Како се одвикнавте со ноќни подои, јас пробвам има некои вечери презаспива и не се буди често, некои вечери се буди. Пробано да не му давам цице ама се корни, се мава и ќе се расони
И мојата 8 ипол месеци, сега повеќе се буди навечерр него кога беше помала, тогаш знаеше да преспие цела ноќ, сега станува по 300 пати да цица, ја млеково место да го намалувам како повеќе да имам сега, не знам веќе месец дена вака ми прави како пијана сум секое сабајле, еден саат сон немам сврзано
Мојот е 10 ипол месеци незнам веќе колку станува , се дрогирам од кафе.И само се надевам дека нема да трае до 3 години .
Прво да те прашам како тргнавте ноќни подои? Едно време се успиваше само што ќе го земам сега пск додека не дадам да цица не заспива? За 3 дена сме 9м. Друго за баблинг и мене истото ме загрижува по малку. Уште сме со аааа и оооо ама класичен баблинг баба или мама нема. Активен е, весел, дружељубив. Во Велес четврток после Велигден се оди на манастир го носевме и него. Во редот додека чекавме за свеќи немаше некој пред него што не го задеваше да го допре по рамо и да му се смее, на се се фаќа да се исправи, прави и чекори кога го држиш за едното раче, љубопитен и претерано се го интересира ама баблингот го нема и не знам дали треба да ме загрижува.
јас да си споделам нешто. Бебе направи 4м и веќе месец дена не сака од шишенце. На почеток знаев цицаше на саат па ќе тркнев до мол, дм, аптека, маркет тука ќе свртев круг сама. Сега апсолутно не се знае. Цица на саат/два/три кога како. Мислев како ќе расне ќе е полесно за социјален живот али не а и искрено од што бев човек се по кафичи, ресторани, кафани откако се роди он немам никаква желба за тоа. По паркови, на гости, со гости сакам дружби по 5 саати знаеме да окапеме. Другово веќе немам желба. Другаркиве што немаат деца кога ќе ме викнат на кафе и не сакам да одам приметувам почнаа да се лутат…
На 4 месеца е најдолгиот, и според мене најтешкиот скок. Таман мислиш си фатил ред, и настанува пресвртница. Реално може да цица веќе и на 4 саата на оваа возраст, ама се е навика. Ако сакаш да си направиш ред, можеш, ама нема да биде преку ноќ и нема да биде лесно.
Каква глупост ќе направев денес ми се испорасплака цела и ја земав од количка во рака и шетам низ дм и во еден момент се смири и да и одберам кашички ја ставам во количка до мене и се вртам на рафтот да земам теглички се вртам за 5секунди и детево преку рачката со главата надоле буквално виси од количка надоле срцето ми се скамени во секунда се подадов и ја фатив врзувајте деца потсетување јас никогаш не ја оставам неврзана ама ете моментот ми го зема паметот … и неспиењето
Јас таква мака немам, ама имам друга. Дете во гужва не спие за жива глава. Во количка како што знаете не седи, за нас кафич не е опција. Јас се социјализирам само ако мајка ми или свекрва ми се нафатат да ја почуваат. Многу се возрасни имаат 70+ и не можат дете од 8 кила да држат во раце. Така да тоа е тоа. Излегувам кога маж ми е дома или заедно одиме. Пак ќе се повторам се надевам дека кога ќе почне да седи ќе се смени приказната со возењето во количка.
Моја другарка имаше бебе што никако не седеше во количка и еднаш седевме повеќе другарки и едната и вика ај пробај го во нашата, малку бар додека пиеме кафе. Луѓе детево седеше дали дека ново му се виде се занимаваше со шушкаво книгиче и испивме кафето. После се смеевме да купува таква количка коже ќе може кафе на раат да пие ама порасна и он … ова беше пред 3години сега е дечко трча, збори ќе те продаде
Ова го потпишувам и јас. Ќере обожаваше во количката на внука ми. Јас буткај празна количка и неа во раце. И најјакото е дека со другарка и, имаат скроз скроз исти точаци. Ама ќере сака во тој на другарка и, а таа во нашиот
Ани, исто е и кај нас. Сменив проток, еднаш пиеше и се понадевав тоа е тоа, на прво оставање со баба, ќе ја изедеше вриштење, збеснување заради шише, со трчање се враќав Исто како да немаме ред за млеко, може да побара и по 1h, неизвесно е. Се надевам ќе засака храна за некој месец да се подружам повеќе вака нема мрдање, каде јас таму и бебе. Среќа лето иде, се седи надвор по кафичи.
И јас некни од кафна од роденденот по кратки со штикли без јакна трчанката во кола на дожд, мм вика по мене вози внимателно а јас вече бев на пола пат до дома експресно
Да шкртнам и јас нешто подолго во темава Времето ми лета ептен брзо од како се родија, за неколку дена 7месеци прават и се чудам кога поминаа. Ко вчера да ги држев во раце, толку малечки и кревки, а сега веќе прави бебенца, секоја со свој карактер. Ми отклучија една нова димензија на љубов која не бев свесна дека воопшто постои, цел универзум од многу моќни емоции што не знам ни како ги собира во срцево. Толку сум опседната и заљубена во нив, најголема среќа и благослов ми се во животот Инаку месециве што поминаа ко во магла ми се, на дел од работите сфаќам дека не се сеќавам додека не видам некоја слика од нив па да ми текне, а толку се трудам ниеден момент да не пропуштам и заборавам. Се чувствувате ли и вие така, памтите ли сѐ од почетокот и првите месеци? Самиот почеток не беше баш лесен, што од трауматично искуство во болница, дома они без сила за влечење, 40минути буквално за испиени 10мл, од очај еднаш давав со лажичка затоа што со шприц ми беше страв дека ќе се засркнат и некако едвај чекав да помине тој период, за сега се почесто да ми фали и да сакам барем уште една таква вечер да доживеам, да си ги гушкам и да се така мали. Инаку ептен уживам во овој период иако има моменти и каде што ми е напорно, поголемиот дел од времето сум сама со нив, а како си растат, сфаќаат се повеќе и нормално, си растат и нивните потреби. Сепак кога ќе ми текне дека ќе заврши породилното и ќе треба пак да се вратам на стариот живот, обврски, работа, така малце ми се темни. Би терала вака постојано, немам никаква желба да ги оставам децава на никого и за било што. Сѐ што ми било битно порано, веќе не ми е, дефинитивно ми се главен приоритет и секогаш ќе ми бидат на прво место. Секаде можам да потфрлам и океј сум со тоа ама како мајка не сакам да кикснам. Многу размислувам на ова, што правам и како ќе правам во иднина и постојано во позадина ми стои што би ми кажале утре они две, дури ми е страв дека од толку пазење нешто ќе утнам, немам граници кога се во прашање они, а знам дека треба. Имав многу работи што сакав да ги напишам пред да почнам ама имам и меморија на риба па ќе остане на ова мислењево. Шала на страна, ме плаши колку почнав да заборавам работи, што не беше случај претходно воопшто. Немам баш време за да пишувам секој ден или поредовно, од време на време знам да ве прочитам и се чудам вие како постигнувате ама си го користам форумов да си шкртнам вака нешто што сакам да ми остане, кога ќе си читам по некое време да ми текне како сум се чувствувала во одреден период од животот.
Кај нас ситуацијата дојде до степен да и дневните и ноќните успивања беа исклучиво со цицање, преку ден ако го успиваше некој друг си заспиваше без проблем ама со мене мораше со цицање, тоа беа вриштења со тегнење по блуза, со гребење со се...А ноќе забележав дека веќе не ни цицаше нешто многу, само минутка и заспиваше на града и а го тргнев плачеше и пак истото во круг, по 100 пати во една ноќ, и веќе морав нешто да сменам зашто не можев да функционирам. Прво почнав со дневните успивања, се помачивме многу, две недели го успивав по саат време ама не му давав да цица. Е сега тука грешката ми е што наместо града му давав цуцла, иако до тогаш не обожаваше нешто многу и ја користевме ептен ретко. Сега му направив нова навика и заспива со цуцла, легнат на спална и јас го тапкам или галам по грпчето. Откако ги средивме дневниве успивања, почнав со ноќните. Него најголем проблем му беше првото будење накај 10ипол, 11, тогаш инстантно се будеше со плачење и ако не му дадев да цица, се расонуваше и си дремевме по цел саат. И затоа, ова презаспивање го презема мм, јас воопшто не ни влегував во спална, два три дена се помачија, ама после тоа престана да бара да цица во тоа време и да се смирува со цуцла. И после тоа, на крај му ги тргнав останатите ноќни подои, тоа одеше мн лесно зашто јас имам мноогу лесен сон и се будам при секое негово мрдање и штом се размрдаше одма му давав цуцла и го земав до мене, го гушкав и така до мене си заспиваше. Сега веќе во креветче си спие (споено со спалната) и доволно е само да го погалам или потапкам и презаспива. Искрено, мислев дека ќе е мноогу потешко, ама ми фалела само конзистентност. @Cvetce_
Уфф не да лета времево, ме плаши дека утре ќе ми рече мамо јас ќе се мажам инаку и јас многу често седам ја гледам и викам ова никогаш нема да го заборавам сакам да ми се вреже во сеќавањето ама за жал и јас многу работи заборавив Исто не сакам да се вратам на работа, сакам да сум со неа, се кога ќе ми текне колку се жалев на почетокот дека ми е претешко. Жал ми е во градинка да оди. Ама што се мора се мора. Јас многу често ја снимам за да си ја памтам ваква малецка.
Надвор од темата мајки, кажете ми хемиско чистење на душек? Да се добри и нормална цена( ако знаете отприлика да ми ја кажете)?
Јас денес сфатив дека сум отидена скроз кога на саем на книга упорно се лепев на детска литература Значи за мене немам ништо купено многу време ,кај и да влезам во детски дел завршувам и нормално со нешто за нив А кога ќе купам за мене дури вина осеќам
https://www.instagram.com/freshflow.cleaningservice?igsh=MWw0ZTFwaWJiZzE3bA== Мислам дека не беше повеќе од 1500. Не сум сигурна и друго ни чистеа.
На тема килограми да си се пожалам. Прво ми остана повеќе стомаче, дијастаза 3 прсти.. ( колку се безобразни луѓево да облечам тесен фустам сигурна сум дека ке ме праша некој дали пак сум трудна, ) па и никогаш не сум имала повеќе од 60. Сега не можам да се трпам. Маиците ми се S а сега сум со L. Знам дека треба време знам и дека не е битно во моментот толку ама како да се ослободам од тоа чувство.Имам уште млеко, циклусов пробува да се регулира ама слабо.. се тоа почна да ми 1влијае многу психички некако.Како допрва сега да ме фаќа постпородилна депресија а бебе речиси 10 месеци.