Јас скроз те разбирам! Некои денови се осеќам како да сум сам родител , и се да треба да нацртам што треба да се направи Кај мене дури и пострашно е , за викенд кога ќе стане бебе мм ќе стане со неа ама не ја носи во дневна туку во спална ја игра за он да може да лежи и мене исто ми се фаќа зашто не можам да презаспијам Мислам дека исклучително е тешко психички првите месеци посебно муживе се бавни со адаптација на новото
Ако правиш адет го правиш како што треба, ако нејќеш да го правиш а некој ти предложил (обично свекрвата) викаш дека не сакаш да го правиш и толку. Постарите ги кажуваат бидејќи они и ги знаат, а тоа што ние менуваме нешто е друг муабет ама не и адет. Не знам што се лутите на секој совет, што очекувате да ви прави муабет некој постар за секс да ви кажува или можеби за шопинг( со исклучок на модерните свекрви секако ). Голем дел од нив ниту се прошетани ниту виделе нешто повеќе од работа и чување деца. Секако дека ќе коментираат нешто, само наше е да игнорираме. *не зборам за екстремни случаеви каде се претерува да не ме сфатите погрешно.
Зарем адетот бил постапалки да се прават за да прооди детето? Или нешто не разбрав? Нели се раздаваа да се почасти дека детето проодело? Адет би било раздавањето дека проодело, суеверие би било дека се раздава за да прооди, или што постабилно побрзо да биде, не сум сигурна дека разбрав баш. И мислам дека нема некое правило што се следи и дека така мора, како секој адет се први сегде различно, за некој е вака подобро за некој така, или како останало во некој крај. Адет и правилно некако не одат заедно.
Лејди, скроз неповрзано со темава, ама сакам да ти кажам дека твоите мислења ми значеа многу во текот на бременоста, ми беше поддршка, и иако не се знаеме ниту сме имале приватна комуникација... сакав и уште сакам да те читам. Не знам што те изнервирало, ама сакам да знаеш дека убаво е кога те има на форумов
Што се нервирате море мајки. Радувајте се кога ќе проодат. Тоа е најбитно. Еве јас не сум човек што знае, гледа адети. Мајка ми и свекрва ми се, со разлика што свекрва ми е мрзлива и ништо не прави. Само сугерира. И океј е да сугерира, не мисли лошо. Сѐ додека не навредува некој. Мајка ми за ќерка ми запна постапалки, па млада месечина не знам до кога била бла бла. Јас како од Марс падната. Не гледам ништо лошо во тоа искрено. Внукичка е, знам дека од радост се топат по неа. Мислам дека повозбудени беа мама и тато од мене дека ќере прооде. Три дена мајка ми шлапаше дома колачи, декорации, баклави разни, погачи. Па дојде и вујна, заедно ги пакуваа. Детето мое радости, па дојдоа првите мои братучеди мали се. Па они со нејзе слики, радување. Јас да бев ќе нарачав само, немам време и живци за да шлапам по дома. Ама мама кога изрази желба, зошто да и одречам. Кога за добар и весел момент е. Па тато ја фати ќерка ми, и носеа низ комшиите во маало, ќере живи радости. И така, убав ден беше. Јас тргнувам од мене дека баба ми и дедо ми си ги сакам со цело срце, и знам што се баба правела за мене и колку јас се сеќавам на моменти со нејзе и ценам сѐ. Сакам и мојата ќерка да го има истото. Сепак мене ми е ќерка, ама на некој е и внука. Кога е за убаво, не се замарајте и нервирајте. Толку е краток животот, денес некој има - утре нема. Што повеќе моменто можете, споделувајте ги со најблиските.
Темата за одбивање од доење не е баш активна па да си пишам тука да се олеснам малку од натрупаните измешани емоции. 48 саати без доење. Не знам дали сум тажна или среќна. Знам само дека осеќам голема празнина. 13+++ доенечки стаж со многу полуспиени ноќи, но беше колку толку издржливо. Откако наполни годинка и тргна во градинка стана буквално неиздржливо навечер. Цицаше само сабајле, навечер и преку ноќ од 10.5м навака. Последниве неколку дена ни за успивање не и давав од што беше полна мрсули па исправена во раце ја заспивав и не правеше проблем. Читаме книги, се гушкаме, и пеам. Но сепак не прекина да станува по 355524 пати да цицне. А беше бебе што си врзуваше по 7-8 саати сон, стануваше по 2-3 пати пред сите регресии и вадења заби. Сега е дете со сепарациска анксиозност, вади заби, фати бактерија, ларингит, полна мрсули, и се воспали увцето и така само се додаваа работи цел месец ипол. Веќе со недели спијам по максимум 5 саати и тоа цепкано од што постојано ме бара ноќе и не ме остава да се тргнам. Никако не влагав во потребните фази од длабок сон и почнав за најбанални работи да се збунувам, да не можам да мислам, да не функционирам, а се вратив на работа. Немам никаква мотивација и сила за работа. Почнав да заборавам да и сменам пелена пред да одиме надвор. Почнав да сум убедена дека не сакам второ дете иако секогаш сакав 2. Едноставно таа хронична ненаспаност освен енергијата почна да ми ги одзема и желбите. Пишував во неколку наврати, барав совети тука и само собирав сили да издржам да оздраве скроз и да ги извади забите. Не дочекав тоа да се деси и решив да пресечам и конечно скроз да ја одбијам. Одлуката ја донесов во 5 сабајле кога саат време не можев да се тргнам од неа (после 46655 претходни будења), кога конечно заспа отидов до вц и кога се вратив она беше сролана на мојот дел од креветот. Немаше шанси да се обидувам да ја преместам, знаеме сите колку е лесен сонот во 5 сабајле. Јас веќе бев расонета па решив да станам и си го почнав денот, испив кафе и земав да средувам алишта и садови. Еве сега е повторно 5 сабајле кога го пишувам ова, само 2 дена подоцна. До сега ја презаспивав гушкајќи и нишкајќи ја. И јас сум повторно расонета и не ме фаќа сон, но се надевам уште некој ден да изрджам па нема да е вака. Криво ми е што не бев свесна кој ми е последниот подој. Кога го договоривме со сопругот планот за одбивањето, он ме праша дали сакам уште еден ден плус за да “се збогувам” со доењето со бар уште еден подој. Беше тешка одлуката но решив дека ако го направам тоа може пак ќе одолговлечам и нема да можам да пресечам и да ја одбијам. Си мислев дека ќе не можам да се соземам од плачки дур трае подојот и решив дека тоа е тоа. Сега се тешам дека секако подоите беа во полу сон и во темно па не ја ни гледав убаво, само ја осеќав… Насобрани емоции еден тон, претешки 48 часа но се надевам ќе биде подобро. Претешко ми е, во бунило сум и уште не сум свесна дека го одлучив ова и дека веќе сме преблиску до целосно одбивање. Не се надевам на проспиена цела ноќ, само сакам бар неколку саати да врзува и да не морам да сум јас цело време таа што ја презаспива. Повеќе од тоа не барам сега за сега, да си ја имам неа жива, здрава, среќна и брзо да заборави дека сум и го земала тоа што си беше нејзино 13ипол месеци
Те разбирам сосема. Емоциите се нормални и мој совет е да си ги проживееш онака како ти доаѓа, со плачење/смеење/лутина, секоја емоција е валидна и треба да се помине. Доењето е процес кој пред се е емоционален но и хормонски и дај си време за да се стабилизираш. Од мое лично искуство, прекинавме на 15 месеци, спонтано една вечер, ни јас не знаев дека е последен подој. Тагата беше интензивна и траеше околу 2 недели. После тоа си дојдов на себе. Конечно си го вратив телото и енергијата назад, а сега 2 години подоцна си се сеќавам колку беше убаво и прекинавме во право време. Возраста е идеална за прекин, како растат стануваат посвесни и оди потешко процесот. Со лесно
Фала ти Ми требаше верификација дека решив во прав момент (иако секако не е идеален бидејќи како што пишав тој очигледно не постои). Гледав сека се потешко ќе станува и она се повеќе и повеќе зависеше од тоа. Леле во минато време пишав
Не е за колачињата што зборите погоре****** Ама имам чувство дека на поголем дел од мајките тоооолку им смета што ќе им кажат мајки/свекрви или било кој друг. Што тоа толку се сфаќа лично, навредливо, како мешање, па со револт, агресија итн итн. Значи океј е онака некој кажува, не дека се замара нешто посебно. Лошо е кога не е културно кажано и јас знам да сум импулсивна ама не е крај на свет. Значи со тоа јас знам најдобро за моето дете знае секој за своето ама и не знае, некогаш и те како ни треба искуство
Еве јас за мене ќе ти кажам. Конкретно во нашиот случај што го опишав за запчињата, а се повторил неколку пати во Х ситуации. Немало да ми смета ако свекрва ме праша дали може таа да направи сутлијаш и кравајче и за КОГА да ги направи, во договор со мене. Ама ми сметаше и години подоцна ми смета што направи и пред мене и без да ме праша и буквално "прослави" додека јас и детето бевме надвор. Меѓудругото во иста куќа сме. Не сме преку земја или во различни градови, па да речам свекрва кај неа си почести, јас кај мене, мајка ми кај неа.
Јас бев таква кога бев тазе мајка да речам. Се нервирав се лутев, мајка ми знаеше да ми рече не биди будала (она не е од тие што попуваат), кој што сака нека си каже. И си викав како може бе така, а сега истото јас би го рекла. Како расте детето, сфаќаш дека ти си одлучуваш за него на крај на денот и доаѓа време кога ич во фокус не ти е кој што коментира. За ова сум лабава. И немајка, заб извади бебето ништо не направив . Болен беше и ми се расипа ќефот, сега изгледа вади друг заб, пак е болен и така
Со мали бебиња од сега толку ако се нер Стварно очекуваш да си на форум и никој ништо да не смее да каже Можеш да игнорираш, уште сега со мало бебе ако се нервираш волку и вака ехеее а тек назад ти е зимата Не мораме да бидеме традиционални воопшто, ама може малце почит да покажеме. Пс рече ќе паузираш од форумов, може треба малце издув. Таа нервоза се пренесува и дома...
Истото ми се случува, затоа што имаат перцепција дека сме на одмор. Знаеш кој е лекот? Дистанца со постарите што помалку комуникација за да не се нервираш. Не се жали, терај си твоето дома и игнорирај. Кога ми се жалат ги сечам и им викам ај за поведри теми да збориме и мора да прекинат. И да ти кажам, дозволи си да отераш у пм..нели културно да биде, не чувај во себе.
Абе океј е да не сакаш да го чуваш детето како други што ќе ти сугерираат ама да не фаќа нервоза на секое не е океј. Јас почнав така и после сфатив дека е до мене не е до нив, они се напорни да ама јас не знаев да филтрирам. Не може на секое мене да ме тера на нервоза. Може од нешто друго не си задоволен периодот па те фрустрираат толку коментарите
Затоа фино лепо ќе му кажеш дека тоа ти смета да го носи во друга соба за да одмориш ти. Не е туѓинец, маж ти е, впрочем и детето заедно сте го направиле, не е само твое па само ти да си задолжена за се околу него. Мажите се такви, едноставно да, некогаш треба да им нацрташ или да ги потсетиш дека детето е заедничко. Кај мене на пример за други работи нема проблем и ќе чисти и ќе средува по дома и денски ќе го чува. Ама наутро е малку спанко и гледам дека не му е сеедно станувањето иако никад не ми рекол ми се спие не го земам. Ама во последно време е преоптеретен со спиењето, носи смарт часовник и навечер и му мери колку време во која фаза бил, човекот имал малку deep sleep и REM, и саатот нормално вика poor sleep, и сега цело време е опседнат со тоа. Се изнервирав и една ноќ го ставив и јас мојот саат да мери, за греота ни deep sleep сум имала ни REM, у депресија паднав зашто не бев свесна колку уствари НЕ спијам. И така сега секој ден е леле мајко слабо сум спиел ама јас си терам како што си терам ако треба да го земе го зима наутро и тоа е зашто колку и да не е спиен тој, јас сум понеспиена од него. А ако гледам дека го мрзи некад, го земам бебе и го ставам на спална меѓу нас и тоа нормално двајцата не клоца не мава и ќе види не станувам ќе го земе тој и ќе одат у дневна и јас си продолжувам да спијам.
јас му правам така на мм некогаш како членката што кажа дека и прави маж и. Као ти спиј јас ќе го чувам и мене ме мрзи ми се спие и на спална хихи хаха ние двајца. И он си трпел и еднаш ми пререче. А инаку јас како твојот м сум само кукам како не спијам. Бројам саати и исто нарачав смарт саат сега чекам за недела дена да ми стигне ќе биде поголемо кукање дома изгледа и кај нас со докази хахахсхс
Епа јас си ќутев до скоро, не се жалев како не спијам и нормално он си мисли дека мене ми е топ, а јас жива ненаспиена. Некогаш ќе стане ноќе и тој да го пресоблече или ако многу плаче ќе го слушне, ама многу пати си спие и не е ни свесен колку пати ноќе станувам јас. Инаку со саатот уште полошо ќе се осеќаш кога ќе сфатиш колку малку спиеш јас затоа не го носам, а и го прифатив фактот дека нема да спијам, барем сега на почетокот.