Не се замарај. Моите па на пример се стари и стварно не можат. Пробуваат ги гледам дека се мачат и ја зимам јас. 5 месеци од дома немам излезено зошто немам кој да ми ја причува. Крштевка спремаме за 10 дена јас не сум излегла да си купам нешто за мене ниту поклони за кумови. Тоа е. Гледај да можете вие да си се чувате. Брзо ќе пораснат ќе ни олесни.
Јас потполно те разбирам..во некоја слична ситуација сум. Нема да се сменат, прифатив. И сами ни е поубаво на крај.
Моите не се стари. А и не дека очекувам некаква помош, само ми беше криво што во преден план се ставаат небитни работи. Да знам дека не може да го почува нема ни да и го оставам. Еве не знам може нема да размислувам така кога ќе остарам ама сега мислам дека не е на место постапката. Плус прво внуче е, не знам како да кажам, осеќам дека секое одење таму како терет да им е, а не радост. Мајка ми додоуша е доста крута жена, не покажува емоции ама ич, така што не можам баш да ја прочитам дали и колку и е мило или не. И најјако ако се почне муабет за било каква помош да треба ми вика: Види со свекрва ти ако може нека доаѓа да ви помогне. (инаку никој не доаѓал до сега, ниту еднаш. А не сум ни барала да дојде. А секако и со мм имаме разговарано на темава и имаме одлучено дека сами ќе си го чуваме и имам подршка од него, се труди максимално да ми олесни на било кој начин.). Значи не ми е тешко да го чувам, ако сум станала 29 дена во месецот во 5, ќе станам и 30тиот, не дека нешто ќе ми смени од аспект дека јас ќе се наспијам за цела недела тие неколку саати. Повеќе ме боли постапката, тешко ми е на душата, не физички. Да, кој го осетил на своја кожа знае, и не што нема да се сменат туку полошо станува.
Ехеее и јас се нервирав, кај мене и мајка ми и свекрва ми се уште во бизнис, досѓаат на кафе на две недели по саат ипол отприлика така некако. За 11 месеци мајка ми ја има почувано два пати по 2ипол часа - заспана навечер од 20:00 до 22:30 отприлика тоа е се. Свекрва ми еднаш 2ч од 18 до 20:00 и тоа дојдов не и дала вечера не ја пресоблекла во пижамки и заспала така на рака оддеднаш си го знам детето нема шанса тоа да се деси се убив од нишкање и карпал тунел синдром испровоцирав сите овие месеци мое дете не заспива само ама ајде нека и биде така Со маж ми си ја чуваме сами, јас сум секој ден со неа сама додека стигне од работа после он ја превзема јас работам ја успиваме и јас продолжуваме со работа… сме се навикнале. Да не ти кажувам дека татко ми е пензионер и нема обврски и доаѓа само ако го викнам 20мин со кола е од нас сто пати му имам речено како не те трга срце да дојдеш да ја видиш … ми вика абе да не ти сметам ок се помирив и со тоа Такви се што да кажам … не убија од молење бебе да имаме 10години со маж ми секое видување беше тој муабет ајдееее ајдеее кога бебе ајде доста шетате … ајде доста работите и ете бидна се роди после толку години ќерка ми и сега пред некој ден на ручек мајка ми ми вика ајде не чекај смогни сили летово израдувај не и за второ важиииии
Аха да, и уште кога ќе речат абе лесно е со второ, си се навикнал веќе знаеш како треба. Да да, ама тоа бебе само нема да се чува само зашто сега имаш повеќе искуство. Значи не е само кај мене вака. Мене не ми збореле ама знам дека сакале многу внуче, така некогаш ќе им се испуштеше да спомнат. Ама сега изгледа им текна колку е тешко да се чува. Кај мене пак татко ми ќе рече дај да го земам и мајка ми не дава (демек не знаел да го држи, ќе му паднел) а и таа самата не дека многу го држи, ама битно не му дава на него да го земе И јас намерно му го дадов, си се држеа и ни плачеше бебе ниту му падна од раце. Ама како што кажав, нејзиното мора да е последно и таа знае најправилно
Фалаа, се надевам што поскоро ќе се засакате и вие со количката Јас не сум некој оптимист зашто знам дека бебе е со променливо расположение па може сешто да му текне, ама сега дури е во обој фазон да искористиме. Инаку те читам знам дека имаш пробано се и сешто, јас само да споделам што упали кај нас. Го ставав изморен пред дремка и малку ќе се побуни ама дека е изморен заспива. На почетокот кога ќе се разбудеше плачеше, после почна да се буди ама си ќути си гледа, не плаче одма. И сето ова одредено време, не дека премногу долго сака да седи, ама дремката може да ја истера. Ќе видиме до кога ќе му биде интересно ова.
До кога ги бањавте бебињата на мрежичка ичи подлога за во када? Бебе сеа на 18 ќе праи 9 месеци седи сама ама ако се знаесе во нешто знае да се опушти и да падне и страв ми е некако уште да ми е седната у када
На мрежа до кај 6 месеци оти веќе беше тешка и не ја крепеше мрежата. После тоа со седење, со тоа што долу ставав дебела крпа на дното, да не се лизга. Друг тип на подлога немам користено.
Ние користиме мрежа од 2 месец и уште си ја користиме истата Ама на постоље ми е кадата и полесно ми е, е сега сакам да пробам кадата доле у туш кабината да ја ставам а јас да клечам а она да си седи во кадата и да и купам играчки некои да се занимава и ќе ја придржувам да не летне наназад
Јас уште не забележувам промени, освен за денски дремки приметувам дека почна да ми се буди ако го спуштам на кревет. Се надевам нема вака и ноќе да ми прави
Леле излезе демек од 7ми скок една ноќ преспа со две станувања само за цицање и ја жива пресреќна… ноќеска парада беше еј… од полноќ до 2ипол легни стани, во раце спие, лњгни ја стани, се врти по креветче, па после ја земав на спална не можеше да се намести па татко и ја зема да ја нишка ја легна меѓу нас… поспа малце така и околу 4 пак се размрда и мм отиде во дневна… до 6некако ја презаспавме одвај и отвори очи демек наспана Јас не гледам дека некогаш ќе преспијам ноќ во блиска иднинааааа, мн ме мава ова неспиењево во последно време 11 месечни другарчиња како сте сите вие со сонот деновиве, што утињам јас моево дете што вака парадира во ситни саати
Исти сме веќе некое време. Ќе се разбуди кон 3 сатот и плачи, се врти, шета низ кревет, ќе полази и ќе заспие на средина. Се прашував и јас кај грешам хаха. Минатата недела кога ќе се разбудеше скоро 2 саати така правеше, сега неколку дена ќе поплачи и заспива побрзо
Јас од бебе што спиеше нормално цела вечер со само едно станување за млеко во 5 саат и будење во 7, од 4тиот скок па навака имам се полошо бебе... прво стануваше 3-4 пати за млеко а сега уште полошо... спие и бучи се врти низ креветчето и давам млекце колку да се смири ама не прави така за млеко пошо не го пие... изгледа забите навечер најјако ја маваат... уште нема заб а скоро 9 мес е Кога ке излезе запче се надевам и спиењето ќе се стабилизира
Ми се плаче ми се вика...катастрофа е ноќе. Преку ден исто само кенка, се испрва прекачува значи внимание 24 часа бара. Ај што сум уморна, ненаспана осеќам и кнедла во грло оти неможам да се посветам на големиот сега кога најмногу му требам. Ми се чини како само на полошо одиме..А заби има само два, што значи забавата не е ни почната.
Ако многу плаче и се нервира и не се смирува јас сум давала пола доза блом макс..пишува колку се дава за забоболка.
И јас таман се порадував дека бебе се научи да спие ноќе, грагау вчера во 4 сабајле се ококори И мојот нема заби и изгледа го мачат, абе мене ме јаде, ме гризе по нозе, телефонот ми го јади, не плачи, ама нервозен е, се трие, се препелка на спална, хаос. Денски супер спиеме, ама ноќе лудница, имам приметено кога денски не спие многу и го легнам подоцна на кај 21/ 21:30 помалкус е буди ноќе, можно е да му е многу спиење па затоа во 4 се буди наспан и спремен за игра. Ама проблемот е што дремките денски му се мн рано па многу му доаѓа саати до вечер додека си легни. Кога сме излезени низ град немам проблем, ама дома му е досадно и урнебес сме
Извинете што улетувам во муабетов но многу ме допре тоа што го прочитав, затоа што го преживеав тоа. Исплачи се мајка, знам како ти е. Имаш ли кој да те замени со бебето за да посветиш барем половина час дневно на големото? Се сеќавам на ноќите тазе породена, бебево нон стоп со мене, ја гледав сликата од син ми во спална и плачев од што не можев да му се посветам Тој прваче, ниту ужинки, ниту имав поим за домашни среќа во дневен оди па таму пишува, ниту бев во тек што учи. Кога мама најмногу му треба, мама ја нема. Мислам дека твоето бебе е малку поголемко од моето. Знам дека треба многу внимавање со бебето, еве ја мојава на седум и пол месеци почна да се исправа, сега шета по малку лево десно, бара раце да се држи и сл. Тргам на страна опасни работи кај што би можела да се зачука, на тераса земав ставив огромна игрална па во неа си игра одреден период од денот. Што ми е целта на муабетот. Има денови кога и маж ми заглавува со работа, но воглавно се труди сега да биде дома, да работи попладне од дома, и за тоа време он ја набљудува, пази, храни, заспива. Му ја оставам да испазариме со син ми, да му читам навечер книга и тој легнува рано. Дури со малава одев го земав од дневен за да не бидеме сами дома, да бидеме со бато и одма е подруго, си пишуваше домашна со мене Сега сум друг човек, на подобро. Побарај помош затоа што лошо ќе се одрази на тебе ако се мачиш, а ако се одрази лошо на тебе ќе се одрази лошо и на сите околу. Верувам дека се ќе се среди на добро @Baby warrior , секоја чест на трпението и силата, не знам од каде ја црпиш. Од срце ти посакувам што поскоро да почне да спие мирно неколку часови