Истовоо му го зборев на мм вчера. Јас него цело време го сликам со бебка има илјада слики од новороденче до сега а јас само селфиња со нејзе Не му текнува
Најголемата разлика е вшмукувачката моќ. Исто и батериите траат подолго. Четките/додатоците се поразлични. Поновите имаат и лед (ова за некој со послаб вид мислам дека би помогнало ептен). Имаат и сензори за количина на прашина. Исто, помалку тежат новите. Во глобала, тие се разликите.
И јас така на почеток го сликав мм цело време со бебе, и имаше многу повеќе слики со него отколку со мене. Ама му имам спомнато баш за ова и сега гледам вади телефон, често не слика без да му кажам. А и он инсистира да се сликаме сите тројца заедно. Инаку се размислував да направиме фотосесија но се плашев бебе дали ќе плаче кога ќе го сликаат, дали ќе му го погодиме денот да биде у добрите саати итн. Ама си реков ќе ризикувам. Викнавме фотограф дома, претходно пресоблечен, наспан, најаден и преееубави слики направивме. Девојката вика не сум видела толку бебе да е мирно на фотосесија и да гледа во апарат. Околу 700 слики ни направи, и само со него и заеднички - која од која поубава Плус менувавме аутфити, пози, простории…еве уште не можам да одберам кои да ги извадам за спомен.
@Eho Леле ко ќе го слушнам тоа ,,Господ ве чувал " абе коса ми се крева. И јас знам за многу нелогичности да и речам како сте можеле така и тој е одговорот Господ ве чувал... па гледам дека не чувал туку вие дали мислевте Нема врска јас еве двете ги ставам во дубак ,дома на рамно 10 тина мин денот. Ама тоа е мој избор. Инаку сите тие генерации претежно такви се барем околу мене што гледам. Свекрва ми ,мајка ,тетка..пример јас нели за јадењето се жалам и мајка бисерна ,,ресанче ,смочиња нешто дај и " Ами ресана сигурно ќе јаде бе финтата е јадење,зеленчук ,овошје за ресана лесно е. Ама веќе не се нервирам ,некогаш и ќе скријам нешто и така Секако ние никогаш сме немале близок однос и овој сега што го имам е од страв дека нешто ќе и се случи а јас ќе пропуштам.
Они ќе си зборат, ние само да да и нашето ќе го тераме. Се нервирав и јас, ама мм ми вика: Абе што се нервираш? Само кажи да да и терај. Толку знаеле кога не растеле. Пример свекрва ми нема смарт телефон, незнае по интернет да прочита, види. Да не бидам лошо сфатена, ама проста жена е. Ама па она кога ја чуваше, 10 пати знаела да ми се јави, дали да и даде нешто, па и ако сака мојава уште да јаде, дали да даде. На мајка ми, па и праќам цело време статии, видеа, објаснувам зошто нешто да, зошто не. Не дека и она нема некој коментар, ама се објаснуваме. И врвот ми е кога ќе каже: Е добро де, јас да си кажам само Во глобала ме слушаат. Знаат најбитно е да се изеде оброкот, да има каснато овошје или омиленото на ќере свеж зеленчук. Па и да клизне и друго, не правам скандали. Ееее со мајка неможеме да се објасниме за тие хулахопки и неможеме. Станот им е препретопол. Јас боса шетам кај нив. Ама седела доле, ладно ќе и било и хулапопки кога ќе видам дека има, коса ми се крева.
Освен тоа што кажа Лејди, оваа нема можност за џогирање. Задоволна сум од моќноста, можам да замислам колку се помоќни поскапите .
На амазон има делови за dyson, а се компатибилни и со постарите верзии. Го има и додатокот со ледот за да не мора нова правосмукалка, јас го меркам мопот да го порачам
Ме кандисавте за дајсонот викендов ќе го разгледам детално деновиве сум во некои обврски и гужви со работа. Маж ми ќе треба да почасти нешто
сабајле и праќам на мајка ми слика од бебка по боди и ми вика облечи го надвор е грч, врне. И викам па не е надвор. И ми враќа ок После 10мин валјда и падна глупо и пишува злато мое, па добро јас да ти кажам ладно е денес. Ама не се замарам нека си збори
И јас како и дел од членките тука почнав со друга тактика. Имав пишувано и претходно дека истите проблеми ги имам: ладно е, облечи го, не го изнесувај надвор итн. Од тогаш почнав да не и кажувам детали за да нема за што да ме препрашува и да ги преиспитува моите одлуки. Пред некој ден кога ни стигнаа сликите од фотосесијата и праќам неколку, а на сликите бебе по боди, по пелена (така ги сликаат најчесто кога се ептен мали и поубави се сликите) и ми враќа: “Зошто е голо? Да не му е топло?” Дури иронична е. За козметика никогаш не ми рекла ништо, ама па затоа имам една тетка што уште пред да се породам ми кажуваше како требало да користам “исклучиво” Павловичева маст и дека таа била најдобра (аха, со парафинот како главна состојка во него што запушува пори и што не се препорачува ни за возрасен) и како на брадавиците да сум ставала масло за јадење за да не ми испукаат при доење. Неколку пати ми се има јавено откако е родено бебе за да се осигура дали ги следам нејзините совети Е на почеток бев искрена и си кажував дека не користам па после тоа се објаснував како сега постојат поздрави и органски варијанти без хемикалии ама после тоа пак добивав лекција дека модерната медицина врска нема, и сега кога ќе ме праша викам да да така како што ми кажа правам. И веќе не ме замара.
јас во се ја наоѓам мајка ми хахахах и во твојот коментар. Јас купив една павловичева да имам зашто знам другарки ја користат ама нашево цело време кака откако е роден секоја пелена е речиси какана и прсви црвено газе и ставам мустела. И павловичева онака чат пат на стапала и гледам некни мм ја спрема викам зашто ја зимаш вика па мајка ти ми кажа можело да го мачкам на фалтите и секогаш тоа добро ние вас така ви стававме
Пробува таму кајшто ќе наиде на помал отпор Значи скоро сите се исти - и кај мене еднаш се јавувам со камера и одма прво нешто ни здраво туку како главата не сум му ја држела правилно. И јас се налутив исклучив, после му вртеше на мм за да му објасни околу правилно држење на главата Не знам, до утре можам да пишувам Инаку за фалтите баш доктори препорачуваат да не се мачкаат со мрсни креми туку да се држи чисто и суво местото, ама ај објасни се.
Јас не се убедувам, и давам да проба сама мајка ми па да се увери. Еве сеа е некој период кај што малава не сака да јаде. Се бориме буквално, само кифли сака. И имаш тука коментари од мајка ми ама супче пробај, попара, млеко и бисквити, еве јас ќе и направам мевце со компирче и морковче и слично. Викам не сака џабе, се е пробано. Ама не јас ќе и направам. Ајде направи и викам. И се мачи се тегне да и прави, ова па малово уста не сака да отвори. И после имаш пак коментар еј стварно бе не сакала. Или за во кола возење. Леле вие какви сте, се мора да спие детето додека патувате, остај ја во седиштето мирна ќе биде занимавајте ја. Важи викам, ајде сега ќе патуваш ти со нас од Охрид до Скопје да видиме како ќе ја занимаваш будна. Се препоти жената сто пати додека не стигнавме, на крај ми рече во право си била, терсене детево ништо не сака Пробајте вака хахаха иначе џабе е објаснување, и не вреди да се убедуваш, секогаш ќе имаат некој совет од нивно време заостанат
Мопот може само на најновиот модел v15, не и на старите. Јас сакав да си го купам ама ништо, v12 е мојот.
Ја загледав Running point серија на Нетфликс. 10 епизоди по 30 минути. Ден 4, јас одвај успеав втора епизода да изгледам, не за друго интересна ми е серијата ама само што ќе земам да гледам нешто од премор заспивам во секунда. Толку од мајчинските муабети. Може кога ќе стаса детево во тинејџерските години и ќе чекам навечер да се прибери, ќе имам повеќе инспирации и сили за гледање
@poker_face кој беше фотографот дома што ви дојде? И јас размислувам за фотосесија следен месец па барам идеи и фотографи што не се прескапи