Кога се преселивме во станов како мрдната секој ден чисти, гланцај, па црна чешма и лабаво да не нема капка вода кога ќе дојде некој да види дека се одржува да дојдеш да ти покажам станов што е. Битно јас со бебе си играм ѕе, се тркаламе заедно на подлога, она се смее, мене душата ми е полна. Цело време врти машината за алишта не се замарам ги ставам во корпа и ги пеглам кога ќе можам. Има една разлика а тоа е што имам златна мајка која е 70+ и уште ме жали како да сум бебе па иде и ми пегла понекогаш. Дефинитивно да имаш кој да ти помогне е многу важно. Ама и да немаш гледај дете да е среќно. Има време ќе се пегла, ќе се чисти. Мојата е уште мала ама веќе пробува храна, има денови кога ме мрзи и е само на млекце. Не чувствувам грижа на совест мешето и е полно. Кога ќе почне со оброк силно верувам дека ќе јаде и купечки. Порано се било стокмено ама живееле на куп, една жена ќе чува дете, друга ќе чисти и прави ручек. Денес се е сменето и не гледам ништо лошо во ручек од кафана едвај чекам да рече мм не прави денес ручек ќе се частиме.
Леле кога ќе ми текнеееее лани тебе те враќаа 15пати од гак нели??? Хаххаха а ти сакаше више да се породиш нешто така беше ми текнува Среќен роденден на малечката и да ве радува многу многуууу
@Esperanza сите имаме денови, недели, месеци кога ни доаѓаат вакви мисли. Најчесто кога се натрупале обврски, кога бебе не спие убаво и кога сме едноставно преморени. Ни треба време за себе, време со партнерот, време кое е налик на стариот живот пред бебе и се тоа е нормално. Особено кога сме без помош (и јас и мм сме така) сосема нормално е да се осеќаш изморено. Но од каде си ги зацртала овие работи на дневен ред,најискрено не знам од каде ти се сите овие очекувања за себе. Да се срамам дека ми е олеснително бидејќи оди во градинка? Што има срамно тука? Кога да и обратам внимание ако не оди во градинка? Секако дека е олеснително, некој друг ми ги мисли оброците, ја пресоблекува, ја занимава додека јас работам. Си ја зимам весела, најадена, изиграна, а јас носам плус плата дома за да можам да ја прошетам на патување, да и купам екстра алишта, играчки, пелени, итн итн. Ручек да готвам? За што постои волт хаха? Искрено само еднаш за викенд готвам ручек (и тоа секој пат истиот ручек го правам) а другиот ден одиме негде или на гости или во кафана. Ниту имам време, ниту желба за повеќе. Ниту мм се замара, напротив. Работиме двајцата од дома па пак нарачуваме ручек. Бебе среќа оди во градинка па таму си ги јаде сите оброци освен вечера и нели за викенд. Срам ако јаде купечки кашички? Од кого? Од некои баби/тетки/стрини што готвеле дур некој друг им ги чувал децата? Не знам зашто би било трагично ако бебе јаде некогаш купечки каши, особено во денешно време кога се е прскано и голем дел од времето е побезбедно да се даде купечко со декларација. Чистење секој ден? Што се прља толку? Ок јас усисавам секој ден дека сум со куче кое се митари но освен тоа зашто би чистела секој ден? Освен усисавање, гледам еднаш неделно вц да исчистам и кујна да пребришам секој ден кога редам садови од што едноставно се нервирам да ми е ушљакана. Останатото баш ме брига. Тераси и прозори брише само жена кога ќе ми дојде, јас не памтам последно кога сум ги фатила од што едноставно немам време. Треба да си одземам од сонот или од одморот за да го правам тоа и не планирам да е така и ич не ми е срам. Пеглање алишта? Хаха.. Заборавив како се користи пеглата од што ја немав пуштено од којзнае кога. Пеглам само навистина гужвани работи за излагање (фустани, кошули, поло маици и слично), останатото фрлам во сушара и не се замарам. За бебе исто немам ништо посебно испеглано освен 2-3 фустанчиња што ми било срам да и ги облечам од што ептен биле гужвани. Место да уживаш во мајчинството ти си ја тупиш главата со некои зацртани обврски кои верувам никој не ги очекува од тебе туку сама си ги налагаш. Оди земи шетај бебе, носи надвор, уживајте, домот нема да ти избега но времето со бебе лета брзо.
Како да ме опиша делумно и мене! На почетокот кога имаше малиот месец, два плачев - плачев што не можам да постигнам се! Ме седна сопругот и ми рече - за десет години дома ќе ти е се на место, ама децата не, кој ќе е со другари, кој на школо, кампови, летување... и нема кој да ти валка по дома... Од тогаш полека полека, си дојдов на себе и искрено гледам да уживам со децата, да гушкам бебе, да се мазам со поголемата.. Така да мајка ова што го опиша е една нормална мајка во денешно време! Уживај со бебе, а и уживај во времето за себе макар и на неколку минути кога ќе го имаш
Даа таа сум заради тоа што бебе сакаше да си седи во меше на крај зимав неплатен и пак пред 1 г ја пуштив во градинка ,ја памтам @LiquidLuna дека ќе частеше мекици веројатно не те помешав и се нудеше да ми донесе се што треба. Фалаа не сите ,да сте здрави и живи
@Baby warrior @Трагедијаупмм Ве паметам и двете од лани од труднички и се сеќавам и двете кога пишавте дека се породивте. Колку далечен ми изгледаше тогаш мојот термин за пораѓај, а сега па си викам леле колку брзо ќе дојде и нашиот роденден, времево лета. И испаѓа е многу релативна работа Среќни да им се родендените на вашите девојчиња, да растат среќни и безгрижни
А инаку сакам да се 'пофалам' дека бебе од пред некој ден почна да вика МАМАМАМА, МАМ МАМ, МАМА МАМАМА. Знам дека е брблање ама мноогу му се радувам
Леле верувај лета... не те памтам во темите како поминувате со се. Ама јас со големата тешко минував и ноќи неспани и плачење од заби ,нервози. Па некако долга ми се гледаше годината,со ова ништо од тоа нема и некако мислам дека трепнав два пати а бебето стана дете Едит: чекај да видиш кога ќе те гушне ама онака само да стисне со рачиња ,што е среќа и радување
Не пишувам толку често веќе тука, бебка 10 месеци скоро, кога летнаа? Ко вчера да беше кога плачев во труднички сите очекуваа дека сум се породила ама јок си траеше тоа неколку дена Многу ме промени мајчинството. Поинаку размислувам за многу работи и станав многу посмирена личност. Ја успивам бебка за прва дремка. Доручекот го изедов на нозе, сендвич набрзинка со намирници први што ги најдов во фриждер. Мм беше на терен две недели, ми вика детево пораснало се сменило скроз. И навистина.. Научи сама да седи, почна активно да се крева, да лази, да имитира. Почна и да ме бацува(ме лиже по образ) Ама тоа ми е најслатко нешто на свет. Ќе и кажам ај баци ја мама и она иде со јазикот на образ Не знаев дека сум способна да сакам некој волку. Пред спиење едвај чекам да дојде утро за да ме шлапка по образи и да ја гњавам. За претходната тема, совршена мајка не верувам дека постои. Сите некогаш губиме самодоверба, мислиме дека не се снаоѓаме добро во улогата, ни доаѓаат различни мисли во главата. Јас некако се што мислев дека нема да правам, се направив. Бебка има лизнато и сладолед, има изедено и песок(викав не ја пуштам ќе ја контролирам). Вчера иако имаше ручек нејзин, плачеше по мојот помфрит. И дадов едно компирче. Тоа ми беше првиот оброк и сакав да го изедам на раат. Кафето знаете како го пијам? Ја ставам да се брчка во када со играчки, седам на капакот од шоља и си пијам кафе. Не дека е на раат ама барем не писка по мене Мм е цело време со неа кога ќе дојде дома, имам време и да исчистам и да прошетаме и да направам ручек. Некогаш само пржам јајце, it's not a big deal. Роденден ми е месецов. Лани памтам дека плачев зашто ја утнав тортата хахахаха, хормоните во вис ми биле. Си ги собрав нозете и плачев ко мало дете ради тортата Синоќа сакав да си купам купаќи. Ништо не си купив. Имам стрии на стомскот кои ми се страшен комплекс. И знаете што му кажав на мм? Да знаев дека ќе ми биде вакво телото немаше толку рано да имам дете. Не го мислам тоа, ќерка ми е најголем поклон од господ во мојот живот, и се осеќав себично зашто помислив така. Вежбам, но пак не е исто. Не знам некогаш дали ќе биде скроз исто. И во колковите сум поширока, време е за бубрегарки купаќи Среќен роденден со задоцнување на сите другарчиња кои славеа деновиве
Какви купаќи ? Фала за честитките ,среќен и на тебе. Колковите и стриите нема мрдање ќе останат ама имаше еден cute цитат кој нема да го кажам точно ама беше нешто као секоја брчка и секоја стрија се потсетник на она низ кое сме поминале а стриите (јас пак на колкови имам на стомак не ) мене ми се нај како да кажам па слатки затоа што означуваат дека имам две сонциња кои секогаш ќе ми го греат срцето. Сабајле оваа мисла ми дојде во 5 ч , Дечиња,нашето срце во друго тело
Високи до бубрег Знам, ама јас имав супер тело порано, а сега ми е уште шок што не можам да се вратам бар приближно ко претходно, дури и после скоро година. Ваљда треба време, дали воошто ќе се вратам е прашањето..
Исто ,исто. Максималната тежина пред деца 50 кг ,стомак речиси рамен. Добро и сеа не сум лоша само се осеќам лабава и стомак шо имам ама имам и дијастаз треба вежби за тоа а јас време и желба за вежби аш
На тема далинско, абе купив играчки пет шо личат на далинско ама не, тој далинското си го сака оригинал и крај, му помина таа фаза не му е интересно веќе еден период само телефонот го гризеше заб кога никнуваше, борби водевме. Околу бацувањето, сверква цела обратна, дури беше новороденче го лигаеше на лице сега по раце го бацва Јас сега немам проблем со тие работи, со се има контакт бебе, и не се потресвам да го бришам на секое, тоа ионака се допира и лази така да нека јача имунитет. Мене допирање по лице не иритира највеќе, зошто побогу штипкаш бебе за лице, знам дека им е од милост оти е буцко ама не сакам. Околу свекрва се уште има работи кои ми сметаат, дојдовме Македонија на одмор и седиме кај неговите, жената сака цели време да е таа во центарот, пегла алишта ( ми по..ба пак нови бодиња со пеглата ) вчера зедов да го капам синко, абе кога се затрча луѓе од кујната ќе се отепаше, ја остави манџата ќе му изгореше, разбирам да помогни кога не е маж ми тука ама тука беше, и викам остави ќе го крени тој коритото, не не јас сакам ... Го капам, таа од страна потурва, пушта раце, го трие абе ми идеше во корито да ја пикнам. Која е потребата бе цело време да се плеткаш, и мајка ми е свекрва и таа знае да е досадна со некои муабети ама никогаш не се плеткала. За пример, прееска и се јавив да го одмрзне месото за бебе, рече еве сега бегам дома ќе го одмрзнам, се враќаме дома ни месо ни бутур, дури по два часа си дојде, и се јавила ќерка и и си заминала кај неа, чекај ти месо, ниту се јави да кажи, манџата ја ставив да се вари, и кажав да ја стави во фрижидер откако ќе е готова, ни тоа не го направи, ќе скиснеше на жешкото, а за други работи знае да скока, си поќутив ама од денес се сама, ниту барам повеќе нешто ниту ќе дозволам да се сплетка. Идам некни дома бебе трие очи време за спиење, му вика ела баба да те подржи, ќе спие реков сега после ќе се држите и си заминав во спална, можеби грубо звучев пет пати се подумав после тоа ама се стори. Иди дома стрико и намерно пред мажот ми му вика аааа бебето спие го побарав да се поддржиме ми рекоја ќе спие, мажот ми па рецка не мана за среќа. Многу сум среќна што сме со километри далеку, да бевме тука ни брак ќе се водеше ни ништо, едноставно жената не можи да се помири дека синот сега има семејство и друга жена се грижи за него.
@Baby warrior фала ти Мал апдејт. Трет ден дома и бато е океј со бебево, не го интересира многу, само чат пат ќе го чепне ќе го погали. Со мене е друга приказна, не сака ништо со мене да прави, кога ме гледа како го држам бебе дур цица е лут и не ми прави муабет, кога му зборувам и го прашувам нешто не секогаш ми одговара или ми вика не сакам да зборувам... и сето тоа ми паѓа премноооогу тешко. До вчера се успивавме и спиевме заедно, се правевме заедно, сега спие со татко му само, цело време него го бара, а јас тоа тешко го поднесувам. Денес украдов саат време со него за до парк ама после пак почна да вика сакам кај тато да одам. Некоја мама некој совет и со утеха дека ова поминува и ќе ни се врати конекцијата или да се помирам дека одсега па натаму ќе трпи нашиот однос, што до вчера беше на цело време кажување дека ме сака, гушкање, играње итн... Од друга страна бебево е љубов најголема. Пред да се породам си мислев како ќе сакам друго дете освен син ми, ама сега сум многу посвесна и се ми е познато па уживам во бебешките работи. Дури и свекрва ми ми рече дека мн сум поразлична со бебево отколку со првото. Ама кнедлата во грло ми стои за големиов....
Ми се насолзија очите читајќи... Јас имам 6 год синче и бебе од 8 месеци. На почеток големиот беше поголем плачко од бебе, ме влечеше за рака и ми викаше да го оставам бебето и да си играм со него. Многу емотивно дете е и многу ме растажуваше. Не покажа љубомора на типичен начин, туку постојано се пикаше и се врткаше околу мене да се гушкаме. Кога бев преуморна се лутеше и бегаше кај баба му. Исто заедно спиевме во детска па откако го пратив со татко му, рече дека е тажен и дека сака со мене. Неколку вечери легнував со него додека заспие па го оставав сам до наутро, ама знаеше сред ноќ да стане и да дојде во дневна до мене да спие. Стуткани на кауч покрај бебешкото креветче. Жива ненаспана сум, не користев породилно, на работа одма се вратив, нема спиење со бебе, а па плус и на цела неудобност големиот до мене... долго време сум на раб на разумот, само едвај чекам да помине и да потпорасне бебево...
Таа ако нема едно минимум 3 дадилки дома, 2 чистачки, градинар и уште што не… можам да се кладам. Само нормално ќе ја искривува сликата за реалноста на инста и тик ток зошто и носи милионски прегледи.
Би ти рекла, ако е имаш услови, да не го доиш бебето пред него. Он е мал, не може тоа да го разбере, а го чувствува како предавство, како напуштање. Ако немаш можност, постепено ќе му се приближуваш пак...и се ќе биде добро.