Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.901
    Допаѓања:
    20.113
    може , еве сега здрмав џин тоник мм беше дома заспиваше деца... на фризер пред една недела бев 5 саата се шатирав. За вакви совети прва сум.
    На големиот син (5г има) му викам ајде пеј му, збори му не е само мое бебево на сите е. И му пее што ќе прај :D:lol:
     
    На bookslover, Baby warrior, merriel0 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Женски
    По 10тина минути и повеќе, чекаме лифт по моловиве. Со количка. Внатре се почесто здрави, прави, млади мажи и жени, зафаќаат лифтови, да дремеме ние мајките.
    Па не прават место иако лифтот би не собрал.
    Ужас.
    Извинете, ретко пишувам но морав да се пожалам, ова не е од еднаш.
     
    На sarki, LadyD, 1001Ana1001 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    19.719
    Пол:
    Женски
    јас многу се плашам од лифтови и затоа не идам сама со бебе во мол ама кога идеме со мм го приметив тоа дека многу луѓе користат лифт во мол и не ми беше јасно зошто :D
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно. Ете некои може имаат свои причини, ама повеќето се си мислам од пуста мрза.
     
    На MeowMeow и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. Anastasia579

    Anastasia579 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Некултура кај нас!
    Вчера едниот зафатен од 6 млади тинејџерки!!! И око не им трепнува, ниту да се поместат, ниту да отстапат!
    Невоспитани деца!
    И да беа само такви ќе речев тоа е, не чини младинава. Ама има и колку нас и постари што се на нога фала богу и упорно чекаат лифт! Срамота!
     
    На 1001Ana1001, MeowMeow, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.076
    Пол:
    Женски
    Исто е сегде. Еве и во Германија исто е. И јас многу се нервирам. Лифтовите се големи 20 души собира и ќе се напикаат здрави прави. Ние со колички и инвалидите чекаме. Иронијата да е поголема, скалите се ескалатор скали. Значи нема скали (освен од паркинг до приземје што е ништо) другото се е на движење кај што пак не мора да движат нозе, сами скали ќе ги качат/симнат кај сакаат. Ама не.
    Во прв момент кога оставаме количка веќе лифт не користиме, или кога сме биле со кенгур никогаш не сме чекале лифт. Не знам ниту како им се стои и чека лифт и по 20-30 минути некогаш, само да не тргнат 5 метри пеш.
     
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.901
    Допаѓања:
    20.113
    Мене ми се испикаа маж,жена со две големи деца ..11год и 7г личеа. Им викам ќе се заглавиме..они не издржувал. И лифтов во сити мол чудно задрма ме фати паника и им викам не требаше си бебе да ми се испикате ( бевме јас, бебе со количка,дете 5г и мм)... на тоа жешко ако се заглавевме ќе се угушевме и така се спарни тие лифтови. Идиоти. Ама и мм е крив ко мутав ќути на вакви работи само јас се расправам.
    Ова е општа култура ама тука сме неписмени
    А и колку смрдат одвратни се лифтовите, сега сум била и толку више со бебе по лифтови во молови
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579 и Joanna28 им се допаѓа ова.
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    5.137
    Пол:
    Женски
    Мајка со бебе скоро никогаш и никаде нема предност, за жал (ова од мое лично искуство).
    Ниту во бременоста сум имала предност, со чест на исклучоци.
    Себичност на сите страни. Па кога ќе видам млади жени, девојки кои глава не вртат кога одат, не те ни погледнуваат, наводно ништо не ги интересира, абе ми се гади. Какви луѓе станавме, страшно!
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579, Moon lovers и 5 други им се допаѓа ова.
  9. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    212
    Само да се надоврзам дека мајка со бебе или мало дете никогаш и нигде нема предност во оваа државичка, а на пешачки може и да те прегазат, ако не внимаваш. Господ нека ни е на помош...
     
    На Anastasia579, Joanna28, Mimmi39 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не вреди.. пробав се карав ама џабе кога цел народ ни е таков и сега ги одбегнувам скроз лифтовите. Дека имам летна количка го земам малото во раце со другата ја собирам количката и се качувам на ескалатор. Во дајмонд и city mall го користам лифтот во h&m таман е голем и ретко некој го користи :)
     
    На Anastasia579, Baby warrior, Joanna28 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.252
    Пол:
    Женски
    Имав ситуација каде ние со бебе, и после нас доаѓаат 3-4 девојчиња. Стига лифтот и внатре еден човек и сега тргаме да влеземе пошто нели има место. Иии девојчињава се испотепаа да влезат се испобуткаа.. Гревови
    Реков само каква некултура и тие почнаа да се смеат:x Културата од дома доаѓа.
    Другарка ја збуткале пред некој ден во автобус со голем стомак, никој жив не и станал иако е очигледно бремена.
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579, bookslover и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.318
    Пол:
    Женски
    На темава, што би рекле прогресивците: Кој ве тераше деца да раѓате, ваш проблем си е. :devil:Шала на страна, мене па многу коли ми застануваат на пешачки со количката, дури изненадена сум. И на каса дури еднаш ме пуштија преку ред со бебе. Кога бев трудна исто продавачка ме викна на каса прва. Ама дека бев со другарка, она кога тргна со мене се побунија, па морав да дремам нејзе да ја чекам..
     
    На Anastasia579, Mimmi39 и Nala1806 им се допаѓа ова.
  13. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    5.137
    Пол:
    Женски
    Да, тој лифт и јас го користам. :D:DМора да се снаоѓаме.
     
    На Anastasia579 и Niliya07 им се допаѓа ова.
  14. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Женски
    На пешачки па тие возачи што не ми застанале, обично биле жени...
     
    На MiLady, Nala1806, poker_face и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    212
    Аууу значи истото ми се случува (facepalm)
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    И кога бев бремена, мажи ми отстапувале место за седење, ме пуштале прва во ред и слично, жени послабо..
     
    На Anastasia579 и Joanna28 им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Другарки, јас да почастам торта, ќерка ми наполни годинка :*: година полна со се и сешто :l: најмногу љубов!
    IMG_3187.jpeg
    На темава за колички /лифтови ја па имам жалба за паркинг места :whew: во сити мол има 15 места за инвалиди а за луѓе со бебиња ни едно! Или јас не го гледам. Зарем толку не им текнува до влезовите да стават означени паркинзи за нас…. Додека стави дете во седиште извадиш склопиш количка па кеси што си пазарел па бебе се расплакало :whew: да не зборам што претходно вртиш да најдеш место место да се изначени културно и веднаш да се упатиш кон нив /моево дете е неподносливо во седиште а се спуштиме во мол дека затемнето плус уште толку почнува да плаче :whew: а ја вртам за паркинг :drunk:

    Зборот ми беше за роденденов :rock: колку се радуваше на се и сешто :rofl: ми го наполни срцево …. На балони, на подароци, на се! Секој ден станува се поинтересна и цело девојченце :*: многу брзо помина годинава ….
     
    На Kitanova77, fragaria, EarthFire и 29 други им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    8.315
    Среќен роденден генерацијо .
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Јас сум приметила дека на каса повеќе ме пуштаат а и на пешачки (особено на пешачки) најчесто мажи ми застануваат, жени речиси никогаш. Скоро имав една ситуација и од тогаш реков камен ќе носам во џеб или железни парички па ќе им ги акнам на шофершајбна. Тргам на пешачки на првата лента ми застанува кола и на втората иде уште една кола жена нормално и прво намалува брзина, јас веќе ја одминувам првата лента влегувам накај втората и госпоѓава одеднаш дава гас и продолжува. Ако не застанев јас со количката ќе не изгазеше. Плус што го извади од памет бебево.
    Има исклучоци, на пример на каса жена ми ги вадеше продуктите од количка зашто не можев да се наведнам ради бебето во кенгур, или ако ми падне нешто ми го подавале. Ама во просек повеќето се без осет, и млади и стари, нема разлика.
     
    На st-el, lady1987, Nala1806 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Инаку дојдов да си поплачам. Знам дека добар дел од вас веќе сте го поминале ова и сега сигурно си мислите дека правам драми а којзнае уште што ме чека, ама овој четвртиот скок не унишни буквално. Потешко ми е отколку кога се роди…
    Еден ден е како што треба, наредните два душата ни ја вади и така цел месец. Ноќеска око немам склопено, ај што се буди на секој саат, па не можам ни да го смирам со ништо, ни нишкање ни цуцла ништо не го смирува, само да цица, ама не може телово да постигне толку млеко да направи од што цица на секој саат и се нервира уште толку ако нема, ме клоца со нозе, со рацете мава кај ќе стигне, не можам ни да го додржам, а уште помалку сака да го оставам - сирената одма се пушта. Пробав со вреќичка внатре рацете да му ги ставам - какви драми беа тоа. Дневните дремки мислам дека на бинго сум добила ако го оставам сам да ги спие а да не го држам во раце. Уште неколку денови има додека да излезе од скоков и знам дека е тежок период и за бебе и дека му треба близина ама душата ми ја извади птсд имам веќе. Се осеќам како вечно да трае.
     
    На EarthFire, Cherry333 и SanelaS им се допаѓа ова.