Кај нас е некст левел. Домашните не прашуваат, оставаат на нас да си решиме. Сите останати беа во фазон, ајде второ, што чекате... Кога тоа второто? Измеѓу се спрема, ќе биде, се во свое време итн си вртам одговори. Пред некое време во игротека изгледа муабет имав коментар дека сме изгледале финансиски како да можеме уште едно дете да издржиме и да се исчува. Ок фала на мислење. Па следно како најголема грешка е во животот со едно дете да останеш. Коментар комплетно безвеза. Може ќе го добие некоја мајка која десетици години се мачела за тоа едно. И така, Ок е и едно, и две и повеќе. Гледав во труднички се повеќе мајки со трето бремени, па и четврто. И останува на тоа кој како си решил да му биде најубаво. Нема правило на таа тема.
Не се замарај, јас се откажав. Бришев подлога, не давав далинско, не ова, не она. Ја оставам пред некој ден на подлога да одам до тоалет морав ќе пукев, се враќам што да видам. Она на под се излизгала лиже ли лиже ламинат. Може и тепихот го џвакала, немам поим ,а ме немаше точно неколку секунди, научив во тоалет да одам за секунда две Тоа е. Кога си сам дома не можеш постојано да пратиш што прави.
Не е себично воопшто. И јас не сакам второ. Ќе ме остави мм од страв ни секс ни бутур имаме Кај мене не знам ни дали може да родам пак малата ми е ивф ама што се сум прочитала боље да не ризикувам. Не можам пак трудна, не можам пак пораѓај, пак грчеви и сега овој страв за развојот. Не не. Нека ми е жива и здрава. Нека дава Господ кај што нема.
Ако се разбрани, кажувам финансиски толку можам. Сакам ова да има се, а за да има, не можам да си дозволам второ. Ако веќе се напорни и ми водат есап, наведнувам глава и.. да можев толку лесно, порано ќе го имав и првото. Немам проблем, и жалосно што морам туѓи приказни да ги правам мои, ама стварно без осет ми е тоа, пошо нели, некој ств се мачи за едно, тек па второ.
Никогаш не ми било јасно како луѓето, колку и да те осеќаат близок се дрзнуваат да прашаат вакви прашања или да коментираат. Без разлика дали е за прво, второ, петто дете... Моја и само моја одлука е дали и колку деца ќе имам, и тука не станува збор ни за финансии, ни за услови, туку за лична желба (освен нели, во ретки случаи како кај Дарк) И многу ме нервира што еве, на кажувањето дека и третото бебе што го очекуваме е машко, добивам коментари: Ај, четвртото ќе го погодите да е девојче. Мислам, втф? Факт е дека многу сакав девојче, ама уште откога се решивме за трето, бевме свесни дека шансите се 50:50. И зошто тоа што е машко би значело дека не сме погодиле нешто? Се убацувам јас вака ко џокер во покер, некои ме знаат од порано, повеќето сигурно не, ама уште малце со трето бебе повеќе ќе вртам по темиве
Мене Х особа ми рече дека “жената ја врти куќата”, ако не стигале финансии или јас сум трошела или малку работела. Притоа сама проценила дека било тоа проблем. Ни првото ни второто е точно, ама жената е најкрива.
Моето спие више два месеци , од годинка ја префрлив.Сестрами од 6 месеци ја префрли, сега има 2 ипол внуката. Наутро ја земаме кај нас да се поврти и млеко ако испие , знае да доспие. Сепак тоа е твоја одлука и ти кога мислиш дека си спремна. Више не ми бара млеко навечер и преспива и само наутро кога се буди ја земаме.
Дојдов да се пожалам од СЕБЕСИ. Моите ме однесоа малку на море со бебуш, да излеземе од стан и од жешкиот асфалт; а татица работи. Блазе си ни, бескрајно сум благодарна! Јас сум катастрофа. Ми се поремети редот, не знам да се снајдам. Вчера се замарав дали убаво сум се тушнала на плажа пред да го дојам бебево. Татко ми дојде да ми донесе палачинки во 21ч и тропна на врата, лом го направив. Едвај ја заспивам. Дома сме научени на тишина, мува не се слуша. Овде комшии, дојдени на одмор, у 20ч се прибираат од плажа и е журка, вечера итн; а јас успивам бебе што стана љубопитно на секој шум и дистракција. Ако испозатворам врати, прозори; сауна е, се поти и не може да заспие. Ако отворам, галама е. Ако пуштам клима, се плашам дека се поти многу во главчето. Никако не сум. Моите ме гледаат чудно. Ништо не ми викаат, ме послушуваат, ама ме гледаат ко да не сум со сите. И не сум со сите. Се замарав дали да мачкам бебе под 6м со крема. Па зошто не. Па дали да и облечам долги на плажа. Па жешко да не и е. Леле луѓе, хаос. Ова не е нормално што си го правиме сами на себе.
Ќе се повторам: премногу информации имаме и преголем хаос ни прават во главата. Порано било подобро затоа што чувале деца како знаат и биле растеретени. Јас од читање се мрднав. Еве моментално "истражувам" синкир мислиш не знам што ќе правам, што се треба да носам со мене на море. Па тоа листи, листи, па повеќе ќе ме кошта што се треба да земам за бебе него ли што го плативме аранжманот. Порано било полесно и апсолутно ништо не ни фалело како деца, а со овој притисок на нашите деца ќе им фалат здрави мајки. Сите околку мене што не се замараат со ништо си поминуваат супер. Децата им немаат гајле. Иначе и ние бевме научени во тишина мува да не прелета додека не ми здосади од дома седење. Пукнав дома па дома. Нејќеше детево во количка. Почнавме да излегуваме навечер со количка не галама по улици, не галама во кафич, не светло, ништо не и смета. А дома како ненормални некои пуштен аспиратор, приспивна песна, црна темница и ние не дишеме. Многу погрешно почнавме ама еве полека исправаме. Дете обожава да се шета и сега апсолутно ништо не и смета.
Кога сме кај одмор еве да ви се пофалам настинав на овие жештини и температура кренав и се вративме од пола одмор назат Не знам што да кажам во врска со одморов не би рекла дека ова беше одмор... Детево дома си има ред фатено таму се и се поремети од водата пиштеше па ајде со мене влеговме малку ги брцна ножињата, дома цел ден во песокот да ја оставам нема да стани таму ќе се заигра 20-тина минути и то е то... Сега дали би одела повторно не, нема да одам, има време кога повторно ќе одам барем да направи 3/4 години, можеби повторно би пробале тогаш за на одмор
А зошто не оставиш твојте да го заспијат? Ти отиди во бар кај што има музика и порачај си една грчка салата и узо. Седи си сама малце или со некој на камера збори си... 1час ќе се снајдат со бебето твојте ќе заспие. Ако многу плаче ќе се вратиш одма.. За другово, јас би мачкала 5ипол мес ќе има кога ќе одиме и под чадор се гори не би ризикувала. И денски дури спие ти кафее на плажа...искористи ги твојте макс исцеди ги додека сте таму. Ќе видиш прво ќе ти е шубе, ама ќе се изненадиш колку брзо ќе се опуштиш. Пробај денес и пиши
Еве сега и тебе ќе ти пишам. Кас фатив ковид малиоѕ 3год беше. Мм го чуваше јас имав 39темп. Одеа на плажа сами итн... 2 дена ми беше лошо, одев на плажа се мкнев кога ќе спаднеше темп и пливав, гњурев, 3тиот ден ми беше многу подобро. Како од море што ќе оздравиш дома во асфалт на жешко нема. Сигурно имаш осигурање, се јавуваш одиш на лекар ( јас така напрајв ништо не платив) ме прегледаа, тестираа за ковид бев позитивна и толку беше. Тоа беше само што стигнавме негде 2риот ден. Сега секако не знам како ти било, ама сигурно на море ќе ти прошло. И да си одиш секоја година најубавите спомени ни ср на море сами кога одиме. Скоро па ретко кое сака да се бања бебе мало. Ама тоа е. Одиш рано сабајле 2ч и после може да се делите малце ти на плажа малце маж ти. Ние така правевме до бебето на 9м маж ми одеше пливаше, па јас одев шетав... итн
Целта ми е да те охрабрам. Верувај been there, done that. Само што мојте никој не се сетија да ме викнат е така на плажа, на викенд. Напорно е се губи редот знам, ама обиди се да се опуштиш, да напрајш нешто за себе
Се гледам себе си пред 3 години, секоја промена во ред макар милиметар ме вадеше од такт. Задоцнето млеко, бањање, спиење. Земи воздух и смири се. Уклучи клима на слабо да дува, намести дете каде што нема директно да го дува, за галама пушти бели звуци на youtube, дете мачкај со фактор, ако имаш на долги со заштита облечи му кога сте во вода, надвор седете во сенка, не седете во најжешкото на плажа. Дали си се истуширала добро или не, не се замарај, ништо нема да му биде. Испиј едно пиво и ќе се релаксираш. Извини се на твоите да је те јаде вина и почни да уживаш, и све да ти се поремети ќе се вратите во нормала дома, ништо нема да се деси ако се измести ред.
Јас бев Охрид на неколку дена, Лагадин, топ поминавме иако имаше стресни моменти кога бебе го фаќаше лудило, па сакаше во езеро да се капи се тоа грч ладно, па едвај го тргнав од таму, ги врвка ноџињата, турка ли турка да влези внатре Мене ми беше страв да не лапни камен на плажа па не се задржуваме многу на плажа, само два пати бевме од кои еднаш си преспа и мама уживаше. Морам сопругот да го пофалам, буквално како дадилка да носев со мене, човекот два пати се искапи само набрзинка, ама мама се изнаужива, се изнакапи за две години пауза од плажа Сместени бевме во вила со базен, барче и ресторан па се ни беше на дофат, плус сами скоро да бевме во цела вила оти преку недела отидовме ( намерно да избегнам гужви) маж ми со бебе спиеа во соба јас долу аперол си пиев во базен, абе топ Во базенот не го искапив бебе ама му зедов мало базенче и ми го полнеа со топла вода, уживаше буци, кратко бевме ама доволно да наполнам батерии.