@Kjara2025 те помислив неколку пати периодов. Сакам да знаеш колку силна и добра мајка има твојата ќерќичка. Се што осеќаш е нормално, дај си време, ќе дојде се на свое место.Умот ти е на триста страни, пробај одвој барем половина час за себе. Не можам да замислам колку ти е тешко, но се надевам и знам дека се ќе биде океј
@hannybanny @fragaria @EarthFire Фала девојки ♡ Денес со други чувства, си викам нека дојде јули побрзо да се олеснам да го видам
Јас ќе полудам официјално знам дека се е нормално ама морам да се пожалам. Во 4 скок е беба, денски дремки исклучиво во количка надвор на овие 40 степени и траат преку сила 25 мин, а навечер мааааајко моја..... се буди на секои 45-60 мин, еве вечерва заспа во 19ч , веќе 5ти пат ми станува, цуцла не сака, мене ме цуца кога ќе и се тргнам да извадам града од уста се буди инстантно , се укочив секоја вечер свртена за да цица Она од старт не ми е добар спијач ама волку многу будења никогаш немала... до кога трае ова чудо утешете ме Следен месец скоро цел ќе бидеме на море и таа мисла само ме држи читава, ако трае и тогаш барем ќе гледам море пред мене
Сори на убацување, си пробала дома на пуштена клима на 25-26ст да го возиш во количка? Ми спие цел саат 3мес има. Некогаш не е до скокот...
Како да го ставам бебето на мојот профил на моездравје апликацијата? Сите копченца ги стиснав, никаде не гледам каде да го внесам и бебето...
Оди во делот ,,мои податоци", па ,,промена на профил" и таму ќе ти даде опција да го избереш неговиот профил. После исто преку промена на профил, ќе можеш да си ги гледаш и твојот и неговиот, најизменично.
Се сум пробала и не пали возење дома.. цела среќа во куќа живеам и поолеснето ми е. Денскиѕе дремки не ми се страшни ги преживувам ама навечер станувањето по илјада пати ме убива, како и да е ќе помине Иначе кај мене имаше огромна разлика во денско спиење на 3м , тогаш спиеше и по саат саат ипол преку ден, а на 3м и 3недели се се смени преку ноќ
Кај нас така ептен влоши на 3 ипол месеци, накај 6 се опраи малце, стисни заби. И глеј насабајле или прва тура спиење дај го бебето на некој да отспиеш непрекинато барем 2 саати, многу значи. Иначе јас со таа количка беља направив, дома исто спиеше едно време во скоков, ама се навикна на секое да бара да го нишаш за да продолжи да спие. На 10 15 минути кенкаше и јас цела ноќ нишав количка во очај. И накај 6 месеци реков чао на количката ако треба нека се буни малце нека кенка. Од тогаш се потсредивме.
е сомневам дека имам затнат канал, бебе 6недели. Се доиме ексклузивно мислам дека со тоа што пиев интензивно чај за доилки дополнително влоши состојба. Почна од сабајлево рано, болка под пазуви, па се движи накај брадавица. Немам отекување, ниту визуелни грутки ниту било кој друг симптом. Се масирав, туширав со млака вода и бебецица но уште е тука чувството. Совет некоја?
Го пиевте ли сирупчето?? Знам дека го препорачуваат за деца под годинка што имаат веќе 9кг, но тоа што има мед во составот ме буни.
Здрави, имам 3 месечно бебе. Сакам да ве прашам во која фаза се најлесни децата, најлесна фаза и најтешка од кој месец до кој е? Фала
Да прашам, а да не бидам грешка сфатена. Како ги оставаат/те децата за на фризер и нокти? Демек земи, чувај го без тоа не можам. Ако оставам, оставам за стручен настан, обврска, работно… што доволно ги имам, ама би се вцрвенила од незгодно и неудобно да треба и нокти да ставам по два саати.
Првиот пат со првото дете ја носев со мене за правење нокти. Си преспа во транспортер, 20 дена беше стара. Од мои 20 години тоа ми е дежурен термин еднаш месечно, си имаат татко децата, се координирам да си закажам кога е тој слободен, или кога сум била втора смена па одев сабајле додека дете било во градинка. Нит ми е незгодно но неудобно. На кафе ќе се договорам во игротека со другарка и ќе се снајдам да одам со дете, ама за на нокти не можам со мало дете. Маж ми пак не можел на кафе со дете, епа братска делба. Едноставно се координираме за да секој има свое слободно време за што сака да го искористи.
Со задоволство ја оставам кај татко и Мада мене термините ми се најчесто кога е она во градинка ама ако се погоди поручек, излегувам и не гледам наназад Тоа ми е Ми тајм да испооговарам се живо со другарката шо ми прави нокти
Градите над тенџере со вода што врие, од пареата се отвораат каналите, ама не знам дали е добро топлото во ваков случај кога веќе има воспаление, јас не препорачувам. Кога ќе помине, може да се направи ова.
Се зезаш? Не треба косата да ја шишаш, фарбаш, ноктите да ги средиш тоа не е ок, ама е ок да оставиш за работа? Гледај и тебе да ти е убаво, угодно, не само на работата..