Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Ние релативно лесно го поминавме 4тиот, имаше неколку заебани денови (јас плачев еднаш од умор ), ама беа неколку дена. Греота да се пожалам.
    Е сеа, главната дневна дремка ми ја расипува, дал од скок, дал од жешко, дал што и сменив соба за дремката, не знам, ама се навикнав да спие 3 саати попладне а сеа се бориме да презаспие, ми се буди, ама не е доспана, и тоа трае и трае, ама решив да оставам...колку повеќе се стресирам, толку не бива.
     
    На poker_face и Anie93 им се допаѓа ова.
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Јас да се апдејтирам, ме нема некое време си дојдовме Македонија, шубо било на одмор :)
    Го однесовме бебушот на терме базени во Берлин и на крај одлучив да го брцнамм во базен, уживаше луѓе, водата пречиста и еден куп помали бебиња од него уште неопулени во очите ги капела.
    Го капев и кај големите базени, можи повеќе од половина час да можеше ќе заспиеше во вода :)
    Одма после излегување туш и спиеше ноќта прв пат без да се разбуди :)

    Еве некое време почнавме да врзуваме сон освен вчера исклучок, еднаш до два пати макс се будиме ноќта сега.

    Така да тие мајки што се двоумат за базен ако е водата чиста и проверена слободнооо
     
    На fragaria, Anie93, jagoda777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Мојава спие на 4-5 пати по 20 мин, една дремка и е во раце а останатите стрикно во количка :) пак ќе кажам цела среќа што сум во куќа и што можам да ја возам во двор иначе полудев
    Навечер се буди на секои 45-60 мин , цуцла не сака сите можни ги пробав и на крај кренав раце, нека ме цуца мене :) жива ненаспана и уморна сум ама истовремено и толку ми е убаво што е постојано насмеана, среќна, секој ден е се поразлична и поразлична
     
    На fragaria, Anastasia579, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Колку одамна немам споделено ништо овде, денес осетив потреба да си ги пишам мислите. Можеби некое време имам потреба, ама сега имам и момент.
    Мама на две деца сум од пред месец дена. Уште не ми се верува дека трудна останав, дека вака-така износив уште една бременост, фала богу (како за атеист често велам фала богу), дека бидна и втор царски, дека еве закрепнувам од него. Последните 10-11 месеци не ми се веруваат. Снуп Дог ќе го цитирам, I wanna thank me што преживеав бременост со тодлер, дефинитивно е потешко од новороденче со тодлер (барем за сега).
    Небо и земја прва и втора бременост, исто небо и земја и постпородилен период. Ги гледам стапалцата на бебето, ги допирам и си мислам "господи, ама се меки, нови, нечепнати." Толку многу им се чудам, што сфатив дека со првото дете не сум доволно уживала во стапалцата, оти бев преокупирана со дали напредува добро, дали диши, дали цица, свекрвата лошо го држи, дали да дадам АД, мајка ми неповикана ми соли памет и тн и тн. Ми лизнале стапалцата на син ми, се изгубиле од меморијата...
    Баш поради тоа сега се трудам да го впијам секој детал и момент со него и неа. Уште да можев некако мирисот на бебе да го зачувам во некој сад и да го отворам на 80 години. Bitter sweet е што знам дека ова ми беше последна бременост, последни почувствувани kicks, последен пат да имам дома новороденче, последен пат на породилно, а со тоа и 24/7 време поминато со нив...
    Се' е што се случи изминативе 9 месеци, се' беше за последен пат.

    Измешани чувства еден куп, ама ајде ќе ги обвинам хормоните.
     
    На Kjara2025, Annora, fragaria и 43 други им се допаѓа ова.
  5. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    676
    Пол:
    Женски
    Кај нас се деси на неколку пати буквално луѓе што прв пат го гледаат, а и не ни се ни блиски, да го бацат бебе на образ. Колку за пример, едните беа свекор и свекрва на прва братучетка на мм, луѓе што прв пат ги гледав, и не верувам дека пак ќе ги видам во животов. И не ни стигнав да изреагирам навреме да кажам еј без бацување, дел од секундата беше, што се вика не ни помислив, не очекував. Подадов рака се поздравував со други, се вртам позади кај бебе, гледам го бацува бабата (дедото не го ни видов, после ми кажаа). И тоа преблиску до устата :punch: Отидов одма го измив, ама се изнервирав премногу. И уште после дома ме 'тешеа' на мм неговите и моите, од што му било мило, затоа го бациле. Ај добро... :)
     
    На fragaria и jagoda777 им се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Да е живо и здраво :l: уживај во секој момент …. Пребрзо поминува
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.075
    Пол:
    Женски
    Среќни родендени и нови бебиња. :sun:

    Иначе сите бацуваат од милост кој бацува од немилост? :wasntme: Разбирам само новороденче првите месеци од животот и особено ако е родено есен/зима во сезона на вируси. После тоа, кога на дневна база го лиже даљинското 17 пати на ден, а сите знаеме дека даљинското ги има истите бактерии како и вц шољата што поише да се каже. Мајка и свекрва особено имаат чест да ми ги гњават децава и да ги опсипуваат од љубов, имале заби или не. Едно од најголемите просветлувања откако станав мајка и љубовта која ја чувствувам према децата е колку всушност мајка ми ме сака мене! Колку свекрва ми го сака маж ми!

    Затоа што мајчинството со бебе е сведено на преживување, долги неспани ноќи, безброј грижи во денот, механичко функционирање од умор и голема доза кафе. Затоа сега се многу поопуштени со внуците и дозволувам да ги разгалуваат. Дали секогаш ми се допаѓа се што прават? Не, ама не им ја одземам љубовта што ја добиваат моите деца. Затоа што децата секогаш уживаат во сечие внимание без разлика дали нас ни се допаѓа тоа или не. Веројатно никогаш нема да се сложиме околу некои работи со неа, ама сега кога сум и самата мајка сфаќам колку е голема љубовта на мајка ми према мене. :l:
    Си ги гушкаме децата со другарките и братучетките ниедна не замера. Ги гушкам оти ми се мили и ги сакам. И тие моите.
    Ми сметало кога некој ќе ги излепи со пудра и кармин, ама па затоа има сапун и вода. Ми сметало и кога ќе им дадат пари директно во раче, ама ќе извадам марамица и ќе избришам без да се потресам. Има многу пострашни работи од тоа. Викендов син ми ја акна главата од радијатот и заврши на итна или ќерка ми кога си ја распука усната кога падна откако се пентареше на количката за кукли. Мое дете мои правила е некогаш толку сувишно. Да, секој има право да ги креира правилата за своите деца, ама некогаш толку се опседнуваме со самите нас и токму со тие правила несвесно одземаме од децата.
    Бирајте си ги грижите… и битките. Не сите се исто релевантни.
     
    На Mimmi39, Cvetce_, Anie93 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    И кај нас имаше добри денови, ама имаше и страшни епизоди на неспиење. Еве на пример завчера како друго бебе да беше, си заспа на време си стана на време, синоќа пак хаос, заспа во 7 и до сабајле до 5 на секој саат се будеше. Среќа што е наизменично па денот кога ќе спие успевам да соберам сила за следниот кога знам дека ќе биде хаос. Има ноќи и јас знам да си поплачам од што не знам што веќе да му правам ама тоа е.
    Инаку дека сами го чуваме, отприлика на 3-4 недели одиме кај дедо и баба сега викендот бевме, ги немаше видено помалку од месец, неќеше за жива глава кај нив да оди, како првпат да ги гледа. Не знам дали и тоа му е од скокот или сега почна повеќе да разбира ама му требаше еден ден да се стабилизира и да не плаче кога ќе го земат.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај бацување еве јас се сеќавам кога бев мала дека ако некој ме бацеше на лице одма се бришев што се вели лицето го вцрвенував од триење :rofl: (дека со баба растена таа никогаш не ме бацуваше на лице секогаш пример на глава или на рака ќе ме бацеше, не знам можеби поради тоа така сум правела)...
    А и сега малава ако некој сака да ја баци самата се крија не дозволува одма почнува со пиштење хаха
     
    На fragaria, Eho, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    2.473
    Пол:
    Женски
    Исто, многу сум гадлива по природа уште од дете и лигави ми се такви работи.
    И те како има луѓе што бацуваат и оставаат плунка, среќни сте ако ги немате во опкружување ама мене ми е одвратно после кога ќе видам мокро, па уште мириса :puke: на себе не сакам, не па на бебе, било кое, не само кај моите.

    Никој не рече дека не е од милост ама стварно не гледам поента бебе да се шлапа, без разлика на возраста. Наведов и погоре причини иако нема потреба да се бара причини, ако не сакаат мајката и таткото, тоа е, се почитува и не се разубедуваме околу тоа.
    Додека пак ете, за гушкање нема проблем. Ми смета само доколку личноста е фул намирисана со парфем, инаку никогаш немам речено нешто за гушкање на никој.

    Многу ме интересира која мајка свесно остава дете да лиже даљинско? :D
    Моите си имаат посебна игрална, со нивни играчки и даљинското никогаш не се нашло таму па да го лижат.
    Се тегнат по него кога ќе го видат, им нарачав од Тему играчки даљинско и ќе си ги "јадат" нив.

    За останато, не чувствувам дека било што им одземам или кратам и не е баш дека уживаат во сечие внимание, да, во повеќето одат без проблем, си седат и си играат уживајќи ама од свекор ми и тетка на мм едново од бебињата плачеше само што ќе и прозборат, не па да ја земат.

    Јас немам проблем со разгалување од страна на баби и дедовци ама пишав и погоре, константно напнување за цуце во мед за да ја прифатат иако јас не настојувам е далеку од тоа и ако сум кажала три пати со убаво, четвртиот нема да биде така.

    Инаку никој не ја оспорува љубовта ама искрено, таа е малку подлабока тема.
    Сметам дека ние сега сме каде каде посвесни родители од нив тогаш. И имам кажано многу пат, пак ќе повторам, не ги осудувам, толку им бил пристапот до информации и слушале постари, постарите им ги исчувале децата и сега таа празнина сакаат да ја надополнат со внуците. Тоа го гледам и кај свекрва ми и кај други и мене лично ми смета, затоа што мене ми се први деца и сакам сама да си ги доживувам нивните први моменти. Еве, најобичен пример, за голема молитва кога требаше, свекрва ми запна да оди со нас, иако сакавме сами со маж ми и децата, на крај сами и отидовме ама знаеш кој беа нејзините причини за да дојде?
    "Може да дојдам и јас со вас, свекрва ми одела до мене за секое дете", на кое ние јасно кажуваме не, она упорно повторува дека свекрва и идела со неа, кога виде дека таа причина "не упали", вика "па да дојдам, да ве сликам пред црква" (facepalm)

    Не знам, муабетот требаше да заврши уште по првото наше не, мене ме замара самото објаснување, губење време ми е едноставно кога на крај пак ќе направиме како што сме решиле јас и маж ми.
    На страна тоа што она во ниеден момент не кажа дека сака да дојде од мерак, туку ете, дека порано така иделе и на крај што ми е смешно, да не слика. Не сликаше попот, не останавме без слика ама ете, колку и да пробувам да бирам битки кога ќе дојдат вакви моменти мене ми е полесно да ги пресечам и да поставам мои правила и граници за да си скратам на главоболки понатака :D
     
    На fragaria, Eho, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  11. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Буквално исто размислуваме(и јас нарачав далинско од тему хахах),само како што сфатив ти имаш поддршка од сопругот ЈАС немам, он е со тие сфаќања од времето. Како растел он итн...Јас сум растена сосема поинаку. И моите родители се многу поразлични од неговите. За жал ради нив сега и моите трпат. Нека горам во Пеколот:devil: не ја :l:жената ич зошто е мнооооогу напорна, кавгаџика е, ама дека му е мајка на мм толерирам некои работи. Сепак е мајка.
    Она уште живее во тоа време дека снаата е потчинета пред свекорот и свекрвата, и мажот и дека треба нозете да им ги бацувам кога ќе дојдат, дека треба да шетам по комшии со неа, дека треба повеќе нив да ги гледам отколку родителите зошто сум женско и сум си отишла од татковата куќа и некои такви СЕЛСКИ размислувања што мене од такт ме вадат. И тоа прво бањање на бебе, бабата да го бањала... Зошто? Фала Богу и со раната од царски успевав и да го избањам и пресоблечам и нацицам и сл.... и не се каам што сум и го скратила тоа на свекрва ми, зошто јас уживав и за мене нема реприза.
    Секој нека прави како мисли дека е правилно. Не се сите свекрви и мајки исти карактер па да мора сите исто да правиме. Верувајте има луѓе и без осет и намерно прават закачки само они да се центар пажња.
     
    На fragaria, Eho, Amellie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.075
    Пол:
    Женски
    @Amelia. Не мораш да гледаш поента, колку што е тоа твое право да не гледаш поента, истовремено тоа не значи дека само твоето е валидно. :) Јас добивам напади на шлапање. Кога ќе ги “нападнам” моите не можам да престанам. И сите што ми се драги. И сите се кикотат и уживаат. :)

    Даљинското е само еден пример де. Имај си ти и 5 игрални, сите ние сме имале, само колку повеќе мобилни стануваат децата, толку повеќе се секаде освен таму кај што си замислила ти дека треба. И тоа е во ред. Тоа е природа, да истражат, да видат, да допрат, осетат и да тестираат. Сите овде со поголеми деца ќе ти потврдат дека играчка даљинско не е ниту блиску интересно како вистинското. Ма ич не е интересно, не само што нема да го допрат нема ни да го погледнат. Истото и со тоалетната хартија, каблите, рамките, телефоните енцетра енцетра. :) И не, никој не им ги дава тие работи намерно. :)

    Утре ќе проодат па пооди седни собери камче во уста. Ќе седнеш во кафиќ/ресторан ќе ги ставиш во хранилка кај што милион други деца седеле пред вас. И милион други примери. :)
    Од илузиите што сите сме ги гаеле со прво дете до реалноста, тенка е линијата. :D

    Види, факт е дека има секакви свекрви, а и мајки впрочем. Некои апсолутно не заслужуваат никаво внимание и почит оти прават работи зад грб. Збориме за другите.
    Треба и да сме реални и да престанеме да ги демонизираме свекрвите затоа што се со различни мислења од нашите.

    Апсолутно ништо страшно нема во ова. Ова е мерак. Пробала да те убеди дека така треба, ама меракот е очигледен. :)

    И свекрва ми беше цел ден со мене на прв пораѓај. Мислев дека само ќе не однесе, не дека ќе остане со нас. Од првата провокација во 7 сабајле па се додека се породив во 8 навечер. Дали на моменти ме нервираше што е таму? Да. Ама не мислам дека ми “украла” ништо од првите моменти, таму беа и милион сестри и доктори и чистачки, свекрва ми беше најмал проблем. Јас и маж ми тогаш, станавме едно секако. Се претопивме, пораснавме во наше семејство и тој момент не обликуваше во она што сме денеска со или без свекрва ми. Ние станавме најсреќни родители тоа никој не може да ни го одземе, а свекрва ми имаше шанса да ја подржи ќерка ми кратко уште првиот саат кога се роди, да се потсети кога го држела син и и беше најсреќна баба на свет, особено после толку посакувано прво девојче во семејството. Тој момент таа ќе го памти вечно. Сега ми е криво што не ја зедов и мајка ми. :)

    Кога ќерка ми имаше неколку месеци, свекрва ми намина и ми остави пижами ми купила. Помислила на мене и ми купила пижами. Превртев очи. Како можела да ми донесе пижами со такви ситни копчиња напред што ако бебето потегне и стави во уста? :D Тие пижами ги носам и ден денеска и ми се омилени и сите копчиња сеуште се на број трето дете подоцна. :) И ден денеска е убедена дека ќерка ми е слаба оти сите витамини и оделе во косата. :D Дека има долга коса. Ич не и замерам, се додека не земе сама да ја шиша тогаш ќе повлечам линија, ама знам дека тоа нема да се деси па нека си збори до утре ако сака што и како требало. Ми збореше и за молитва, ниедно дете не однесов, си коментираат сите за крштевка уште ниедно не ми е крстено. Се додека некој не преземе акција без мое одобрување, излишно е да очекувам да сменат мислење на 60/70+ години.
    Ако така лесно се повлекуваат линии за сенешто тоа се многу непотребни линии кои само се збиваат и на крај неосновано ќе испукаат и ќе се расипат контакти за ништо.

    Точно дека ние ги донесовме нашите деца на свет, ама тие се голема радост и за нашите родители. Никој не е совршен, ниту тие ниту ние, ама свекрва ми е мајка на маж ми, човекот кој го сакам најмногу на светов мојата прва љубов, со кој делам постела, со кој имаме деца и да не била таа, немаше да биде ниту тој. Можеби утре ден нема ни да правиме муабет со неа, ама вечно ќе им бидам благодарна за него. Оти без него, немаше да го имам ова што го имам сега.
    Не е ништо толку длабоко и толку комплицирано колку што нашето цепидлачење може да го направи такво.

    Најдобронамерен совет. Подобро да играат со даљинското дома и да се во контакт со познати, домашни бактерии со кои ќе се во контакт вака или така, отколку со токсични играчки од Тему.
     
    На Puffy2019, Cvetce_, Vegegirl и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Јас кренав раце од тоа што ќе лижат децава :D После сите дезинфекции, стерилизации кога ќе ги видев дека лижат железа на лулашки, играчки во игротека, дури средново има џвакано пикавец на плажа среќа на време го приметив, си играле во песок и бутале раце во уста и уште милион други примери, едноставно не скокам како порано да им грабам ствари од раце. Некогаш дури и калкулирам што може да излижат само за на раат кафето да го испијам.
    Имаат и игрална и посебна соба со секакви играчки и секако дека се друго е поинтересно од собата. Многу често се прашувам дали има други деца како моите, невозможни се.
    Сум била можеби иста како вас, сега посакувам баби и дедовци околу нив, нека ги шлапаат колку сакаат само да ги тргнат бар еден саат во денот здив да земам. Колку сум среќна што сеуште ни се пикаат во кревет и тоа им е safe place, толку и коса ми се крева што не можам на раат да се измочам без некое да ми плаче на врата како да сум ги напуштила.
     
    На Dreamer, Peperutce6, fragaria и 4 други им се допаѓа ова.
  14. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Прашање до поискусните мајки, кога почнаа вашите бебиња/дечиња да спијат сами во своја соба?
     
  15. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    И се е ова убаво напишано, ама те читам зборат за крштевка, зборат за молитва, зборат за косата...итн... Како можеш да живееш така, :lol:тоа за мене е притисок ако некој постојано ми кажува што да правам за детето без разлика дали е мајка или свекрва, и безразлика дали ќе послушам или не, секој ден да слушам безвезе муабети. Јас така не сакам ниту морам. Затоа и реков секој нека прави како сака, различни карактери сме и ние и свекрви и јатрви и золви небитно кој е.
    Камо мм да викаше така еее среќа бабава ја родила жена ми па имам се што имаме сега ... :rofl:
    Него вика да не беше ти, или јас ќе беше некој/а друг/а(facepalm) Немаат сите хепи лајф.:f: тоа е
    Кај нас е и друг проблем се се мери на кантар мајка ти била толку време со внукот, мајка ми толку. Сабајле си била со него кај мајка ти, после оди кај мајка ми или коментар од свекрва ми; мајка ми го држела она не, и такви глупости (Не дека ме праша или ме тагна мене ама јас си кажав хахаха)
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Не сум екстремно "заштитнични" поставена, но си се посмеав за далинското. До пред еден месец се чудев како на дете омилена играчка му било далинско, демек нормално ако му дадеш, ќе му биде, моево нема ни допрено далинско, ни па знае за него. Епа месец подоцна, тој е пресреќен кога ќе го фати далинското, стега на дугмињата и се врти према ТВ дали има сменато, иако само 5% го користиме тв пред него. И така си викам, не треба да се чудам и "судам":D
     
    На Cvetce_, Anastasia579, fragaria и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Зависи од детето колку е самостојно, приврзано за родителите, дали е прво/второ дете во семејството. Првото го префрлив на две години во детска, второто на година, третото планирам сега на 20 месеци иако беше спремно поодамна.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден :sun::sun::sun:
    Жива и здрава и голема да расте :l::l::l:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Да Бог да ги фати мајкинска клетва овие со моториве по булевари у лето кога мораш да седиш со отворени прозори...., пу.
     
    На merriel0, Mrs.Cuper, fragaria и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    2.473
    Пол:
    Женски
    Напади за шлапање имам и јас, само кон децата и маж ми. Еве, најмногу на свет ги сакам и децата на кои што сум им кума и ги гмечам од гушкање и гњавење ама никогаш ги немам бацнато во уста, лице или дланки/стапала кога беа бебиња, како што не сакам ни моите некој друг така да ги шлапа, тука ми е границата. Не значи дека само моето е валидно, таман работа сите да сме до исто мислење за сѐ, сакам само да се почитува и не ми е јасно што е толку тешко тоа.

    Мене ми е и повеќе од јасно дека ќе им биде омилено ама баш сѐ што не треба, со деца работев и точно знам што сакаат, даљинското го посочив за пример баш дека во претходното мислење имаше пишано за исто ниво на бактерии како и тоалет школка. Да не ги цитирам сега и останатите што коментираа за истото.

    Исто така, не демонизирам никого затоа што има различно мислење од моето и далеку од тоа дека јас очекувам они сега да сменат. Тука спаѓаат и мајка ми и прабабите од двете страни, да не биде дека само свекрва ми е проблем.
    Јас не ни барам од нив допрва да сменат мислење, само сакам да го почитуваат моето без понатамошно да трошиме енергија и време да се убедуваме.
    Затоа што да ми кажат еднаш, ајде сметам за совет иако непобаран.
    Ама истото да се збори константно, веќе го сфаќам како напнување, обид за разубедување што кај мене нема да се случи во никој случај, не само за децава, општо, ако еднаш одговорот ми е не и стои пати да е поставено прашањето, одговорот ќе биде ист.

    Не е работата дека ќе "украла" момент, еве за бањањето пишував и претходно дека збореа да ги викнеме, пак исто, дека порано сите ги бањале децата заедно.
    Нема врска, сами сакавме, ни беше мерак едноставно без публика, така и направивме и си снимавме видеа од првото бањање. Кога им го покажавме, пак имаше споредби, ние вака правевме, ние вака ве бањавме. И искрено, во тој момент сфатив дека не згрешивме што не викнавме никој, не дека можат да го украдат моментот, повеќе е за расипување со тотално непотребни коментари.

    Убаво имаш напишано се погоре, вака кога читам стварно е преубаво ама сфаќам дека се работи за различни карактери. Посебно во делот каде што пишуваш "нека коментираат, сѐ додека не превземаат нешто без мое одобрување". Ама јас баш ради тоа немам и доверба во никој од нив да им ги оставам децата на чување, еве го кажав случајот со цуцлите, солта и уште милион такви примери имам. Ми кажува за бебе на некои нивни роднини, дека бабата го чувала и дека давала бисквити, јас и кажувам дека не планирам благо до годинка и од неа добивам "ее, свекрва ми колку пати скришно им давала на моите". И како да бидам сигурна дека нема да им даде пример ако ги оставам? Налет ако треба да чекам да направи па да реагирам, тогаш бетер би било.

    Не се добива целосна слика за ништо вака напишано, а јас опишувам малку пожустро и кој знае како личи дека ги чувам децава вака читајќи.
    Ти благодарам за советот ама не се толку изолирани од луѓе како што претпоставувам се добива впечаток од мислењата и не им се играчките токсични, тие уствари беа и први нарачани од таму.
     
    Последна измена: 15 јуни 2026
    На fragaria, MeowMeow, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.