолив ако може шмукалчиња запакувани со рок со се да им носам ако одбува тоа да јаде вакво барем. Дури и подобро е да јаде леќа или боранија отколку овошје ама па да ме убедува дека е убаво супа и манџа мешано ,не е.
     
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Еве мојава втор ден денес адаптација доручкувана ја однесов и пак јадела појадок (и другите оброци одпосле). И јас си викам да не ме лажат ама после дома ни грицки ни вечера нејќеше од што се изнајала таму хах
     
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Втор ден појадок и оброци ?
    Мене втор ден 30 мин ми ја држеа.