Леле јас ем рацеве ме болат од цело време во раце што е, ем ич не сакам кај други кога е освен мм, нели Не знам, може презаштитнички настапувам, може дека прво дете, може дека уште е мало. Може и потаму ќе биде така, ќе видиме. Ама ние си имавме еден ај да кажам режим на којшто функциониравме. Шетање, пеење песнички, играње со тропалца по дома, слушање песнички. Ама сè што правевме правевме во мир, тивко, пополека. И сега по гости сите прават сè поразлично, многу гласно пеење, гласно тропкање со раце, брзо мафтање играчки, па скокоткање и што уште не... еден куп работи што ме нервираат. Тој се смее со глас кога човек и само му зборува, ама од што не знаат така ај ќе го скокоткаме. 100 пати кажано е дека нема потреба и не сакам да го прават тоа, тие 101 пат ќе пробаат. Немам коментар, многу се раволтирам на темава, да не почнувам да раширувам. Да завршам, се радувам кога ќе почне да им плаче и ќе си го земам во раце, душата на место
Ни се ближи првиот роденден. Ни се паѓа во сред недела и малку сме на мисла дали да славиме викендот потоа. Сакам да биде баш на датата ама треба да се враќаме во градот од кај потекнуваме па и имаме гости од др градови што мислам дека ќе им е тешко да се организират. На два ума сум
абе не се замарај за вакви ситници за глупости. Океј е да не сакаш да оди кај други ама дека сега сите со ист тон или ист начин треба да го заигруваат? Искрено малце претерано к
Можеби и поубаво е така. Денот секако ќе си го прославите, поинтимно, дома или излезени како семејство, а потоа викендот да е прославата. Ние ќе правиме во петок и многу нема да дојдат дека се на работа, а и уште сега си мислам дека нема да можам баш убаво да уживам на денот кога се роди, ради спремања, трчања, гости итн.. Порано мислев најубаво на денот, но од оваа гледна точка мислам поинаку
јас мислам зошто со мајките се претежно цел ден и мајка прави се 24ч актив, тато ќе дојде полабав во смисла само на раб бил до тогаш и едвај чека да го види бебе си полни батерии, детето гледа друга фаца, нова осеќа енергијата и затоа мислам се радуваат толку. Моја теорија
И јас на моменти си викам дај олабави малку, ама посилно е од мене мене ми доаѓа премногу бучава, си викам на бебе главата тапан му е сигурно Баш денес сум многу напната, може и убаво што пишав и што ми го пиша ова за малце да се преиспитам и да олабавам со мислите. И нас нè пораснале истите луѓе, не е дека ќе го 'оштетат' со тоа што го прават, ама умов мој...
и јас вака правев 2м со моето, после маж ми ме подбра” и да ти кажам многу ми е полабаво, јас не си ја мачам душата со паранои
Леле ова со татковците што се гз и гаќи. Јас сум љубоморна на моменти, не знаете мојава што прави по татко и. Значи заљубена е во него, буквално. Тато да ја облече, тато да и смени пелена, тато да ја измие, фризура тато да и напраи оди сама му носи ластиче, јас не смеам да ја пипнам. Надвор на лулашки само татко и го бара.. Дури една мајка ми рече а твојата е цел ден со татко и? Ваљда се приметува и од страна поим неам. Ама апла е со него поврзана. Е само не му дава да ја храни, јас и давам да јаде и за успивање е со мене амаааа за се друго татататата. А исто време поминуваме со неа, дури јас повеќе. Цело време сум и посветена играме заедно, читаме книги не и не, татко и чим се појави полудува.
Во џамбо може и за халовин да имаат веќе ставено, секогаш се пред времето. Гарант има веќе се летно извадено
Еден ден ќе се пцуеш што си го мислела ова и те нервирало, и ќе се молиш 5 мин да отиде кај некој друг. Моиве беа вакви, се заебавав дека не знаат која им е мајка колку не ме рецкаа кога беа бебиња, освен за цицање за ништо нит ми се радуваа нит ме бараа, ко мали беа опкружени со многу луѓе и сите им беа поинтересни, кога ќе се вратев од некаде, никаква реакција немаше. Некаде после 15тиот месец почнаа мама мама и не престанаа еве ги скоро 4 години. Ако сум во просторија со нив никој друг не постои, морам да сум со нив кога се играат, у вц не можам да отидам ми отклучуваат врата, боже сочувај да зборам со некој одма се убацуваат и морам цело време и нив да ги слушам и да им одговарам на прашањата што ги имаат 300 у саат. Сакам да кажам, не се секирај и искористи прилика да здивнеш, ќе се смени тоа, ќе плачеш за 3 мин време за себе
Пошто нели им фали и татко исто ко и ние кога не би биле дома. Тоа што ве бираат вас кога не им е добро, само со вас сакаат да спијат, сите нови нешта да ги испробаат само со вас е доказ дека вие сте најгоре на хиерархијата. Особата со најголема доверба. Сакаат да поминуваат време и со други, ама ако зашкрипе само мама може да ги разбере. Не мора децата да се гушкаат нон стоп со вас и да ви се нон стоп залепени, за да ви докажат дека вие сте омилената личност. Мене ми се стемнува ко почнува со мама-мама -мама. Кога бара во раце, сака само со мене да спие и сл. Тоа веќе е индикација дека не е добра, дека нешто фали, ја боли. Кога се е во ред, мама не и треба се може сама. Со татп да си игра. За рака не ме држела никога и тоа е тоа. Карактер. Сите се различни. Поарно нека оди со сите отколку да биде плачлива и само во мене да се крие. Им годи внимание од другите блиски и така треба да биде.
Хахаха па негде од 14 месеци почна.. па го гали за лице, го бацува, си седи кај него во скут па на гради ќе му легне. А јас и викам мама дојди да те гушнам може? И ми вика не, и бега хахахаха
Ајде уште малце ќе издржам хахах. Кај нас уште е во главно мамамама за се, особено секако кога е болна, за успивање, презаспивање. Нема шанси да презааспие со него. Еднаш излегов сама со колеги периодов и мм ми вртеше по саат ипол од што не можел да ја презаспие и како попче ме чекаше да дојдам Ептен му се радува и него кога ќе го види ама сепак он ако отиде во вц не драматизира туку го чека да дојде, јас ако отидам почнува да урла ако затворам врата
Луѓе дали и вашите бебиња јадат многу кога се во скок? Ова мое бебе 24/7 да и давам ќе јаде. Дури и во спиење вика ам,ам