После некое време секако веќе не можеш да пратиш, секое бебе е различно, плус зависи од тоа колку му е долга дремката. Не е исто да спие пола час или час и половина. Само мислам дека за моево конкретно едно што е уште мало друго што барем сега за сега горе-долу по книга му се прозорците на будност, сам си покажува дека му се спие и ако му го пропуштам тој момент тешко мене. Со сила секако не го успивам.
Алелуја, сум требала да се пожалам тука. Почна да се пушта овие два дена, засега само шета од мене до татко и и назад, се џитка накај нас кога ќе дојде веќе бликсу, ама барем осети дека може Ама од толку што ме напна, чекорчиња ќе и правам кога ќе се пушти онака рандом да отиде до негде, ова не и го рачунам со мотивација да ја викаме со маж ми за да оди
Многу често ме фаќа нервоза дека сите околу мене се дрзнуваат да се жалат пред мене како се уморни и се ги боли, а никој не ме прашува како сум. Ако случајно се пожалам, така лошо реагираат дека не треба да се жалам со зборовите "ајде ајде ништо страшно не се жали" што ми доаѓа некогаш да ги отерам у 3. Како да сум робот и мене не смее да ми биде ништо ако држам дете скоро 9 кила по цел ден во раце, ама они се уморни. Плус многу се нервирам дека на мм никогаш до сега не му текна едно сабајле кога ќе се разбуди бебе во 5 да ја земе и да ја игра во дневна а јас да отспијам. Само еден ден тоа да ми се случи сакам, еден ден да речам еве денес сум наспана. Ми помага многу не викам не, ама ова со будењето во 5 ме убива, а преку ден со неа не можам да заспијам. Оффф ете така да си се пожалам барем тука, и онака никој друг не мисли дека смеам да се жалам.
А ако не и направам сега нема да се пушти? Не ме сфаќајте погрешно и знам дека ќе звучам дрска со ова што ќе го пишам, ама исто знам дека имате повозрасна ќерка па утре задутре она ќе биде младата мајка. Немаше потреба од непобаран совет на мојата објава. Осум млади мајки кликнале ми се допаѓа на мојата објава, а уште толку ја имаат видено, и ниедна од нив не ми "објасни" што и како треба да правам, туку се радува и сочувствува со мене. Истото како вас ми го направи синоќа свекрвата, со тоа што ми се замеша дали она ќе ги правел постапалките, и како вас почна да ми држи лекции зошто сега се правеле. Не знам зошто е толку од тешко да се сфати дека децата пред се деца на родителите, а не на бабите и дедовците. И дека родителите се тие што одлучуваат буквално за се, па дури и за вакви - да не ги нарачам глупости зошто јас многу ги сакам адетите, ама ќе ги кажам - глупости како постапалки. Цел кејф ми го зема два дена што ја гледав како оди затоа што пак се најдов во ситуација каде што требаше да си ги објаснувам одлуките, и тоа пак ќе кажам, за глупост како постапалки.
@MariaBouli , во контекст на твоето. Пред години, комплетни замисли за ќерка, прво запче, прво ова, прво она... Наоѓам запче на ќерка, радости, замисла да си порачам колачи, овде се дава кравајче и сутлијаш. Да спремам се заедно со колачите кога ќе стасаат (по неколку дена, нели не ги прават преку ноќ), и да си соберам блиски фамилија и другарки, како забава. Е арно сето тоа. Излегувам јас со дете, да испазарам, да порачам и организирам се, во рок од неколку часа се враќам, свекрва без да се консултира со мене, веќе направила и кравајче и сутлијаш и почнала да си чести по нејзините блиски тука соседи, пријателки. Напомена за МОЕТО дете. Да- радосен момент, ДА - треба да се обележи. Ама додека стасаа колачите толку мех веќе ми беше, толку неубаво чувство, што мислам раат не му се израдував на детето.
Еј еј еј чекај Кај отиде ти? Шо ти пишав лошо? Ти пишав да и направиш постапалки сега пошто така е адетот постапалки се прават кога не е скроз само преодено туку кога се двоуми и уште не е скроз само преодено(пошто рече не ти смета адети) Ја незнам шо толку се навреди кога со добра намера ти пишав Точно ти не пибара совет а јас само сакав да ти преоде детето побрзо како шо сакаш и ти затоа и ти пишав сега е момент за постапалки Имав случај јас ваков со машкото и страв сечевме( адет некој запна свеки да сме сечеле страв,ај сечите) И постапалки И се пушти он кога сакаше пред втор роденден Ќерка ми не ја мешај оти и ти имаш ќерка исто
Од ова твоето, ни постапалки ни запчиња ни сутлијаш ни бутур, ништо не ми беше кеиф да направам. Ме ИЗЕДОА, ме наклукаа со негатива, ми се дрзнаа сите КАКО ТРЕБА.
Епа ете го муабетот што го зборам, ми правиш грижа на совест за адет, што е само адет, верување, нема ништо научно во него: сакав да ти преоде детето побрзо Значи проодувањето на моето дете зависи од постапалките? Еве гледаш какви ситуации има кога наместо да се ислуша млада мајка и да и се дозволи да си одлучи сама (затоа што јас убаво си пишав дек РЕШИВ да правам подоцна кога убаво ќе преоди), постарите и се мешаат? И @Miss_S и @merriel0 ги споделија своите искуства со такви ситуации. Затоа ја спомнав ќерка ти, се надевам ти добронамерно ќе ме разбереш
Ок Извини шо сакав да помогнам П.с и без постапалки ке преоди и без колачиња заби ке извадат нема ништо у адетите Кој како сака така нека си прави Само незнам оти инат водиш да не е по на свекрвата така испаѓа од страна И оти покасно да правиш постапалки ?
Воопшто не водам инат на свекрвата, јас си имав решено кога би сакала да ги правам уште пред она да се замеша во муабетот. Плус се уште не разбирам, зошто она или бил кој друг треба да има збор во ова? Викаш Кој како сака така нека си прави ама сепак ми кажуваш како треба да направам хммм Некој друг мисли тука дека водам инат, или едноставно ЈАС како мајка сакам да си одлучам за моето дете, а не да одам по муабетот на свекрвата, и на комшиката, и на така СЕ ПРАВЕЛО или така ТРЕБАЛО? Секоја генерација не прави адети што ги правела претходната генерација, ама уште ја чекам генерацијата што нема да соли памет дека така ТРЕБА (имам надеж дека ние ќе бидеме таа )
Контадикторна си Ако веруваш во адет и сакаш да го правиш оти не го направиш како шо треба? Оти го преправаш како шо тебе ти одговара а не како треба?
Ако не сакате никој да ви се меша, ке пресечете веднаш. За било каква ситница. За се шт мислите ке кажете. Не дрско, не безобразно. Ке кажете фино што и како сакате. Ако не ве рецкаат ке покажете заби. На коментар погоре, маж не смее да ПОМАГА. Маж, кој живее во исто домаќинство со една жена, и имаат заедничко дете, не треба да помага. Треба да работи исто како жената. Детево да е донесено од прв брак, пеки, мое е, а тој помага. Обврска нема. Да е куќата/станот мој, тој да минува на кафе, може да помогне во чистење.
Не кажа ништо лошо. Не знам зошто и се втуривте на жената. Адет се прави во одредено време, затоа е и адет. Така треба. Нема логично објаснување, ниту поврзаност. Пример, не верувам во адети. Ми кажаа никако чао да не кажувам кога некој ке ми дојде на повојница. Јас на сите им изнакажав чао, доев 3 години.
Јас сум контрадиткорна? Па и вие сте контрадикторни, викате Секој да си прави како сака, ама сепак адетот се прави како треба? Еве за мене адетот е повеќе традиција од адет, убаво ми е да поделам постапалки кога ќе прооди моето дете, ама не верувам дека ТРЕБА да поделам во одреден момент. Башка, адетот во 7 различни места во државава се прави различно, со текот на годините исто се изменил и се прави различно. Сакате да ми кажете дека сите ги правиме адетите исто како што ги правеле нашите баби, прабаби итн? Сакате да ми кажете дека ни еден адет не сте си го "смениле" ако вас ви се чинело така да е подобро? Како и да е, немам намера веќе да се објаснувам, се фативте пак за тоа како се ПРАВЕЛ адетот, а не можете да сфатите колку фрустрира кога некој упорно ти се меша и ти објаснува како ти ТРЕБА да правиш
Адетот е дека постапалки се прават кога се пушта детето пред само да прооди А ти ако сакаш и одгодина прај постспалки Се гледа прштат фрустрации од твоиѕе постови но тоа кажува само за тебе Толку од мене
Не кријам дека сум фрустрирана кога некој дели совети и прави грижа на совест без да биде прашан не гледам што има лошо во таа фрустрација
Овие адети со колачи за проодување и заби се нова мода и мене ако ме прашуваш јас ќе си ги правам за слика во албум и за на Инстаграм. Дете почнало да оди, а мајката ќе си смисли кога ќе си ги направи или нарача. Нема како треба, туку како ви е кеиф. А свекрвите си имале деца, си ги пораснале, што знаеле адети правеле, денес се други времиња. И секој треба да си прави што му е него убаво на душата, а не што ќе кажат другите, па посебно за мое дете и мој мерак. Јас конкретно се измачив да дојдам до бебе и не планирам никој ни да прашам ни да кажам што ќе правам, тоа си е мое.
Случајно влегов за храна нешто да соберам некоја идеја и мислам дека не работиш на случајот и желбата да се тргнеш од форумов. Избришав пасс од тел и не го ни патмам , еве вака од лаптоп ептен нешто ако ми треба отварам. И не влагам воопшто и подобро ми е. Пробај и одмори. Не се нервирај со небитни раб. Сите ми рекоа ајдее прави колачи , моево почна да се пушта. Ја сум пресреќна, не ни мислам да правам нешто. Среќна ми е душава тоа е доволно , не си ставам мисли. Коментираа за заб , за обетки , за проодување, за моето чистење, за негледање тв. Све тоа се мои одлуки за мое дете. Ајде релакс уживаај биди среќна.