Истото мислење го делам. Без некој да се навреди само плс. Општо мислам дека младиве генерации сме некако поизолирани и од најблиските, некако сѐ се сфаќа како некој да сака да те понижи или навреди, стеснет е кругот на мајка, татко и дете дома само. Мене искрено душа ме боли кога ќе видам млад брачен што е оддалечен од најблиските. Се помалку има почит меѓу луѓето општо, а за постарите па да не зборувам. Еве, сега сме мајки и децата ги сакаме најмногу на свет. После Х време, Дај Боже, нашите деца ќе имаат деца и ќе бидеме баби. Зарем не сакате да сте дел од нивните радости и убави моменти? Јас сакам моето дете да поминува време и има спомени со неговите баба и дедо, како што сакам и јас здравје некој ден со мои внуци.
Море за 3-4 години ни постапалки ни заби ни колачи ќе ви се гледаат битни. Уживајте у моментите додека не сте се акнале у бубањ па да не се знае кај ви е глава кај ви е газ од активности - трчај ваму трчај онаму. Јас периодов се осеќам ко на норма. Стани, пиј кафе, работи, вежбај, дошло време да се земе дете од градинка. Прибирање со плачки, до вечер плачки за уште 5-6 глупи работи шо у нејзината глава се пребитни, теши, успивај, па пошто зошто 163856 прашања а мене веќе мозокот ми чури за утрешниот ден. Среќа шо е пресмешна и преубава па се и е простено. Дури и плачењето зашо на мене не ми се бендисала алка и сме излегле од продавницата без нишо да купиме. Мислам, мора од секаде по нешо да се купи па макар не ми се свиѓало И оти секој ден ми е исти, наредна недела 4 дена плачки у Грција ќе слушам. Покрај море ваљда нема да ме буши у мозок си викам а? Теши се Лунке.. теши се. И вака онака и ова ќе пројде и нешо ново ќе дојде, и тоа ќе пројде и ќе порасне и нема да ме ебава 2%. Не знам ни шо сакав да кажам кога влегов у темава ама еве да не е џабе доаѓањето, @Tea SK @DELFINA81 Шо како женски? Мрдате ли?
Не мрдам сестро..туку претам.. Штом досега сум си дома уште, а не лудница,доброоо ее , се држам некако. Малите тодлерчиња 2 год.немаат застој,големата 5.5 како ,teen age е...значи секој ден после работа узото турам за да преживим дан. Весело ми е по дома.
Паметно ова со узото. Туку прваче имам ,некни така во возење ми текна па сум грабнала плачи ,смеј се и така до дома Бебка среќа моја е премирно и преслатко бебе ,во градинка крофна ни ја викаат. Не знам дали пројаде пошо едната негувателка е шминќерка ви слободно време ,цел мај е на ,,боледување" од шо е болна никој не знае . Другата не можам да ја сретнам ги чува кој стигне и кој прашај нешто све не знаат како програмирани се. 4 дена сабајле со тренерче ја оставам со тренерче ја наоѓам препотена Не се запалени уште. Мм правеше операција на око ,не знам дали ќе може да присуствува на приредбата Се случија куп глупости и таман бев не можеме веќе опп операцијата ,значи сум можела п.м Се нажалив, се натажив Нешто убаво ,прегорда сум на големата ќерка ,брзо ги научи стиховите кореографија се не знам само кај ми летна времето. На муабетот од погоре да се надоврзам. Многу зависи од тонот на кој е кажано секое зборче од советите,еве свекрвата за поголемата абе душа ми вадеше ама се со некои зборови шубе да ти става. ,,Немој по кратки бебе е ракавица е тоа мора наоблечено ќе му се деси нешто ќе го бараш по болниците " Паднала - ,,не ја пазите ич потрес на мозок ќе добие кој ќе ти е крив после" Значи кога ќе падне особено па сите сме како мајки преплашени ,доволно се обвинуваме себе уште некој со такви муабети фали. Или со адетите мајка ми беше ,,метла ,тефтер,пенкало не знам уште имаше под перница да сум и ставела" Викам колкава ли перница треба да има? Да биле домаќинки ,да учеле не знам шо... Викам не ставам *Оти Па неписмени сакам да се И така
@dummy ,сега го читам ова.. Не си и земала ништо душо ,ти си и дала-она најдоброто од себе си. Бидете здрави и живи ,брзо се навикнуваат они на се Со лесно со настинките ,ќе си биде се.
Ја да се јавам од море, детето ми спие по 12саата станува за цицање и презаспива пакувајте се побрзо тука е спасот за спиење сум се одморила скроз овие денови … мн ми е мило што направив ваква одлука за летово, да работам помалце да уживам повеќе. Едно лето со бебе имам и така си го замислував цел живот ве поздравувам од плажа
Се осеќам ко алумни во темава, нови генерации мајки дошле, ја сум израснала две бебиња . Мојава ѕверка е преумница најубава. Порасна во мало диктаторче ама послушна, ред и поредок се знае. Да ми прости што со години се жалев од нејзе по форумов. Е затоа, брат и, ма..та ми ја расплака. За 10 дена ќе први 2 години, а мене ме остаре за 20. Јас таков закачко немирен, плачко за се, тепач, немам видено. Тантруми на најјако пуштени. Сва среќа сестра му умица е. Јас прошла недела бев на одмор, ги носев во градинка, се препородив како личност. Следна недела сум на службен пат 2 дена, пак ќе се препородам . И така, ништо не се дешава, освен што живеам по нова филозофија, дека за се ме заболе, само децата да ми се добри. Работа, пари, со ништо не се замарам, и многу ми е поубаво. Продужен викенд, осеќам ќе тегнам темјаниче и ќе го дејтам муж ми вечер
Ахх блазе вас, најубаво да си поминете Да се паковам и јас зошто моево е цело збеснато. Не знам дали им е таков периодов ама ништо не му е денски погодено, само приплачува, сака да стои на нозе, ама фатен до мене, ако се поместам плачи, 100 пати има паднато и удрено и сега ако падни само без да се удри, пак плачи, многу ми е весело хаха
И пишав на @ALISA0000 во лп, еве тука и јавно да и се извинам - немаше потреба од толкава реакција за целата работа од моја страна - признавам. Се уште си стојам на тоа дека не сакам како прле пред магаре кога некој ми се меша и не ми остава јас да се израдувам прво - а секако дека после и ќе споделам и ќе ги вклучам и сите заедно ќе се радуваме, ама сакам да имам и интима во моментите меѓу мене мм и ќерка ми. И стојам на тоа дека не е до толку важно кој како сака да си ги прави адетите - сепак се тоа адети - човек може и да си измисли сам адет ако така му милува, само за убаво да е! И да, форумов понекогаш brings out the worst in me затоа што често ми е како издувно место на истомисленици, ама нормално дека не може сите 100% да се согласуваме, и тоа е сосем во ред. Ама мислам дека не сум единствената што понекогаш е too quick to judge @Milkiway "Таа нервоза се пренесува и дома..." - ве молам да не донесуваме заклучоци како му е на некој во животот и дома врз основа на куцкање на тастатура на анонимен форум Јас на пример како куцкам не се одразува 10% со тоа како се осеќам навистина Така што овој пат навистина имам намера да избришам се поврзано со него и да се исклучам од тука - среќа од тука си створив еден убав круг на пријателки па сега тие ќе ми бидат издувен вентил - жал ми е женски ама некој мора
За градинкава кога и да те прочитам се потсеќам каде живееме и колку ни е сирота државава. Пресреќна сум што имав опција да ја пуштам во приватна градинка од која што сум презадоволна, но кога ќе прочитам вака буквално ми се крева притисокот. Стварно се надевам дека има некаде каде можеш да ги пријавиш овие особи кои не ни треба да се нарекуваат негователки Мило ми е што барем почна да се адаптира бебка и ете добила убав надимак На темава коментари од страна јас немам свекрва, почината е, со мајка ми имавме некои недоразбирања ама ја седнав и објаснив како стојат работите и за чудо прифати и е далеку подобра сега, не сме се скарале долго време. Е затоа со баба ми пред некој ден се искарав. Што од моиве хормони и ненаспаност, што од што стварно е стара и си живее во нејзино време ама ми го пукна филмот. Ми се јавува да ме праша како е малава, јас жива ненаспана од што дежурав ноќе, нишкав и вадев мрсули и и викам: дома е има воспаление на ушето не ја носам во градинка неделава да се среди имунитетот. И од таму одма: Па ти ете праќаш слики, јас гледам таму она боса е, ладно е сега, од тоа ти настинува дека боса ја оставаш. (Дома ни е 25 степени, живеам на поткровје и почнавме дури клими да пуштаме од што не се дише и сите сме боси и зима и лето). Културно и реков дека не е до тоа, но секако она знае од што, а не докторката кај што си ја носев на преглед. Патем малата ми вади 2 двојки и незнам колку 4ки истовремено и е преполна секрет и цело време и се слива и и прави проблем и на грло и на уше на спиење, а крвна слика чиста И продолжува муабетот: Нели бактерија имаше од градинка, како сега пак се разболе, што е со детето, нели во приватна градинка оди во мала група како толку се разболува. Значиии притисокот ми го крена максимално и само и реков дека кај што сум ненаспана уште она ми фали сега да ми попува, и дека ќе и спуштам не можам да се објаснувам и толку крај на муабетот. И секако ме чекаше цела недела да и се јавам бидејќи она беше навредената од муабетот...
Уморни сме, сакаме све тип топ да е, и сакаме сами да го постигнеме тоа, и тешко е жени. Не е чудо што сме осетливи, ама па не чини тоа. Не може на секоја глупост да се вознемируваме. Генерално на форумов има доста поддршка, и кругот на мајки баш помага (мене ептен сте ми помогнале, можда само лајк сум ставила и не сум кажала, ама така е), и може причина за тоа е и што не се познаваме па вака анонимно полесно ќе искомуницираме и прифатиме. И ок, некогаш ќе се погоди да се појави и тука таа осетливост или болна точка несакајќи да се стисне, ама поише реагираме во живо со блиските. А и таму треба да се искулираат работите. Точно дека луѓето се несмасни со коментарите, ама и преосетлив да си, све да ти смета, и тоа не го бива. Мене па тотално не ме интересираат адети и инстаграм, не го сликам бебето за инста, нит колачи, крофни, стапалки, такви работи да сликам, јок. Имам мерак да направам, а и моите/неговите ако направат, скроз ми е ок. Детево не е само мое, и нивно е, нека напраат ако им е мерак. За воспитување ставам граница, ама за колачи, сеедно ми е А за татковциве што ве читам, дека споро им пали бољерот, ееее, ама па ја си кажувам. Да чекам да му текне да го изнесе бебето од спална у 6 сабајле за да поспијам малце повеќе? Пффф, нема да му текне, ќе чека јас да станам. Ама па ќе му кажам јасно и директно што ми треба и готово.
ми падна во очи реченицата - детето не е само мое и нивно е Јас имам огромен проблем у глава дека и други имаат право на неа ... свекрва ми кога ќе земе да и раскажува на ќерка и што сакало бебе , која играчка и била омилена , како сакала да се држи итн итн, за пола работи врска нема ама прееемногу се нервирам кога некој друг ми кажува што сака мое дете. Знам дека е голема глупост ама it is what it is
И јас сум прилично посесивна за бебка. Мислам дека само јас знам најдобро. Иако сум свесна дека некогаш претерувам и поради тоа сум цело време дома со неа, сепак не можам да прифатам коментари од типот па сака да спие кога не и тропкате со тропче, што доаѓа од личност што не е воопшто стара и има дете ама очигледно има заборавено како дете не заспива кога ќе го збудалиш пред спиење и после ми се буди по 100 пати. Па зошто спие толку често, па зошто не ја носиш надвор, па стави ја во количка нека плаче што. Ааа мене да ми е одма ќе ја средам. Важи! Едвај се контролирам се плашам дека некој ден ќе експлодирам, ама ептен ми ги пречекоруваат границите.
Ми ја погодивте темата за граници, мешање и сл...морам да си се искажам што ми тежи. Мојата свекрва има прилично специфичен карактер и има доста комплициран однос со мм, а не знам дали заради тоа, ама и односот со мене од старт не и е коректен. Јас, за да си го заштитам сопствениот мир и за да не предизвикам дополнителни ескалации, си се држам на дистанца и никогаш се немам потрудено да имаме поблизок однос (се трудам само да не го влошиме постоечкиот). Свесна сум за тоа дека сега откако стана баба треба да комуницираме почесто и не сакам син ми да го лишам од нешто само заради тоа што ние две не сме успеале да воспоставиме добар однос. Откако се роди синко, секој нејзин коментар го доживував многу лошо и иако не реагирав многу, внатрешно вриев. Знам дека ист таков некој коментар да ми дадеше било кој друг, немаше ни приближно толку да се замарам. Јас сум растена со баби и дедовци и имам мноогу убави спомени со нив и не сакам син ми да биде ускратен од тоа, но некако сум растргната помеѓу мислата ,,и она му е баба, има право да биде блиска со него, а со тоа морам и јас да се научам повеќе да ја толерирам и да не и замерувам" и од друга страна ,,зошто ако и значи односот со внучето, не се потруди и она да има подобри односи со родителите на тоа внуче". Не знам, се надевам дека ќе успеам да избалансирам и дека во иднина синко нема да ја почувствува таа дисфункционалност, зашто тоа никако не е негов проблем.
Буквално во иста ситуација сум..и некако пробувам да балансирам еве скоро 2 години, си кажувам отворено што како и гледам да не се нервирам...многу далечен однос, но сепак го шета малиов, знае да го причува кога сум на работа заедно со маж ми..си викам подобро вака отколку многу полоши опции што имам во околина примери..
Те разбирам, и јас сум посесивна уште од стомак кога беше. Особено кога стана збор за името дека ЈАС ќе го одлучам. За некои работи што ми се битни ставам граница, а за некои им давам и нив слобода и авторитет со и околу неа. Не сакам да им ставам притисок да се осеќаат како послушници да ми се, сепак им е внука. Можда пошто сум сигурна дека ме почитуваат и ако за нешто кажам, ќе биде така. Па затоа и не се оптеретувам со све. На пр, генерално нејќам да ја успивам со цуцла, а мајка ми па така и е полесно. И ја оставам, нека. Јас сум многу блиска со баба ми, и ден денес и' звонам за нешто да ја прашувам. И допуштам и моите деца да изградат однос со баба/дедо.