Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    19.719
    Пол:
    Женски
    имам читано дека потребно е подолго време з телото да се врати како што било. Но, факт е дека можеби и нема. А исто така мислам и дека не е возможно со одглед на тоа дека се случуваат такви физички промени на органите, поместувања, па враќање, хормонални промени. Физички и психички стрес. Не се замарај што ќе кажат другите. Си донела нов живот на овој свет. Со исхраната можеш да почнеш веднаш промена. Дури и ако доиш не е невозможно да внимаваш што јадеш и колку. Не строги рестрикции, но самоконтрола. А ако ти дозволува времето можеш и да најдеш време за некоја вежба разгледај си на нет. Исто така пешачење со бебе. зависи како живот терате. Ти е гајле што ќе зборат другите. И мене ми има брат ми као низ шала кажано охо си пуштила стомак(имав претходно 50кг секогаш, јбг чудно им е и мене ми е чудно вака) и мене не ми се допаѓа висната кожа, стрии итн итн ама не ми е тоа фокусот и ставено ми е во глава дека се што ќе се случи со моето тело е нормално. Јас каќив 21-2во бременост, имам симнато 13-4 кг , од страна имам коментари вака ти е поубаво а и такви дека претходно сум им била поубаво. Ама не се замарам јас си се прифаќам и сакам ваква, а и треба секоја мајка да се сака. Од сите обврски, одговорности, предизвици шт ги носи мајчинството мислам дека тежината е нешто на што не треба да се губи енергија:hug:
     
    На kozuf, EarthFire, КаринаТ и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    608
    Готово решив од денеска на диета :D ракета до одмор :D јас со 58 останав бремена а со речиси 80 отидов да се породам. Некако се во стомакот ми беше. А бев и на диета имав скриен шекер па тогаш и еден апетит во трет триместар кога ми се отвори :D Симнав ама треба уште.Стресот и хормоните си го прават своето па мисливе не напаѓаат но треба навистина да се игнорираат коментарите од околината. Само да ни се живи и здрави :l:
     
    Последна измена: 27 април 2026
    На Anie93, fragaria и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Здраво ,јас сум ,,стомакот ти остана после второво" тој коментар го добив прв пат на 2ри ден пораѓај... |(
    И оттогаш уште 100 пати и од други личности..
    Прво се замарав ама после си реков чекај бе ,тоа тело колкави промени претрпе ,две деца износи.
    Па оваа што ми коментира со рамен стомак да не е :D
    А не е ниедна ,сфатив дека од љубомора го прават тоа така. И почнав да им викам еее чекај има време не се брзам за слабеење :rofl:
    За дијастаз има посебни вежби акп сакаш и имаш време пробај ги ,јас за жал желба имам ама мотовација и време слабо...
    А на коментатори не вреди да им се замараш.
     
    На Karanfilce14 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  4. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Јас останав со 50 кг бремена се породив со 80. Ме фати постпородилна депресија ништо не јадев и за 2 месеци ја вратив килажата и затоа сега на мене се виси. Имам свадбарки ко бабе некое. Дијастаз 3 прста. Ми смета ама во исто време и ме мрзи да вежбам. Јас никогаш и не сум вежбала. Нема што немам пробано едноставно не сакам да се потам. Ме мрзи и вежбите за дијастаз да ги правам а кога ќе се видам во огледало се нервирам. Па се надевам дека и јас кај и да е ќе почнам барем малку нешто да вежбам да заличам пак на човек.
     
    На Karanfilce14, Simon4e0507 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро и од мене, шо не кажувате бе дека ова проодувањево и навечер трае процесот :(:makeup: луѓе заспа во 20:00 до сабајле лазеше и се качуваше по креветче … ја легни ја она исправи се, а мижи спие и кенка (waiting) ни саат гледав, ни поспав. Сабајле во 6ипол стана меѓу нас двајца некако успеа заспа :whew: колку време е вака ова проодувањево??? Лудила :shake:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.791
    Моиве сите вештини ги вежбаа у спиење, не само проодувањето. Многу ми беше смешно, денски сум ги учела нешто пример да прават, едниот да речеме пробуваше одма (пример браво, чао, гестови) а другиот ме гледаше бледо. И ќе легне да спие и се што сум покажувала почнува едно по едно. Сега ми е смешно додуше, тогаш малце и језивко ми беше :D
     
    На Eho, merriel0, Joanna28 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Ми текнува дека кога почна да се врти од грб на стомак кај 4ипол месеци вака вежбаше во сон и кенкаше кога ќе заглавеше ;( долго траеше тоа со месеци можда до 6ти не ми текнува. Ај нека прооди ваљда ќе се стабилизира побрзо ова мн е тешко ама вчера не прекина да се качува по се и сешто и ноќеска си продолжи во сон напоредно :bow: еве ја сеа спие прва дремка ја жива ненаспана ама не ми доаѓа сон сега ја чекам да стане да се акнеме негде по сонцево да ја изморам :yawn: па после за втора дремка на пладне да успеам и ја до нејзе да одморам :whew:
     
    На le.soleil и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Паа си трае еве кај нас уште (12+++ сме). Уште не е проодена мојава, знае само да стои сама без да се држи и да оди по мебел ама ноќе често знае да се пентари и исправа на креветче или по мене како мајмун во ниедно време...
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Леле леле :sweat:;(;( баш како мајмун :whew:
     
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Еве пред некој ден скапира дека може на делот од брачниот кревет што ни е кај главите да се исправа и со замижани очи тоа го правеше ко неарна во 2-3 ноќе. Абе хаос
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    ]:) Збесната е деновиве, лудила. Само надвор во кенгур или во количка некое време да не трчам по неа да не се излупа негде тоа ми е спасот
     
  12. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Истооо… дур спие се исправа да лази. И пресмешно ми беше синојка само што заспа се сврте на грб и мафта демек чаоо хахаха (facepalm):rofl:
     
    На merriel0 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  13. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Значи допрва ме чека со неспиењето… Моето сега наполни 8 месеци и сто пати почна да се буди навечер. Дека спие на меше одма се буди и почнува да вежба лазење и си дава аплауз со рачињата :drunk: Денски исто, ќе го легнам да спие се прозева и се чешка за очињата и упорно пробува да лази, на грб ќе го свртам или на страна и инстантно на меше се врти пак. Одвај чекам да поспие денски за јас да одморам до него малце ама тешко оди.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Да не ве плашам ама кај нас само полошо и полошо стануваше од 8м навака. Имаше некој фин период на 11м кога веќе научи стабилно да се исправа и да шета по мебел, знаеше и само по 1 или 2 пати да се разбуди ама од кога наполни годинка навака е општ хаос пак. И некоја сепарациска анксиозност на најјако ја дрма, дали дека тргна во градинка не знам ама жива ненаспана сум.
     
    На Niliya07, arwen93, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Ништо дајте што пиете да си купиме сите и дали е на попуст негде по аптекиве :rofl::rofl: да го издржам летово. Во септември ќе одиме сигурно негде за последно бањање во 2026та и ја чека градинката :D да поспијам бар некој саат преку ден ако не навечер :rofl:
    На крајот на неделава ќе одиме на одмор 5дена, па после на крај на мај 10дена на тој ќе имам и помош баба/дедо па се надевам малце ќе седнам ко човек на сонце едно коктелче да испијам и да се посунчам да заборавам еден саат кај сум
     
    На Joanna28 и hannybanny им се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Еве јас со спирулина и мултивитамините на солгар терам
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Сабајлево се распаднав психички (па и физички) што саат време плачев и не можев да се смирам.

    Кај ми се смени детето во последниве 20тина дена толку многу, не можам да разберам. Што во спиење, што во јадење, што во однесување, што во карактер...

    Знам дека ќе биде смешно ова што ќе се жалам за спиењето, ама мене ми е разлика и ми смета затоа што од дете што спиеше по 12 саати без прекин без ништо, сега обавезно откако ќе запсие по саат-два се буди (и заспива пак лесно со цуце, ама знам дека и влијае тоа на сонот), и во 6 сабајле е будна како под цагер, а не сака да стане, и давам цуцла и сака да продолжи, ама 40% од времето продолжува, а останатите 60% само се врти како кокошка на жар. А јас во последно време главам со работа и др. глупости, пред 1 си немам легнато, и почна и мене премногу да ми влијае на расположението затоа што сум страшно нервозна во последно време, а после се нервирам уште толку за тоа и така се во круг... А мм почна со нова работа пред 3 месеци, и колку и да се обидувам да бидам разбрана за тоа, веќе после толку време почнувам да немам разбирање затоа што целосно ни се смени начинот на функционирање кога смени он работа и немам како да истрпам да не ни влијае. И ќе се помирам за се што треба со ќере да направам, ама почнува толку да ми смета што и по дома веќе едвај фаќа, а и тоа што го фаќа мора да му биде кажано да го фати. Пред некој ден се спукавме и ми рече А што толку ти смета што треба да ми кажеш дека треба да го фрлам ѓубрето или да ја испразнам машината, не разбирам. Не знам како не го заколав или оставив на лице место.

    Кенкање константно за се, има и денови во денот кога си игра и е расположена, ама ако почне да се кенка за нешто тоа мора да трае 15 минути. Еве пример сабајлево, ми го најде стегачот во креветот, и како игра и го ставив на ногата, закенка да и го извадам, продолжи да кенка уште 5 минути и после ми го подаде стапалото да и го ставам пак, се смееше, за 5 мин и текна дека не го сака, не можеше да го извади сама, почна да кенка и иако и го извадив продолжи уште 10 минути. Откако го научи тоа не да го кажува онака со цел особено, за се обавезно се вика прво не, ме полудува. Менувањето пелена обавезно започнува со кенкање и мавање со нозете 5 минути, што веќе престанав да се обидувам да и одвлечам внимание со играчка, туку се тргам на страна и ја чекам да престане.

    Јадењето, од најголем јадач, почнува да прибира, па 5 дена ќе јаде како да не видела, 5 дена на се ќе ми вика не, крај не можам да фатам....

    А згора на сево ова со одењево имам веќе страшен стрес. 15 месеци е и знам дека не е касно и дека има време да прооди, ама страшно ме откачува затоа што има толку голем страв и несигурност што не знам како да се контролирам кога ќе почне да квичи за тоа. Значи ако ја држиме со еден прст, не оди - трча дури. Дури осеќам на притисокот на прстот дека што се вика не се ни држи, едвај само баланс на моменти кога ептен ќе се заниша си прави. Ама нема шанси да пробаш да ја пуштиш - абе погрешно да го мрднеш прстот, легнува на земја и кенка 10 минути. И ве молам, немојте да почнете да ми кажувате дека се паткало, не се паткало, сите знаеме свесно какви избори правиме, не мора секогаш дискусијата на форумот е да си ги мериме која е најмајка и прави се она што е правилно додека другите само во нешто грешат.

    И така, знаете дека веќе ретко пишувам, ама сабајлево ми требаше место да се испукам, слободно скокнете ме ако сакате :D

    ЕДИТ: и сега седам исто и си размислувам дека едвај си имам поиграно со неа онака да седнам да си играм во последните 3 месеци, затоа што се е префрлено на мене. Последниве неколку дена се фаќам дека станувам и одма барам што има да се направи дома, дали да се пушти машина, дали да се пружат алишта, па што да се направи за ручек, па кога и каде да се излезе. Дури некогаш ако нема алишта или садови, како да не знам што со себе од што ми стана навика да трчам по станов по цел ден...
     
    Последна измена: 28 април 2026
    На Малечка Малинка, Eho, fragaria и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    19.719
    Пол:
    Женски
    Дали е нирмално бебе од 4м да спие само 9саати навечер?(и тоа со 3-4будења сме на два, два ипол саати веќе две недели) :)
    Имаше период од месец и нешто кога спиееше навечер по 12-3саати со едно две будења, сега наеднаш вака прави а ништо не сме смениле :)
     
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.791
    Нема да ти паметувам, само ќе ти пратам една виртуелна гушка. И сама си свесна дека детето во моментот забрзано учи нови вештини и нормално е пропратното однесување. А колку поише се нервираш толку повеќе тоа го осеќа и сте во зачаран круг. Батали чистење, алишта, седни играјте се, фаза е ќе помине и ќе си фатите ред.
     
    На Eho, merriel0, angel4444 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    На 4м има голема и долга регресија, се е нормално. И дремки од 5мин се нормални. Не прашувај од каде знам :x