Здраво на сите, Не знам ни од каде да почнам. Не сакам ова да звучи како жалење, туку едноставно имам потреба некаде да си ја испразнам душата. Со ќеркичката сѐ уште сме некаде на средина од испитувањата за тоа што не реагира на звуци. Поминавме низ многу прегледи и стручни лица, но сѐ уште никој не може да каже што точно се случува. Само чекаме. Некои велат да почекаме до две години, но веќе не знам што да мислам. Сега сме 18 месеци. Инаку, со развојот е добра. Не изгледа дека изостанува во нешто. Освен што не зборува многу, вели ммама, ббаба, папа, ам-ам, но повеќе како да ги повторува истите зборчиња во текот на денот. Дополнително, веќе еден месец не сака да се бања. Имавме една многу стресна ситуација кога додека ја бањав, по допирот со водата како да престана да дише за момент, а потоа почна да повраќа. Мислам дека тогаш срцето ќе ми престанеше од страв. Не знам дали е само период, но искрено, ова навистина не ни требаше во моментов. Последниов период е многу раздразлива, не се заигрува со ништо подолго време и сѐ уште не сака сама да оди без да нѐ држи за рака. Интересно е што дома, кога сме сите седнати долу, си прави убави чекори и си оди сосема убаво. А јас... некако се чувствувам чудно. До сега бев само преморена, а сега чувството е поинакво. Како да сакам да избегам од сѐ. Пробав и со психолог, но не почувствував некаква помош. Ако имате препорака за добар психолог или некаков совет како повторно да почнам разумно да размислувам, би ми значело многу. Исто така, веќе подолг период не сакам физички контакт со сопругот. Телото едноставно ме одбива, чувствувам огромна нервоза кога ќе ми се доближи. Ова почна откако започнаа сите испитувања. А тој навистина е добар човек, се грижи за нас, заедно ги завршуваме сите обврски. Како да не си дозволувам да почувствувам љубов или убавина во нешто. Дури и кога ќе се почувствувам малку подобро, веднаш ме јаде чувство на вина. Имам чувство дека сѐ повеќе тонaм во оваа состојба. Ако некој поминал низ нешто слично или има некаков совет, би била благодарна да сподели.
Јас само за поддршка да ти пишам. Немам искуство со психолог, ама фазата да не сака да се бања, да пишти од се и сешто, да се плаши од разделување е нормална во развојот, барем моето дете ја имаше. Мислев полиција ќе ми викнат од што урлаше кога го бањавме. И навикни се, уште едно 2 години тодлерчето ќе покажува запчиња, прифати го како секојдневие. За мажот, и јас откако сум мајка, некако цело време сум скарана со љубов и се околу. Не можам да се опуштам, може кога ќе ми пораснат децата друго ќе биде. Сега едноставно имам 1001 мисла, стварно не ми е до маж ми. Башка немаме каде, он спие со едното, јас со другото дете. Можам да замислам и со испитувањава колку ти е тешко дополнително, ама ти пишав чисто да знаеш дека дел од работите што ти се случуваат, ни се случуваат на сите. Ако гледаш на нив како нормална пролазна фаза, можеби перцепцијата општо нема да ти е толку темна. Ќе се среди се, верувај ми. Се поминува, барем тоа знам.
Ах бе Мајка, можам да замислам колку ти е тешко. Вака по пишувањето ми делуваш на мошне разумна личност. Ќеркичката има среќа што ти си и мајка!. Диши длабоко и издржи го периодов. Верувам дека на крајот се ќе помине добро. Се сеќавам и јас дека периодов околу 18месеци беше многу тежок, изгледа имаат скок во развој тогаш. Имавме и ние период кога урлавме на бањање па и да признаам тогаш и поретко го бањавме, бидејќи реално тешко ми беше справувањето. Не знам дали после месец или два ама му помина, но и до ден денес има денови кога плаче и одбива да се бања, некогаш па плаче и на влегување но подоцна и на излегување. Јас би ти препорачала да пробаш да живееш во моментот, за почеток и форсирај се да не мислиш што како ќе биде бидејќи времето минува брзо и овие моменти никогаш нема да се повторат. Звучи клише ама само ти сама можеш да си помогнеш. Излегувајте надвор во природа колку што можеш повеќе. Супер знак е што знае да кажува зборчиња. Има ли невербална комуникација? Некои дечиња не зборуваат ни на 2 години. За психолог би ти предложила да продолжиш, да им дадеш шанса уште неколку пати. Можеш и да испиташ витамински и хормонски статус можеби нешто треба да се корегира.
Фала мајка за поддршката. Знаеш како, знам дека е нормално, се случува скоро со сите дечиња на оваа возраст, но со нашава ситуација ме тера да мислам дека кај неа има некој проблем. Си викам и ова ли мораше, немам ли доволно грижи и маки. Кога ќе ги видам децата во парк, си викам, што убаво дома кога ќе одат ќе се бањаат, ќе вечераат, ќе си слушаат песнички или ги разбира родителите кога му/ѝ зборуваат. Во парк ја викаат деца, таа не се врти, ќе помине кола или мотор сите се радуваат, она не се врти да види што поминало. На моменти мислам дека сум сурова мајка, што помислувам така, дека има некој проблем. Но, се правам за нејзино добро, се трудам да и помогнам.
Тешко е, еамо се тешам дека не е некој голем здравствен проблем. Му благодарам секој ден на Господ што секој ден е жива и здрава. Имам денови кога мислам се позитивно, и денови кога сѐ ми е црно пред очи. Проблем е и што не можам никаде да излезам. Не сака со никого да јаде, морам јас да ја хранам. Плус и работам. Организирам време со работа само да бидам дома за оброците. Целиот ден ми е во трка со времето. Ама период, ќе помине и тоа. Како што ни поминаа и грчевите, доењето итн. Само многу ми дојде некако со проблемот со реакцијата на звуци. Инаку да, има не вербална комуникација, многу добар контакт со очи, се памети и нема нешто да и избега од вид. Интелигентна е, само нема баш никаква заинтересираност за звуците.
Сето тоа што го опишуваш како се чувствуваш е многу нормално. А ова со работа и оброци звучи доста исцрпувачки. Пак ќе кажам има среќа што "се паднала" кај таква мајка Моето дете нема таков "проблем" со звуците, но се плаши од нив, се плаши од мотор, се плаши од комшии, од фрижидерот како брмчи. Кога другите деца се радуваат тој прави најтажна фаца на свет и се крие позади мене. Дома имаше периоди кога не сакаше да се бања, кога не можев пелена да му сменам без ексорцизми, од дете што пие во чашка се враќаше на шише со цуцла и ништо друго, секакви регресии, а тоа што до сега никогаш нема преспиено ноќ е друг муабет. Како што приближуваше втпрата годинка како да стана се полесно, да се потсмири и го дефинираше карактерот. Го спомнувам ова чисто само за друга преспектива. Знам дека не е утеха, но секој родител порано или подоцна ќе мора да де соочи со големи или огромни искушенија во родителството. Исто морам да кажам големо чудо ако не се избањала кога ти си планирала. Големо чудо ако неколку денови не јаде како што треба и излезе од рутина. Нема ниту да ослабе ниту да се разболи за ден или два, и пак ќе се врати во рутина. Во случај да не си пробала пробај остави ја барем еден ден нека јаде со некој друг, нека јаде што сака и кога сака ти тој ден излези барем да видиш што ќе се случи. Немам намера да ти солам памет се надевам не звучам така. Од се срце ти посакувам да се најде решение за звуците, да си имате безгрижно детство со малата и да се вратиш во нормала и твојата партнерска врска.
До сега немам слушнато за спротивна ситуација од нашата. Мајка која и да си, ми влеваш надеж дека ќе биде подобро и кај нас. Не ни помислувам дека ми "солиш" памет, затоа и пишав, побарав и совет од други мајки. Секој совет, па и критика е добредојдена. Сите грешиме, јас ќе проценам дали советот е добар за мене и мојата ќерка. Ќе пробам и тоа да ја оставам со некој друг за хранењето. Баш така помислувам, леле денес не јадеше убаво, ќе ослабе или не спиеше убаво...леле ќе и бидне нешто. Тоа е, крај нема на грижата за детето.
Тип на човек сум што физичкиот изглед никогаш не сум го ставала на пиедестал, сум се градела умствено и тоа многу. Не ми било важно внимание и сите пропратни бенефити од истиот. Е сега, нормално нели со хормониве до плафон во втора бременост, јас веќе фантазирам како ќе вежбам, правам тело, гледам гардероба и се тоа што не се препознавам. Немам недостаток или некои проблеми за да ме напаѓат вакви мисли, само ич не сакам да се фокусирам на такви работи, а се фаќам дека главам. Вниманието ми е битно, и за тоа што го работам и за напредок реален на други полиња. Побогу имам толку нерешени ствари, фустани гледам. Ќе си пукнам.
И јас гледав фустани уште кога бев трудна и се силев ќе вежбам. Еве за 2 месеци треба на работа да се вратам нит сум си купила нешто нит мрднав нога за вежбање. Глеј си фустани и уживај ако така ти е убаво.
Колку убав ден си имавме, се изнаигравме, изнашетавме и таман си реков ќе заспие и ќе си одморам со кафе на тераса. Арно ама, во 7 и пол ми падна од хранилка, не сум го врзала Тргнав в кујна и само слушнав силен удар и плачење, одвај го смирив. Отидовме на доктор, ми рече ќе пратиш дали е поспан, дали повраќа.. ама не можам да си простам, има паднато на глава, ама од хранилка..сега во грч сум и не можам да си се помирам како си дозволив
Дојдов да ти пратам прво Многу е стресно за жал Мене прв пат ми падна од кревет на 6 м само што почна да мрда што е зборот и многу испаничив одма на д-р и тоа во дел од секундата ама бидна. Среќа ништо немаше фала богу реално не беше страшен пад но јас се осеќав исто многу лошо со денови но сфатив дека тоа е И сите ми кажаа дека се дешава Една другарка ми вели 'како сапун се децата, од раце буквално неа и паднало така од ништо од што се истуркало па еве го сега 5 год нејзиното Очигледно еден мозок за сѐ, се случува не се обвинувај Битно да е добро следи го
Немам искуство со паѓање ама премногу се плашам од ова. Викаат сите деца паѓаат се навикнуваш … само следи го вечерва како ќе биде и гушкајте се . Посакувам да нема ништо
Мислам дека нема бебе кое не паднало (може има, но ретки се). Моето два пати досега паѓа, еднаш од количка, која е висока, салто направи. Уште не сум свесна како се случи, брзо беше, во делови од секунда. Вториот пат падна од кревет. Си поплака, се смири и после си продолжи со смеење и повторно со неговото лудување. Не се обвинувај. Паднало и сега само следи го како се однесува. Верувам дека ќе биде добро.
Здраво мајки, ви пишува идна мама ( здравје за еден месец од прилика би требало да се породам ) немам некое прашање, сакав само да си споделам мисли, најверојатно некоја паника сега при крај ме фака, буквално преку ноќ ке ни се смени животот и не можам да го замислам тоа, во смисла не ми се верува дека и мене конечно ова ми се случува. Во брак сме 3 години и бременоста е со ивф, посакувана е со цело срце а сега ме фака страв како ке биде. До сега сами, никој не зависи од мене, работа, ручек, попладневна дремка, искачање... од еднаш нема веке спиење, книги Ве читам подолго време, знам дека ке има и тешки моменти, и дека можеби и односите со партнерот ке се сменат. Мислам најмногу ме плаши што допрва доагаат многу секирации, всушност и цела бременост во грч ми помина од страв дали ке биде се добро до крај и уште ми е така, секој преглед со тахикардии. Нормално ли е ова? Ве поздравувам сите
Здраво од мама на бебе ин витро. Најпрво фала му на Бога што конечно и ние се израдувавме и сме дел од темава. Второ не се секирај уште сега. Уживај го овој последен месец иако е претежок не можеш да спиеш, да лежиш да одиш ама сепак уживај го на макс. Се ќе биде во најдобар ред и се ќе помине. Кога ќе ми текне колку плачев по форумов дека бебе има многу грчеви и многу плаче, дека сака само во раце и цело тело ме боли, дека не сака во количка и сум дома заробена ама погоди што? Се помина. Не плаче веќе освен за јадење и спиење, нема веќе раце ужива на подлога и конечно после 6 месеци госпоѓицата ужива во количка. Нас со сопругот нешто многу не ни се смени односот освен што сега време поминуваме сами кога бебе ќе заспие што и не е така лошо. Ма нема ништо лошо ќе видиш ќе уживаш. А за секирации мајка ми вика дури и откако се омаживте уште подеднакво ве мислам. Така да се ќе помине и на се ќе се навикнеме. Со лесно породувањето и те чекаме да пишуваш како се снаоѓате
Инаку за прегледите со тахикардии не памтам дека отидов на преглед како други жени да се израдувам. Секој преглед грч, прво дали ќе е позитивна бета, па дали има срцева акција, па дали ќе се развива како што треба, па прв скрининг ми кажаа нешто со срцето, хмм, врска немаше, нормално отидов на приватно за да спијам мирно, па од 6ти месец почна водата да ми се намалува, па ајде да влезеш барем во 7ми ако треба порано да те породиме. Лежев строго и пиев вода и течности. Памтам секој месец се молев барем уште малку да ја поносам, да не се роди толку рано. И тоа врска немаше едвај се породив 40+3. Претпоставувам пошто сме се мачеле да дојдеме до тука живееме во грч цела бременост. Јас од суеверие освен на фамилија и ептен блиски немав кажано дека сум бремена или боже ме сачувај слика на социјални мрежи да ставам. Така да, да и тој страв е сосема нормален. На крајот сепак се ќе биде добро.
Без разлика инф или природно мислам дека повеќето така сме поминале низ бременоста Полека полека сѐ ќе си дојде на свое место Колку можеш опуштај се Сите различно поминуваат низ целиот процес после породувањето Не можеме да знаеме никој однапред Ти посакувам лесно породување и се да биде како треба
Фала ви девојки, полесно ми е вака мислења кога ќе прочитам. Во ред си е, нема повратено, се однесува најнормално
Здраво и од мене. Утрово сакав да пишам да си се пожалам од претходните два дена ама не стигнав и убаво што не стигнав зашто има новости од денот - бебе денес првпат се сврте од грб на меше Моментално сме во четврти скок (уште 10 денови) и речиси секој ден а богами и ноќ ни е журка по дома. Си мислев дека најлошо беше тоа што се будеше на 2 саати периодов се додека пред два дена цела ноќ не не остави да спиеме и секој обид да го спуштиме во креветче завршуваше неуспешно со инстантно будење и плачење. Како капак на тоа и денски ни плачеше, необјасниво многу. Обично викаат кога ќе биде вакво бебе очекувај да извади нешто ново и ете што било. Плус денес за првпат го оствив денски во гнездо и сам заспа. Ќе си пукнам од среќа Знам дека ме чекаат уште многу непроспиени ноќи, стресови и жалење тука на форумов ама реков и за нешто убаво да пишам.
Си стигнала до финалето, опушти се. Така најмногу ќе си помогнеш за последниот чекор. А после, нов живот. Јас замислував дека животот со мало бебе е ужасно стресен и напорен, и се плашев пред сè од уморот. Можда бидејќи нè читаш, и повеќето пати тука влагаме да споделиме разно разни недоумици и несигурности, тешки депитн, и се остава таков впечаток. Реалноста не е само таква. Да, влегуваш во бубањ, има стресови, умор, можда и плачки (јас, прошлата недела ), ама брзо се прифаќа таа нова ситуација, и све се реорганизира. И ок е. Има и многу среќа, гушки, мазење. Има и одмор и спокој и гушкање со партнерот и све ќе има пак, постепено.