Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    веројатно зависи и од детето и од воспитувачките. и мојата од втор ден беше со појадок и спиење, за една недела ја адаптираа, втората седеше веќе до 4, ја тргнав на работа.
     
    На Anastasia579, Guns N` Roses, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Да и спиеше таму. во приватна тргна во мала група, верувам тоа игра голема улога ама може и карактерот плус
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    И мојата е премирна ,ама јас требало благодарна да сум што од втора недела е по 3 часа...
    А всушност беше по 3 часа бидејќи е мирна :D
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    те разбирам колку е нервозно, јас од други искуства знам, од лично за среќа не, ептен ни се погодија воспитувачките, мислам дека е најмногу до нив, јас одма им кажав дека немаме баби дедовци, сами сме, јас користам последна недела од одмор ( што беше вистина) и стварно се потрудија, одма ми рекоа носи ја од утре на доручек да пробаме и фала богу и она супер си беше, ептен беше малечка, немаше ни 9 месеци. во државна градинка иначе оди.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.720
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , може сум спомнала. Кај нас сите адаптации си се од пред појадок, па до колку натаму кажуваат.
    Битно кажуваат да се однеси дете гладно и да може појадокот да го јаде таму.

    Проба и тука една воспитувачка баш пред некое време, еј вика што ќе те замарам тебе на работа, ќе и ѕвонам на свекрва ти за детево што и да треба. Ја пресеков в корен, нема што да ѕвони таму. Ако треба ќе се јавам јас на свекрвата ама викам вие јавување ни под разно. Си има детето родители што треба да ја знаат секоја ситуација.
     
    На EarthFire и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм се изнервирав само што прочитав, крајно непрофесионално од страна на воспитувачките, што нив ги засега твојата приватност, нивна работа е детето да се адаптира на градинката, а не да смислуваат изговори, туку да работат(така е кога и таму партиски се вработуваат, но тоа е друга тема).
    Ние требаше да почнеме со адаптација, но малата настина, ќе почнеме после празниците. Јас ќе носам ад, моето ќе биде 8 месеци, си прашав одговорен и напишав изјава, државна сме запишани. Се се може ако се сака, тие што си ја сакаат работата што ја работат за жал на прсти се бројат.
     
    На Milkiway, Anastasia579 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    За болдот не ми е јасно како негде може негде не може а сите државни се.


    Јас сум и со панични и overthinker и многу ми е страв иако пред нив делувам ,,кавгаџика" :rofl:
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Тоа е до воспитувачките колку сакаат да работат, во група кадешто ќе биде моето, моја пријателка носи бебе и се јавија затоа што не јадело од храната да оди да го надои или да однесат млеко да не седи бебе гладно, ама за тоа треба осет да имаш дека нечие бебе не е јадено.
     
    На fragaria и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Леле се спремам бебе да пуштам во септември во градинка. Ќе ги пријавувам кај стигнам, абе ќе барам луѓе по партии ова е Македонија реално сите се знаеме, ама некој ќе биде казнет, на што личи ова селско понашање. Од такт се извадив. Што им е бе на сите? Ако не можат деца да чуваат нека си дадат отказ. Додека земат решение и гомна ќе јадат ако им кажат, после тоа кажуваат правила.
    Не можеле да постигнат, не е тоа наш проблем. Знаеле кога се вработувале со кого и како ќе работат.
    Дали има кој да зима дете или не, не е нивна работа, плаќам за да седи 8 саати колку што сум на работа.
    Кај живееме, каде деца растеме?
     
    На fragaria, Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Од тие партии се ставени и мислат дека не знам колку јаки се. Ама јас не сум човек шо гледа во таван и ќути ај има полошо. Денес разбрав дека дотичната не ни живее во наша населба а од могу работа што има разбрала и со кој живеам и како - така за оговарање се има време.
     
    На Anie93 и hannybanny им се допаѓа ова.
  11. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Изгледа опаѓањето на косата ме мава психички најмногу од се овие 2 и нешто месеци постпартум. Утрово се чешлам и од 2-3 поминувања четката преполна со влакна, да не можам да ја дочистам. А колку што читав најјако паѓа околу 4 месец што значи полошо ќе биде…
    Кога да се надевам дека ќе престане или барем ќе почне да се намалува?
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.632
    Допаѓања:
    16.012
    Пол:
    Женски
    Година кога направи тогаш ми се намали, иначе ми паѓаше цело време. Сега сум ко петарда со бебешкиве.:rofl:
     
    На Katie90, Anie93, Anastasia579 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    А ставаше нешто или да пиеш нешто? Јас сум сега 4 месеци пп оќелавев човече. Ќе нема што да ми паѓа до година.
     
  14. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Затоа ги бркаат децата порано да имаат време за кафе, цигарче и лаф муабет.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Да . А немала време да ѕирне во ранецот 2 недели крема за пеленска носам не ја пипнале денес ме прашува дали ја мачкам со нешто |( пошо она само пелена и менувала а пудра не сум однела :headbang:
     
    На Anastasia579 и hannybanny им се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Срамота… пудра е забранета со години ради талкот. Со бебиња и деца работат … пудра бара. Кој ги обучува овие луѓе кои се овие луѓе што ќе ни ги гледаат децата
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.144
    Пол:
    Женски
    Никој ,мајка/татко работи во градинка ќерка работи во градинка. На комшијата комшивка такви се собрани. Кога одеше големата викаа со една павловичева сите ,па кога таа ќе заврши следната сеа изгледа оваа шо бара пудра (дека тогаш друга беше во Јасли) не сака да ги пипка бебињава и ај со пудрата од горе ќе нароси и затвори.
    А дури и од кај сум девојче праша еднаш ,демек за мајка ми да ја зема.
     
    Последна измена: 8 април 2026
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Јас и претходно си имав многу бебешки влакна, којзнае на што ќе личам кога ќе падне косава :D
    Плус дома не можам да дособерам влакна на под, на кревет, по облека, насекаде…
     
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Се премислував дали да отворам нова рубрика за градинка ама сепак решив да пишам. Како се навикнувате вие како мајки без децата откога ќе тргнат во градинка? Бебка моја прелесно се навикна, денес трет ден адаптација си остана цел ден, си ја земав во 5 среќна, подмирена, наспана, изиграна. Стварно не очекував дека ќе има волку лесна адаптација (само што наполни годинка пред некој ден) и иако сум среќна и ми олесна што е така, на моменти деновиве имам завист према негователките. Прерано е знам и мене ми е шок да сум волку без неа, а се уште не сум вратена на работа(мислев подолго ќе трае адаптација) и имам вишок време да ми забегуваат мислите, но ете си тажам како негователките ќе поминуваат толку време со неа а јас не ;( Денес едвај чекав да ја земам и да си поседам со неа. :x Себично ли е да имам вакви чувства? Ваљда да…
     
    На Eho, Трагедијаупмм, angelce23 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Не е себично, нормално е. Тоа бебе до вчера било неразделно од тебе а сега цел ден го проаѓа со друг. И јас најмногу патам од тоа, иако искрено од една страна ми е убаво, на работа сум раат, знам дека е згрижена најадена спиена, некако тоа ми е време за себе, се осеќам како старата јас. Од друга страна, премногу ми фали, цело време гледам слики од неа додека сум на работа. Едвај чекам да си ја земам и тие неколку саати максимално и ги посветувам неа, но сепак не ми е доволно. Со душа чекам викенд да дојде
     
    На Eho, hannybanny, dummy и 3 други им се допаѓа ова.