Денеска имавме мал напредок, заедно легнавме и истервме дремка и многу се гушкавме, ми кажа дека е среќен кога сме заедно и дека многу ме сака. Повеќе пати во текот на денот си седеше до мене и се гушкавме и зборувавме. Ми се врати малку срцето на место, ќе си дадам време се надевам ќе си се вратиме скроз во нормала за некое време. Инаку немам простор за да не ме гледа кога цица и да не сум во иста соба он доаѓа кај мене така да мора да ме гледа во тие моменти, ама се надевам ќе се навикне. Фала мајки за поддршката
Моите 5 г разлика. И јас многу се плашев како ќе биде пошо голамата не даваше ни мм ни мајка ки да ме допрат во нејзина близина пред да се роди бебе. Кога дојдовме дома застана одма до тренспортер да ја гали не бегаше ни од мене ни од бебе ама кога ќе требаше да цица на една страна бебе од друга таа ми се качуваше ,баш и патронажната кога дојде ми вика ај да видам за фатот и ќерка ми исто се качи од другата страна и женава као зошто вака и викам јас па уште се навикнуваме и таа а и јас тогаш разговаравме и објаснувавме дека мора да цица за да јаде и да порасне големо како неа па да си играат итн. Уште неколку дена тоа го зборував па веќе престана да ми се качува така. Исто и беше страв да јас отидам негде сама со бебе па ја носевме на сите прегледи и вакцини... веројатно мислеше ќе не задржат бидејќи прв пат се одделивме ноќе за во болница. Проблем беше и ако заплаче бебе или бегаше кај баба и или плачеше и она па чуди се кого да смириш Повторувај му дека го сакаш ,сега на почеток бебето секако повеќе спие користи го тоа време за него да му посветуваш внимание но и постојано укажувај дека како расте малото така ќе треба на двајцата да обрнуваш внимание секоја фаза објаснувај му ја. Исто помага и кога имаат задачи да ти донесе нешто да ти помогне да бањаш итн. @DarkStormm за тебе
Супер. Гушкај го. Сеа се сетив, спомнав веќе дека е емотивен. Кога бебе беше новороденче секој втор ден одев до аптека, те капки за грчеви, пелени, чуда. И големиот пред врата ме пречекуваше, прашуваше каде бев и што купив. И малку како разочаран кога ќе видеше пелени, глупости. Па почнав да му купувам од тие водите со цуцла од зегин, некои лижавчиња, киндер јајце. Му викав еве бев да купам нешто за тебе и братчето. Јас не доев, па не знам за тоа што совет да ти дадам...
Како ти е со две деца? Се сеќавам на тебе дека ептен беше решена за едно дете и баш се изненадив кога те прочитав дека си се решила за уште едно. Па во муабет да се најдам, да прашам дали ти е толку тешко колку што мислеше порано дека е со две деца.
Добро се сеќаваш. Не сакав. И не се решив. Бев дел од статистиката на birth control failure. Јас сум во тие 1%. Како ми е ? Баш како што мислев, премногу тешко и напорно. Додај на тоа дека не користев породилно туку одма се вратив на работа... додај на тоа тежок пораѓај(втор царски). После породувањето поминав голгота за која никаде не пишував, но ќе речам само дека бев во почеток на сепса, да не се правев сама доктор никој немаше да открие и ќе беше предоцна. И беше предоцна, немаше време за антибиограми, одма најјаките лекови ми ги уклучија. Сега сум целосен burnout, од една страна е греота вака да зборувам, преубаво синче имам, но сум непрепознатлива, остарев 10 години наеднаш, косата буквално преку ноќ ми побеле, здравствено се уништив, се чудам психички кога ќе се мрднам.
Уффф... Можам само да ти пратам и да ти го повторам клишето дека ќе пораснат, ќе помине и ова и не е засекогаш. Ептен ми е жал за тешкиот пораѓај, права траума е тоа.
5 ипол години. Имав и јас фобија. И оправдано било. Не сум јас од најмајките што никад не се жалат и све постигнуваат. Реално кажувам, многу е тешко. Пример пред една недела се разболе големиот, 4 дена не спиев, температура, мачење. Он таман оздраве ете ти го малиот и со него уште 3-4 дена неспиење заради температура. Па инхалации, еве уште трае. Па апетит нема, ослабнато е. Па секирации на дупло.. Арно рекле 1 дете е 1 дете, ама 2 деца се 10 деца.
Да се пријавам како "немајка" која свесно остава бебе да лиже далечинско од ТВ. И не го лиже по цели денови, туку по неколку секунди и го остава, му здосадува. А најнеквалитетна пластика од тему, полна со бои и отрови, ни на крај памет не ми е да му купам.
Јас и подавам рандом предмети само нека седи мирна малце Лажица? Крпа? Крема? Ќе лизне и ќе остави јбг
Јас многу мразам кога пикаат се во уста. Сфаќам дека е дел од равојот, така го осознаваат светот и околината.. ноо... Навиката на некои им останува и како поголеми. Внука ми беше таква. Ден денес патентот си го јаде, се што ќе види нов предмет мора да го "проба". А голема е, второ одделение. Големото мое дете ништо не ставаше во уста, со сила му пикав глодалки. Така стоеја.. а како поголем само што ќе фатеше нешто како некоја нетачна се дерев да не става во уста. Сега малово ништо не разбира и се живо глода, мене блузите ми ги јаде, далечинско, играчки, глода, се удира па плаче... Не сум хипохондрик, ама секогаш си помислувам : Бљак којзнае колку бактерии има на тоа...
А може и да нема толку бактерии колку што си замислуваш . А и да има, нека се "челичи" бебе, здраво право е верувам.
Хахах....исто. Па тоа им се омилените играчки. А кога сме надвор со количка, за да не станува и стои додека го возам, му давам бисквитчиња Лино или смоки Лино, па така си се занимава и седи мирен 20тина минути.
Ти верувам мајка, едвај со едно издржувам. Издржи ги првите години, после верувам ќе вреди се ова кога ќе си се дружат и ќе си се имаат двете братчиња. А дека е тешко...... претешко е.
Јас стварно се откажав и не можам да се преоптеретувам веќе со тоа. Со правосмукалка на пареа минувам два пати во ден, ама верувај дека зима и лиже по плочките. Ќе ја кренам ќе викам не, после 10 минути пак исто. Брцање со прстите по теписонот и што и да најде пика. Не сме сами дома па не може да е никогаш сто посто чисто. Се нервирав на почеток и баш викав нема шанси да дозволам, ама сега стварно не можам да се преоптеретувам и за тоа. Ќе ја тргнам ако ја видам да, ама сфаќам дека едноставно не може да престане преку ноќ.. Туку, сакав да ве прашам тебе и @LadyInPainting, какви реакции имаа луѓето нели ако би кажале дека сакате едно дете и не повеќе? Јас сум доста млада, но некогаш размислувам дека не сакам никогаш второ. Можеби не е убаво вака да мислам, можеби не треба ама такви мисли ми идат. Посебно па кога ме прашуваат кога второ 10м постпартум. Не знам дали би можела пак да поминам низ се, и не знам дали е тоа себично кон ќерка ми ко што ми викаат другите.
Ретко пишувам на форумов немам баш време ни за читање ни за пишување. Сте ја начнале темата која во последно време многу ја размислувам. Мојот син има 8 месеци и во последно размислувам дали воопшто сакам да имам второ дете. Јас и сега со едно не можам ништо да постигнам и постојано сум уморна...
Не се оптеретувам. Реков. Само помислувам. А не можам да го спречам.. решил да лиже ќе лиже. Мене може само косата да ми се крева и толку. Луѓето имаа простачки реакции дека сум себична. Дека било греота на сите услови и можности да не имам уште едно. Дека било греота големиот сам да остане. Дека ќе ми било криво после повеќе години. И веќе не можам ни да се сетам колку мудрувања слушав.
Абе само рано е вели му и ајт чао ,шо се замараш од сеа. 5 г се разлика и се до позитивниот тест така му велев рано е
Не објаснуваш и готово. Јас сум се глупирала што сум кажувала. Насмевни се само и речи : "Ако треба ќе биде". Па на нив ќе им стане незгодно ќе нема да знаат шо значи реченицата, дали пробувате не бива или се ладиш со нив. А тоа и стварно е така, ако треба ќе биде. Јас ич не сакав второ, си сакав едно дете, не само од аспект што е тешко и мачно гледањето деца. Некако отсекогаш се гледав како мајка на едно дете. И кога тргнав по патот на духовноста, дознав за карма и судбина. На семинари, вебинари, обуки се тоа слушав, па викам добро ако треба да отплаќам карма преку деца или ако е едноставно тоа нешто дел од судбината, строго зацртано и непроменливо дали воопшто јас тоа можам да одлучам колку деца ќе имам ? (бидејќи гуруата и предавачи така ги делеа работите, на оние на кои можеме и оние на кои немаме влијание) И така некако се преплашив, како да насетував дека ќе ме снајде нешто, решив со контрацепција јас да контролирам ситуација... Аха. После 2 год користење ете ме бремена, па и не знаев. До кај 8-9 недела поим немав. Затоа што нели нема шанси, 99% ефикасност. Ама секој метод на контрацепција има некој си failure rate од 0.1 до 1-2%.. епа јас во тие бев.