ма што сакаат нека зборат. Може и онака колку да кажат зборат има такви луѓе, не дека се злонамерни или нешто. А дали е себично кон маж ти не знам зошто кај нас е обратно, мм вика ќе видиме као а јас сакам здравје три деца ако имам време и условии мислам ќе има конфликт
И јас не сакам второ иако сите ме замараат. Најсмешно е што јас останав бремена само зошто Господ така сакал. Медицински ставот беше дека нема шанси. Дека ме фаќа рана менопауза и резервите на јајце клетките ми беше скоро 0. Детево ми е ивф. Фала му на Господ за неа. Нека е жива и здрава ама јас не сакам уште едно дете. Сакам на неа да и се посветам максимално башка што нема шанси пак да поминувам низ истото. Боцкање, испитување, негативни тестови плачење. Па ризична бременост, лежење па нема доволно плодова вода па може пред време ќе се породиш. Па итен царски. Значи не не. И не мислам дека е себично туку е разумно. Може да биде сама и со браќа и сестри. Ништо не е гаранција. Единствено може да родам второ ако се фати природно, не знам како ама ете ако се случи чудо ќе го родам да. А свесно да се малтретирам пак од почеток зошто некој друг сака уште едно дете по можност братче, НЕ.
Не мисли на тоа, премногу е рано стварно, прво опорави се од овој пораѓај и се да си оствариш што сакаш. Јас меѓу двете деца си решив стамбено прашање, магистрирав и во меѓувреме после 4 години посакав второ. Ама на ум никој не ставав, не ни памтам дали ми збореле за второ од што не сум ги перцепирала. Они да не ми го гледаат. Не си ја мачи душичката уште од сега со овие работи, фокусирај се на детето и себе. Имам правено муабет со жени со деца што им биле мала разлика, тоа го направиле само за да бидат блиску со возраст (наеднаш да ги изгледаат и другарчиња да биле) или веќе биолошкиот часовник ги притискал. Ти имаш толку можности, радувај се што си во таква ситуација и извади максимум од нејзе. Тетките нека бркаат работа, научи да не ги ставаш на ум зошто ќе почнат и за детето како расте да ти мудруваат се повеќе.
Заби ли се, од вирусот ли е, промена на место ама бебето ми се смена нагло преку ноќ, абе луѓе ништо не го занима, ништооо, 1000 реквизити и играчки му купивме џабе, повеќе од ,пет мин не се заигрува, само во раце сака по цел ден, а го спуштам тоа вриштење леле мори мајко, до зајдување. Не беше до глад оти пет пати во денот правам ад не ни го пие, од денес почна да пие млеко инаку скроз го имаше одбиено. Имам циклус дали мижеби тоа додатно го прави нервозен ако ми се има намалено млекото ама претходниот месец не беше вака До кога трае овој период оти ќе скренам, на раб на лудило сум, сама сум со него цел ден а машала 10 кг е, јас 45 хахха мажот ми е по цел ден на работа а и кога е дома не сака кај него.
Пошто тука најмногу збориме, дајте други продавници за шиење фустанчиња како toki official? Порано имаше и други сега ниедни не можам да најдам кога ми треба се од косово ми искачаат некои
Јас само таа ја најдов и по пристапна цена. Сакам фустан со тул. Рече жената дека одоздола им става памучен материјал. Јас за крштевка го нарачав па ќе видиме како ќе излезе. Имав едни на Инстаграм што шиеа ако ги најдам ќе ти ги пратам ама ми бараа 5000 за фустан за бебе од 5 месеци. Премногу ми е.
Отидени се со цените, искрено јас би и купила готов сигурно ќе најдам отприлика како што замислувам нешто ама работата е што сакам од ист материјал да биде и мојот а различен модел секако мора да искомплицирам скроз
Аууу тие мајка ќерка фустани се од 150 евра нагоре. Една дури ми рече 150 евра без материјал. Па нема пак да се мажам, венчаница не купувам. И затоа решив да си купам некој сличен фустан како нејзиниот во иста боја. За едно носење е премногу. Можеби здравје за роденден ќе пуштам срце ќе шијам исти фустани барем ќе стои тогаш ќе може саглам слика да излезе
Не планирам таа што ќе го прави фустанчето на ќерка ми да го шие и мојот јас си имам шнајдерка за мене ама не шие бебешки само материјалот сакам да е ист, можда ќе ја намолам до наредна недела ама на прва ми рече не - кога и покажав што замислувам за фустанчето прв роденден е нешто што останува во сеќавање засекогаш… нејкам да правам компромиси
Пробавме на почетокот, не беше изводливо. Сега малово има седум месеци, и веќе некој период спие во детска со бато
Извини Бејби, мое невнимание, сум одговорила на тебе, се забележува дека не сум веќе активна Одговорот се однесуваше на прашањето на @Dodo1