Твоето бебе е помало мене така ми беше минатотор лето, се породив во јуни … уназад 10години секое лето сум во грчка преку цело лето и оддеднаш останав со бебе плачливо премногу… во рака на гарнитура во прееетопло лето во скопје. Ама поминаааа, наредниот месец ќњрка ми прави една година и ова лето ќе биде скрооооз различно
Jas ovoj juli ke odam na dva pati po nedela ipol vo grcka, ona ke ima 5meseci , iskreno trgnuvam so mindset deka galje mi e , bolje da se trudam da ja uspivam na more nego li tuka na 50 stepeni kako so e ranobudec ke odime na plaza od 7-10 i posle tek porucek koga ke e poladno
Така треба, јас на 3месеци точно ја однесов на 6денови во септември не беше сјајно имаше плачки, имаше неспиење, ама беше нашиот прв одмор
Ќе идеме на море уплативме голема ќе биде тогаш се тешам 8 месеци ќе има. Лани трудна со ризична бременост не бевме рековме годинава живи здрави идеме.
не е мала за молови. Ние уште немаше ни 40дена го носевме. Цело време сме до луѓе на гости по гости, шетаме. Супер си е секако он сам кажува кога му се спие.
Да те израдувам дека како повеќе знаат се понемирни Мојата е скоро 9 и скроз е подруго бебе од кога беше помала. Баш со мм збориме спиеше бе секаде, сега 19:30 креветче само и екстра темна просторија Се качува по мене, пружа раце да ја земам, иде по мене ме влече. Амаа па, од друга страна многу е посвесна и поинтересна. Бара цело внимание да е кон неа насочено. Ние одиме крај на август и не знаеме што да очекуваме Спремни сме на се Сега бевме до сити мол, ние ја носиме од мала, еднаш само беше болна а цело време со луѓе. Им викаше на сите, си собкала чорапите трчаат луѓе позади нас да ни ги дадат И си ја оставив боса значи џабе облакам..
Следна етапа: Станува сабајле, ми подава начари, ,,Мама даде чаииии'', ја потепана зошто цицала 20 пати (да, сеуште се дешава)... Лежам ко утепана.... Она уште цица ми се тегне на цицки и очињата и светнуваат како ме гледа... ,,Ајде мама паи кафе, Зазе оди надоо" Станувам... ,,Ајде мама моча"
Па јас и спремна сум на се веќе. Во кола во седиште не сака да се вози, во количка не сака да се вози, во количка спие само ако ја заспиеме во раце, чорапи уште сега соблака кога ја шетаме со кенгур, гужва не сака. Така да кај мене може само да стане подобро
Менуваат верувај, кога тогаш ќе ти смени бар за некоја од работиве. Ќерка ми секоја прва дремка од 3 до кај 6 месеци ја заспиваше во количка (само пола саат траееше ама ок) и после до малку пред годинка да наполни шанси немаше да заспие во количка. Јас се откажав, ја шетав измеѓу дремки за да не ми урла кога ќе и се приспие. Но недела пред дс наполни годинка бевме на патување и одтогаш пак магично почна да си заспива во количка без никаков проблем (13м е сега). Сега викенди обавезно шетаме во време за дремка за да она спие а ние раат. Минатата недела беше дома не идеше во градинка и пак секој ден дремката ја заспиваше надвор во количка како програмирана.
Беба скоро 2 години ќе прави, 2 колички сменивме, лани трицикл и земавме после роденденот, 3 пати на ден се шетавме без да ја носам у раце и да буткам нешто... Се препородив.
На тема менување, после 3 хаотични месеци со мнооогу вриштење, син ми повторно сака да се вози во кола Мислам дека се препородивме со мм, претходно моравме да планираме исклучиво за време на дремка да тргаме некаде, па за време на втора дремка да се враќаме, зашто буден во седиште беше страашно, со ништо не се смируваше. И одеднаш еден ден повторно засака да си се вози, со мм во шок бевме, не знаевме што се случува. Сега сам си седи позади, нема гајле. Така што, не губете надеж и за количка, во еден ден можат да сменат.
Се поминав ама возење во кола не засака и не заска евњ 11 месеци. Се молам еден ден да престане со глупирање и викање мн е напорно кога возам сама а она се траска од земја а до мене е 500играчки имам до мене и само подавам… и јадење и све живо и пак е пред плачење 80%
Да пробаш позади да ја возиш? Јас приметив кога го возам сама позади ставен е мирен а кога вози татко му и ќе седнам позади плаче. Па почнав напред да седам и мирен е, значи само да не ме гледа. Годинка е, во транспортер уште го возам наназад свртен
Е ова не ми текнало, жити се - ја па демек до неа да сум а нислиш може затоа така ми прави? Исто приметив патувавме саатипол пред некој викенд за натака возеше маж ми се потепа со менњ позади за навака возев јас мноооогу беше помирна позади со татко и сега си ги врзувам коцките можно е ова зарем?
Па да, интересно и е ептен, ние qplay Nova max имаме, се врти и за спиење се легнува, а и тркалата се големи го возиме по секаков терен ептен сум задоволна. башка муабет, до педали тек догодина ќе стигне
Исто како да ја опишуваш ќере моја. Искривена сум и со 10 дијагнози на грбот , што се во раце ми беше. А беше машала. Ама смени. Сака во седиште, само да не е колата во место. Почна во трицикл да се вози, па сакаше и количка. Сега е големка, тротинет шиба вози, трчаме по неа. Ама не ми е во раце де. И сега обожава трицикл и количка бее. Сега плаче за количката