Блазе си ви. Ние некогаш и со молби јадеме ама чим и се отвори апетит и спиењето катастрофа одма знам дека е скок.
Ние па друга ситуација имаме Вие мислам малце постари од нас сте па сте го прошле ова. Дали има некој скок околу прв роденден, од кога направи 12ипол месеци имам друго дете… вришти за се што не и е по кејф, вришти на пресоблекување, вришти ако ја земам да ја заспивам и се заспиваме по саат-саатипол. Како телото да не може да престане да движи, по 3сек во една положба и мрда се превртува… дали е скок или учи ново нешто не знам (уште не сме проодени ама можеби се спрема). Скоро две недели умрев
Вие сте 2 недели постари од нас памтам тука негде ни беа термините за пораѓај само мојата закасни, една недела преку термин, а твојата порано од терминот се роди ако не се лажам. Вие бевте 06.05, ние 07.05, а се роди на 15.05. Еве истото вчера прашував во темата Скок во развој. Немаме успивање без плачки, ако нешто не и дадам или не може да дофати плаче, спиењето катастрофа. Не знам… само сила Господ да ми даде и 1кг кофеин дневно.
Бебе секој ден учи нешто ново… ќе си пукнам од среќа. Почна прво вртење од грбче на стомак, потоа додека лежи на стомаче почна да крева рачиња и ноџиња авионче. Потоа почна да се влече наназад, да се врти тегне. Многу многу сум среќна! Пребрзо расте, пребрзо ми проаѓа се. Настрана од тоа што навечер се буди на 3саати, преку ден теееешко се успива, скоро па и да не можам во последно време да му го погодам будниот прозорец. Не можам да фатам кога му е точно, многу се мачи да заспие, дали му е долг дали краток, секако пробувам ама изгледа не мижам да погодам и малце почнав после 5м да ме фаќа нервоза прв пат во врска со него и имам вина зошто мислам таказошто се нервирам кога не можам да го успијам, после кога ќе заспие ми е жал дека се осеќам како да сум го форсирала. Исто така некогаш кога сум уморна сакам побрзо да заспие и да заспие и после имам вина зошто тоа го посакувала. Јас само да си олеснам
За спиењето пошто мислам дека се разлика 2 недели нашиве. И мојата не сака да спие дење. Пуштам аспиратор и песничка за успивање. Ја вртам за нишкање, не сака, почнува да плаче, а во исто време трие очи. Ја исправам па така едно 5 минути ја нишкам и ја хмкам мелодијата, пак ја вртам за нишкање. Некогаш ми успеа вака некогаш ми требаат 3 пати ама кога ќе и дојде моментот во секундата заспива. Мојата сега почна навечер да не сака да заспие. Да плаче и да станува по неколку пати додека не се усони. Тоа е.
Да си кажам и јас, вчерс го капев бебе во коритце, и кој ѓавол ме натера да го преполнам коритото, лизгање беба под вода среќа секундарно беше, таман го навикнав без плачки во купатило са се капи сега наново ако пишти од страв тешко мене. Од утре со крпи во корито ќе се капиме. Секој ден некој стрес доживувам со бебе, во еден месец триста глупости, еднаш падна во седење го чукна главчето, пред две недели заглави измеѓу креветот едвај ги извадив тие негови батаци дебели, сега ова со водата ... Почна страв да ме фаќа дали сум немарна мајка или се дешава во оваа фаза кај сите. Бебе е ептен хиперактивно, се сака да фати, сегде сака да се долази, се клати напред назад на дланки ама не му текнува да тргне напред, па кога е на спална со влечење ќе се фати за нешто и ќе стигни до целта. Ставив ограда на спалната, ставив по штекери заштитни осигурачи, на фиоки појаси за заклучување, станот ни е мал и среќа тука ми е на видик ама сепак. Се клати напред назад ама не му текнува да пролази напред, плус и заби вади веќе месец дена ме јади мене, со ноџето си ги чеша кутрото непцињата, глодалки нејки да види, телефоните му се омилени, и едни лажички гумени. Јас сега ако се плашам со него што ли ме чека кога ќе почне да се исправа и да оди
денес 3 дреми фати лесно, на првата се помсчивме. Будниот прозорец мн ни варира од саат до 3саати. А викаат првиот најкраток но кај нас секој ден различно . Вака веќе 3недели можда е
И кај нас. Јас дури мислам дека насабајле најдолг е тој прозор. Ако ја оставам на подлога да игра се уморува и некогаш сака и на саатипол да спие. Некогаш па кога ќе стане во 3 до 7 не покажува знаци дека и се спие. Секој ден различно дефинитивно.
И моето е тука некаде скоро 5 месеци. Приметив во последно време кога ќе му се приспие, ако не го успиеме му се прекршува сонот и после ни со нишање ни со песни не сака и е будно до следен тајминг за дремка
Леле мене нешто слично ми се случува. Дома си имаме рутина и дека сме само ние двајцата плус ни јас ни мм не сме нешто зборлести ниту гласни бебе си е навикнато на потивко. Мислам му збориме му пееме цело време ама генерално нема галама дома - се е умерено, и премногу гласни играчки или тропалки не му даваме. Амааа кога ќе отидеме кај баба и дедо…хаос. Некогаш толку се нервирав, а знам дека од што го сакаат премногу се ќе направат само да им се насмее еднаш. Му зборат ама гласно. Бебе лежи во релаксатор, тие му застанале од горе се натпреваруваат кој повеќе и погласно ќе му збори. Му иде време за спиење и нормално бебе кенка ама не сфаќаат дека плаче од што е преуморно и престимулирано и свекрва ми со тропалката му тропа у фаца директ а таа тропалката не да ѕвечка, мене во мозокот ми брца и бебе уште погласно плаче, се нервира, и не сфаќа дека полошо му прави. Јас ништо не им викам, мм си средува се со нив и гледа што се дешава и го зема од раце и го носи на другиот крај од салонот да го смири, и свекор ми: што го носиш таму, донеси го овде да не гледа После сето тоа го плаќаме навечер со неспиење зашто ни прета се буди од што е престимулирано преку ден и ни требаат неколку дена кога ќе дојдеме дома да се стабилизираме, ама престанав да се нервирам, едноставно не можам да го чувам во стаклено ѕвоно, нека се навикнува
Истотоо Тоа со тропалките најјако, почнува да плаче од што му се спие, и тие демек да го смират му тропаат, дур јас се обидувам да го заспијам. Врвот - јас шушкам, го шетам, таман се смири малку зедоа со свирче, ДА, СВИРЧЕ, почнаа да му свират кога ги спука мм, вика време за спиење што е со свирчево Нормално бебе се ококори И јас гледам да не се нервирам многу, деновиве полабава сум, им давам повеќе простор и замижувам малку кога прават нешто што ме нервира
Јас скоро некое време не следам ни прозори, ни стимулирања ни ништо од тие ствари, го оставам бебе да се умори, обично тоа значи ако е изваден надвор на долга прошетка, под долга мислам на пола ден Ќе го легнам подоцна од вообичаено а тоа е 20/21 часот и оп во цела вечер само еднаш се буди, како заклан спие. Така да, следете си го бебето, не се замарајте со тие работи по учебник. Вчера бевме Гармиш Партенкирхен, бевме и на езеро, Мама се капеше и се скамени а тато го чуваше бебко дури спиеше, се изнаспа во количка, му пријаше воздухот планински. Цел ден фул го искористивме, ми фалеше ваква ексурзија а јас пресреќна дека сега имаме плус член во нашите авантури низ светот Ни излезе и запче, ќе го паметиме денот ете и по тоа Мислам запче е, бела точка како дупче насредина, вчера дена на сонце ептен се познаваше, денес не можам баш убаво да видам, не остава, битно јас на сите раскажав и мајка ми направи туртиња за цела војска
Да да, мислат дека ако му тропаат дека ќе прекине да плаче. Додуша свекрва ми е разбрана, еднаш е доволно да и се каже, многу е внимателна да не згреши ама свекор ми едноставно не го разбира концептот на прозорци на будност и не сфаќа дека бебе треба да спие и денски
добро оправдано е нит имале нет, нит волку достапни информации, не знаеле дека се вика тоа така, за нив кога ќе покаже бебе знаци дека му се спие тогаш треба да легне. Ама и јас кај и да е ќе прекинам толку да ги следам зошто вака како роботчиња да сме се осеќам на моменти ххахаха
И јас не пратам веќе прозори на будност. Едноставно кога вика прозорот дека бебе треба да спие бебе не сака и обратно. Ја оставам да почне да трие очи. Најчесто така ми заспива за макс 5 минути. А кога пробувам по прозор додека неа не и дојде моментот за спиење она плаче, вришти и се витка. Џабе си ја трошам енергијата. Сега почна попладне да е будна и по 4 саати ама а чукне 7:30/8 она заспива за секунда. Така да не се замарајте и гледајте кога ќе даде знак детето.