Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.219
    Каде виде дека одговараат? Зошто јас кога прашав во продавница дали ми одговара мопот само продавачката ми рече не?
    Не те нападнав :), само се изнервирав дека ако одговара ќе си го купев :D:D.
     
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Ај за правосмукалкава ќе се решам :D маж ми рече ќе части да не сум хистерирала дома дека имало трошки :yawn: амаааа како бе да ја научам да јаде малце почовечки - 10ипол месеци :( луѓе ако нема нешто да држи или да грицка во другото раче се тепаме да и ставам лажичка во уста а сама јаде како врапче не можам да и измерам и се прави лом … 80% на земја, 20% во уста. Инаку сака да јаде и секој оброк е околу 200гр ама мноооогу сме умачкани и растрошени на крај двете (facepalm) има некој друг вака или на 10ипол месеци сите веќе фаќаат полека и ставаат во уста а не по земја
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.006
    Допаѓања:
    11.121
    Не знам искрено, некој погоре имаше напишано нешто за додатоци дека одговараат.

    А иначе филтер кога купував во Раде Кончар каде што им е сервисот, ми рекоа дека за моделот кој го имам одговараат делови до 15ката. Филтерот кој го купив е за 15ка, друга боја е плава небесно. :D Ама одговара.
     
  4. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Иако темава е муабети без совети, да не ти давам совет (пошто не го ни бараш), само да ти дадам еден фид бек. Ми звучиш како да се мачиш зашто се враќаш на раб и го оставаш детето во градинка. Обично коа така се мачам со нешто, ич не ми одат работите. Како све да се врти против мене. Полесно е коа човек не се помири и коа ќе си каже, ок е. Ништо страшно нема да биде и да се вратам на раб и да си оди малата у градинка.
     
    На Anastasia579 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Како ја храниш, со пасирано со лажичка или со блв методата?
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Година и 8 м и уште е лом кога јаде. Па ако треба да си достави во уста парче што и виси, тоа е цела рака бутање во уста. За подот , комотно 5 кокошки ако пуштам, ќе цркнат од прејадување.
    За исфлекани алишта, ќе ќутам. Хаос
     
    На Anastasia579, Baby warrior и hannybanny им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    Ми правите лиги со правосмукалкиве, не знаете која желба ја имам за дајсонот, само што маж ми е секогаш против скапи работи, што и да е никогаш нема да се сложи :drunk: инаку филипс имам со кабел сега, доста добра е, ама мн ме нервира тоа со кабелот вчечи тегни, а смукам некогаш и по два пати на ден, имам бели теписи, не знам како со деца тоа ми изгледаше добра идеја :rofl::rofl::rofl:

    Инаку, и јас ве читкам ама откако почна бебка да се исправа неам време глава да кренам, цело време сум околу нејзе да не се искрши, а се крши доста:drunk:

    На тема враќање на работа, ми се ближи крај на породилното, некако не ни сме збореле што ќе правиме и кога ќе ја пуштаме во градинка, си подразбирав дека ќе тргне кога ќе ми заврши породилното, ама прво зборевме на одложиме до крштевката( крај на мај) па после правевме муабет дека за две недели од крштевката идеме на одмор, па зборевме да одложиме до после одмор и сега сфаќаме дека треба да тргне во сред одмори јули:drunk: маж ми сега ме убедува да останам дома да ја чувам до август да направи годинка, некако не знам што да правам, на два ума сум, не ми се пушта во лето да тргне затоа што знам дека е хаос и сите се на куп, од друга страна не дека немам можност да седам дома имам моја канцеларија, имам и колешка што ме покрива, ама така ме јаде грижа на совест дека треба нешто и да се работи и јас да придонесувам :drunk:
     
    На Трагедијаупмм и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Леле јас од таква жена болна да има работни задачи, да решава проблеми, да трча цело време ич ама ич не ми се враќа на работа. Додека бев бремена, така ме разочарале колеги со кои сум имала муабет и менаџерскиот тим што не сакам очи да им видам. Реалноста е дека ќе се вратам, ама дали ќе се вложувам како порано чисто се сомневам.
    Ако имаш услови погушкајте се до крај на август, па од септември во градинка. Мене ми е многу жал што ќе ја пуштам толку малецка ама па тоа е.
     
    На Baby warrior, Трагедијаупмм и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас, од менаџерска позиција сега се молам да не ми вратат луѓе одма да сум одговорна за нив. Работев со неколку клиенти истовремено, главење до касно, посветеност до максимум, само да се клиентите задоволни. Е сега друга приказна, останав 3 месеци неплатено со бебе, лаптоп немав пуштено, од работа помислија дека нема ни да се вратам хах. Се вратив неодамна и си кажав од старт дека не можам и не сакам веќе така да функционирам и да не си го гледам детето после градинка ама ќе видиме колку ќе го почитуваат тоа.
     
    На Baby warrior, Трагедијаупмм, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Денес сум го доживеала најубавото чувство некогаш. Бебка легна до мене си ја гушнав, она ме држеше со рачето за лице и така си лежевме некое време. Душава ми е полна.
    Многу ми е криво што после породување ме фати постпородилна депресија, цело време плачев и барав некој да дојде да ја чува, а јас трчав во спална да спијам во темница, покриена со ќебе преку глава, спиев со саати. Жал ми е што тие два месеци не бев посветена мајка и сега жалам и си плачам зошто ми се случи така, ама бидна. Фала му на Бога кратко траеше и сега не ја пуштам од раце иако плачам по форумов дека ми е тешко и се ме боли, ама нема нешто поубаво од ова, плус бебка ми е ин витро, едвај ја добив, како можев на почетокот да не се снајдам не знам.
    Ете и јас да си поплачам малку, да ми олесни. Среќа нема да памти.
     
    На poker_face, Nala1806, LadyD и 15 други им се допаѓа ова.
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме и кај мене како ќе биде. Имам јас уште некој месец раат, ама знаат да ме замараат по телефон. Некогаш не ни кревам. Ми докажаа дека не заслужуваат да си посветен работник.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.073
    Пол:
    Женски
    Те читам и претходно, пушти срце жено. 3ипол и 6ипол години ми се големите по јадење е - потоп. Па на она средното една единствена леблебија да му дадеш пак ќе истроши по него, околу него, на мене иако сум во друга соба и кај комшиите на трети. :D
    Да не те разочарувам, ама нема правосмукалка што држи чисто. :D
    Усисам, па ќе им дадам да јадат и потоп. После нив со рачно смукалче поминувам големото и тоа е. Деца се. Дур пораснат така, после ќе ни биде средено и ова сега ќе ни фали. (fingers)

    Уууууууу опасен заеб е тоа. :rofl: Мене ми се животна желба бели теписи во срце ме погоди, ама е ту мач шизик на ризик. :D Јас 3 пати за помалку од 4 години сменив теписи дома пошто ми ги флекаат, а не можам да ги перам на секое. А не ми се исплаќа да ги носам на перење оти нов исто ме кошта. Еднаш во неколку месеци кога веќе почнувам да пукам по шавови, кога ме стигаат сите насобрани фрустрации и сум екстремно престимулирана, почнувам да плачам зошто не можам да си купам бели теписи. :rofl: Маж ми ме научи више па не ми се потресува, на крај нели се пука за најмала причина откако собираш некое време се и се сешто, мене таа причина ми се белите теписи што ги немам. :D Ама уште земам верзии на темно сиво, за бело ќе си почекам. :doh:


    Јас уште “одмарам” од одморот. Веќе неколку дена како сме вратени и мислам завршивме со маж со генералка по дома. Ми остана уште ќебиња и јоргани да исперам ама за тоа треба повеќе да стопли надвор.
    Се видовме со многу луѓе, децата беа пресреќни. Па и јас искрено, сите ми недостигаа да ги видам и ги видов повеќето што не сме се виделе одамна. Кратко бевме и до Грција да ги видиме и таму и толку се броени денови.

    Имав ситуација каде свекор ми ме распраша како го хранам бебули. Му кажувам сам го оставам да јаде, ме прашува дали јаде наша храна, да велам се му давам. Следно, го гледам кај него во скут како задоволно шмата доритос. Едвај по два заба горе и долу има и два горе што уште не се целосно пораснати не знам како воопшто јадеше доритос и како успеав да не се онесвестам кога го видов. Ама за жива глава нејќеше да ми го даде мене дур не го изеде цело.
    И тоа да не е се, ќерка ми пред легнување ми кажа дека му дал и кока кола да се напие. :x Ете зошто никогаш не оставам деца без надзор и во првиот момент кога ќе оставам на кратко, се дешава некој булшит. Ќерка ми жива среќна дека братучедите и даваа телефон само за да не ги замара и за неколку саати не ми се пиздеше искрено, ама па како со сите што се виде во Македонија ниту седеа на телефон, ниту јадеа чипсови и кока кола, туку се изнаиграа брканици и криенки? Нејсе. Знам дека не е секој ден, ама пак ми е мака. :emo:

    Назад во бубањ. Разнесов дечките во градинка, си купив доручек за мене и беблак и уште да си направам кафе останува. Кога рано на утро ќе кренам ролетна и сонце светка високо, одма се гледа дека денот ќе биде убав. :sun:
     
    На merriel0, strelec231992, fragaria и 9 други им се допаѓа ова.
  13. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Во сред лето мислам дека е подобро за старт: има помалку деца, посмирена атмосфера и е добра опција за да се помине летниот "пекол".
    Така мислам.....
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Женски
    Во сред лето се сите деца од цела градинка на куп.
    Негувателките користат одмор и се мењаат цело време. Прелошо е за време на адаптација да нема бебето константно една позната особа.
     
    На Cherry333, Baby warrior, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Во мојов град и во различни објекти се ротираат во лето. Не само различни воспитувачки туку и комплетно различна градинка секој месец би имало.
     
    На Anaroz1 и EarthFire им се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Реков нема да враќам ама ај да ве испоштувам.


    Јас имам работено по 12 ч ,двократно ,немам поим веќе како не (не во оваа фирма) и се те разбирам. Ама тогаш бев без деца па и без дечко :D
    И убаво ми беше ,едвај навикнав само прва смена. Ама сега таква вина ми ставаат од градинка тоа е страшно.

    Оддамна се онлајн завршувам што може ,што не земам еден ден и се во тој еден ден :rofl:
    ТТуку градинката е проблемот. :wasntme:


    Па веќе се откажавме од одмор ,за некој може луксуз е и јас не сум одела како дете ,прво море одење ми беше во брак освен еднодневни. Ама за децава си сакав да ги носам секоја година барем 5 дена. Лани не бевме ,трудна и се породив јуни. Годинава пак нема...


    А да си намалиш очекувања ?
    5.5г е големото ,сок ,вода уште не смеам да и наполнам чаша и да стои се истура 2 рата секунда...
    Трошки ,паа некогаш и во кревет имам |(.

    Е баш така ,како да не можам да се помирам. 2 месеци како е на адаптација , се настина ,спушти плуќа ,сеа конјунктивит :bandit:
    Што е следно ? Во тој режим сум и тоа придонесува да се осеќам така.
    Башка нивните зборови. Јас инаку немам самодоверба за со децата ,постојано се чувствувам како да нешто грешам.


    Ако некоја мајка каже дека немала такви моменти лаже ,можеби се во различен период од мајчинството но дефинитивно ги има!





    Јас имам деца борци и дај боже да се вакви секогаш ,иако сеа ми е претешко.
    Пред 5 мин и ставав капки на очињата, рита бута (lalala)
    И давам за јадење ,си игра...
    Дофатила негде хартија право во уста ,некни крвта ни ја здрви со мм огромно картонче од етикета од хулахопки на синсеј оние тврдите набутала во уста и дава мм да пие вода некои чудни фаци праи при голтање кога го виде картонот па запечатила уста ај некако за образи јас збутав прст ,ме изгриза женската затоа шо и го вадев :drunk:
     
    На fragaria, Baby warrior и hannybanny им се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Јас имам деца борци и дај боже да се вакви секогаш ,иако сеа ми е претешко.
    Пред 5 мин и ставав капки на очињата, рита бута (lalala)
    И давам за јадење ,си игра...
    Дофатила негде хартија право во уста ,некни крвта ни ја здрви со мм огромно картонче од етикета од хулахопки на синсеј оние тврдите набутала во уста и дава мм да пие вода некои чудни фаци праи при голтање кога го виде картонот па запечатила уста ај некако за образи јас збутав прст ,ме изгриза женската затоа шо и го вадев :drunk:[/QUOTE]
    Јас му нарачав од тему од оние до топчиња да ги пушташ како низ кош и надоле паѓа по играчката се врти. Топчињата се големи да не може да ги голтне ама доволно мали да му ги собере во уста. Мини срцев удар кога го видов вчера дека го стави во уста и го остави да си игра со друго. Го извадив ама лесно може да го заглави во устето. Ги кренав реков нема играње со нив. Не е ни секунда без да го гледаш се става во уста не можеш да го запреш.
     
    На Трагедијаупмм, Baby warrior и hannybanny им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Јас му нарачав од тему од оние до топчиња да ги пушташ како низ кош и надоле паѓа по играчката се врти. Топчињата се големи да не може да ги голтне ама доволно мали да му ги собере во уста. Мини срцев удар кога го видов вчера дека го стави во уста и го остави да си игра со друго. Го извадив ама лесно може да го заглави во устето. Ги кренав реков нема играње со нив. Не е ни секунда без да го гледаш се става во уста не можеш да го запреш.[/QUOTE]
    Истото ме најде со капаче од шмукалче ама не можеше да го извади поцрвена цела. Мм вика не може да се задави ништо не и е :^)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    @Baby warrior на темата јадење, мојава е во фаза кај што главна атракција и е да не рани нас, подот и кучето :rofl: За нас ај не праиме лом, за кучево ако и се свиѓа храната ќе си доизлиже тоа што се истрошило (пошто и џитка малава од хранилка директ) ама кога ќе фати онака намерно да фрла од хранилка доле (а не на кучето) е тогаш коса ми се крева (facepalm) Се навикнав више додуша, не ни реагирам пошто она се радуваше ако ми види реакција кога фрла така :rofl:

    Теписи имав но уште пред бебе ги тргнав и раат видов. Со кучево беше невозможна мисија да ги одржувам од што се митари цело време а уживаше да лежи на нив. Среќа па е топло во станов па ни во зима не ни фалат. Е малце по ладно изгледа собата без нив ама јбг, побитно ми е да не се замарам со чистење него ли како изгледа :?:
     
    На Трагедијаупмм, Baby warrior и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    На вакви теми и новини општо се прашувам каде грешиме како родители, каде заостанува воспитувањето?

    https://www.vecer.press/sloniczata-...srednoto-ugostitelsko-uchilishte-lazar-tanev/

    Може моето дете е мало ама за некоја година може и ќе се најде на ова место.

    Не генерализирам ама се повеќе гледам девијации кај деца, па и помали и поголеми.
    Од уништување реквизити во парк, од погрдни зборови, па се натаму.
     
    На Трагедијаупмм и EarthFire им се допаѓа ова.