Исто и мене се уште (8ми месец) До ден на пораѓајот топ си бев... Многу убава трудница од пред бременост 10-12 кг плус само Излегов со 5 кг плус, супер кожа коса И Како поминува времето килажа плус 10 кг, коса паѓа, кожата на лицето мислам дека 5 г ми остаре од не спиење главно Кога ќе се средат хормоните? стварно не се поднесува ова Не се осеќам ич своја Но можеби има ете кај некој за среќа обратен ефект на хормонското лудило
Богами Јас сум експлодирана во фацата и вратот од сува кожа и папиломчиња, косата ми испопаѓа, телото ми е укочено и со падната мускулатура, стапалата крш суви....ну глоу ни глоу видов
Кокошка земав што се врти во круг и ѕвони, погласно и пошарено мислам немаше хахаха Ама ако треба ќе застане и нема да ја вози, само да не ме пушти. Се тоа инаку прави, со колички е опседната само ги вози сегде по дома и на високо и на ниско, шета по кревети константно, ама ако треба од едно на друго место да се префрли, абе чекорче по чекорче ќе се мести се додека не го фати другото место за да се префрли... Ако не може да го стигне едноставно ќе си седне и ќе си излази. Проблемот не ми е да почекам (иако нормално психата си работи) колку што на моменти се грижам дали е страв или нешто физички ја кочи...
Јас не сум медицинско лице ама лаички сметам дека штом се дигнала, оди по кревети, оди за раче… тука нема физички проблем. Да си ја смириш душата отиди на ортопед закажи една контрола да си го тргнеш тој терет од глава и јас не би ја форсирала да и викам на пример… ај мама дојди… ај мама фати се овде и дојди кај мама…. Ајде да одимееее…. Бидејќи е поголема овие реченици коже и ствараат спротивна мисла … остави ја и набљудувај ја додека си игра сигурна сум ќе пушти чекорче кога најмалце ќе мислиш
Не ја терам, знам некогаш само да кажам Стој, стој, стој демек игриво за да видам дали ќе застане зашто како колбавче одма се витка ама не ја терам на пример да дојде до мене и јас да и бегам за да прооди. Може се десило да видам до кај е, ама на прсти се брои колку пати. Како што спомнав, ми личи на страв затоа што во последно време 3-4 пати ја фаќам како стои сама ама мислам дека не е свесна дека тоа се дешава. А најјакото знаете што е? Ја бутка проодувалката и кога ќе заглави ја крева во воздух и ја врти - што значи дека има баланс затоа што да го направиш тоа реално ти треба баланс. Ама стварно мислам дека не е свесна во тие моменти дека уствари стои сама
Тогаш супер. Доволно е. Ако и треба време тоа е тоа. Физички не верувам дека нешто ја кочи ако сама седнува, а потоа и станува држејќи се. Може го вежба балансот или работи на самодоверба. Често пати вежбаат големи вештини, а ние тоа “не го гледаме”. Можеби имаш и друг момент. Ако цело време и притрчуваш кога паѓа или се навалува да не се удри или не дозволуваш да падне.. знаеш оние премногу заштитнички реакции што ги имаме, нив знаат да ги успорат. Ја правев таа грешка со ќерка ми. Прво дете. И беше страв долго време да оди сама по скали оти трчав по неа да ја држам за рака. Може не е тоа случај, само давам и друга перспектива. Ако оди за раче и сама знае да те води и фали моментот на сигурност. И да ти речам да не се секираш знам дека не можеш, особено со прво дете. 16 месеци често се пресврт и веројатно се работи за денови кога ќе се пушти.
Да, не знаат. Јас прееска со мојата си играм во игралната и од цело време се качува по мене зошто хит и е да стои и едно време за да земе друга играчка да ми ја покаже клекна и застана сама и ми ја подава играчката со двете рачиња и јас се освестувам дека на ништо не се држи … стои сама! За 2-3сек се сецна и пушти раче да се задржи на мене можеби и не е страв кај вас, можда едностсвно несигурна е не сака да падне, внимателна е … јас на пример ќерка ми приметувам колку е внимателна и колку нежно се симнува од стоење за да лази, полека се придружува со рачиња или ако не и дава положбата се мести да падне на газе па продолжува да лази. Паметни се повеќе од што замислуаме ајде ќе бидне скоро, ќе видиш!
Дали сте анксиозни во врска со растот и развојот на вашите бебиња? Некое време ме мачат мисли иако реално нема за што да се секирам. Бебе реагира, се смее, гуга ама ќе видам некое видео или ќе прочитам нешто и одма ја пратам и се преиспитувам по милион пати дали се е во ред. Си ја имам јас анксиозноста од претходнито, се смирив периодов, анаѕ сега како иде време за баблинг, вртење на име и се останато со месеците ме фаќа необјаснив страв дали ќе се развива како што треба.
Истото чуство го имав и јас за ќерката сега има 2.5 години предвремено родена е( 34 недела) и додека не прозбори (уште не е прозборена ) ама каде каде се пушти со зборчиња се опседнав од видеа гледање дали е во ред или не е . Фала Богу дојде бебе 2 и многу е подобрена како наеднаш да ми порасна и се пушти ептен . Мислам дека видеава и денешниве "болести" си го прават своето да мислиш на лоши работи. Совет избегнувај да студираш и да гледаш/читаш. Ќе си биде се во ред. Знам колку е лесно совет да делиш на некој а колку е тешко да прифатиш и да не се оптоваруваш.
Остави ја. Верувам ти е премногу грижа, ама само остави. Се развива во друг дел повеќе сега, а тоа е говорот. Кај нас е обратно. Моториката и е перфекција. Од година ипол лета со тротинет, трча, во игротека барабар со деца од 5-6 години е, да ја видиш што се прави на игралиште, мини срцев удар ќе добиеш ( како што добивам де секој ден). Е за говор е слаба. Ама ја чекам. ОНА кога сака, збори и тоа пречисто го кажува секое зборче. А телефон и телевизор не гледа. Игра со бебињата( 4 кукли по дома), ги соблака, рани, заспива, шета низ дома. Збориме цело време. Без слика се пуштени песни и сите песни на памет ги знам и пејам, зборам. Ќе биде се во свое време. Исплашена е. Кога ќе се пушти следно, прави се дека не ја гледаш. И сега пробај така.
Тоа ти е во главата, веројатно од анксиозност. Да знаеш како мене сто пати во ден рацете и нозете ми изгледаа страшно слаби,лицето исто, а на моменти нормални. Застанав на вага, гледам сум качила. Е тоа ми беше доказ дека навистина анксиозноста страшно ме игра. Не се опседнувај со изгледот, труди се само нормално да се храниш, да спиеш колку можеш повеќе и се ќе се среди
Здраво на сите Дали само моево бебе не сака мајка или и вие имате слични искуства По цел ден сме со бебето заедно има 9 месеци, јас го хранам, облекувам, заспивам, јас го бањам, му чистам носе, давам лек кога е потребно (сите непријатни обврски на бебето му ги правам јас). Последниов период го забележувам како сака да оди кај други лица. Кога ќе види некој друг член од семејството се радува и веднаш бара за да оди кај него, ги подава рачињата а кај мене не доаѓа освем кога е плачливо или поспано. Доколку некогаш се повреди на непцата до играчка само тогаш подава рачиња за кај мене и потоа си се враќа кај другите. Само со мене може да презаспие и да спие денски по 2/3 часа. Многу ми е мило што сака да си игра со сите но од друга страна ми е жал и постојано се преиспитувам каде грешам што моето бебе не ме сака. Дали му сум здодевна што постојано сме заедно или едноставно не ме сака. Дали се имате соочено со слична ситуација?
Имам пишувано за ова додека беше помала, го бараше мм за заспивање навечер. Сега го чека од работа и кога ќе се појави на врата нема посреќно дете на светот од нејзе, цело лице и светнува почнува да се смее, да мафта со раце да рипка премногу се радува. Јас ќе излезам на неколку часа ќе ја оставам ќе се вратам влагам, ќе ме погледне ќе пружи рачиња накај мене ама не се радува така како на татко и и мене ми е мн тешко. И јас сум првичен родител во нашиот дом, со нејзе сум цел ден сама, маж ми некогаш знае и да дојде навечер тек…. Исто и јас ги правам сите тешки работи што не ги сака… чистење носе, пресоблекување, облекување итн…од друга страна кога ќе биде опколена со други луѓе а јас сум со неа не сака да се одвои од мене и само што ќе се иддалечам од видик почнува да плаче верувам дека не сака двајцата на различен начин, маж ми има друг стил на играње со неа јас друг и тоа е тоа
Чат гпт вели дека ние им сме базата и сигурноста, сега му било време да запознаваат и истражуваат нови лица. Сето тоа е супер но потсвеста постојано ми работи, се обвинувам постојано и само си викам "мене детево воопшто не ме сака"
Да, имам читано, нееее таман работа дека не не сакаат само мислам дека сме им достапни цел ден и некако им здосадуваме, мене ме откачува во прв секунд кога ќе дојде татко и
Само ли јас едвај чекав, да почне да оди кај други? Дали дека во раце ми беше целоооо време, едвај чекав да ја земе некој.