11 месеци така функционирам, бебка заспива 19:30 јас тогаш почнувам асално да работам, зошто таква ми е работата ми треба мир што го немам преку ден… да приберам играчки да се туширам, да поседам 10мин во бањарка на тел, да го видам маж ми … па таму после 23:00 тек да одам накај спална. Ќерка ми станува 5ипол-6 а преку ноќта се буди за цицање/нишкање 4-5пати секако па ти направи ја математиката колку спијам
Мене кога ќе ми речат така им викам ама вие не разбирате ми треба најмалку еден саат да ми се смири телото од цел ден активности па да заспијам А уствари си читам форумов, гледам што сум пропуштила на инста, сега па оптеретена сум со крштевката и идеи од Пинтерест плус тоа ми е единствено време за мене
Кога наполни 4 не амаааа една недела пред да наполни 5 Синоќа сум спиела прв пат после скоро 2 недели. Нејќе да заспие дење, а и се спие црвена во фацата. Ноќе ќе заспие и ќе почне да гуга така еден саат па пак ќе заспие па во 3 сабајле пак истото. Нишкај џабе додека не се изгуга она саатипол не заспива пак. И така све је прелепо
Не кажувај дека трчаш се фрустрирам ем се нервирам како изгледам ем една мрза што ме фатила аааааа. Ослабев нагло 30 кила што ги качив во бременост и сега висам целата. Најкриво ми е за градите барем да ја доев вака за џабе ми се упропастија само Си се пожалив
Мене како денот да ми почнува после 19:30. Вежбам до кај 8 ипол, па бањање, малку ќе погледнам серија/филм, да се видам со мм, и тоа е тоа.. Преку ден сум и скроз посветена, по цел ден сме навор зашто женската ја отвара вратата(само ја подзатвараме) и иде накај ходник и ржи лута сака надвор. Онака смешно со газето си ползи, плаче и ржи Ручек правиме заедно, она во хранилка баш до мене, и двете на крај на денот мирисаме на чорбички. Од септември трга во градинка, а мама на работа здравје. И ако видите некои будали што трчаат на кеј со количка, тоа сме јас и мм да знаете Малце е тешко ама немаме друг избор
истооо само што моево налај 21-22ч заспива и затоа вака јас до покасно дека тогаш ми почнува денот. И јас планирам да почнам да вежбам. Со него си пешачам преку ден тоа ми доаѓа добро ама некако сакам и да вежбам. Претходно не сум била вежбач ама сега ко да ми треба
Мене ме опушта вежбањево. Со мм сме во некој филм хелти живот, е тој си спортува и таква му е и работата, јас сум друга приказна.Вежбање ок ама трчањееЏ Кога трчам умирам се гушам Ама океј се надевам ќе биде подобро тек е почеток. Инаку многуу е полесно кога легнува порано бебе, значи ги имам тие три четири саати да правам што сакам на раат.
Мене бебка ми заспива накај 20:30, и јсд легната на тоа спалната како морж, се осеќам како камион да ме удрил значи ме мрзи шишињата да и ги измијам во вц да одам а камоли да средувам нешо по дома... и во 21:30 заспивам
Добри сте на 12 ч ако крева. На помалце од 5 крена мојава сабајлево. До сега нема кренато. Ама налет веќе. Еден месец добра и пак во круг.
Јас се туширам, отворам пивце пола саат со маж ми и одам и јас во кревет. Премногу ми значи спиењето, ништо др не ме интересира Серии, скролање тоа правам преку ден додека цица, додека дремнува, итн. Чистење, ручеци, алишта, такви работи тоа претежно маж ми го прави. И морам да кажам, имам едно посебно убаво чувство кога одам да си легнам: во затемнета спална, бебето спие во креветче од мојата страна на спалната, ќе ја погледнам и така ми е мн убаво и ќе си легнам до неа, онака опуштено за прв пат во денот. Татица ни се придружува малку покасно, он си кулира со фудбали итн. Секој со својот кеиф
Не..обично практикувам на втор/ трет ден од вирусот( од симптими, ако е вирус де) за да има поточна слика ама еве денес издржа со 37.2-3 до пладне и после спушти скроз. Се надевам завршивме овој пат и нема да има потреба.
Деца во колектив , мислам и твојата сега скоро почна во градинка...може еден месец и не е лош период. Додуша овој пат 2м издржа мојов...
Ве читам и ми текна колку здраво се хранев пред да останам бремена и цела бременост. Сега јадам што стигнам. Благо никогаш не сум јадела ама толку ми снемува енергија во текот на денот што само бутам нешто во уста и кафиња исто. Таква грижа на совест имам дека правам нешто погрешно. Ама бев денес пазарев за од утре да почнам пак со здрава храна барем, ама ќе видиме шефицата дали ќе ми дозволи да си направам за јадење. Цело време бара во раце и невозможно е веќе со неа во раце да правам нешто ем е тешка ем цело време мрда. А за вежбање тешко мрза си е мрза и мрза ќе си остане.