Одамна не сум пишела во темава ама сега некако имам емоции што ми тежат, може ми дојде инспирација од Дејзи. Утре си одам дома со втора бебка и душава ме боли овие пет дена што сум без малиот, на камера не сакаше да ми зборува, само за бебето ќе прашаше и толку. Душата ми се искина си плачам секој ден, се надевам дома ќе е друга приказна од утре. На бебе не му се искачаше па испадна стресен царски пораѓај во 42 недела што некако не го очекував, болки страшни, хормоните партал не знам дали влагам у постпородилна или ќе ми се средат емоциите. Мајка ми пет дена не ми се јавила да ме слушне/види како сум, само ќе ми пише како сум како е бебе и толку ама не можам да сфатам како може да не ми се јави да ме слушне да ми даде поддршка како мајка. Од друга страна свекрва ми е тука за помош на почеток, дома го светнала станот, им готви на мм и син ми, се грижи за него сто пати ми се јавија ми пишаа. Мм денеска не стигна да дојде на посета што од обврски што од малиот да го прошета и занимава, а баш ми требаше денес рамо за исплачување. Си реков ај да не сум себична секако утре си одам и малиот е побитен сега. Од друга страна бебе е толку мило, нежно и меко, сум заборавила како е да гушкаш дел од тебе што мириса на памук. Скроз се различни со бато и едвај чекам да видам во какво човече ќе израсне. Постов каша попара ама морав да се искажам негде.
Премногу се пронајдов во твоето мислење Впрочем, честопати низ месециве сфаќам дека како поминува времето сама себе си се побивам со некои ставови. Еве, на пример, доколку во свеж постпартум ги прочитав последниве мислења на @Yowannty искрено, на повеќето работи само ќе превртев со очите. Не знам дали сум се променила или можеби и хормоните си го направиле своето ама сега точно и ја сфаќам поентата и се согласувам. И ако вака некои гледишта сум ги сменила по само 10 месеци мајчинство, можам само да си претпоставам колку некои работи ќе ги гледам поразлично после неколку години. Зборот ми беше, се трудам да си дозволам себе си да ги менувам ставовите и однесувањето околу родителството без да си поставувам строги граници и себе си и на другите. @poker_face само да те поздравам за поддршка. И кај моето четвртиот скок беше хаотичен, ама после него генерално спиењето значително се подобри. Тоа што јас го правев тогаш е, си ја прифатив судбината дека само со цицање заспива, си го земав да спие на спална со мене и за времетраењето на скокот не ни пробував да го презаспивам на други начини. Преку ден гледав колку толку да одморам, мм повеќе да ме замени и преживеавме некако. После тој скок, другите ми се како смешка. @Baby warrior @Merten среќни родендени, живи и здрави да се, цел живот да ве радуваат Мноогу уживам во спремањето на роденденот на синко, ептен со мерак си организирам се, дури престанаа да ме нервираат коментарите на мм дека претерувам со некои работи Истовремено, не ми се верува кога толку брзо летна времето, кога ми порасна, како да не го доуживав доволно овој период и уште сега ми фали.
Честитки мама! Уште едно ново бебенце во маало да е живо и здраво ќе биде се ок, хормоните се до плафон по пороѓај со тек на време се си легнува на место уживај во секој момент, сигурна сум дека те чека мноооогу гушкање и љубов дома
Слична приказна и кај мене, додека бев во болница со второто бебче ми рекоа дека не се дозволени посети за деца, само во прелазот што ги поврзува родилките со неонатологија ( Систина) и дека ако ме види малиот и после да замине, а јас да останам ќе му биде трауматично, па си седеше дома, се слушавме на Вибер, на камера, но кога дојдов ми беше лут што сум го оставила толку сам, а претходно воопшто не беше сам без мене. Се лутеше малку додека не ме виде дека ми е тешко, па почна да ми се смирува, а мене па на почетокот ме погодуваше многу што не можам повеќе внимание да му дадам како порано, но пркна малку бебе и сега можам повеќе да му се посветам на големото. Гледав да украдам моменти за нас двајца, кога ќе дојде од градинка да го изнагушкам, ако му кажам нешто на бебето, да му кажам и на него, да го пофалам и тоа навистина имаше ефект. Што се однесува до заштитнички однос кон децата го имам и засега барем немам намера да попуштам, дури и уште посигурна сум мислам за разлика со првото, бидејќи тогаш ми беше се ново и бев поуплашена, сега имам барем малку повеќе искуство. Ко што вика @Amelia. проблем е кога не се почитува она што јас и маж ми сме одредиле за наше дете,не може пример мајка ми што е постара да ми рече "како вие ќе кажете за детето така и ќе биде, вие повеќе знаете", додека свекрвата, што е помлада, пет пати не праша дали му даваме животинско царство на малиот кога имаше околу година дена и на крај и се обиде скришно да му даде благо кога ние уште не му дававме. Некои се лутат ако нешто не му дозволувам на моето дете или ако го отстранам од одредена ситуација, можеби тоа го сметаат како критика на нивниот начин на воспитување, но никогаш за туѓо дете не сум рекла како треба да прават, а за мене па си земале за слобода да ми кажуваат што треба и не треба. Совет немам проблем да прифатам или да слушнам туѓо мислење, се додека не е наметнато.
Ми текна поврзано со муабетот за Ксенија што го носи бебето по настани. А што е со мајките што ги носат бебињата на маратон? Галама, сонце и тоа не е природна средина па сите викаат браво
@jagoda777 Според твоиве редови, ти си имаш многу поголем проблем од само коментарите на свекрвата за што си и свесна. Во некои поинакви околности, верувај немало да ти биде гајле за нејзините коментари. Ама секако, не дозволувај да ти влијае негативно. Сепак пробај да најдеш начин како да игнорираш и не земај ништо здраво за готово оти само ти се нервираш на крај. @Amelia. Апсолутно нема целосна слика. Си дискутираме за она што ни е достапно. Плус, пишаниот збор секогаш звучи многу погрубо и честопати дрско, без да е и намерата таква. Па лесно се доаѓа до недоразбирање. Јас те разбирам што кажуваш, само додавам и поинаква перспектива, оти и две и три па и повеќе работи во исто време може да се сосем легитимни. Сите ние поаѓаме од нашите лични субјективни околности кои се различни за секого. И на крајот, колку и да се трудиме, факт е само дека утре и нашите деца ќе ни го прават истиот муабет на нас, дека сме растеле во друго време и ништо не знаеме и немаме појма како се растат деца во нивно време.
Додека сум уште овде. Јас сум исклучиво против и под ниедни околности не оправдувам носење деца по политички настани, митинзи, паради, шаради. Сметам дека не е местото на деца на геј парада на пример иако и тоа повеќето го доживуваат со аплауз. Никој никогаш не рече супер, носете си деца на работа. Туку ако некогаш излезе ситуација да мораш и работата дозволува сосем ок. 5 настани во годината на Ксенија не е никаков хорор. Мене ми е супер смешно толку лесно расфрлање со епитети не била грижлива за секоја што направила поинаку од нас. Ете ние и го сакаме и се грижиме за нејзиното дете повеќе од неа. Можеш да си дома 24/7 со детето и пак да не си добра мајка. На детето му треба љубов, внимание, потребите да му се сретнати, да расте во топол и среќен дом со емотивно регулирани родители. Дали ќе го земат на настан, во теретана ил на свадба 5 пати годишно не е проблем. Проблем настанува кога мислат дека сите нешто сакаат да им се докажуваат. Никој не трга од тоа си го сака детето, сака да и е блиску, сака да биде со него секаде. Приликата овозможува. Толку. А можеби и има кому да го остави, можеби може и нема проблем да е на страна од детето некој саат, можеби постои оној момент на - видете ме чудете се! Дали тоа ја прави неподобна мајка? Апсолутно не. Сум против правење контент од сопствените деца, ама живееме во дигитална доба и мислам дека тоа е практично невозможно. Па во тој случај, сум за тоа парите да одат на сметка на децата и родителите да немаат пристап до нив. Иначе, има една Кристиана, има 6 деца, првите 2 од различни мажи, 4 од ист со кој е моментално, веројатно повеќето сте ја сретнале на мреживе. Има камери низ цела куќа и практично контентот и се децата. Некогаш имам чувство ко шоу од типот Големиот Брат да се. Пред некој ден најавија 7мо бебе. И прва мисла ми беше дека ќе раѓа 7мо само ради контент. Ми идеше шамар да си врзам. Плитко размилување. Очигледно финансиски фантастично стојат, очигледно се супер родители и двајцата се со поделени обврски околу домот и децата, па што да не. Јас не би го избрала тоа за себе никогаш. Ама тоа не ме прави ниту подобра и погрижлива од неа. Па секој со своето.
Хаха леле за Кристијана јас малце се погубив знам додека бев бремена она 5тито бебе го роди и пратев што се дешава —- ми текнува дека имаше мн грчеви па имаше контент околу справување со колики бејби и демек учев е после де породив и ја и не знам што се дешавало и пред некој ден ми искача дека има пак мало бебе викам сигурно некој стар рил —- ама нееее она додека ја сум го гледала ова моево едно родила шесто е сеа за 7мово капа и симнувам абе колку сака финансии нека има, душа кај наоѓа
Фалаа пребрзо летна, цело време си викав уживај во моментиве и пак не е доволно И мене ми беше позабавно спремањето за роденден, него за свадбата Мајки, какво базенче да земам за бебе, кое е попрактично? Гледам некои примамливи со кров или да си земам обично
Јас земав на интекс од џамбо мн е убаво имаше и розе и сини. Ужива на плажа во него сега моментално на тераса се шлапа преку ден, за 10тина дена пак ќе го носиме на плажа
Многу сум разочарана од себеси. Не ни помислував дека мајчинството ќе ме направи кревка, слаба, мислев дека ќе бидам силна и одлучна зашто како поинаку ќе бидам потпора и најбезбедно место за ќерка ми? 11 месеци. 11 месеци како минимум еднаш во денот помислувам како сум најлошата мајка што постои на светов. И се прашувам дали и како јас ваква каква што станав ќе успеам да бидам пример за нејзе? Се срамам да признаам дека мајчинството понекогаш (често во последно) ми паѓа тешко. Се срамам да признаам дека понекогаш ми е олеснителна околност што оди во градинка. А колку само златно и совршено бебе е... Не заслужува вака да се чувствувам. Се срамам да кажам дека сеуште залчиња дома и немам дадено да јаде од страв да не се задави. Дека можеби со тоа ја уназадувам од врсниците. Дека во денови како денешниов е на купени кашички зашто сум немала енергија и сила да и зготвам домашен оброк. Се срамам да кажам дека и покрај тоа што бев против, и пуштам тв некоја минутка колку да земам здив или да си направам кафе. Дека не чистам секој ден. Дека не пеглам алишта. Дека некогаш си легнувам со истите алишта што сум се влечела по дома зашто немам сила да си облечам пижами. Дека кујната е поголем дел од времето во хаос отколку средена. Дека не готвам секогаш ручек. Каков пример за мајка сум јас. Успивањето деновиве е малце пореметено, па така и ноќва кога ја успивав, плачеше. И јас повишив тон. Да спие. Повишив тон на БЕБЕ ОД 11 МЕСЕЦИ. ЗА ДА СПИЕ. Како да ќе ме разбере. Единствено што ќе разбере е дека има мајка со слабо трпение. Им се восхитувам на мајки со повеќе дечиња, што дома им е средено, што се самите тие средени (има денови кога ни косата не си ја чешлам) што паралелно тераат успешна кариера. Јас...и ова едно што го имам мислам дека ќе го унаказам. На работа ми е тешко. Веќе немам фокус како претходно. Се чуствувам глупаво и заостанато во однос на колегите. Немаме помош, сами сме тука со маж ми и обврските се колку толку поделени. Мојот товар е повеќе ментален отколку физички. Немам помош од бабадедо за чување, но не ни барам, едноставно само сакам да ги исклучам мисливе барем на кратко. Да си речам себеси дека сум добра мајка, дека ќерка ми е здрава, нахранета, облечена, сакана и дека се ќе биде океј, иако моментално не е и јас се гушам во солзи, евентуално пак некогаш - се ќе биде океј. Ви посакувам мирна и тивка ноќ
@Esperanza Искрено додека читав не видов лоша мајка. Видов уморна мајка која си поставува нереални стандарди. Социјалните мрежи и те како не убедуваат дека добрата совршена мајка е секогаш средена, станот среден , ручекот домашен, бебето јаде домашно, нема тв, цртани...и никогаш не губи трпение... Во реалноста повеќето мајки живеат многу поблиску до тоа што го опиша ти отколку до тоа што го гледаме на инстаграм. Купена кашичка не те прави лоша мајка.(Барем јаде органска храна колку толку контролирана за рљзлика од храната на пазар или во маркет) Градинка не те прави лоша мајка... Нечешлана коса(да ме видиш) непеглани алишта и хаос во кујната не те прават лоша мајка. Тоа само значи дека си човек. НОРМАЛЕН човек. За повишениот тон не се гордее никој, ама искрено не познавам мајка што никогаш во животот не изгубила трпение, барем тие околу мене. Разликата е што тебе ти е грижа и те боли за тоа ок 11м е бебе, а тоа кажува многу повеќе за тебе отколку самиот момент. Да се трудиме да не се повторува. Најважното од се што изнапиша е дека твјата ќерка е сакана, нахранета, згрижена ( и градинка се важи ) и има мајка што секој ден се труди да биде најдобрата верзија од себе. А тоа е многу повеќе отколку што мислиш во моментов. Биди понежна кон себе. Ќерка ти нема да памти дали кујната била средена. Ќе памти дека имала мајка што ја сакала. Не сме совршени, ама за децата сме Уморна мајка
Зошто, ама зошто си поставувате толку нереални очекувања? Кој каде рекол дека мора да се чисти секој ден? Дека морало да се пегла? Бебето ќе порасне и ќе каже Еј абе мајка ми не ја чистеше кујната секој ден, срам да и е? Нит чистам секој ден, нит готвам. Пегла немам фатено едно добри 5 години. Играчките со нога ги поместувам да не се сопнам. Ќерка ми вчера у Бургер кинг јадеше. Успивањето е пореметено од раѓање, па знаеме и саглам да се испокараме пред спиење. Не само да подвикнам, туку ептен да се закараме. Здрава е, нахранета е, облечена е, и најбитно сакана е. Олабави се малку И да, лошите мајки не се преиспитуваат у секој чекор шо го прават. Не им е гајле.
Итно да најдеш кој да го почува бебето и со маж ти да одите на пијачка офма се разубавува перспективата верувај ми. Опушти се, на никој од нас не ни е ни исчистено ни испеглано во секое време. Давај и љубов расти ја како што ти сметаш дека треба да ја обликуваш и тоа е убавината во секој нов ден немој да си тажна, за нејзе си целиот свет. Мојата е годинка, вчера ја оставив попладнето да ја почува мајка ми 2саати многу ретко се случува ова - откако е родена 5-6пати дали, кога дојдов ми се фрли да ме гушка и не прекина да вика МАМА МАМА МАМАМА можда 5-6минути. Има ли поубаво од тоа - ич не ми беше гајле дека во садопер имав неизмиени чинии
Мене веќе 10 год домот ми е несреден, па се решив да родам и трето за уште толку да не ми е средено Не дека се гордеам секогаш што е така, ама децата ми се најбитни и уживам во хаосот. Ако на некој му смета, нека повели нека помогне да подсреди. Исто сме и ние сами, и работиме двајцата. Јас работам од дома, демек можност во слободно време да средам повеќе. Аха, важи! Самото тоа што се преиспитуваш и обвинуваш себеси, веќе те прави совршена мајка. И во право си, менталниот товар е многу голем и страшен, ама со тек на време ќе навикнеш да го менаџираш. Ќе почне бебе кај и да е да зборува и да ти изразува љубов, тогаш ништо друго нема да ти е битно
И јас имав еден период кога бев хронично ненаспана, па и викав за да спие. Плачев секој ден дека сум и викала ама уморот го прави своето, и ден денес ми е криво, она нема да се сеќава ама јас да.. Имаме нереални стандарди наметнати од социјалните мрежи и тоа не убива дополнително. За други не можам да тврдам ама еве јас ќе си кажам за мене да те утешам. За викенд мојава најчесто јаде купечка каша за ручек зашто изводи и дома не ми јаде готвено, само во градинка. Правам ручек, не јаде, го фрлам. Збесната сум. Ама гладна нема да ја оставам па и давам од купечката, битно ми е да ми е најадена. Навечер кога ќе заспие, стикери шутирам под гарнитура од што не можам да ги гледам веќе, низ цел стан се ама да земам да се наведнувам да соберам 50 стикерчиња не планирам на крај на ден. Правосмукалка и џогер немам фатено, тоа маж ми кога е втора смена. Јас само кујна пребришувам кога ептен морам Ручек, што беше тоа? Порано готвеле, било поисплатливо, штеделе.. па сега мене повеќе ќе ме кошта да одам да земам свежо месо, да го приготвам дома, маринирај печи пржи па додаток па гарнир, отколку готово. Еве вчера маж ми зема печена кокошка од кам, за 300 денари се прејадовме и остана и за денес ама ич не се замарам дали има ручек, значи буквално само гледам да се одржи ете некоја хигиена, чисти пешкири, вц, постелнина. Се друго е ако можам, и кога можам. Нека биде хаос дома, битно сакајте се и гушкајте се..
И мене ме тепаат истиве мисли скоро од збор до збор со тоа што не оди во градинка и преку еден ден успевам да зготвам за бебе а за нас поретко Исто немаме помош Плус цело време развод ми се мота во мислите оти сум разочарана од партнерот оти сме сто години заедно а од ко се породив тотално различно однесување од она што било и што очекував Многу љубов за бебе премалку љубов меѓу нас што уште потешко ми паѓа Тргнав сите мисли на страна си реков на себе дека воопшто не мора НЕ МОРА ништо да е како што очекував само да е живо здраво бебе најадено макар и со купечки, наспиено чисто и безбедно да го гушкам колку можам и да си играм со него А сѐ друго може да почека и партнерската врска и генералки по дома и косата моја итн Како што пишале погоре Да е доволно чисто Да има безбедна храна ( за жал купечките може се побезбедни со оглед на тоа што не знаеме никој како расте храната што ја купуваме) И колку може да дремиш, спиеш кога бебе спие оти тоа хроничен замор и те како не прави чувствителни на буквално се Ти праќам и нема потреба од срам кон себеси Сите се преиспитуваме и мислиме дека не сме доволно ова или она и тоа очигледно не прави мајки оти се грижиме максимално за тоа мало човече
Частиме Малец полни 1 г ,10 пати проверив дата од сабајле Па сака да стои ќенка ако седи ,плаче ако лежи и ме бутка да седне сама да застане не знае па влече за блуза тој што е до неа да ја исправи Јас го обожавам а колку само не сакав да забременам,колку само се плашев како ќе биде. Како ќе се навикнат Сега не се даваат големото одма кај е бебе ,малото едно станување накај неа се врти ја бара а кога спијат заедно па оо душа полна 1 во ,лоша мајка е таа во Тетово шо го тепала 3 г дете на улица па уште кога се собрале минувачи да го бранат го ОСТАВИЛА таму и заминала. Лоша е таа не знам кај беше 3 м бебе што го удирала од асвалт. Лоша е онаа што го оставила на клупа. Овие се дешавки во последните 3 дена. Ти си мајка која е свесна дека не е ок да вика на 11 м ,мајка која се обидува да биде совршена ама морам да ти скршам филм и да ти кажам совршенство во родителство не постои. Во ниеден сегмент на животот не постои ама во родителство па ич. И хаос е и кај мене дома нон стоп. Пеглав до вчера од утре веќе нема осван тоа што се гужва баш. Хаосот во кујна и плакар е постојан,може да е средено 30 мин максимум и тоа е дел од животот. Треба да се прифати со мали деца нема цакум пакум дневна па ни кујна. Јас вака сум потиштена кога се враќам од кај кумата ама кај Елена Џебр сретнав едно видео ,вика секогаш пред да се споредиш со некој провери дали поаѓате од исто место ,дали сте во исти околности. И најчесто не сме. Тури сеа еден од нас и гушни го бебето ,навистина се поминува пребрзооо И фала до сите лани што ме бодреа и го очекуваа мојот пораѓај
Сите сме го поминале и го проаѓаме ова..едно само да знаеш, добра мајка е таа која се преиспитува самата и се критикува. Зошто онаа што мисли дека е безгрешна... Ќе помине се, има и потешки и полесни денови и фази да сме живи и здрави само