1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    1.811
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со народ. Зар народ се замара ти што ќе кажеш за нив? Им е гајле си тераат секој како сака. Се додека не е претерано е ок. Исто и јас бев против телевизор. 6 месеци не пуштав. Ама сега толку е станата захтевна што не можам до тоалет да отидам а камоли ручек да направам и и пуштам понекогаш телевизија. Е телефон не давам и не би дала ама и тоа ќе видиме како ќе биде. Никогаш не речи никогаш. Нема правила. Се што е умерено е во ред. Не е во ред да го оставиш цел ден на телефон или пред ТВ за ти да седиш на телефон или да дремеш цел ден. Не е во ред за детето, за народ кој го прашува, нека гледаат во дворот.
     
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    9.126
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам во немајките, јас малце во дубак го ставам за да мочам и ручек да приправам :lol:. Одеше директ во штекерите да брца, ама обезбедив тоа и сега малку лета низ дома со дубакот. Језда отвара фиоки, пробува упорно да си ја искрши главата и таму кога е, ама за кратко и кога ми е на видик добро е :rofl:.