Незнам каде да прашам па ајде овде како поактивна тема. Што да се купи за поклон за прв роденден за внуче од брат и колкав буџет на пр би бил соодветен?
Јас немам уште внуче од брат, абер нема брат ми. Ама кога би имала би му купила златна плочка, и има од различни големини и цени. Секој колку може да си дозволи.
Колку што ти е буџетот планиран и може да си дозволиш. Ако немаат некоја желба или сте разговарале претходно, не е срамота и со 1000 денари да појдеш исто како што ако имаш можност и многу повеќе. Ние направивме договор уште за првото внуче дека околу 50тина евра ќе ни биде буџетот и толку.
За буџет ти одлучуваш колку имаш. Околу 50 евра просек некој можда. За поклон би прашала што им треба, некој реквизит можеби, скапи се за сам да ги тупнеш, а не би давала доста пари на поклон што може не им треба, со блиски барем се комуницира тоа. И да е плус минус некој денар, барем знаеш дека е погоден поклонот.
пари најубаво, или евентуално да ги прашаш шо им треба, јас лично би дала околу 50 евра, но сепак зависи секој со своите можности.
Ние планиравме да му земеме нешто златно да си има спомен. И нашиот роденден е веднаш по неговиот па и јас имам слични очекувања Мене пак 50еу ми е малко некако за толку блиско внуче, да не бидам грешка сфатена толку сме давале на деца од другари. Сепак прв роденден е
Во врска со поставување граници и нашето реагирање на "мешање" од страна на родителите (сеедно дали мои или негови) имам многу да пишувам ама ќе гледам да е што пократко. Имав малку трауматично искуство при породување и општо, тие неколку дена додека бевме со бебки во болница, сепак дојдов дома скроз функционална, сѐ си правам сама од прв ден дома со нив, едноставно сѐ што ми требаше беше мир кој не го добив. На кратко, јас немам никаков проблем со што и да кажат, од едно уво влегува, од друго излегува. Проблемот кај мене настанува кога не се почитува тоа што сум го кажала во врска со децата. Пример, кажувам нешто што имам решено дека ќе правам така и од нивна страна добивам "ама...", "ние порано...", итн. итн. Јас воопшто не осеќам потреба да губам 10-15минути за на нив да им ги објаснувам моите одлуки во врска со децата или да се правдам зошто сум решила нештото да биде така. Еве, пример од прееска. Од почеток имам став да не ги бацуваат децата. Значи ако сум кажала не, тоа е не и крај. И они уште од почеток "ама само во раче, ама еве во ноџе" на кое ми се темни, они веќе одамна и раце и нозе ставаат во уста и после јас кога бурно реагирам затоа што првично они не испочитувале што сум кажала, сум лоша, драмам и најакото, многу им се тресам а да напоменам дека едното бебе е нафрлено во внатрешноста на устата баш ради таква баба што и дозволи да фаќа кај неа во уста. Прееска баш неа ја пресоблекувам, мајка ми беше кај мене и стои спроти подлогата, бебче ко бебче, пружа рачиња да ја фати и баш на лице и уста. А пет минути пред дешавкава и кажувам на мајка ми за ситуацијата и и викам да ја смее за да ја сликам во уста и пратам на матичната. Нормално дека здивев и и се развикав да не и ги бацува рачињата на што она се налути, ко само јас да сум имала бебиња, не сум можела во стаклено ѕвоно да ги чувам, на што и враќам дали е сериозна со муабетиве, кога пред само 5мин и кажав дека е лом детето во устичката? Е де, ништо не било тоа, ќе поминело и така лута си се симна кај свекрва ми да ме дооговараат и маж ми кога се враќал од работа, они две во двор, му го кажала и на него муабетот, на што свекрва ми рекла дека не и било на бебка од тоа, туку од ставање играчки во уста. Важи, ништо не и беше 7ипол месеци од играчките, сега и е. Играчките им ги перам, а и да беше од нив, двете ќе имаа ама нема врска, не планирам да се објаснувам. И така, на нив им е побитно да се убедуваат за нешто за кое не се во право и полесно да се лутат од колку да испочитуваат било што што имам кажано. После зошто немам доверба во никој од нив и зошто не сум им ги оставала на чување? Епа еве зошто. Така што паѓаат во вода коментарите дека од нешто друго сум била незадоволна како што прочитав погоре па сме реагирале на коментари ама јас стварно не сфаќам што толку им е тешко да испочитуваат? На крај на ден, мои одлуки, мои деца. Или почитувај или толку ќе ги гледаш. Паѓа и тој муабет во вода кај мене, внуци им се, така на почеток "викнете не за прво бањање, порано (тука јас мозочно стебло си гледам од што превртувам очи) сите сме ги бањале децата". Важи, еве сега и комшиите ќе ги викнеме. Ако гледаме така на работите и мене ми се први деца и некои нивни први моменти сакам да ги доживеам само со нив и маж ми, не со останата публика. Наречете ме себична или како сакате ама јас не планирам уште 50деца да имам па така некако, здраво за готово да сфаќам сѐ. Толку од "краткото" мислење
Јас пак со други мисли тргнував. Нормално и секој си го знае буџетот. Ама тргнав(ме) од тоа со маж ако дадеме голема сума (макар што и 50 евра за нашите примања не е мала, за некој може ништо не значи), ќе се очекува и втор, трет, 10ти роденден таа сума да ја покриваме. За мене сите родендени се важни и значајни. Плус сумата помножена по бројот на идни внуци од брат/сестра од двете страни. Зошто не би било во ред јас на дете од брат/сестра ми да му дадам 1000 денари пример, а на од брат/сестра му да даваме хипотетички по 50 или 1000 евра. Не знаеме ни што носи животот и во кој момент какви услови би имале. Инаку ако сте размислувале за злато е супер подарок и останува.
Со блиски луѓе се прави муабет што им треба. Брат ми пример, за поголема сума, секогаш ме прашува што му треба. И јас ке кажам патики, јакна, што и да е во тој момент. Ми кажува буџет и јас бирам што конкретно сака/ носи итн. Така правиме малтене со сите од блиските. За почеток на школска година, сите прашаа што треба, и на едни кажав блузон, други фармерки, тренерки итн. Злато е друга фина работа, не можеш да промашиш. Сумата е од-до, колку сакаш и колку можеш.
Завчера по грешка ја видовме баба во двор во време кога треба да е на работа. Не и извадив со клешти од уста инфо дека е на одмор. Еве го, 5ти или 6ти одмор го тера скришно. Наздравје нека и е, што да кажам.
И јас имам таква баба, се гледаме само ако случајно се видиме на улица негде за одмор не ни крие мојава, отворено си кажува кога и каде иде, гајле и е.
Мене ме нервира кога на непобарано, се дели совет. Или кога и да не е побарано, јас сум барана за да ми се каже што треба. Не е дека не ни е потребен совет секогаш, но на интернет има се. Ми личи понекогаш дека сме третирани, како да не се информираме ништо. Можеби и сигурно е со добра намера, ама особено ако е инсистирано, нервира. Они си се други генерации и кај нив било што ќе каже бабата, таа знае најмногу. Не им влегува во памет дека информацијата ја држам во џеб, ташна и дека во секој момент ми е достапна. Иначе многу ме нервираат адети. Повеќе од тренд ги правев, отколку верување. Проодуваат и децата што не се направени постапалки. И заби растат и кај оние што не се направени колачиња во форма на запчиња. Кога ќе внесеш верување зошто се прават, од таквите совет не примам. Истите што веруваат во уроци и фрлаат се и сешто по река.
Денес бебе само си пиело од шише им оставив млекце јас бев на девојачка. Седел умен дури 4саати и сам се успал плус ама дека се тегнел по шишенцето и се тресел од среќа кога пиел сам сега едвај чекам да почнеме со храна да го видам и јас тој момент
Ќе си дадеш толку колку што сакаш и можеш и ти е ќеиф. Камо среќа да имав внуче од брат ми. Не 50, 500е ќе издвоев од среќа. И ние даваме по 50-тина евра за блиски пријатели или за најдобрата другарка на ќерка ми. 1000 ден ни е буџетот за родендените на децата од градинка/школо. За подарок, можеш или пари и нешто златно. Пр. златна алка.
Брат ми за ќерка ми не можам да измерам колку пари има потрошено. Не само пари туку и внимание. Кај и да шета по светов бидејќи патува многу само носи облека и играчки. Сега за прв роденден летна количка и одбра ја земавме од грчка. Во љубов најголема се двајцата за пати и буџет не е битно, мн е поважно да посветиш внимание… како ќе го спакуваш… како ќе го дадеш … никогаш нема да заборавам за нова година како дојде сабајлето на први кај нас со двњ огромни кеси играчки и ги отвараше пола ден да и ги покажњ сите 6месеци бебенце беше дај боже да добијам бебе од брат ми најсрњќна на светов ќе сум ..
Јас да се пофалам конечно работите се наместија во свој ред, добивме виза Тие кои ме читаа знаат низ каков трнлив пат поминавме за да стигниме до целта, од самото зачнување, па малтретирање по институции па терапии па останав сама со бебе додека сопругот беше Германија и конечно после долги 10 месеци сонве не угреа и нас, мислам мене ме грее едно сонценце уште пред да се роди ама денес можам да кажам дека ми падна камен од душата. Кој ќе се точкаше пак по аеродроми, кој ќе ги трпеше пак свекрвица да ме труе со глупости и да ме замара. Кога сме кај тие работи, колку покварени испаднаа, кога беше сопругот да не зема за тука, бебе ми се разболе до температура, јас дали по бебе да трчам по болници по два дена требаше да летаме за Германија, тие паметните му се јавиле од 7 сабајле на сопругот и му се жалеле со саати како бебето не сум го давала да го гледаат, па зошто не сме го однесле од на болница на гости кај нив ,еј замисли бебе 39 темп ми се налутија оти не сум го однесла на гости како што бевме договорени, у ку..ц ги отерав сите инстантно преку сопругот Сега се слушаме од време на времр за викенди претежно а јас скроз на дистанца, ќе се јават кај сопругот да гледаат бебе јас ќе зафатам или да се туширам или да расфаќам низ стан, штом се тие безобразни јас уште по безобразна ќе бидам Не сте свесни колку ми олесна што ќе бидиме со километри далеку и нема да ми тријат сол над глава. Си зедовме и поголемо станче, си го уредуваме сега, ја сменивме работата на подобро, кај е Господ никој не е, старите викаат трпение спасение, а јас се изнатрпив за сите пари ама на крај вредеше ! Ете така, сакав да споделам со вас малку од мојата среќа