Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Од кога е проодена само на глава паѓа, не знам што ќе беше ама се испотепа.
     
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    7.446
    и мојата исто, се исправа од 7 месеци, скроз е нестабилна, се на глава паѓа, цел ден сум околу нејзе и пак успева да ми падне, секунди се во прашање, еве сега почнува да прави по некој чекор од маса се пушта до кревет и обратно, а нема ни 9 месеци, уште е мала.
     
  3. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми е криво што ќе сум до него, ама нема да му имам 100% посветено внимание и ќе падне, а не знае уште сам да седне за да ублажи пад. Си реков само моево да не паѓа, ме утешивте:whew: само да не се повредат
     
    На Anaroz1 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Леле со ова дете очекувам вакви работи, удари, за дел од секунда глупост прави. Првото ми беше толку стабилно, одмерено, ич не паѓал и не се повредувал, овој е трупче, нема осет, само пафта се џитка. Џумки до сега имал 2 пати, кога лази со главата заринкува во земја и крв си пушта од нос, камиказа тешка. Очекувам и брцање во штекери :devil:
     
    На Mumoftwo30 и EarthFire им се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    27.359
    Пол:
    Женски
    Со мм двајцата до неа бевме и ја акна главата до ивица на една комода. Како јајце и отече. Намачкав путер, спласна за пола саат.
    Колку и е лупана таа глава нејзина, дури језиво ми е.
    Пред месец дена, измеѓу комода, масичка и стол во 30 цм простор падна. Како еве незнам. Знам дека за рака ја фатив и ја извадив, зошто немав пристап.
     
  6. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    И мојов вчера како се акна со една пластична играчка…
    Му ја давам во раце, ја зема и сакајќи во уста да ја стави се промаши и директно во чело. Цел ден џумка имаше а чудно не ни заплака кога се удри а мене срцето ми застана.
     
  7. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Вчера дојдовме на гости кај моите кои се во друг град. До сега само еднаш го имаме донесено и сега вторпат го носиме. Рековме ќе останеме една вечер на спиење и таман сабајле да не замени мајка ми да го почува да поспиеме. Како за беља бебе стана во 5. Му дадов да цица и во 5 ипол го однесов на мајка ми да го чува. Си реков јаден е може ќе дремне малку, малку ќе го почува па ќе може да поспиеме некој саат. Кога ете ја во 7 и 15 ме бара. Идам, ми вика спиеше 40 минути (значи ако го тргнеме спиењето го чувала помалку од саат) и ми вика: ај земи го јас да поработам нешто (а нема ништо работа се е средено по дома). Се изнервирав си го земав и заминав во соба му дадов да цица и после 20 мин пак го враќам назад во дневна после цицање и ја гледам земала ручек да прави. Ручек во 7 сабајле?! Ручекот и е единствената обврска што ја има денес, ние си одиме после ручек и она фатила во 7 ручек да прави пола куќа замирисала и ми вика: Еее па јас земав ручекот да го правам, тој нема ли да спие? Жено како може да спие кога до пред 15 минути спиел, ти ми го даде наспиен…
    Се изнервирав го поиграв малку, го разбудив мм и си излеговме да шетаме таман следна дремка во количка да му фатиме а она пстана дома кафе да си пие зашто друга работа нема.
    Ептен се изнервирав. Еден ден да не може некој саат да го почува, и вака што прави ми иде ич да не доаѓаме па ако сака некогаш да го види нека дојде во скопје.
    Двапати сме дошле и двапати кошмар ми е доаѓањето, повеќе стресови имам отколку да си седиме во скопје и сами да си го чуваме…
    Плус сум кажала телевизор не. И вчера пуштен цело време, го гасам телевизорот, излегувам од дневна дали да му дадам да цица дали да го пресоблечам, се враќам телевизорот пуштен :@

    Плус вчера како бонус една тетка сретнавме на улица додека го шетавме а патем едвај го заспавме во количка, и првпат го гледа вади од паричник железни пари му ги пика во алиштата го чепка :@. Јас туркам количка напред назад да не се разбуди и ми вика: е што го туркаш де и да се разбуди голема работа (мислам дека целта и беше да се разбуди да го види будно) и ми ја граба колочката и она го турка напред назад ама силно да не речам дрско… катастрофа. И ја земав количката од раце и си продолжувам по патот, сфати изгледа колку е саат и уште оди по нас ни збори, и викам почна да се буди ај чао. Одвај избегав.
     
    Последна измена: 10 мај 2026 во 09:09
  8. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.104
    Само ќе кажам, жал ми е што си во таква ситуација. И на мајката и треба мајка.
     
    На Amellie, Mumoftwo30, Anastasia579 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ми било зацртано (голема грешка ова) детето е моја и на маж одговорност и ни баби, ни никој не сме терале да чуваат освен ептен да мора некаде без дете да одиме. Имам стари во иста куќа, секогаш јас сум била таа што станала и во 5 наутро и во 7 и кога и да е заедно со детето.
    Од аспект на поминати неколку години со овој принцип, па и не е којзнае колку правилен де. Ем дете се навикна дека за се треба мама, ем сите се навикнаа дека сам(и) можеме.

    За карактерот на мајка, нема тука промена, ни се допаѓало или не. И кај мене е додека не се завршат обврските што си ги има, помош не добивам. Ептен не знам што треба да се случи, па да се промени и распоред и се со ред.
    Полека си прифатив дека се такви работите и си функционираме на тој начин.

    И чудно им е во друштво кога ќе речам не можам тоа и тоа да направам оти дете нема кај да оставам толку долго. Посебно од другарка чии родители од двете страни се 24/7 на располагање. Ама така сме се поставиле и тоа е што е.
     
    На Puffy2019, poker_face и Anie93 им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    19.263
    Пол:
    Женски
    Бебка почна една недела да се врти од грб на стомак и тоа го прави по 100пати во ден :rofl: јас ќе го свртам назад кога ќе му здосади, да се вратам до кревет, он веќе назад:rofl: една недела само на подлога сега научи и на меко на спална… почнува појакото :whew:
     
    На Anastasia579, Baby warrior, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Мојава не знае да се врати назад па кенка кога ќе и се смачи и со главата лупа во подлога или спална.
    Секоја пригода ја користи за да се сврти на стомак. Не можам веќе ни да ја преоблечам. Треба да научам како се става памперс од наопачки :rofl:
     
    На Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    19.263
    Пол:
    Женски
    Истоо! Сам се врти сам кенка, хахахаха. А кога учат да се вратат назад? :D
     
  13. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Поим немам мојава е 5 месеци и една недела уште нема абер за назад. Претпоставувам сега веќе треба или околу 6 месеци.
    Јас и покажувам демек како да се врати назад ама уште не сфатило детето :rofl:
     
  14. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    За жал така е :( и криво ми е што очигледно има заборавено каква тежина на грб носи една мајка, битно она агендата да си ја истурка и тоа што го има зацртано, небитно колку е банално, како на пример спремање ручек во 7 сабајле.
    Јас знам дека не ми тера инает туку во нејзината глава нејзиното е најправилно. Мислам на сите дома им го прави истото на некој начин. Јас веќе се помирив дека е таква само некогаш стварно многу ќе ме изнервира па стално се жалам тука. Се сум пробала од стратегии и ништо не вродило со плод.
     
    На Mumoftwo30, Anastasia579, Vegegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Ама ајде да гледам на позитивна страна, бебе почна да сака да се вози во количка, дури и заспива сам додека ја туркаме и пресреќна сум за тоа. Таман ќе одморам грб од кенгур и држење во раце. Само за ден два влегува во четврт скок и од толку читање по форумов малку сум извадена од памет како ќе го истуркаме зашто се и сешто се изначитав ;(
    Стварно ли е толку страшно и колку време ќе потрае?
     
    На Anastasia579 и EarthFire им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Така се навикнати, од една страна бар мајка ми, никаква помош не добивала, знае колку е тешко. Од друга страна е она " што мислите, лесно ли е да се гледа дете".
     
    На kozuf, poker_face и Anie93 им се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    19.263
    Пол:
    Женски
    ние мислам го пројдовме. Па наврчер се будеше на саат ипол два макс. Потешко фаќавме дневни дремки. Поплачливо бебе. Траеше кај нас 15тина ден
     
    На Anastasia579 и poker_face им се допаѓа ова.
  18. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Да да, скроз се пронајдов во твојот коментар погоре. Дури и мислам дека кога некој ќе го земе дека му е тешко па цело време ги прашувам. И навикната сум да не барам помош од никој, а всушност скоро и да не добивам - сами го чуваме. И кога еднаш ќе се укаже прилика за било каква помош, се случува ова. Дури и криво ми е што ниту еднаш не изразила желба сама таа да рече дојдете туку ние ќе решиме сами да појдеме. Да нагласам дека нема никаква причина зошто не би сакала да дојдеме, ниту од финансиска перспектива ниту од перспектива на услови дома или слободно време.
     
    На EarthFire и Miss_S им се допаѓа ова.
  19. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Честитки за возење во количка јас уште го чекам тој ден веќе 5 месеци и 8 кила уште се молиме. Не знам јас за 4 скок кога е точно ама знам дека кога бебе наполни 5 месеци ми почна хаосот. Тешко заспива дење, тешко заспива ноќе, се буди и гуга спремна уште да си играме, плаче за јадење на 2 саати а е на АД и пие по 150 мл. Таман почна сама да заспива и да сака повеќе на земја сега е пак цело време во раце. Се погледнав вчера случајно на вратата од балкон станата сум Квазимодо. Се надевам дека ќе заврши зошто не можам по 8 саати дете да држам во раце што е 8 кила.
     
    На Anie93 и poker_face им се допаѓа ова.
  20. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ова бебе од ден во ден ќе ме побудали, некни ви кажав како акна на гла, денес сабајле заглавен тука
    Местам перници ама еве некако успеал да ги тргне и до пола со нозете да влези
    Едвај го извадив, заглавено беше, ноџињата лом му се од што го тргнав.
    Имам порачано оградици за спалнава ама дури стигнат три бељи направивме.
    Косата не да ми обели, ќелава ќе останам
     

    Прикачени фајлови: