1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден! Најсреќна да е! :l:
    Иначе има такви паркинг места во сити мол обележани се... Ама колку важат правила кај нас тоа е друга тема...
    Јас паркирам кај влезот на Рамстор секогаш има место одма до влез и со количка од таа страна влегувам. :)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам дали има некоја мајка како мене, што не сака да оди по гости бебе(кај одредени ликови)? И што не сака други да и го бацуваат бебето? Значи имам луѓе блиски со расипани заби (значи трчи трчи заб... ) Луѓе што не мијат раце, луѓе што често се со херпеси. Постојано со некој вирус...И да не селектирам ти смееш ти не, за да нема навреда, ставив забрана нема бацување бебе за СИТЕ. Па х особи се навредија и не прават ни муабет со мене. Не разбирам која е потребата да бацуваш бебе во лице или во рака(пика раце во уста)?
    А и многу сака да чепка по лице, истражува и пика раце у уста на тој што го држи....(facepalm)
    Толку многу ми смета тоа што кога треба да дојдат или да одиме кај нив осеќам таков притисок без везе. Не можам раат да си седам. Сме се карале за темава со нив како тоа не било нормално. Сите деца така растеле. Ок, таа мајка што дозволувала некои работи за нејзиното бебе е НЕЈЗИН проблем. Ова сега е мое дете и јас одредувам правила. Си имала шанса мајка да кажеш, ти или си преќутела или ок ти било. Мене НЕ ми е, и јасно кажувам и тоа некои ги навредило...
    Исто им смета зошто сакам сама да се грижам за домот и детето. Ми требало одмор. Да сум го оставала кај нив на некој саат за јас да шетам или да средувам дома...Ок сум. Напорно е да, ама уживам во времето поминато со него. Не го чекав толку години за да го оставам за јас да шетам сама. Каде јас, таму и бебе.:$
    Себично од мене, ама толку години плачев буквално за дете, па сега ми нема логика да го оставам кај некој...било тоа мајка ми или свекрва ми.
    Ми смета и кога ќе отидам кај некој на гости со него и ќе го однесе во друга соба... Ваааај? Зошто побогу?
    И уште ова се нервирам зошто мојот збор не се почитува ако нешто кажам не може, и не може КРАЈ, а не јас кога не гледам го бацила во лице... Ужас. Е па се буни не сум и го давала да го држи, нормално дека нема кога јас едно зборувам ти си тераш по свое...
    @Amelia. Нешто слично :f:
    Извинете, ама многу ми е терет ова. Морав некаде да пишам ;(
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.376
    Пол:
    Женски
    Мајка, твое дете, твои правила. Кој сака нека се лути.

    И најздрави заби на свет да има, не е океј да бацува бебе, јас не сфаќам како тоа не им е јасно. Си прочитала за мојата дешавка, јас не им давам на двете да ми фаќаат во уста, не па друг.

    Инаку не знам, за границите не отстапувај по ниедна цена. Јас се вадам од такт кога ќе ми кажат порано вака, порано така. Да, порано, пред 30години.
    Тие совети таму и треба да си останат, затоа што на толку нови препораки од педијатри и останати доктори мене ми е надвор од здрав памет да следам нивни совети.

    Ми пречат и мене повеќе работи што си ги набројала и самата и не ме интересираат нивни мислења во врска со тоа. Јас не планирам да раѓам уште сто деца па ајде сега, така ќе ми е лабаво сѐ околу овие две. Правам како што осеќам, без отстапки ради нивни мислења. Ако не почитуваат, нема да ги гледаат ама стварно го мислам ова.
    И се случи, со свекрва ми на неколку пати се расправав баш ради тоа непочитување на мој збор и ги немаше видено децата подолг период. Истото би било и со мајка ми, да не испадне дека ги делам.

    Во врска со чувањето, осум месеци се моите, не се оставени на чување со никој до сега и така и ќе биде додека не се чувствувам сигурна да ги оставам со друг. Јас отворено имам кажано и на моите и на неговите дека немам доверба во никој од нив и додека тоа не се смени нема да ги чуваат. Они не прават ништо за да ми сменат мислење така да после "плачење" зашто не сум ги оставала кај мене не проаѓа. Баш ради такви сто киксови немам доверба, а и не сакам ако ги оставам да прават нешто за кое имам кажано дека е стопроцентно не.

    Еве, пример, цуцли немаат цуцано ни минутка, се гадеа и двете, не форсирав, дури среќна бев што не прифатија. И свекрва ми секој ама буквално СЕКОЈ ден ми викаше да ја брцнам во мед и дека одма ќе ја фателе иако јас не ни пробував, не им ни нудев. Не дека имав во план ама пример, како да и ги оставев тогаш и да бидам сигурна дека нема да проба тоа да го направи на целото напнување?
    Или еве, пример сега, цело време збори како јаделе кашички без сол, тоа сигурно било бљантаво иако и кажав дека сол не планирам до годинка и дека тргнува од себе и затоа збори така, јас не јадам сол и мене ми се океј кашичките. Како да знам дека нема да стави сол чим упорно тоа го збори и се чуди?
    Да напоменам, нит им дава нит им готви она кашички, нит ги чува или чувала некогаш до сега. Али ете, од некоја причина осеќа потреба да го тупи тоа и ова ќе биде така додека не и спукам ден ден.

    За одење во друга соба и мене ми смета, не ни гледам поента ама едно од бебињата така се уплака еднаш кога свекор ми ја сврте само од дневна накај кујна што веќе на него не му текнало да направи такво нешто, а ако друг ги носи одма сечам "не ја носи, ќе плаче".
    Нема мил тон, нема ништо од тоа, им кажувам кратко и јасно.

    Ни јас не се осеќам уморна од нив, баш напротив, уживам во секој момент поминат заедно, не ми се терет децата, баш пишував и вчера, не ми фали ништо од претходно. Дури многу брзо ми поминува времето некако, сакам сѐ да си памтам од овој период. Чудни ми се муабети ќе "тргнат во градинка, ќе се раатисаш", ејј пази, ќе се раатисаш од сопствените деца (facepalm) мене ми е смрт тоа тргнување во градинка и уште сега го мислам.

    Уживај мајка, нема тука што ти да се извинуваш, гушкај си бебе и максимално користи си го овој период со него :inlove: сѐ ова ќе ни фали еден ден.
     
    Последна измена: 13 јуни 2026 во 15:21
    На Joanna28 и Baby warrior им се допаѓа ова.