Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.294
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Штом се повлекува, од тем е. Ќе се среди за некој ден.
    Ова ми го кажа сестра од Козле.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Фала мајки на сите,ќе почекам бар до 15м да видам дали ќе имаме некаков напредок ако не ќе почнам да се распрашувам за логопеди.Знам дека нема крај грижата и евентуално кога ќе прозбори пак за нешто друго ќе се грижам ама ете...мајка.Уште поише паничам кога ќе прочитам каков фонд имале други деца на оваа возраст.А разбира многу и покажува со прст.За јадење кога ќе го прашам сакаш бисквита смока млјацка ама не кажува со зборови млјац туку ја пуцка устата.Кога ќе му кажам ајде да јадеме иде кај хранилката.Ајде идеме чао каде е јакничката си ја зима ми ја носи и вика е.За спиењето контекст по книга ми беше муабетот што сите дремки од кога е роден му се во точно време на исто место без отстапка да надвор дремка не сме имале секогаш во креветче.Сок не давам вода пие премалце.Едино нешто што мислам дека влијае е цуцлата.Ја користиме само во кола и на спиење и не знам како да го одучам
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Ние сме 16ипол месеци, исто не збори. Имам пишувано на неколку пати, си брбља нешто по нејзино ама зборови тешко. Вика тао, мама, баба, тата, тети, да и не. Толку. Инаку, се разбира. Ама буквално се. Не знам до кога да чекам, ме фаќа нервоза веќе. Прооде на година, сега трча веќе
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    На другарка моја има три деца, сите три на три години дури прозбореа, едното најмалото до две и пол години викаше само тине тине, на Шведски во превод као немирно значело, и за се тине викаше, сега има три и пол години и уште не врзува салам реченици ама се пушти.
    Сакам да кажам дека секое дете е различна индивидуа, зборувајте му често, ќе прозбори без грижи
     
    На Stone и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Ајде дај Боже, ама кај нас наместо да се намалуваат еве денес нови на ниви места излегоја...
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.294
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Реакција е. Нека биде полесно облечено. И јас туширав секој ден со Биодерма маслената. Дека плус и лето беше, 50 степени мислам дека беше.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Ние неаме ни мама тато да не,само де де де ама без значење за деде.Кога почна овие да ги употребува?Мислам дека немаш грижа чим бар неколку има а и чим се разбира.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Само да ве утеши една мајка на две момчиња, читај диносауруси.
    Би сакала да ги имам вашите грижи кога ќе прозборат.
    Во овој момент само сакам да ги завртам стрелките на часовникот на 10 часот, да заспијат. Само тогаш имам мир. И ми треба сигурно половина час да се сосема од постојаното зборување и натпреварување кој прв да каже. Па големиот се лути, а малото е плачко невиден.
    Сакам да имам уште едно дете, ама само ако некој ми вети дека ќе биде девојче.:inlove:
     
    На le.soleil, Eho, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    643
    Јас само ќе ви се надоврзам на муабетот за зборењето, оти знам дека ствара притисок кога гледате други дечиња на иста возраст и црвот работи.

    Моево е 2 години за еден месец и зборува ќе те продаде. Со таа разлика што кога почнуваше да зборува и сите дечиња кажуваа куче, маче, чао и браво, моево ништо од тоа не правеше. Прво имитирање звуци беше како прави мувата ззз и први други зборови настрана од мама, тато, беа кафе, ѓубре, мети, машината и слично. Буквално од бебе кога беше јас и мм се' што правиме околу него го објаснуваме. Сега ќе пуштиме машина, сега ќе правиме кафе, сега ќе смениме пелена итн. Никогаш го немам седнато да го учам зборови и до ден денес не кажува чао со рачето или браво под команда. Ама затоа кажува кај е факултетот и дека тато дипломира на факултетот, тато вози Ауди, мама прави кафе, мама мети ѓубре, буквално се' што слуша го повторува и евентуално ќе го разбере и со го користи во муабет. Од 18 месеци врзуваше зборови, сите количиња со ги знае по марка, опседнат е со возила, гледа и екрани па уста не затвора. Муабетот ми е воопшто не збореше по сите други стандарди кога децата прозборуваат и имав коментари од страна дека треба да знае на таа возраст да прави чао, браво и што знам што па сега и во парк ме прашуваат како толку многу зборува за негова возраст. Исто и со одењето, ниту паткање, дубак, џампер, ми викаа не знае дека има ноџиња ама на година стана сам, на 13 месеци прооде.

    Од мое искуство, само зборувајте им на децата, не мора се' да се научи кога ние сакаме, ќе слушне па ќе повтори па ќе научи.

    На тема спиење се' уште се буди, се дешава многу ретко да преспие ноќ ама тие вечери кога ќе отспијам 8 саати, другиот ден обавезно имам страшна главоболка затоа што валјда веќе се научив да функционирам со помалку сон. Да се нема раат :D
     
    На Ena05, LaTama и Baby warrior им се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Па после годината така нешто..
     
  11. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Ако ви е за утеха, ќерка ми е 18 месеци и едвај максимум 5 збора кажува, уште ни мама и тато не вика. Чисто да знаете, по книга е до 18 месеци минимум 5 збора, до 2 години минимум 50 за да не се рачуна доцнење во говорот. Така да вие што имате помали деца имате уште неколку месеци да стасате до 5 зборчиња. И најважна е невербалната комуникација.
     
    На Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.318
    Пол:
    Женски
    Моево поголемо дете, не памтам точно после година почна со "зборчиња" со значење, ама ниедно не беше прав збор. Ама (цуцла и сок) уама (кола), он си се викаше Ана. Тие ги памтам. Повторуваше слогови често, ептен слабо до кај 2 ипол му се развиваше говорот, може и накај 3 фати, наеднаш прозборе чисто, без никаква говорна маана. Не знам дали поради цуцлата слабо зборуваше, ама буквално никаков недостаток немаше или заостанување позади врсниците кога се пушти. Таков ми е за се, он кога ќе реши е профи за се. Само да реши. Пред да оди за тестирање за прваче само шкрташе низ дома. На тестирањето сфатив дека знаел да нацрта нешто, еве го сега чита и пишува. За нокшир исто кога реши го тргна од одма. Ја разврзав ептен на далеку, ама поентата ми е, верувајте си малку на интуицијата. Не викам дека проблем треба да се игнорира, ако веќе е закаснето со нешто секако дека треба да се реагира, ама не значи дека ако некое дете зборува брбља на година ипол, а вашето има ограничен фонд на зборови на 2, нешто автоматски не е ок. Вие си го гледате детето, штом разбира и комуницира, не се грижете многу пред време. Сега се некаде брзаме, се споредуваме, сакаме нанапред да гледаме ептен. И си правиме нервози само. Како мајка на јарче со карактер, научив да му дадам време на моето дете. И никогаш до сега не утнал нешто. Покасно од останатите ги правел некои работи, ама еднакво добро како сите во свое време.
     
    На Ena05, Mother of 2boys, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Првото дете цел муабет ми правеше на година ипол. За второто и јас го имав на ум зошто преголема разлика имаше со првото, па дури и запишував што кажува. На 15 месеци кажувал: мама, баба, тати, дада, бу, ам, дај, џиш. И тоа тој месец сите наеднаш, претходно ништо. Сега е 2 години и 2 месеца, тргнат е во градинка пред 6месеца и од тогаш натака бум е со зборувањето. Мислам дека сега веќе е изедначен со сестра му на истата возраст. Едноставно си имаат децата пикови на раст, како физички така и психички. Се додека е развојот во нагорна линија, ќе биде, да не се грижите. Тоа што е за грижа е многу повеќе од само мал фонд на зборови.
     
    На happygirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Ама ние немаме никаков фонд на збориви.Бар да имаше еден немаше да се грижам .Знам се ми е јасно дека ете некои порано некои подоцна но ова ме мачи веќе некое време,секој ден сум со нова надеж а многу се трудам и работам на тоа поле.Прооде брзо фала богу но ова ни е тапкање во место.
    Зборам цело време колку можам зошто знам и едноставно да се изгасам на моменти во свои мисли но и другите сите зборат со него,имитираме животни покажуваме опколени сме со мачки кучиња кокошки им се радува ги покажува со прст сите но не имитира не збори.Престимулирана сум од гледање видеа за вежбање веќе не можам да примам информации.
    Се надевам набрзо ќе пишам дека имаме напредок и дека се е во ред.За некој ден полниме 14м и се надевам ова ќе биде месецот на некој збор.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Чисто да се најдам на муабет, пушти ја Мис Рејчел за бебиња да видиш како зборува, конкретно видеата за учење говор. Како потенцира изговор на секоја буква, како ја покажува формата на устата за секоја буква на бебето. Не знам дали до тоа беше, ама тоа пробував да имитирам јас баш пред да ги пушти тие зборови на 15мес. И пак немаше некој огромен напредок додека не тргна во градинка на 19мес. Тука пред вториот роденден се пушти.
     
  16. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Да ја имам гледано и пробувам полека со уста и со рака да правам гестикулации ама нема интерес да ме прати ,значи буквално си тера негово си игра и џабе.Фала мајка секако на сите совети и утеха.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.252
    Пол:
    Женски
    Во последно време добивам многу совети од типот: Ајде уште едно додека сте млади, брзо ќе ги израснете и ќе уживате. Или прашања од типот: Кога второ?
    Ко прво бебево има 8 месеци, ко второ што ти е гајле?
    И дали сум себична ако можеби никогаш не посакам второ дете? Себично е заради тоа што ќе остане ќерка ми без сестра или брат? Или себично е кон маж ми?
    Некогаш си велам стварно не знам дали ќе сакам некогаш уште едно дете, а и да биде , би било за неколку години. Имам многу работи кои да не кажам, ми се приоритет пред да имам (ако имам) второ.
    Знам дека се е минливо но кога ќе се сетам на пост породилниот период, па мојата ризична бременост, лежење 7 месеци станување само за вц, страшниот пораѓај..
    Вредеше се за ќерка ми да, ама не знам дали пак би издржала такво нешто, и не знам дали сум себична поради тоа.
     
    На Ena05, Guns N` Roses, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Рано почнале :rofl:
    Не знам ,никогаш не го разбрав поривот за тие прашања, тие ли ќе ни ги гледаат ?
    Тие ли ќе ги раѓаат ?
    Шо к те боли дали и кога ќе имам/е второ...
    Јас дека две женски одма ,,а на трето ќе идете ?" (lalala)
    Кај да идеме ?
    Се нема смисла навистина.
    Или ако се две различен пол отидеш ли на трето ,,леле како ,леле браво"....
    Кај пишува дека мора машко ?
    Не ,не си себична.
    Себично е неспремна да имаш второ.
    Не е себично спрема ќерка ти пошо никој не ви гарантира каков однос би имале.
    А на коментарите ,само дрско па нема да им текне пак.
     
    Последна измена: 30 април 2026
    На Ena05, fragaria, Eho и 5 други им се допаѓа ова.
  19. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    А зошто дозволуваш рандом тетки, стрини и комшики да ти влијаат на расположение? Искрено луѓето ги прават тие муабети зошто се останати од времето како чамче муабет а реално на никој од нив не им е гајле дали Пеперутче ќе има едно или 5 деца. Кога ќе кажат следно ајде што поскоро второ кажи им само ајде дај боже, да сме живи и здрави па ќе биде и терај даље со денот. Колку повеќе влегуваш во умислата на прашањето што доаѓа од тие луѓе толку ти повеќе ќе си ја носиш фрустрацијата. Не си ги сфаќај лично работите зошто и не се лични кон тебе верувај ми.

    Друга работа, 8 месеци постпартум си. Зошто си ставаш толку високи очекувања од себеси? До 2 години уште хормоните не се на место. Да, некои жени се осеќаат спремни и 3 месеци после пораѓај за следно но ако ти во моментов не се осеќаш спремно зошто го мислиш? Премлада си за да носиш заклучоци дали некогаш ќе сакаш второ дете. И за 10 години да добиеш желба за второ пак ќе си млада мајка. Пушти малку во лер нека оди. Ќе се присоберат хормони на место, ќе се осеќаш за некое време се посвоја и посвоја и ќе видиш дали како проаѓа времето ќе добиеш желба за второ. Ако не добиеш никогаш, да сте живи и здрави вие тројцата. Зошто си го уништуваш денешниот ден со нешто што стварно не е нож до коска дојдено.

    Ќе ја мислиш планината и патот до неа кога ќе стигнеш близу неа. Уште неизлезена од дома не можеш да мислиш каков ќе е патот до планината.
     
    На fragaria, Eho, Autumn Love и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    7.514
    многу ти е рано, а мислам дека и си помлада, така да време имаш, мене ми требаа две години да се стабилизирам со хормоните од раѓањето и да почнам да се чувствувам како старата јас, па полека си дојде желбата и за второ дете, која што предходно некој ако ме прашаше одговарав исто како ти сега, нека е жива и здрава, ја друго дете не сакам, ниту ќе сакам како неа што ја сакам.

    во однос на приоритетите, мој совет ти е прво тоа да си оствариш, бебулето ти е мало.

    ние немавме станбено прашање решено, тоа ми беше приоритет, кога го решивме тоа ми дојде желбата за второ дете и можам да кажам дека второво дојде во многу пресредени услови.

    преубаво е да имаш повеќе деца, ама не по секоја цена, не е само да ги родиш, никој не те прашува како ти е, никој не ти ги гледа, ние сме буквално првите генерации оставени сами на себе, и не ни сакам да слушам муабети од нив, затоа што никој живеел како мене, во мое време сите не чуваа баби и дедовци, сите имаа помош, поинаку се живееше. сега ние сме оставени сами на себе, 27/7, 365 дена, па луѓе претешко е, некои денови седам и мислам дека не можам веќе да издржам, дека едноставно ќе се распаднам и седам и размислувам кој ќе ми ги гледа децава ако нешто ми се случи :drunk:

    јас сум едно дете, имам прва братучетка што исто е едно дете и некако цел живот си се имаме, мн пати сум размислувала шо би правела јас без неа, како сестри сме блиски, убаво е да имаш некој толку близок и за добро и за лошо во животот прво на нејзе и се јавувам, од таа причина сакав ќерка ми да има некој толку близок затоа јас се одлучив за второ и воопшто не се каам, кога ги гледам заедно знам дека сум ја направила вистинската одлука.

    Но, ги подржувам сите, и тие што одлучиле да не раѓаат воопшто и тие што одлучиле да имаат едно дете, и тие што сакале три, секој си трга од своите индвидуални услови колку може и кој што сака, едноставно луѓето треба да научат да не се мешаат во секоја манџа бидејќи тоа се толку лични работи, никогаш во живот не сум се осмелила некој да прашам, кога дете или второ особено ко што знам дека секој втор пар се соочува со некоја потешкотија воопшто да добие дете, толку ми е незгодно да прашам такво прашање, ама кај нас овде сите се такви без осет.

    еве ние сме со две женски, нормално нас не прашуваат дали ќе одиме на трето за машко :drunk::drunk: не знам ни што да им одговорам на такво глупо прашање значи.
     
    На fragaria, Eho, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.