Јас имам v12 (кога го купив беше најнов модел) и супер сум задоволна. Буквално секој ден по 3 пати го користам.
И мојот е V12ка ако не се лажам. И уште една препорака за Дајсон стик и од мене. Јас го имам околу 4 години. Значи му нема рамен. Купив ваква за во станот што го рентавме, за да се чисти полесно. Катастрофа... Затоа и со линк ја ставам. Нема споредба Дајсон со оваа на Филипс. Посебно со мало дете.
Не е за кај нас ама сепак бидете внимателни во секој случај https://skopje1.mk/alarm-vo-avstrija-otrov-za-gluvci-pronajden-vo-bebeska-xrana
Веројатно за веста со хип качишките се работи...нели пред некој месец исто од хип повлекуваа адаптирано ?
Да, за Хип. А млекото мислам беше Аптамил. Одамна не користиме, не ги следам толку детално ама страшно е во секој случај ова што се прави.
Не знам. Ептен се нервирам само на дохрана сме и тоа на хип. Не знае човек веќе што да дава, што е добро, што не. Како што прочитав наводно саботажа. Тие тегли имале поинаква налепница. Се надевам дека нема кај нас.
Често читам на темава за тоа дека само мајките ве разбираат. И искрено кога ќе видам каков ми е мене односот со мајка ми, ми е криво, зошто да немаме убав и хармоничен однос на тема дете... Денес сум баш нерасположена ради темава. Имам океј однос со мајка ми, да не ме разберете погрешно. Не сме ниту скарани, ја почитувам и сакам, имаме редовно контакт. Ама некако на тема бременост и сега растење дете имаме толку многу различни погледи. И тоа за мене е океј, разбирам дека таа пред 30 и кусур години немала пристап до информации, се базирала на рекла-казала, едноставно правела тоа што мислела дека е најдобро во моментот. Го почитувам тоа. Ама факт е дека не правела секогаш најдобри избори. Проблемот е што таа никако не сака да го увиди тоа, убедена е дека сè што таа правела било и сè уште е најправилно. Веќе гледам на тоа како самобендисаност, затоа што никако не сака да прифати некое друго гледиште. Јас не се ни трудам да ја преубедам во нешто, работата е што таа упорно се обидува да ми наметне нешто што таа правела, дека според неа моево не е правилно. Еве неколку примери, колку за да доловам за што зборувам. За бебе јас сум одлучила да користам Веледа за пеленска регија. Таа уште во бременоста ме убедуваше дека таа мене ми ставала Павловичева, да користам и јас тоа. И викам не сакам тоа, Веледава има многу подобар состав. Од тогаш еве до денес минимум 2 пати неделно ќе ми каже - абе стави му павловичева. За газето - намачкај павловичева. Црвено му е вратчето - намачкај павловичева. Му се лупи главчето - стави му павловичева. Веќе мене ми се смачи да се објаснувам, не се ни објаснувам веќе, ама зошто таа упорност и тоа убедување кога сум и кажала дека јас сметам дека составот на Веледа е подобар и сакам тоа да користам. Друго, на тема цврста храна. Бебе е 5.5 месеци, почна да покажува интерес за храна кога јадеме да подава раче, и пред некој ден реков ајде ќе му давам да проба. Му спремам мала количина, го нудам малце. Засега не сака, ми ја плука храната. Не го форсирам, не правам ништо со сила. Кога гледам не сака, станува нервозен, прекинуваме. Подава раче и често му го давам лажичето сам да го држи (имам купено силиконски лажички - и за ова реакцијата беше као: ау па зар морало тоа, ти па дека немаше такви лажички што ). И за тоа што сум му давала тој да го држи лажичето, па зошто така, пффф глупости, земи таму ти дај му. И денес ми вика: па ти малку му даваш со лажичката, наполни ја цела и пикни му ја во уста. И викам не сака, тој ако сака да јаде ќе јаде и по малку по малку, ама не сака, плука. Дури и кажав дека мислам може и не е спремен за храна дека така плука сè на што реакцијата беше: ХА ХА ХА е кај треба да го пуштиме да се спреми? И тука залудно се обидував да објаснам дека да, може бебе да не е спремно за храна и дека не треба да се форсира. Мислам 10 пати и имам кажано ама џабе. И искрено тоа почна многу да ме нервира и фрустрира. Не сакам да дојдеме во ситуација да се скараме за глупост, ама навистина не знае да ми почитува граници и одлуки ама ИЧ. И сега да се вратам назад на муабетот со лажицата, да сум му ја пикнела цела лажица во уста, нешто и да плукнел, нешто ќе голтнел. И викам не сакам да го форсирам, колку сака толку нека јаде. И нејзиниот одговор беше: Е ќе видиш кога ќе дојдете како јас ќе го ранам, како ќе му пикам полни лажици во уста. Значи зошто да не почитува нешто кога ќе и кажам? И кажав не може, колку сака толку ќе јаде и ја сменав темата оти се изнервирав. Ете не велам дека е најправилно моево, ама ако јас сум одлучила дека ќе правам на еден начин, зошто не го прифати тоа и да го почитува. Зарем е толку тешко??? Не велам дека ни мисли лошо, таман работа... знам дека нè сака и сè тоа океј. Ама и јас па не му мислам лошо на моето дете. Ако таа правела работи што мислела дека се правилни, зошто не ме остави да правам тоа што јас мислам дека е правилно. Имаме разговарано значи не е дека пред неа ќутам, а овде се жалам. Едноставно жената мисли дека нејзиното е најправилно и точка, многу е тврдоглава, не знам како да ја опишам стварно... Еден пример исто. Ме исмева, па како тоа сега не сакаш да го ставаш во дубак. И објаснав зошто не сакам. Нејзината реакција беше: па ти баш сакаше да си во дубак. Во дворот (дворот ни е малку удолница) кога ќе се пуштеше набрзина надолу, колку пати ќе се превртеше од дубакот ехее хехехе... ШТО? И викам па како така сум ќе сум се превртела и пак сте ме ставале во дубак, јас да бев на прво превртување ќе фрлев дубак, ќе баталев. Ама ти многу го сакаше дубакот ми вика. Е добро и викам, не ви беше страв да ме гледате така??? Сум можела да се искршам. Е ете не се искрши, Господ те чувал. Мислам, кое објаснување... Се чудам што си мислеле , во заедница живееле и како за сите тоа било нормално!? И ете после толку години, таа уште не гледа проблем во тоа Не знам дали мене ме дрмаат хормони па сум напната. Ама онака во себе не осеќам напнатост се дури вака нешто не ме 'испровоцира'. Дали мојава мајка е 'проблематична' или проблемот е во мене? Вие што спомнувате дека имате убав однос со мајките на тема дете, дали вашите мајки ги почитуваат вашите одлуки или пак вие сте попопустливи и оставате да прават работи по 'нивно' иако мислите дека не е тоа најокеј? Не знам дали сум јас многу строга и ригорозна... Не гледам јас проблем во своето однесување, ама па ни мајка ми сигурно не гледа во нејзиното... па затоа навистина ме интересира кај другите како е, што е кај нас погрешно.
Мајка ти едноставно сака да си даде значение сега. Најверојатно и значи да покаже дека она знае, дека е способна да чува дете итн. И мајка ми е во тој фазон моментално, дури и пред доктори знае да ми суфлира нешто. Не ме нервира премногу, пошто знам да свикам и да се среди работата Мора да се знае кој е кој. Они нивното си го напраиле со бебиња, сеа ред е на нас и ќе си ќутат. Што сакаат нека мислат, дал сме во право или не, наше си е. Ептен ако заебуваме, тогаш нека реагираат. Ама за вакви работи ко што опишуваш...не е нивна одлука тоа. ................. Иначе....немам ниедна слика со бебето. Освен селфија. Јас сите ги сликам со неа, татко и, баби дедовци, тетки, вујковци. Еден не му текнува да ми напраи слика, да рече, ајде мајкава да ја сликаме со бебето. Ц ц ц
Мајка ми и свекрва ми ја чуваат двете по некој ден во неделата, може еден ден сум од дома јас. Со мајка ми односот ни бил секогаш одличен, и јас сум рак она риба па имаме голема хемија. Сестра ми е малку поостра за правила па знае некогаш мајка ми да се напне кога ја чува внуката. Од типот не јадела тоа што оставила сестрами и мајка ми вика плаче дете и дадов млеко морав да ја смирам за да заспие а и да јаде нешто и тука проблем зошто млеко не требало итн. или беше во транзиција внукава за заспивање сама и ќе и рече мора во кревет ... она навикната во раце и вика она плаче , време за спиење поминува све понервозна и сум морала да ја смирам во рака , па зошто така итн...што искрено во некои ситуации и ние да сме дома да плаче дете и да несака храна ќе се понуди и млеко или ако не е успешно заспивање само ќе мора да го земеме во рака. И детето има некогаш добри и лоши денови. Најважно никогаш не ни пререкува за ништо , што сме и кажале прави. Јас и давам слобода од типот храна, пример денеска мамо јаде месо за ручек и она што сака прави или што има од зеленчук и месо. Дете мое јаде све. И дава во тек на ден овошје , леб, смоки итн. Значи сум и кажала само спие во 9 и во 2 ипол 3. Толку. Ништо не ми е др битно. Не ја барам кога сум на раб, знае да ми пише заспа, јадеше остави толку, или слика да ми прати од двор како си игра . Јас како правам и што правам никогаш не ми пререкла или да ми каже вака или така е правилно. Единствено ме кара зошто знам да избувнам некогаш со бебка немам трпение, па ми вика да се контролирам. Што е во право. Мислење мое е дека таков темперамент и човек е мајкати. Не е решение да ја избегнуваш, зошто нормално дека ве сака . Ама дај и до знаење и опомени ја да не ти повторува повеќе пати па ако треба и на секое , не ја игнорирај за да не си стави во навика на секое да ти збори. Ма да тешко се менува човек на тие години... Свекорот ми е таков еее снао така ти детето само во чисто чувај го , не му пушташ телевизор , јас кога ќе ја земам на чување све ќе и дадам и благо да јаде... и такви глупи муабети. И мм му вика ај баш да видиме. Ама знам дека свекрва ми , секој збор ми го слуша и ме прашува така да тоа е невозможно што се филма тој.
И мојата не е далеку не се секирај. Разликата е во тоа што, јас сега до второво не кажувам и не споделувам премногу информации пример какви креми користам, какво млеко пие, како го облекувам итн. Дошла се на се 2-3 пати , сум отишла еднаш во овие месец ипол. Свекрвата дошла еднаш, сум отишла еднаш. Јас така ги "решавам", што пократко и помалце споделување на информации и помалце објаснување тоа подобри односи. Бар јас така почнав да функционирам, помалце се нервирам и помалце ме боли глава. Они си ги слушале за се' постарите (свекрви, мајки,тетки) за децата од облека до храна и така правеле што ќе им кажат,немало интернет да проверат...е сега си мислат нивен ред е дојден они да кажат, ама интернетот ги зезна.
7 години има ќерка ми, освен на прв училишен ден што ме сликаа со неа, не знам дали имам друга слика што не е селфи. Ова е една од ретките работи што ме изненадија во мајчинство. А со второто дете имам зошто на првото му беше интересно да не слика
Си викам, кога ќе порасне детево и ќе гледа албуми, ќе си рече, којзнае каде била оваа мајка ми кога сум била бебе, нигде ја нема по сликиве. А јас не сум ја пуштила од раце и окапав по форуми со разно разни прашања за неа и околу неа.
Не можам да верувам дека пред само неколку дена моето бебе порасна.. веќе не е бебе, наполни една годинка. Како вчера да бев со саати на бокс, како вчера да беше кога после сите маки ме однесоа на царски, а јас само се молев да не заспијам за да можам да ја видам. Не ми се верува дека од такво мало буцко топче, денес е толку слатко девојче со свој карактер, насмевка и душа што ми го исполнува секој ден. Колку брзо поминува времето.. сега сфаќам можеби повеќе од кога било, колку се безначајни сите моменти кога сум се нервирала, зошто не можам да ја заспијам, зошто плаче, зошто не сака ова или она... Се тоа поминува толку брзо, што во еден момент само застануваш и сфаќаш дека најважно е да се гушкаме, да играме и да се радуваме на секој заеднички ден. Затоа што тие мали рачиња нема секогаш да не бараат вака, и ќе ни "избегаат" побрзо отколку што можеме да замислиме. Среќен роденден љубов моја. Ти си моето најубаво вчера, најсреќното денес и секое мое утре
Мајка ми пробува некогаш да наметне нешто ко на пример пудра за газе. Јас не и ставам она ме убедуваше дека треба. Реков не сакам и тука заврши. Мојата мајка многу гледа видеа со деца на Инстаграм, па често ми кажува што видела дека помогнало да пробам и јас. Она е против како порано се чувале деца, на пример неколку пати она мене ми има речено да не ја нишкам толку силно за спиење или кога ја преоблекувам да сум повнимателна. Ама си има епизоди кога за нешто е убедена дека треба па си кажува на секое гледање. Јас многу не се замарам и не се нервирам. Откако се породив многу се сменив, порано бев лута пиперка сега немам време да се замарам.
Леле сега сфатив и јас дека немам слика со детево. ццц сите ги сликам да имаат спомен, а мајката неколку селфија и тоа каква сум ко разбијач. Коса у реп, ненашминкана, со подочњаци и алишта од мажот. Неколку пати излегуваме се дотерувам ко за бал и на никој не му текнува, а и на мене среќа крштевка ќе правиме следен месец па ќе имам и јас слика
иста слика, по 10 пати во ден кажува како правам погрешно и како треба.. немам ни волја да кажувам примери од што знам колку ќе се изнервирам. навредливо и е кога ќе објаснам зошто правам нешто што пред 30 години го правеле поинаку, сум ја правела дека ништо не знае..
@Baby warrior Колку и да е чисто, мојот редовно наоѓа по некоја трошка и си става во уста . Пред неколку месеци тргнав по Филипс мислам истата што ја препорача @LadyR , само нешто поевтина беше 22-23 000 ама се премислив и земав Dyson V8 Advanced. Оваа е најевтиниот модел од Дајсон, скоро секој ден поминувам со неа и презадоволна сум. Следно да имам можност би земала од поскапите модели со повеќе опции .