А шо се најде ти засегната тука ? Ниту објавив идентитет на мајката и детето ниту кажав дека му е гајле со шо го ранат, ниту пак неа и реков нешто за храната Форум е ова, нормално е се и сешто да се коментира, ако не ти одговара одмини
Па дека е форум и дека ставовите и понашањето на форум е слично или исто со тоа што сме ние надвор од форумов. И да уште стојам на тоа дека секој треба да си ја гледа својата работа и нема потреба од т.н. Судење на тема мајчинство (родителство) додека не разговараме. Не судиме ама судиме.
Да се надоврзам на дискусијата погоре, вчера се возевме во авион и блиску до нас имаше фамилија од мајка, татко и две деца од кои едното околу 3-4 години а другото немаше повеќе од 2. Помалото буквално не престана да вришти цел лет. Нема што не му извадија мајката и таткото да го занимаваат, од јадење, грицки, играчки, млеко ама буквално се. Како капак на тоа и турбуленции имаше па на секој обид да го врзат плачеше уште посилно. Родителите ни се извинуваа што нашето не можеше да спие од нивното, ама едноставно се пробаа и ништо не профункционира. Верувам дека на секоја мајка и е непријатно кога детето плаче и ја ремети околината ама не секое дете е manageable за жал.
Тоа е одлука на мајката. Реално, јас никогаш не би дозволила да вришти цел саат детето па да заспие од умор. Ептен вришти траума дешавкава. Особено па да им сметаме на други луѓе. Фуј.
Јас од тие причини не сакам да патуваме со авион док не пркне. Не за друго, може и мирно да е бебето, ама налет стресот "да не пречиме случајно на некого" итн. Нема подискриминирано нешто од родители со бебе во социјалниов свет во нашава средина. Секаде се осеќаш дека пречиш или дека може да се деси да пречиш. А истовремено имаш потреба нормално да се чувствуваш.
Тоа е веќе друго, немаш избор, повеќето деца плачат во авион од притисокот, ние за чудо немаме проблем досега, ужива малиот во авион, во кола не, во кола не сака да се вози. Мене ми се чудни родители кои ги носат деца по кафеани во ниедно време, па трчаат низ маси, па тантруми, па триста циркузи, не е детето криво, не му е таму местото едноставно. И ние одиме секаде со бебе ама кога гледам дека му е време за спиење и плачи станувам и си бегам, кафеаната можи да почека
Еее а замислете со дете со инвалидитет. Не еднаш или два пати, 5 пати, туку цел живот ќе се осеќаш дека пречиш некаде. Се извинувам за глупиот муабет ама имав непријатна случка пред 1 час, и пренервозна сум.
Родителите на деца со инвалидитет се суперхерои, како и децата. На кој му пречи било каква случка е тешка нула од човек!! Еве син ми е дете СПОРЕД МЕНЕ гледано бај д бук. Од кога е роден нема преспиено во количка навечер надвор од дома ( или смештај додека сме на одмор). Заспива 8-8:30 и ние сме апсолутно секогаш прибрани за вечера, бањање и легнување. Ако имам потреба да излезам , го чува некој и се тера истата рутина. Истото важи и за дневна дремка што му е околу 12 (ако не е во градинка). И што, сега јас сум подобра мајка од друга некоја чие дете знае да се успие во количка и може само да го префрли во кревет дома? АПСОЛУТНО НЕ. Секој си знае дома какви им се навиките и редот. Инаку син ми е премногу радознал, темпераментен и не застанува ни 30 секунди во место. Ајде нека не е кафана , кафич уатевр ама тантруми фаќаат и на плажа. И од плажа да си одиме? Многу станавме нетрпеливи и себични. Родителството и така е многу тешко и комплексно поготово како растат децава, воспитување и да го извадиш на прав пат..а ние ја тупиме моето спие дома, нејзиното во кафана, моето јаде само готвено на пареа, другото јаде благо. Доено , на ад..вака или така времево лета и доста со споредување. Нашето да се докажеме како добри родители доаѓа допрва!
Ама малце ги измеша ти работите. Никој не рече дека е немајка ако детето спие во количка или јаде благо, или има некоја навика спротивна со другите деца. Овде зборуваме за друго, дете кое вришти на место кај што има други луѓе, не збориме за вриштење од некоја минута или детски плач или мрморење, збораме за викање без престан цело време, и голем да е и мал да е не е во ред тоа. Што ја спречува жити се мајката да стани да си оди, кафето ќе и остани не испиено ? Тоа за мене е себичност, демек ти плачи ама јас ќе си терам ќеиф. Тоа со спиењето во количка врска нема споредбата, тука за друго прајме муабет
Да де, ама ти спомна дека истата таа го хранела лошо детето, па други ги носеле по кафани. Нема везе, немам намера да се докажувам ..крај краева ништо лично. Кој сфати, сфати.
Хелоуу мајкии, конечно после толку време да се уклучам на форумов, слабо сум активна на форумов откако почнав на работа. Навечер сум преморена и само што ќе ја ставам главата на перница заспивам. Бебето ми порасна, женска е голема, веќе е човеченце што почнува се да разбира, па се кара, се лути, се задева, се смее. Времето брзо ми минува, знам дека не сум совршена мајка не ни се обидувам да бидам, но кога го гледам ова мало човече колку е среќно, весело и од ден на ден како расте и го осознава светот мислам дека до сега сум на правиот пат. Во врска со темата погоре, тие што ме имаат читано и претходно имам пишувано дека бебе уште од првите месеци беше премногу живо, еве 10 месеци сме значи застој нема никако. Јас и мм сме мирни и тивки особи, а бебка е 200 на саат, значи бебе не мирува никако, само кога спие е мирна. На 4ти месеци, баш пишував и тука, прв пат седнавме во ресторан, кога почна да плаче, мене ми падна незгодно и одма си станавме и од тогаш никаде немавме седнато од таа причина што не седи ни 5 минути(буквално). Гласна е и голема дрдорка. Пред некоја недела ја носевме на море, на плажа луѓе не престана да ора лево, десно, се задева со луѓето од соседните лежалки, им се смешка, не плаче ама знае да е гласна, да си дрдори, на почетокот со мм ни беше многу непријатно, ама се навикнуваш едноставно да фукнционираш. На појадок со мм се симнувавме посебно да јадеме за да не досадува, ги гледам други луѓе си појадуваат со деца ни едно немаше како моето живец. Да немав вакво дете може немаше да разберам, ама сега кога имам потполно разбирам дека и на тие родители со деца како моето не им е лесно и сакаат да седнат како и сите други, да испијат едно кафе од нога, па макар врискало и пискало.
Немаме уште годинка, уште малку ќе правиме, би го земала сигурно. Сега малку сме стабилизирани, прскавме спрејче Назориг и сурупчето Пранаром многу и помага кога и се слева надоле секрет од носето за да го искашла и некако се намирува.
И јас да кажам нешто на темата погоре. Пред да почнат другарките да ми се мажат и добиваат деца, секогаш кога ќе видев немирно дете што вика, плаче се треска од земја викав родителите се криви. Почнаа другаркиве да добиваат деца и сфаќав дека овие деца се раѓаат со карактер. Не можеш да го скротиш. Еве дојде ден и јас станав мајка, бебка е 6 месеци и е прав ураган. Мирна не седнува и цело време дрнда нешто. Вчера во Стокомак кога рече да се дере пошто застанавме на едно место да видиме нешто со мм. Му падна непријатно на мм и ми рече седи ти јас ќе излезам. Ама не можам така. Утре ќе треба со неа да одам сама во продавница. Може пак ќе направи така. Ние со мм сме биле бубалчиња викаат нашиве кај ќе те оставев таму ќе те најдев. Не оправдувам дете да се дере а мајката да се прави на три ипол. Да, дај му играчка, стани нешто направи. Ама уште се мали и не разбираат. Некогаш не можеш. Јас еве се изненадив дека така се развика вчера и не знаев што да направам. Да бев сама ќе останев да докупам и по цена да продолжеше да вика затоа што не можам да одам во продавница кога сакам, а ми требаат намирници.
Не истата, сосема друга личност беше оваа. Споделуваме примери, ништо лично, немав лоша намера да кудам никого, впрочем во мене си го гледам проблемот, објаснав погоре дека не можам стално да бегам така од луѓе ама моментално ми сметаат тие работи.
Јас да прашам обратно,кога после сите обврски и забавување на дете цел можен ден изигравање кловн измислување активности за занимација по дома,дали ако искочам со дете го шетам и седнам да испијам кафе во рок од 15 минути е срамота да му пуштам цртани зошто инаку не седи?
Нормално дека не Туку кажете друго решение за деца и тоа што не им е интересно.. Ние сега во средата отидовме на ручек сестра ми да не почасти за дипломска, збесна детево и ај демек нешто јутјуб ќе и пуштиме два реда муабет да направиме. Леле ни две минути не седеше, го фрли телефонот и стана пак.. Така да мене ни тоа не ми е решение
Еве јас бев најголем противник за екран и сеуште сум, ама некогаш едноставно ми треба 15-30минути. Апсолутно невозможно е поинаку. Не ми е пракса, ама некогаш и три дена по ред ќе гледа кратко..некогаш цела недела нема. Сега се трудам да прифатам дека доколку детето е рсстено во здрава средина, анимирано, посветено доволно внимание 15-20минути по потреба нема да му направат штета. Ама за жал и мојов некогаш како на Додо ни телефон ни ништо не помага. Последно работев од дома и морав да го заќутам на кратко отиде низ балкон да ми го фрли телефонот.
Таман работа, прави тоа што ти е тебе најпрактично и ти ја олеснува работата. Јас на тв пуштам цртани и уствари не гледа цртани ја гледа онаа Рејчел мислам дека англиски ќе прозбори пред Македонски, едукативна емисија е како дарко биберко, е нив не ги сака, не му се интересни ама затоа штом ја слушни оваа скока од среќа, втора мајка ја викам јас хаха
Нормално дека не е. Тие нови препораки се направени затоа што има родители што цел ден децата им се пред телевизор или телефон, па мора да се исклучат скроз екрани ако имаат застој. Иначе тие екстреми за дете со нормален развој мислам дека не се потребни и само прават шубе на грижливите родители. Нормално дека ништо нема да му биде од умерено екран да види. Глуп е муабетов ние ние, не сме здрави како генерации може од експерименти што правеле со храната, ама не сме биле 100% без екрани, па немаме од проблемите што ги предизвикуваат екрани, тоа можам сигурно да кажам.
Јас навистина се обидувам да не користам екрани,дома телевизор не знаеме што е ни дали работи сеуште искрено,не го палиме за нас преку ден а навечер заспиваме или дремиме на телефони,така да навистина давам макс но еве мене и тие 15мин пиење кафе ми прават неугодно во очите на другите може и дека сум пушач па као еве седнала детето на телефонот,а не знаат дека цел ден сум била кловн или заложник на 15 месечно бебе.Не знам како да го тргнам тоа глупо чуство.