И јас едно време се надевав така. Сега си се смејам сама на себе. Сфаќам дека првото дете не било толку лошо . Ајде се, се, бебиња се, ама како можеше од неспијач да ми се погоди второ ултра неспијач не можам да верувам. Ме убива тоа неспиење значи во поим.
Е вака кога ќе прочитам си викам сепак да не раѓам второ неспиењево со ќерка ми ме убива во поим и мене стварно, уште со едно вака да станувам и ќе скренам. За друго не можам да се пожалам добра си е ама спиењетооо ноќее
Најтешко неспиењево ми паѓа. Сношти легнав во 1, тој стана пред 3 со плачење, ќе заплачев и јас со него за малку. Па нишкај, гали, не и не, не знам ни колку беше саатот кога презаспа. Уште чекам и денскиве дремки да му се подолги од 30 минути, додека чекам ќе премине на една дремка
Моево прво дете не спиеше асално до после годинка и беше инает, специфично имам пишувано и затоа чекав толку за второ. Ама стварно толку се пролазни тие работи. Сега ни е тешко затоа што во моментот ни се случува и ни влијае, ама е толку краток период, што ќе се стегнат заби и ќе се издржи. Уште малку на работа тргнувам, тогаш може уште толку да почнам да пекам, али јбг. Си ги читам сега и другиве теми за помали деца, сите на одредена возраст имаат слични проблеми што изгледаат страшно, а пак, ќе летне времето и бледо ќе се сеќаваме на се тоа. Само да се живи и здрави нашите дечиња, ние со нив се учиме меѓу другото, на трпение. Ама сепаккккк, јас сакав ќерка, сега викам нема шанса . За некоја година и ова ќе избледе, па може ќе се предомислиме .
Можно е можно. Вчера маж ми се изнервира застана на сред постројка, вика седнувај напред, се смири дете, а седнав до него да му дадам да јаде. А и општо мирен е со сите, штом ме види мене, посебно кога ќе се вратам од работа, тоа е вриштење... со ништо не се смирува
Се справувам со умор веќе подолг временски период. Сега веќе зема и данок. Се исплашив во кола, почнав да снемувам концентрација, да не можам да се фокусирам. Каде и да прочиташ, треба да ги избегнувам ситуациите што ме прават изморена. Но, тоа значи дека треба од дома да избегам. Нешто се случува со мене, вчера бев излезена по продавници, не пешачев многу, одеднаш снемав сила ми требаше да седнам, како да изгубив воздух. Како да сум трчала маратон. Жива среќа што маж ми превзема скоро се, периодов, но јас не можам да се опоравам. Како телото да ми откажува. Имала некоја мајка слично искуство? Како да си ја вратам енергијата назад? Знам од што ми е. Со години, турбо темпо, неспиење, постојани плачки, незадоволство, негодување од страна на детево. Нема помош од никаде. Само што и да имам помош, не знам од една-две недели колку ќе ми помогне. Никогаш не ми било вака. Сум била уморна, но ова е веќе некое друго ниво на истоштеност. Дури и на работа денес, последниот саат, очаен ми беше, не можев да доседам, не можев да се концентрирам, ниту да работам. Една позитивна работа е што барем детево почна колку толку да ме остава да одморам. Но, не е доволно. Како да сум ја прегорела батеријата на телефонот и пробувам да ја наполнам. Навистина не знам што да правам и како да се оправам.
Провери крвна слика, железо, тироидни хормони. Со исхрана како си? Протеинска храна, овошје и зеленчук.
Дали некој има болки во половината по ппродување? Породена сум царски пред 4 месеци и навечер кога спијам имам огромни болки не можам да се свртам во кревет, кога ќе се раздвижам се смируваат
Леле будењево во 7на психа ме мава ама си викам вака додека лежи и се рола само полесно е, можам 10тина мин да го залажувам, а кога ќе почнува да седнува да се исправува ќе мора у секунда да станам
Мене пред 6 секој ден ми се буди, на исток е собата имам зебри, значи прв зрак одма мава во очи, не знам дали поради тоа . Инаку ако спие во креветче, ќе го спуштиш доле душечето и нема кај да бега и да ти треба малце време да се освестиш кога ќе станува.
Моево во 6.00ч е будно. А ноќе во сон санува и си седнува . Пред 1 недела научи да седнува и сега му е интересно дури и кога спие.
Моето станува секој ден веќе скоро 4 месеци, во исто време во 6 и 20, ретко да се успие па да стане во 7. А, инаку моево спие на два душека, да ми е повисоко за да го земам, ама кај и да е ќе го тргам едниот душек кога ќе почне да седнува.
Моево во 6 станува, некогаш и порано, па се молиме се тегнеме некогаш успевам да го презаспијам, некогаш не. Ама во 7 да станува ќе бидам среќна. Како и да е, се навикнав, почнав рано да си легнувам за да можам да се наспијам колку толку.
А 8 месеци и тоа есен-зима, да е во 5 станат? Ќора темница надвор, она разгугана, наспана, насмеана. Е сега се будиме секој ден за во градинка
Ме утешивте малце а кога ви заспиваат? Ние мака мачевме да заспива порано пошо се во 22ч заспиваше некогаш и 23ч го фаќаше. Сега сам почна во 20:30-21 да бара да му се спие. За 9дена прави 5месеци
Не знам што ќе правиме, се надевам до тогаш ќе фатиме некоја рутина а и поголем ќе биде. Сега барем ден е, ќе станам ќе си направам кафе, на тераса ќе излезам веќе има сонце, во зима со тоа маглата и смогот во депресија ќе паднам Мојот е уште мал мислам не е релевантно плус сега е во 4 скок па хаос сме, ама од скоро почна околу 20:30 некаде да заспива. Се обидувам да го заспијам и порано ама не форсирам.