Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    Ме загрижува што се шири
     
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Колку и да се трудам не можам да сфатам како не слушаат дека бебе плаче. Мојов хрчи растура и ми вика еее супер издржа бебе синоќа не плачеше ни за јадење, а јас 2 пати станувам и правам млеко.
     
    На Anastasia579, fragaria, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ми искочи клипче како после 2 години 4 месеци и 8 дена прв пат ја преспало ноќта бебето ,ми идеше да земам телефонов во шолја да го фрлам.Ако и мене ми се случи ова дури тогаш...ќе се утепам еве.Абе следи дремки прозори абе рутини абе играно неиграно,не пуштај тв и џабе.Телевизоров 1 година не сум го пуштила мислам ќе се расипе.Капак на се последниве неколку дена се буди кај 4 наутро.Се врти се трти се ксчува на мене ме мава па си седи така и после долго местење ќе заспие.Од што е ова?4ки пробиени тазе,друго не ни можам да видам не дава уста да отворам.
    А лелелее тоа пресоблекување како ме нервира,ми иде да го оставам цел ден у исто ако уште еднаш ме рогне еве.Туку за некој ден правиме 14м и нема ни еден збор.Ептен се грижам.Прооде пред месец два ама збор немаме...ме фаќа паника со секој поминат ден.Збори читај повторувај и пак ништо.Немам влакна од грижа.
     
    На fragaria и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.194
    Пол:
    Женски
    Дали си брба по негово ?
     
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Повеќе вришти писка ,вика еее ,не знам како да опишам,но не е како брблјање валјда.А разбира и предмети и луѓето.Но нема зборче.Полудев од грижа секој ден
     
  6. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    Денес ако не полудив нема кога.
    Бебе од најмирно од најголем јадач, преку ноќ откако се разболи стана најлошото бебе на свет :) и најголемиот нејадач, абе устата не ми ја отвора, или јас имам преголеми очекувања за разболено бебенце, јаде додуша оброк ама со молење наутро, навечер немаме проблем со јадење, адаптираното не ми го сака, уште подобро, со цица шо е најбитно, ама плачење луѓе што удре денес надополни за сите 9 месеци.
    Јас немам искуство со ова, глас немаше пуштено откако е роден, два дена е лепенка за мене, не се дели, а го спуштам и почнува да плачи, ќе се зиагра 15 мин и ќе ме види дека не сум до него почнува да плачи.
    Му се собра се наеднаш, вакцина, вирус, преселба, плус можи и заби да вади, абе прекраснотија :rofl:
    Плус ми дојде циклус денес , таман да заокружиме хаос :)
    Утре не мрдам со прст ако сака куќата нека тргни, ќе нарачам готова храна и цело време не се делам од него, дури не се врати буцко мој како што си го знаеме :)
     
    На fragaria, Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    27.639
    Пол:
    Женски
    Провери кога ќе оптегнеш кожата, дали се повлекува.
     
  8. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    Да, се повлекува.
    Ќе видам, можно е и топло да му е оти испотен е навечер. Ќе спиеме по куси ракави оти е претопло во станот.
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.313
    Допаѓања:
    78.655
    Пол:
    Женски
    Мојава почна да ја спие цела ноќ после одбивање од цице на 18м. Страшно неспиење имавме од 7м до 18м, незнам како преживеав искрено. Тогаш јака си бев, сега неможам да се замислам пак низ тоа да одам:shake: Сега е 21м скоро, спие и по 12ч без будење. Од најголем неспијач, најголем спијач стана. И тоа довадуваше и сеуште вади заби, никаков проблем во спиењето не и направија. Уште две 3ки има за вадење, како планина надувани и се.. освен што изводи со јадење (јаде, ама послабо), друга мака нема. Додека немаше ред со спиењето, све забите криви ми беа :rofl: 3 месеци сега тера ист ред.. дремка преку ден една од 1-2ч и убаво ноќно спиење. Има надеж за тоа... тешко е, ама ќе дојде денот кога и ќе си спиете убаво. За зборувањето, немаш потреба од грижа.. сеуште е многу малечко. Разбира ли? Се врти на име? Чао мафта? Има побитни работи од говорот, тој може и наеднаш да дојде..
     
    На fragaria, Mother of 2boys, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Се смееме со мм дека на 40 години ако нешто заебе ќе ги кривам од забите пак дека му е.
    Шала на страна стварно сонувам за тие денови кога ќе спие посебно што се живо и диво правам по книга утка нема.
    Чао не прави а го разбира,мисли дека идеме некаде и веднаш кај вратата е,покажува со прст ,разбира работи предмети,се врти на име.Пред брзо почна браво да прави.
     
  11. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    1.259
    Мојот почна да спие цела ноќ на 2г и 2м откако се одвикнавме од цуцла. Прво се будеше за цицање до 18м, па после за цуцлата, пропратно со заби и разболувања нели. Ама после се будеше само за вода некогаш летно време кога е топло инаку спие цела вечер. Инаку тоа растено како по книга нема врска со спиењето, чисто онака ти кажувам пошо имам другарка шо го расте како по книга па ете 2 ипол години уште и станува за сок по неколку пати. А имам и друга другарка што никогаш не се замарала со рутини со дремки со чуда, па малата и спие од многу мала по цела вечер и тоа сама во соба. Нема правила реално.
     
    На fragaria, Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    567
    Јас имам сериозна кифоза, памтам пред неколку години кога одев на физикална ми викаа дека ќе имам сериозни проблеми во бременост.
    Воопшто немав болки, пречудно ми беше како поминав супер во однос на грбот:)
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.862
    Допаѓања:
    7.391
    Пол:
    Женски
    Вчера на кафе со другарка истиот муабет нејзиниот е 15месеци. Седат во количка еден до друг ние пиеме кафе. Мојата уста не затвара сега со прстот почна да покажува и да вика дете/ете не знам а нејзиниот нема зборче ниедно. Ќерка ми вика и мама и ајде и чао, прави браво/ и кога треба и кога не треба :D Додека седевме осеќав како и се продлабоува грижата гледајќи ја, и зборнавме неколку реда за да и дадам кураж, од другата страна ни мафта друга другарка во поминување со бебе 13месеци минатиот месец бевме на роденден кај нив и ептен беше тажна дека за роденденот не одел, она па седнува и одма почнува да ни кажува колку е загрижена што не оди, нејке ни за прст ќе направи неколку чекорчиња и кенка да седне. Маж ми што вика па од каде па тоа правило дека за родендњнот треба да е проодено??
    така на крај заклучивме дека сите ние си носиме стравови за децата а тие си растат со темпо што они си го имаат а не е во нашите глави :) Следи го не викам не ама малечок е за било какви муабети :D има деца поинтровертни покасно искажуваат, битно е мисловниот дел да не доцни и да ги разбира работите. Штом чао како концепт го разбира дека треба да одитр да шетате, тоа е тоа :)
     
    На fragaria и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.313
    Допаѓања:
    78.655
    Пол:
    Женски
    Нема врска книги чуда, редот до некој период си го прави самото дете... и јас што не направив до тие 18 месеци, а од првата ноќ без цице она почна да спие без да се буди. Целото будење и било дека не знаеше да презаспие без да цицне. И сега знае да се врти, претка и да отвори очи ама презаспива сама без А да рече, ќе стане некогаш и за водичка и ќе пивне и легнува и си презаспива сама, ниту клацкам, ниту цуцла има, како голем човек се успива. А со цицето, вриштеше и по 15мин ако не и дадев.. Она на 7м почна да се мачи со забите и од нив да се буди, ама после веќе јас ја зезнав работата со цицето и поради тоа станувала. Инаку гледа и цртани, песнички, расте сама (трето дете) :rofl: А зборува доста... Секое детенце различна приказна.. За говорот сега не се секирај, стварно е малецко. Еве @angel4444 ќе ти ја повикам, исто уплашена беше.. сега тек почна нејзиниот да зборува повеќе, а врсници се со моево. Битно е да разбира други работи. Она мислам и таа возраст и на логопед го однесе.. ако те мачи толку, однеси го и ти..
     
    На angel4444, fragaria, Stone и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    1.717
    Јас не терам диети, ама вежбам јога по дома кога ми дозволува бебето, дека сум цела укочена и мускулите атрофирани, од седни/стани со тежина во рацете, од дремење на тросед со бебе што спие само во раце итн....

    Абе си треба време.
    Не е само тоа. Да ни е само телото во прашање овој период, ехеее лесно е. Ама имаме сто работи за менаџирање згора на уморот.
    Телото наше стварало живот 9 месеци, се тегнело, ширело, органи, мускули се поместувале; е сеа си има последици, си се опоравува. Ние дека одма се фрливме на чување бебе и сме заборавиле дека до вчера сме биле бремени. Очекуваме да сме ко порано. Ништо веќе нема да е ко порано.
    Боље ќе биде!
    Само време треба и многу љубов за нашето тело кое ни дало дете.
     
    На fragaria, Mother of 2boys, EnaEnA30 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    1.717
    Истоооо.
    Му викам, ти намерно нè игнорираш, за случајно да не ти дадам некоја задача :D
     
    На fragaria и hannybanny им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.194
    Пол:
    Женски
    На золва ми детето беше ист на 2 г пушти онака да збори одеднаш.
    Овој период 14 се гледаше дека разбира само накај 18м золва ми со матичната зборела и таа и рекла дали се му е дадено во раце веднаш.
    Па да јадење по саат ,вода стои на маса итн.. и др и рекла па што да ти побара тебе детето ? Зашо да збори нема предизвик :rofl:
    Па така почна да го вежба и си направи свои зборчиња детето па за вода правеше бљб хаха и туку одеднаш накај 2 г почна да збори се ,само со сврзници имаше мака. Ене го 6 г во школо почна си чита ,пишува...
    Има профил на инста logopedski.uslugi побарај има доста совети а мислам и курс за ова. Јас ги пратам од кога вежбав со поголемото. Не сум имала мака ама отпочеток зборев а пуштав и цртани т.е баба и пушташе зато шо од 10 м се вратив на работа јас.
    Нема врска тв ,толку се збори против него затоа шо влијае ама кога е оставено детето на таа еднонасочна комуникација со саати. Ние сме пуштале ама било со зборување ,,види мачето што направи " или не знам сеа што гледала за примери да давам.
    И да секое дете си има свое темпо ама како што кажав погоре ако порано прозбори покасно проодува и обратно,тоа го имам приметено низ околината.
     
    На fragaria и Stone им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , ко кај мене дома да се читам за муабетот. ( Не сум золва ти :D )

    Од како е родено дете, храна на сат, успивање на сат. Играчки на видик. Вода од кога почна да пие, чашката на маса оставена.
    Еве и како порасна, ужинки во фиока на дофат, овошје пример во фрижидер или на кујна оставено.
    Е побрзо детево мое ќе појде само да си земи банана од чинијата со овошје, отколку да рече сакам банана или ми се јаде.
    Што би се рекло тие прашања и изразување желби, дојдоа многу доцна. Баш кога почнавме да прибираме играчки и да ротираме. Или храна/вода да не е на дофат цело време.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    27.421
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас, ме јаде црвот и мене со малата што не кажува ни мама, баба, ништо. Второ дете ми е, и знам дека не треба да се споредуваат, ама само ми доаѓа. Големиот на 1.5 година имаше голем фонд на зборови, на 2 год веќе приказни раскажуваше. Многу рано прозборе тој, а прооде на 15м, дотогаш лазеше.

    Малава лази и таа, оди исправена по мебел ама не се пушта. Брбља на кинески нешто цело време, ама неразбирливо. Во сабота ќе полни 1година.
    Покажува чао, покажува со прст ако ја прашаме кај е саатот, кај е сликата со мама и тато. Кога оди во детска кај батко и, одма ржи, дека така прават диносаурусите играчките. Ама не имитира ни маче, ни куче.

    Знам се, дека секое дете е различно и има свое темпо, ама ете, пак сум загрижена.
     
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Еве и мојава иако е скоро месец постара од твојата (12+++) е со сличните вештини. Сеа скоро почна да покажува со прст и тоа само на неколку работи, во главно кучиња и пилиња надвор, а по дома на книгите ама ретко како одговор на “каде е х”. Вика само мамама и татата со значење и нешто нејзино на кинески ко што викаш. Само за мама тата и кучето ми изгледа дека разбира кога ќе ја прашаме. Ни чао не успеваме да ја научиме се уште, браво прави одамна. Има денови уста не затвара си брбља или си пее ама не е ништо разбирливо, се си е по нејзино. Не сака да емитира, колку и да пробувам да ја учам. Одамна имаше ав ав кажано за кучето ама веќе ни тоа не сака кога ќе ја прашам, туку оди и го закачка кучето. И јас не сакам да се секирам ама ете мајка нели нормално дека само се прашувам дали е ок.

    Е сега гледам дека е ептен фокусирана на проодување дека по цели денови се пентари по нешто, па можеби на тоа се должи и слабото зборување. Бар така си се тешам, не знам дали треба да превземам нешто или да и дадам уште време.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.