Тука имало родендениии @Baby warrior , @Трагедијаупмм , Да ви се живи и здрави девојките. Да си ги израснете со многу љубов, безброј радости и помалку грижи Првиот роденден се памети најмногу, со најдлабоки чувства и сеќавања. Ме нема мене, ја нема ни @Anaroz1 да шкртне нешто тука долго време. Генерацијо, каде си? Се вративме од одмор, се освежив малку. Склоп на околности, бевме со свекрвата. Леле луѓе да не беше таа не знам како ќе издржевме со две деца. Од секогаш сум сакала на одмор да одам сама со маж ми и дете, ама гледам дека и во ова имало добри страни, секако затоа што сега нема веќе боцки па ми беше и пријатно. Да ми кажеше некој дека вакво чудо ќе се случи немаше да му верувам. Син ми само на песочно тло се пушта да плива, јбг кои му се мајка и татко Малава ја изналижа гумата во која пливкаше, се изнаужива, бебето осети што е сол конечно Нооо затоааа во купачи не сакаше да слушне да цица додека сум. Џабе туш, перење купачи, цицето солено било кога се носат купачи Како се мрштеше и тргаше смешки беше ептен. И онака здравје до наредна година планирам да дојам, ќе си ја искористам финтата за одбивање Добра ноќ другарчиња, одам да мавнам едно узо, да надоместам затоа што во Грција не се сетив
Еве ме Честитки и од мене за родендените @Baby warrior и @Трагедијаупмм, да ви се живи здрави женските, цел живот радост да ви носат ме нема мене затоа што бебе станува се понапорно, немам време баш за ништо, едно дете е едно дете, две деца се 10 деца само шо се вративме и ние вчера од Грција, сами бевме, глава не кренав, нон стоп му требаш на едното, големата не сака да излезе од вода, а сама не ја оставаме, еден со неа да ја пази, друг со бебе во кафич да го шета одмор со 10 месечно бебе како да ви кажам, во раце не доседува, во количка нема шанса, сака да стои, не оди уште ќе ја оставев на песок го јаде песокот, камчиња во уста големата, дур си се свтел отишла негде, другарки си нашла, 3 пати срце ми застана дека не знам кај е, она по лежалки, нашла срби едни со 2 годишно дете беа си седнала таму со нив си јаде бебето ќе заспиеше на плажа, ќе се прибереме во соба големата ќе спие, бебето будно и цело време таман едната заспала, другата станала, една недела немав фатено телефон( освен за фотка некоја да им направам) не знаев ни кој датум сме, ни кај сме со граница добро пројдовме, од тоа ми беше најмногу став, пошо малово ич не сака во кола да се вози, а таму баш позитивно ме изненади, сакаше да се бања, лазеше во песок, големава дури на три години почна да гази во песок и да влага во вода малово е уште мало, ама до сега се скроз различни деца, една иста карактеристика немаат. и таман мислиш си научил се спремен си за второ и се раѓа скроз друго бебе последен период седам вака касно, затоа што сега ми е тоа ми тајм, дури и нетфликс сум си активирала, ова е тоа време кога не му требам на никој, жива не ненаспана сум, ама ми треба. маж ми си легнува со нив и онака баш е тишина и си седам сама, јас сум сврена на пивце живели @Puffy2019
Вила Дионис Лагадин, услугата врв, над глава ми вртеа келнерите, газдите исто, гостопримство на ниво. Добро е што дворот на вилата е цел со сенки па не се осеќа жешкото ич, цело е со лежалки а и на плажа имаше лежалки.
Не знам дали е до мене и моето опкружување ама стварно ми смета една работа, на два пати со деца излегов слична возраст како моето, година, година и пол и два пати се покајав. Дали јас сум навикната на мирни бебе без пискотници и драми или овие деца со кои излегов се ултра немирни. Првиот пат на кафе, луѓе не застана да вика малото, ама онака викаше цело време, 9 часот изутрина мене срам ме фати, јас онака не би седела, кафетерии не се места за бебиња и никој не е должен да слуша врискотници еден час и кусур, мајката и таткото абе мува не ги пролази, во количка го оставија ни да го кренат, да му дадат некое играче, ништо глувонеми буквално, заспа моево и по пола час се разбуди од вревата. Другиот пат на кафе кај комшивката, го ставам бебе во игрална, кога му скокна оваа да го куби за коса, го извадив, и тука неславно пола час и да ме нема. Јас не знам, разбирам деца се, ништо не знаат ама се си мислам дека од нешто се поттикнати, не можи бебе од ништо да вика онака, една и пол година е, ниту патка ниту јаде, блиндирани каши му даваат, 10 заби имаше баткото уште мазно блиндирано. И моето да го врзам в количка на жешкото ќе мрмла, ќе се буни, во таа фаза се кај што сакаат да паткаат, да гибаат а не в количка цел ден. Или мене ми се погоди премирно бебе или овие другиве се на леле мори мајко, трето нема
@Cvetce_ , за секунда може да смени карактер детето и да се најдеш од другата страна. На кај terrible two или three, не знаеш какво однесување ќе развие. Јас сум со став дека нема да дозволам моето дете да смета на некому на јавни места, кафиќ, ресторан или не знам што. И се случило и телефон да добие за мирно да седне. И да станеме и да си заминеме. И тоа моево дете нема некои екстреми на јавни места направено. На детски концерт ја однесов, после 1 час веќе не можеше да доседи, си заминавме. Ама претходно не правеше ни бука. Да, сум видела и дете да се влечка по тротоар. И да се фрла на под во маркет. И мајка во паника и таква која изгледа како да не и е гајле, а верувам некаде длабоко во себе не е баш така. Верувам секоја од нас се нашла во ситуација да посакаме земја да не голтне од некое однесување на сопственото дете. И да, многу однесувања потекнуваат од окружувањето, од родителите, поширокото семејство.
Јас ќе речам никогаш не викај никогаш особено за толку мали деца. Минуваат низ толку различни фази, периоди понекогаш преку ноќ нема да си го препознаеш своето дете па по неколку недели може пак ќе се промени. Ќе има периоди и кога ќе се дере и кога ќе легнува во сред маркет и ред други работи и не треба ништо да не чуди.
Затоа викам,ни моето има денови кога ми иди коса да си искубам ама не дозволувам да им смета на други, мислам океј е ќе дојди и таква ситуација ама сат и пол да не мрдниш се детето тантруми има не е во ред. Муабетот друг ми беше, како да функционирам во таква средина, не можам да бегам од луѓето цело време, а досега со кој шо се сретнав сите ист проблем, децата оган, не сакам да се десоцијализирам ама па да седам и полицаец на секое да бидам да не го рокни по глава со нешто и тоа не бива, утре други ден знам дека во градинка ќе почне и ќе се најде и таков момент затоа реков никако не е
На тема второ дете.... Имав доста лесна бременост, освен пекол скопски на друго неможам да се пожалам. Имав прилично лесен пораѓај и опоравак. Но, многу пропатев во постпартум. Прво мислев дека е baby blues и ќе помине за кратко. Не помина. Премина во постпартум рејџ и анксиозност што сериозно траеја добри 9 месеци. Да не должам. Не сакам НИКОГАШ повеќе да се чувствувам така. Како да се објаснам со околината зошто не сакам веќе да раѓам? Како да се објаснам со маж ми? Ме гледаше низ каков пекол поминувам и доста голема поддршка ми беше, но сепак инсистира на второ. Понатаму, себична сум била. Требало БАРЕМ уште едно за да бидеме комплет. А зарем тоа што ова дете што сега го имаме сметате дека е "недоволно" да комплетира семејство вас нели ве прави себични? Едноставно, не гледам проблем во тоа што не сакам И НЕ МОЖАМ физички и ментално веќе да се справувам со плач, грчеви, доење, одмолзување, мастит, температури, заби, скокови во развој, адаптации во градинки и што ли уште не. Па нека сум и 10000000 пати себична. А да бидеме искрени, обврските се поделени колку толку но поголем дел од обврските околу бебето ги имам јас. Не знам дали имате искуство вакво, кога вие не сакате второ а сопругот (и цела фамилија) инсистира. Навистина ми прават преголем притисок тотално непотребен. Веќе ни игнор не ми помага.
Прочитав еден интересен пост баш за имање деца воопшто, дали можете да се замислите како самохран родител? Дали сте спремни на тоа, да ако во било која ситуација останете сами и сте спремни да ги сакате и да правите се за децата сами? Ко тоа ќе ви даде одговор дали сакате и колку деца сакате да имате, лично за себе, за никој друг. Семејството пошироко нема да ги чува, воспитува, расне и храни на крајот. И ти сама знаеш колку све е на тебе, колку можеш да поднесеш, а веќе сигурно и знаеш како би било и со второ дете што се однесува на обврски. Сепак, децата се една од работите околу кои за жал нема компромис во бракот. И да се направи, едниот секогаш ќе има огорчени чувства спрема другиот. Ако маж ти баш сака второ дете и нема да се чувствува исполнето со едно, тогаш ќе ти замерува зошто тоа си му го скратила. Ти да родиш уште едно само за да му угодиш, а не сакаш, и ти ќе му замеруваш, ќе го обвинуваш секогаш кога ќе ти биде тешко... На крајот, одлуката е на тебе, ти ќе го носиш девет месеци, твоето тело се менува и ти го имаш последниот збор, затоа и ти треба длабоко да размислиш и да бидеш на чисто со својата одлука. Поширокото семејство е само врева, игнорирај без око да ти трепне, сосема небитни.
Јас не сакам да кажам втор пат и да поминувам низ тој пекол, и јас имав прелесна бременост во поглед на носење, немав мачнини, немав ништо, ама цела бременост бев под стрес оти бев на терапија со клексани поради тромбофилијата и кога ќе ми текне на цел тој период, прегледи и слично ми се темни, панични напади добивам. Сакам второ, сакам еден куп деца всушност ама не мислам дека сум спремна на сет тоа плус периодот после раѓање претежок за мене, претешко поминав од анестезијата, главоболки смртни, непреспиени ноќи еден куп, се уште ред немаме со спиење фатено шо се вика, доењето башка приказна, на секое за цицање стануваше, се уште станува. И јас мислам дека на едно ќе останам ако во меѓувреме не ме мами кола и амнезија да добијам па да заборам на се
3 дена пред полни 15 месеци, вчера, конечно добив. Плус 9 месеци бременост, таман 2 години. Изгледа го изманифестирав добивањево. Лицево ми се исфрла, па и се навртев и на куќава со чистење, рибање, перење со се што треба и не треба.. па уште и нервозно ко да тортурирам терорист за информација…. и ете до што било. Добив, се смирив, еве два дена предам ко маче, си зборам со билките и животот пак е убав. Не сум осетила вака опасен ПМС одамна. Со бебули сме уште држ недај со втората дремка. Де има, де нема, душата ми ја пие со цефче. Деновиве е жештини, па нема ич апетит. Би сакала да го кажам истото и за мене, мене на апетитот ништо не ми влијае. За доручек јаде боровинки, за ручек лубеница, за вечера банана. Измеѓу може лепче малку да касне. Му одолеа и на помфритот што го спржив вечерва. Пркна човечуљаков мал еј! Ластар мој. Времево лета со трепнување на окото. Си го родив истото дете 3 пати. Истите локни, истите длабоки очи, истото носе. Иако сега различни, бебиња се сите тројца исти. Си вртам албуми и копнеам по некои стари времиња. Навистина е тажно што на првите години со бебе и мали деца се сеќаваме како низ магла. Колку и да сакаш да го запомниш секој момент невозможно е… Среќа на сликите од секој можен агол, оти длабоко во себе сите знаеме колку се ќе ни фали еден ден…
Седи мудро Мадре. Назад ти е зимата. Доаѓа другарка од странство, 7ми месец бремена. (Еднаш годишно се гледаме, дали јас одам или она доаѓа) Идеме во игротека, роденден... Седнуваме во кафич во Беверли на прв кат. Мене бебуф година ипол. Трча, скока, паѓа, лази по скали, абе Н Е З А С Т А Н У В А. Те врне те неврне, вирчиња пуно. Дали луѓето до нас ја заиграа на 10 минути за да се видам со другарка ми? Да. Дали имаа 2 колички со деца помали? Да. Финито. Те молам немој да судиш деца, зошто децата треба да се разиграни и свои. ТОА е нивниот приоритет. Да тестираат граници, да истражуваат и да си играат. Ако некое однесување нивно е ексцес, крив е родителот. Ама па родителот не знае секогаш како да се справи, а понекогаш детето едноставно е премногу мало за да објасниш нешто. Чекај, што да објаснам? Да не скока во вирчиња и да вришти од среќа? Хмм... Да не се влечка по скали коа тоа и е БАШ ПРЕЈАКО...А башка, многу е нормално некогаш за некоја банална работа да кажеш едно гооооООЛЕМО, ФАК ОФ. Ти треба здив? Лично за мене можам да кажам дека понекогаш и те како ми требало, и сум си го пружила, здивот де.
Одамна ме немало тука,иако ве читам редовно.Во овие 15м едно нешто научив,додека не си ги поминал истите работи не збори за другите.Оф колку судев порано,оф колку бев прва да кажам јас вака нема,јас вака ќе правам.Сега дури си се смеам сама на себе што сум мислела како ќе го проаѓам мајчинството а како уствари го терам.Се додека психички се стои на нога,терајте луѓе како можете и ич да не ви чуе некој од страна дали нешто ќе каже.Дали е правилно или неправилно секој си знае најдобро за своето и таму завршува муабетот. А сега на други теми,вчера нетрпеливо чекав попустов на зара и точно во 20.00 си нарачав се за бебуш.Мајка ќе оди со скинати гаќи ама он ќе е типче ипол.Секогаш си велам посвети си време за себе ама леле,некако не доаѓам на ред.Решивме крај на август да идеме на одмор и веднаш сум во паники што се треба да се носи ,што се треба да купам.Некои мали возбуди. На друга тема бебуш од 15м ми е прав газда.Не се искача на крај,уште од сега сме на карање.Те чека да го видиш во очи и да ти се насмее за да направи глупост,како точно да знае дека не треба а го прави.Цели нозе му се модрици.Изгледа секогаш на оние посмирени родители им се паѓаат најлудите деца. Едно прашање имам,бебуш при дремки и општо заспивање утеха му беше држење на моето уше.Арно ама како расте не е веќе држење туку тегнење и лупање на ушиве ,мислам ќе ми ги искорне.Боли бре,и тоа не е веќе само за успивање туку и кога ќе се разбуди во тек на вечер.Озбилно мислам дека ќе ми ги откорне ушиве.Мислев играче некое мече да му дадам да го држи да го навикне но не знам како да го научам.Типс анд трикс некој совет?
Јас не би се тргала на страна. Би проценила колку ми смета тоа од 1 до 10, што се вели. Ако ми смета 10 ок, ако е 4-5, тогаш ок е. А не може све да ми смета 10...тогаш до мене е. Не можеме од сè што е непријатно или различно да се тргнеме....убаво си кажа, утре детето ќе тргне во градинка. Треба да се снаоѓаме во секакви ситуации и да ги научиме децата на секакви средини.
Таман работа да судам деца, ама во случајот детето можеби сакаше внимание, да стане од количка или слично тие не ни го перцепираа. Викаше без престан еден час и кусур се додека не се умори и не заспа. Да скока во вирчиња, да се смее на глас да заплачи и сето тоа е океј и детска игра ама да вришти без престан во ресторан и мајката мува да не ја лази не е во ред
Така е, ама во моментот не сакам да седам и некое дете константно да ми го корне бебето, да вришти, во такви случаеви се тргам. Смешно ми е ако се деси еднаш два пати дури и слатки ми се кога прават така ама на секое веќе не е океј.
Јас би разговарала со родителот за тоа во моментот. Во смисла, ок, кажи што да правиме за да не го тегне вака?
Премало е детенцето, му збора мајката ама џабе малечко е. Не ми се тие блиски пријатели по комшиска линија се знаеме, поседив едно кафе и си заминав. Можи енергија вишок има го тупаат со слатки од три месеци, не познавам бебе шо е толку ранети со џанк фуд од мали нозе, повеќе од сите нас јади благо, ниту еднаш не сум видела зеленчук да му дадат, само пудинзи, чипс, кроасани, супи купечки
А што ти е тебе гајле со што го ранат? Темава некогаш личи ко тетки на чешма застанати . Како некој одгледува дете , со што го рани, дали го лази мува или не кога плаче ама баш не е твоја или моја работа. Не е ни да се искоментира. И после споредба на најмака, споредба на најдете и така..