Искрено не прочитав, го давав на два наврати првиот пат 5дена, вториот пат 4дена, кашлицата се изгуби
Јас закажувам кога татко и е дома и он си ја чува. Ги извадив ноктите пред породување и се мислев дали да ставам пак ама толку лошо се чуствувам за телото како изгледам и си реков не ме интересира барем ноктите и косата да ми личат на нешто. Не треба да ти е глупаво затоа што таткото верувам веќе си се врати на стариот живот. Теретана, трчање, кафана, кафе. Па тоа е пострашно од нокти и коса. Како и да е детето е дете а ти мора да се чувствуваш убаво.
Жити се па цел ден е со мене како да најдам време за нокти и фризер ако не ја оставам со татко и буквално не ми текнало да помислам дека ова е погрешно и не е воопшто Маж ми одвај чека време на само со неа, ја шетка, си играат, готват …
Тоа ти така си си ги поделила работите како битни и небитни, стручен настан-битно, фризер-небитно. Мене пак, подеднакво ми се битни, да не речам, во овој момент фризурата ми е и побитна од работата, пошто работата ми е на пауза, а косата ми испопаѓа. Во секој случај, времето за себе одделена од бебето бар на саат, два, ми е неопходно, за да се чувствувам нормално. Без разлика за што ќе се тие 2 саата, макар и седела на клупа во парк. Како сакате сфатете А таткото, и за него е супер сам да помине време со неговото дете, без да му суфлирам нешто
Да, кај мене е така поделено и нема назад, просто немам време да одвојам за тоа. Ако го имам подкаст ќе пуштам или книга ќе почнам попрво, или на форумов ќе читам, изгледа изговори си имам и тоа е. Инаку кафе со дете не можам, да трчам само и ни еден муабет сврзан. Можеби тоа е данокот, кој на што дава значење.
Не се тоа изговори. Тоа е твојата лична реалност. Не значи дека за секого е исто, ама еднакво валидно. Јас нокти не сум праела никогаш, а косата ич не ми било важно да ја стилизирам првата година, знаејќи дека поминува низ процес на паѓање и рехабилитација сама по себе. Првото дете не правеше проблем да седи со било кого, ама беше оставано само на татко и, второто и третото не седеа ни со таткото првите месеци. Првите одења на гинеколог по пораѓај ми биле со нив. А и реално, ниту сама не се чувствував спремна дека сакам да ги оставам. Оние моменти на престимулација, обично ги “трошев” да имам убава долга бања со пилинзи, скрабови, маски за лице, депилација, креми, буквално да се истретирам себе си. Сеуште тоа ми е едно од најдобрите чувства на светот, после децата нели. Или да се тргнам на страна да ги сортирам сликите по албуми, да пијам кафе или да си направам некој чај со вкусови за кој обично немам време. Ама секогаш блиску, за да притрчам одма. Така се чувствував сигурно. Така што, сите чувства ти се валидни и треба да правиш онака како што се чувствуваш. Другите секако ќе прават поинаку, нема правилно или погрешно се додека сите се среќни и намирени. ——————— Како сте? Преминов од две на една дремка ми е неверојатно тежок процес, не памтам дека вака ми беше со другите две. Ова ми е најтешкото кратење дремка која аман веќе никако да ја скратиме. Очигледно една дремка не му е доволна освен ако не е околу 12 на пладне кога и треба да биде. Ама честопати не може да издржи толку и скоро секогаш издиган од 7 на утро, веќе сака да дремне накај 10. И следно му се дремнува се накај 4-5 и имам журка до 9-10. А кога е на една дремка, шубаво си заспива нормално во 7. Сеуште се буди 100 пати ноќе. Ама последно бебули ми е па ќе преживеам. Евентуално. Веќе се претвора во детенце. Си го вози возот од брат му насекаде. Си подаваат заедно топка. Знае да покаже што сака и кон омилените играчки, птиците на небото и мама, тато, дада и бато и ни ги знае имињата на сите. Си кажува кога е гладен или жеден, кога сака надвор. А во мои очи уште е бебенце, додека тој веќе упорно и боже мој колку само инаетливо ги искачува неговите висини. И секогаш, без разлика што и да прави во моментот, остава се и оди да ги гушне кога плачат. Се топам. Се надевам дека конечно ќе добијам. Со претходните двајца доев, ама пак добив, сега некако се издолжи. Се прашувам дали ако го одбијам ќе добијам?! Или да си седам мадро до одморот? Има некоја што немала добиено 15+ месеци по пораѓај и се да било ок? Си седиме сите во детска по земја, а околу нас нема каде да се стапне а да не се нагази на некоја играчка. И додека јас и маж се размуабетивме, сите тројца шибнаа од собава без да приметиме. Тато отиде да ги бара, мама да здивне со една ледено ладна домашна лимонада. Уживајте во летово.
Тешко прашање Јас нокти сега дури направив, за роденденот од бебе. Не дека ми е незгодно ама тешко изводливо. Маж ми работи од сабајле до 7-8 навечер, викенд е слободен, ама па викенд не работат козметичкиве студиа. Моиве родители го чуваат бебе кога сум на работа неколку саати, (работам само втора смена) и нив мене ми е незгодно да им речам дојте почувајте го и сабајле. Е сега имав денови од одмор и затоа закажав за нокти
Мајки здраво. Ме снема малку почнсв со работа малку се посветив на мене и ме немаше поактивна. Плус нервози со бебка веќе аман ми се вика. Трет пат веќе ми прави опструкција на гради од ништо. Др вика ако спушти уште еднаш да направиме испитувања од што може да е. Се сомнева на гастроезофагијален рефлукс. Рече дека треба и ехо на абдомен да направиме дека му е како подуено мешето да го видиме и тоа, ми спомна и испитување за интолеранција на глутен. Сте биле ли некоја на ехо во Систина и ако да кај која докторка го имате носено детето?
Не сум сигурна дали добро разбрав, на кого да ти е незгодно да го оставиш детето?? Ако имам потреба да одам на козметичар, фризер да се средам за да изгледам пристојно нормално дека ќе си ја чува сопругот исто како што јас ја чувам додека тој оди да спортува, кога оди на бербер, кафе, пиво со другарите.
Не сме со иста проблематика, ама да се пријавам и ние сме секој месец болни, одеше два дена во градинка, третиот ден после градинка со 38 температура, затнат нос, после неколку дена и кашлица. Не отепа градинкава, од април е запишана, вкупно се на се 5 дена ја имаме однесено, првите два дена одеше по два часа и одма ја префана вирус, па се искомплицира и завршивме во болница, еден месец не ја носевме, само што почна пак истото, ние сме се со горнореспираторни инфекции, душа немам веќе кога ќе почне да и крчи носето, знам што следи. Од една доза и се смири кашлицата, со втората доза веќе престана да кашла, а само еднаш давам на ден по 2,5мл.
Добив после 18 месеци, доев уште. На 14тиот месец веќе отидов на преглед зашто почнав да се прашувам дали нешто не е ок, и матичната и Димитров се посомневаа да не е Ашерман синдром, ама не беше. Откако добив добивав редовно 4 месеци па кога ги одбив ми се поремети скроз, имав крварења измеѓу циклуси, дијагноза хормонален дисбаланс. Се среди за 3 месеци. Значи да, можно е да не добиеш долго и да нема некоја посебна причина за тоа. Кога бре 15м наполни? Вчера се роди
Мајка а да пробаш со ацидосалус спрејот? На природна база е, нас матичната ни го препорача откако тргна во градинка цело време прскам насабајле. 2ипол месеци пројдоа скоро откако е тргната и се разболува да, фати и бактерија и вируси и воспаление на уше ама пу пу пу делумно лесно ги проаѓа само 2 пати по една недела паузиравме со градинка. Инаку за носето мојава матична ми вика дека тоа ќе е константно растечено во првата година, само редовно чистење и тоа е. Особено што вадат заби и тоа многу влијае на мрсулите (бар кај мојава)
И мене Март 2025та ми се чини ко вчера да беше. Уште некој синдром сега за истражување и паничење. Веќе имам термин за Јули, после точно една година, лани ми рече кај и да е ќе добиеш, еве уште чекам. Никогаш во живот не сум сакала да добијам колку сега. Дур сум тука да прашам и да не случајно некоја има искуство со болка во рамена? Која особено е интензивна ноќе? И се движи од рамото до лактот во линија. Прво беше едната рака па се сомневав на тетивата, сега се двете. Ако не ме фркне срце до терминот за доктор пошто левата рака повеќе ме боли, веројатно ќе е некој нерв.
Јас, рамења, врат, едно време дланката ми отрпнуваше и ме болеше посебно навечер, на ортопед ми кажаа карпал тунел, ми боцнаа кортико, дланката се среди, рамења и врат уште болат. Треба да одам на физикална, ама немам кога
Искрено, во моментов тие 2 часа сама ми се многу важни за менталното здравје. Не го доживувам фризерот или ноктите како луксуз, туку како малку време за себе за да се почувствувам подобро и да се вратам дома порелаксирана. И на кафе си одам со другарки, бебе останува кај татко и. Заедно кога излегуваме доаѓа со нас секаде. Ако треба да одиме некаде навечер, ја успиваме и излегуваме баба и останува кај нејзе, ама она секако си спие. И си вежбам, знам и во теретана да отидам а да остане кај татко и, затоа што апсолутно имам право и еднакво татко и има должност да ја чува.
Дајте ми идеја за ситно поклонче за деца 13 месеци , со што им е интересно да играат тој период , за девојче е
Да имав на кого да го оставам ич немаше да ми биде незгодно Ама немам... Буквално немам Од двете страни родителите ни се во други градови, другарките се или иселени по други држави или многу далеку во Скопје скрос на друга страна т.с. некој се и по селата преселени Татково по цели денови на работа од една на друга бебето го гледа евентуално пола саат насабајле Така да ако имаш на кого дефинитивно да го оставиш и те како е потребно и тој дел од животот да го негуваме
2 пати ми се случи првиот исцица бебе втор пред некој ден. И мраз помогна ,значи откако ќе цица ставаш мраз и на следно цицање го снема чувството а кај мене имаше и топче и него го снема. Те сакам за другарка ко ќе почнам вака да забегувам да ми шлапнеш една .