Мојот плачеше вака до пред месец дена. Сега е друг човек, сега викенди ја се чува да одморам малку. Иначе ќе стане раат кафе да пиел раат да јадел. Јас имам заборавено како се јаде на маса цело време стојам и мислам дека не ни џвакам од што брзам само голтам.
Кај мене мм навечер си спие цела ноќ до нас, некогаш он го удпива бебе, некогаш јас. Ама затоа викенди кога е дома јас си спијам до 11ч само ми го носи за цицање и јас продужувам. Свекрва немам, свекор имам ама само сме на здраво чао, да го погали бебе да му постои на 5мин на глава и тоа е тоа. Со мајка ми се гледам еднаш неделно отприлика. На почеток доаѓаше неколку пати ама на рака може да се избори колку преспала искрено не ни сакав зошто јас пак бев будна и залепена над бебе до 40дена што се вика не и давав ни да го пипа бебе. Хахахаха. Секогаш ми праќа, носи храна, доаѓа ми готви. Доаѓа да го причува бебе. Не знам многу си ја сакам ама си сакам повеќе да сум сама. Сега за сега не ми затеебало одмор ама како и да е за се го имам мм од прв ден е вклучен во се дури некогаш и претерува. Знаеме често да се спукаме ние околу чистење ручек зошто другиот не направил ама се на се овие месеци добро ги истеравме и од сам пораат нема, а сите ми викаат цело време смирена мајка смирено бебе и ми годи и така малце сум си горда демек се е моја заслуга зошто се си правам сама
Дали има некоја мајка што се породила а има сколиоза, како поминавте овие 9 месеци, дали ве болеше кичмата, дали се породивте со природно или царски? Зборам тие што имаа сколиоза со искривен рбет па ми треба ваше искуство..
Во текот на бременоста ништо не ми беше. Се породив царски исто не памтам дека нешто осеќав. Е сега откако се роди бебе како накачува килажа и сака цело време во раце ужас ми е. Многу ме боли рбетот, ноќе не знам ни дали спијам од болка. Кичмата ми се укочува на пример кога наведната ја бањаме и се бориме за облекување после тоа не можам да се исправам ми треба минутка две да си дојдам на себе.
Сколиоза, кифоза, лордоза и спондилоза. Се си имам. И жими тие 9 месеци кај што ништо не ме болеше и бев здрава хахах Се породив природно.
Здраво мајки, не сум многу активна на форумов периодов ама читам некогаш. Не знам дали хормони се во прашање ама деновиве ме јади таква нервоза шо не памтам вака да ми било времиња, ми дојде циклус прв пат пред две недели па можеби и тоа има влијание. За банални работи се нервирам, се расправам со мајка ми, и се дерам без причина а жената само сака да помогне, од после ми е криво ама во моментот си мислам јас сум во право и крај. Веќе и бебе ме осеќа и тоа е нервозно, си клавам грижа на совест дека сум немајка оти така правам, на неколку пати дури и со него ќе се изнервирам и ќе привикнам, тешко мене на паметот, во секунда се свестувам шо правам и се смирувам одма. Можи дека ми се собра многу работи, преселби, визи, и што уште не баш во најкревкиот период. Не сме сеуште средени де кај моите, де кај неговите, де во куќата кај што живееме, растргната се осеќам, деновиве ќе заминуваме Германија ама туристички, сеуште немаме виза јас и беба добиено, можи подсвесно и тоа стрес ми прави. Смачено ми е, рајат не се видов откако сум породена, на сто страни сум.
Некои работи мора да се минат, за утреден да се смениш и да бидеш подобра кој себеси па и кон останатите. Себе регулација тек ќе учиме и ќе ги учиме децата, најбитно е што си свесна за својата дисрегулација. Правиш голем чекор во животот нормално е да те чачка и да си под стрес. Следат подобри времиња. Остани силна.
Кога сме кај благите работи не знајте која нерва ме јади, пред некој ден бевме на гости за Велигден кај една брачеда, блиски сме ептен и сега полно луѓе, тетки, брачеди сите на куп, го држат бебо си играат и зеде трилече да му дава, се побунив јас одма дека никако не сакам благо да даваат и одма она нашето еее не му е ништо од еднаш, ееее ти како растеше, и одма брачеда ми другата се побуни и ги искара, зошто да давате благо кога нема никаква придобивка од истата, ниту е хранливо ниту е потреба, само штета има, и му го зедов малиот. Исто пред тоа кај истата брачеда лижавче му даде да проба во уста, коса ми се крена, значи некои луѓе се ама скроооооос без осет. Заради овие работи не сакам да го оставам детево на чување кај никој освен кај мајка ми, и таа е со стари сфаќања ама барем ми ги почитува зборовите мои и се држи до истите.
И јас сум нервозна. Мм ми вика дека сум друг човек кога ќе се изнервирам или нешто не е по мој терк. Тоа е што е, пробувам да балансирам не може да сум истата од пред дете сега е друга ситуација и околности. Еве чист пример од пред некој ден од точка се мрднав буквално колку се изнервирав сабајле со појадокот, јаде мојава ептен супер е со апетит ама лоооом се прави цела иако 70% од работите јас ја ранам сеуште ама и она со раце шлапа пика мачка. Луѓе откако заврши со јадење околу нејзе и она самата беше лом … толку се изнервирав што се беше испомачкано јас препоретена она писка вриска не можам да ја измијам мн се напнав. Не може ни 10 жени да ме оправат за чистење со неа. Е за споредба порано ич не се секирав за вакви работи ехеее знаело и трошки да има по паркет со денови и ич не сум се замарала ама сега пошто лази и се става во уста вријам кога ќе видам трошка или нешто е умачкано. Сакам да кажам перспективата е друга … како да сум сменила наочари а пред мене се е исто само јас различно гледам. ај сеа кога сме на муабет чистење, после јадење и милион трошки со што средувате најбрзо? На мисла сум да купам кордлес мини правосмукалче зошто не можам веќе писле секое јадење да пуштам прависмукалка и да џогирам, на паркет и е хранилката иначе во трпезарија
Јас пуштам робот 10 пати на ден, што и да јаде е лом...Нити имам време некако на друг начин да чистам нити волја.
Стик правосмукалка, јас имам на Филипс што има и џогер на него- ме спаси . Многу е практичен дека без кабел и лесен е. Дека прменогу сме распослани по дома роботот ми е на пауза.. А жената што ни доаѓа, скоро па џабе. Сабајле се чисто и средено, кога ќе се прибереме ние како ураган да поминал низ станов.
И мене само нервози ме маваат колку брзо се валка со бебе сега а маж ми гајле нема мува не го лази. Спас ми е стик правосмукалката, за роботот не можам да го пуштам дека сто играчки има на подот не можам да ги тргам.. Дури стикот го заменив со обичната правосмукалка многу е полесен за користење и нема кабел влечење. Само земи си некој помоќен да собира убаво.
Јас па спротивно од вас пред да останам трудна бев Бог да чува, темпирана бомба сега сум ептен лабава ама сум полна со стравови необјасниви. Претпоставувам е нормално не знам. Во однос на чистење не се замарај толку. Јас мојата ја оставам мада уште е мала и седи само на подлога ама имаме маче и ја оставам со него да го фаќа и се. На крај краева ќе оди во градинка сите ќе фаќаат се и се ќе пикаат во уста. Ниту некој ќе им дезинфицира ниту ќе ги гледа. Така да релакс. Куќа со дете средена нема.
Толку мн ствари сме распослале играчки, игрални мебел облека што роботот спие веќе 2-3 месеци на полнач, последно се испозаплетка во една играчка се изнервирав исклучив и не го пуштив веќе кој конкретен модел е филипсот? Гледав dyson па да споредам Мора да земам, сега имам филипс со кабел и е мн моќна и супер сма секој ден со прависмукалката плус и женава што ми доаѓа два пати неделно ќе среди убаво сма со бебе што јаде само џабе ми е и 5 жени изгледа кога лом е за некој саат пак после оброк
И јас сакам стик да купам, дадете предлог кој. Роботот и кај мене е во мирување, додека да раскренам се од подот ќе ја земам Шаркот и ќе поминам. Но за секој ден ми е многу тешка и плус куќа на два спрата не можам горе долу да ја влечкам по мене
Јас dyson имам и презадоволна сум. И жената што ми чисти секогаш ја фали правосмукалката. Моќна е многу и држи батеријата, плус со ласерот ни една прашинка не ти бега.
Јас го имам v15 detect absolute, ама другарка го има v8 absolute поевтин е а исто е презадоволна. Друга другарка го има тој со мопот submarine нешто беше моделот и исто супер и е. Тие ме натераа да купам dyson иначе ич пари не ми се даваше