Бебе во август полни 1 годинка, кога помина времето па сега почнаа сите да ме прашуваат што сакам за поклон, па да ми дадете идеи еве што да си барам? Што ви донеле на вас с ви било многу корисно? Веќе имам кандидати за проодувалка, едукативна масичка, фотелја на вибо тие, трицикл.. се мислам дсли од некој да побарам дрвена кујничка да си игра кога малце ќе потпорасне (битно да ја кмаме дома)
Мене ми остана не стомаче, туку како 5ти месец да сум бремена буквално и вишок едно 7-8кг веќе 8ипол месеца после породување, не можам никако да најдам време за себе, додека не се активирам физички знам дека нема шанси да ги симнам. @MariaBouli минуваме низ некој сличен период, во тотален хаос сме, на моменти ми попуштаат нервите, но се обидувам да останам смирена колку што можам за најзе, знам дека сум и потребна иако знае во текот на денот да ми го качи притисокот по сто пати. Почнавме во градинка, сепарациска анксиозност, болничка е, а изгледа ќе вади и запчиња, лудилоо тотално, едвај чекам да почнам на работа за да се одморам психички и физички. @Anie93 никогаш не ми спиела 12 саати па макар и на глава застанала. Ако ја легнам во 20-21, будна е во 6-7, ако е легната порано во 19ч, станува во 4-5 спремна да го почне денот.
И јас цела недела сум нервозна… и маж ми е по цели денови излезен и се е на мене… жената што ми помагаше за чистење одржување на домот два пати неделно ми откажа се вработи регуларна работа и не може да доаѓа и сега диплам алишта/чистам/пуштам машини по 15неделно. Како да нема крај коса ми се крева кога ќе ја видам по паркет како си јаде нешто … некоја трошка а сум усисала пред 2саати. Еве да знаеш дека и мене ми е тешко капак завчера ми вика мм ај ја да легнам од страната на креветчето ноќеска да одмориш малце јас ќе ја смирувам нишкам кога ќе станува и ќе ти ја подавам за цицање само ако ептен не може да се смири. Ај погоди што се деси, бебе се буди овој спие не ја слуша, па морав да рипам преку него на спална да ја земам зошто легна од страната на креветчето … уште толку се изнервирав у сред ноќ он си спие она кенкаше па на крај дури и се исправи на креветче да не вика - он не се замара си тера сон. Сабајлето си станавме најнормално како ништо да не било само ја ненаспана и лута па капак ми е ко ќе ме праша зашо си нервозна бе опушти се ок
Мм: Супер спиеше бебка цела ноќ не ја слушнав. Јас од како станав 6373636 пати а он ништоо живо не слуша Yeah sure
Ќе пишам тука оти во темата за здравје не е мн активна, бебе имаше темп два дена макс до 38.5 стигна, давав ефералган спаѓаше. Патувавме Германија, супер помина по пат, има намален апетит додека имаше темп само на доење беше и ад, уста н сакаше да отвори а претходни беше јадач невиден, овие дена јади ама со молење, ама јади. Е сега она што ме загрижува е дека е исфрлан целиот со ситен осип, цел буквално. Раздразлив е, се буди си вриштење и не се смирува никаде освен кај мене, можи се му се собра промена на спиење, а исто така и се лигави многу, па можи да се заби ... Вчера имаше и кашеста зелена столица, не знам што да мислам, матичната вика од темп е осипот, овие дена ако не се подобри ќе го носам тука на лекар иако знам што ќе речат овде ама ај.
За да знаеш дали е од тем. Земи со два прста, оптегни ја кожата каде има исфрлено. Ако го нема исфрланото кога ќе оптегнеш, од тоа е и за некој ден ќе го нема.
@MariaBouli Вака јас ова освен со одењето го поминав со поголемата ќерка со тоа шо мојов господин одеше на 2 работи иако немаше потреба за истото,само да не е дома. И двете работи прелесни едната као менаџер во кафиќ ,читај седи пие и запишува смени/набавки. Колку ме нервираше не можам да опишам. И така во еден момент си реков прекини бе жено да мислиш дека куќава е салон за мебел и треба да е цакум пакум. И буквално најосновно чистев. Во пола саат 40 мин пред легнување а веднаш од работа само со детето се занимавав. За одењето ,можеби се исплашила па затоа така прави ? Прстот и е сигурност... Ама немам совет како да го решите ,можеби да и ставаш предмети на оддалеченост и да се тргаш ? @Cvetce_ Според сликава како од тт е осипот ,за јадење секогаш кога се болни одбиваат.
Исто сме и ние, само немаме осип. Качува температура до 38,4 и потечна и е столицата. Паралелно и затнато носе, поткашлува, но на гради нема ништо, ја слушнаа. Вчера вечерта од полноќ до 4 утрото плачеше без престан, не може да спие, се буди со плачење на 10 мин, ќе ја погалам и продолжува. Мајки колку време пред да излезат запчињата може да има температура и да ја болат непцата, потечени се доле.
Абе 15 животни научи што звуци прават, а во тоа нозете како фатена е, не знаеш колку ме нервира Денес Авокадо кажа бе, Авокадо. Да и се плукнам во зборењето, нека намали малце со тоа на друго нека се фокусира Сабајле ми го направи истиот муабет дали сум сакала да спие до креветче, одма му кажав не затоа што знам дека исто ќе биде Мислам дека може да е ама не знам како да и помогнам, ни за предмети, ни за луѓе, ни за мачиња/кучиња, за ништо не се пушта. И таков сензор има што да пробаш да ја пуштиш одма застанува и паѓа... На сите овие работи изгледа и 4 ќе вади, стана денес затната скроз, течат мрсулите... А тие па веќе месец време се подуени ама никако да излезат.
Авокадо бееее златна таа, според описов нема да и идат спортови али во школо ќе биде со сите 5ки нека се живи и здрави само а од кога почна да се дига по кревети/за раче? Долго трае и тој период или подоцна започна? Пошто знам дека се нервираше со седнувањето ама не ми текнува кој период беше
Ако ми веруваш ваква бев сабајле во 2:40 истаааа, плус ми се мочаше а не можев да одам пошто ќерка ми се врткаше а мм си спиеше
Мојов "напредна" деновиве од што ќерка ми буквално цела ноќ приплакува и спие меѓу нас (од што вади заби ваљда) и некој од патите ќе ја слушне. И ми вика сабајле: Лелее јас успеав да ја презаспијам еднашка, ја тапкав по газе ноќеска, фатив да се смеам јас од што буквално гледав што се дешава дека она пак стана по "презаспивањето" после некоја минутка и заплака а он заспа хах. Си дојде она секако накај мене и ја презаспав јас односно цицето
Од 10ипол до 11, во две недели се направи, пролази, се исправи, почна да седнува сама од лазечка/лежечка положба, да се движи по мебел. Со тек на време нормално во сето ова стануваше се подобра, ама се направи во две недели. Како мајка и (и малце татко и за спортовите) се надевам дека ќе е креативна барем на нас да сака уметности ако не сака спорт
Сабајле ми рече леле два пати по пола саат нишкав ноќеска , викам не си го видел убаво саатот и си пијам кафе и мртов сериозн ми вика, бе што ти е сериозен сум ти спиеше јас ја нишкав ептен долго викам сигурно од што не знае кај е 5мин му изгледаат како 30 у сред ноќ. Плус сабајле ми напраи фора као ај во дневна чекајте ме одете напрајте кафе доаѓам и си продолжи уште 30мин а ја со неа обесена на нога да се дига по мене пиев кафе и се потурив цела
Избледува ама се шири осипот, прво беше зад уши и околу муцето, сега на мешето и грбот е цел, и кај пеленската регија е лом. Се чеша, нервозен е цел ден
мислам дека е од температурата, мојата беше цела недела се температура, после и се појави ваков осип, за некој ден се повлече.