1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.871
    Допаѓања:
    20.076
    Точно, еве гледаш и самата колку и да се трудиш не ги слушаш СЗО за развојот на детето и користиш дубак. Истото го правиш што и некоја што оди да испие кафе во кафич. Некоја пие кафе, дури детето и вриска, пошто друго нема што да прави, ти го ставаш во дубак иначе ќе мора 24/7 да си на под, во раце итн.
    Дубакот е помош за родителите, не за детето, тебе ти помага, него не.
     
    На Noemi и јolene им се допаѓа ова.
  2. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Не сме инвалиди ама ако гледаш така нашите генерации живееле во дневна кај што се пуши, спиеле на два стола споени во кафана итн...за храна да не зборам.
    Немој да имаш двојни стандарди за што ти одговара.
    Поентата е дека и за тебе некој мисли еве ја оваа го трупнала детето во дубак за да ужива и те оговара. Ама не ти е убаво гледам.
     
    На happygirl и arwen93 им се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Дубакот не се препорачува поради ризик од пад и повреди, никаде никој нема докажано дека дубакот прави штета за развој на детето.
    Мешате баби и жаби, јас со тоа што ќе го ставам бебето во дубак не му сметам на никој за разлика некој ако го држи во кафана бебето дури вришти и не знам оти упорно ги вртите муабетите
     
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Не ме разбираш и ти, кажав дека ми смета ако детето е екстра немирно и ми го куби цело време бебето, не реков дека тоа не е правилно или дека мајката е немајка туку дека едноставно ќе станам и ќе си заминам ако гледам дека бебето не се разбира, истото е и со бебето кое вришти во кафана еден сат
     
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    5.611
    Ах бе Цветче, чекај уште е мало твоето. Допрва ќе ти приредува сцени, зато скокни па речи оп.
     
    На Noemi, angel4444, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Да си заминеш.
    Бебето не може да се разбере баш дека е бебе.
    Поентата на твојот муабет беше како мајката седела дур бебето плачело --> мање више мајка/немајка според тебе.
    Ист ти беше и муабетот за хранењето.
    А главната поента е дека сме скроз отидени како народ, 0 емпатија , 0 трпение - само себичност.
    Верувај дека може да се најдеш во иста ситуација.
    Од најумно бебе имам тодлер до тантруми на се што не е по негово. На едно место знае и 5 пати да се дрецка од глава и што? Да си одам од секаде..да се заклучам дома. Аман
     
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    19.458
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да си споделам нешто, дискусијата претходно ја скокам :D
    Почнавме со вкусови, вкуси 3намирници и сум многу среќна и возбудена:party: едвај чекам да пробаме повеќе, секој ден со мерак смислувам што е следно:lol::l:
     
    На fragaria, Yowannty, Dohrnii и 8 други им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Прееесладок ти е малиот :inlove:
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    19.458
    Пол:
    Женски
    се знаеме ли?:D
     
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Чекај почекај … се ќе дпјде ќе сфатиш :D мојата кој ја виде одма се фаќа колку била кукла, колку била дотерана, колку била слатка .. наредни 5мин почнува да кенка, да фаќа, да не ја држи место и скоро секогаш муабетот од луѓе без деца или помали бебиња е - абе вака е стално или нешто не и е денот? Така е стално дечки, ама моја е, тешко ми е, ама моја е - сама сум со неа по цели денови, ни баби ни маж 8) ама мн сум горда за тоа иако е претенпераментна и мн кенкава. Од прв ден е такво бебе, година направи сега секој ден е се потешко. Се разодува низ дома, по мебел трча, по ѕидови, отвара фиоки… лази брзо низ сите соби не можам да ја фатам АМА тоа и е работа. Прееска со мм надежно отидовме до мол да се прошетаме и ни стануваше од количка пошто и е досадно плачеше и се тегнеше и мм ја зема во раце…првите 10мин се смири, после продолжи да кенка и да негодува да се фрла наназад за да ја спуштиме да оди а не оди уште сама туку сака да лази по земја по мол :whew: и то је то ја спакувавме си земавме ручек ту гоу иначе мислевме да јадеме таму али не беше изводливо и си дојдовме дома. Мислиш ли дека не сум ја воспотала на годинка што се понаша ко арамбаша? :D:D:D Сав свет и време и внимание и го дадов оваа година - такво е детето, центар света и тоа е тоа / што сакаат нека мислат други луѓе, она си е моја ќерка они нека си мислат за нивните. Мене па ме замислуваат тивки бебиња… јас најискрено тоа го сметам за помалку нормално од моето што се движи, вика,фаќа по цел ден
     
    На Nala1806, Vegegirl, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Да :D
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    19.458
    Пол:
    Женски
    Хаха доброо :) фала ти инаку
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Ама гледаш, значи плачи сте ја зеле во рацете, не сте ја оставиле да се ака од земја, мене ми сметаат родители кои не превземаат со децата ништо за да ги смират
     
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Јас се имам најдено во ситуација по улица да се расплаче во количка и да пробам да ја игнорирам неколку минути за да сфати дека не можам да ја носам во раце. Од мало бебе прави скандали во количка … поготово во скокови. Не ми успеало, никогаш не се смирила сама :( иначе имам братучетка неколку месеци е поголемо нејзиното преееемирни бебе и пиеме кафе барем еднаш во две-три недели сами со децата. Не се сеќавам да сме пиеле кафе а да не ми префрлила дека е мн немирна ќерка ми :D и стално и викам таква е од прв ден, ајде второто кај тебе можда ќе биде вака па ќе разбереш :inlove: ако ти се верѕва година ипол дете 40мин минатата недел си играше со цвеќенце во рака во количка па ќе станеше ќе прошеташе па ќе си седнеше пак, па со касна смокички па ја закачкаше ќерка ми и така —- во исто време моето, изеде шмукалче, 3 хип бисквити, кенкаше по една салфетка па и ја дадов ја искина ја стави во уста па ја искарав и ја земав од раце да не јаде хартија па почна да се треска од земја за тоа. Па и дадов цуце ја фрли, па ја земав во скут, ми го скина ланчето :angel: и така поминаа 40мин ја собрав во кола ја вратив и ја успав ^_^ малку полесно отколку да седев дома со неа затворена во 4ѕифа :inlove: секогаш кога ќе видиш мајка со кенкаво /плачливо дете - пробај да му го свртиш вниманието, ќе и помогнеш на мајката ќе го заиграш некоја минута - верувај ми ниедна од нас нејќе детето да и биде нервозно и кенкаво амааааа такво е, ќе порасне, вероватно и тогаш ќе биде гласна и тоа е тоа - мајка ми ми вика како тебе да те гледам / идентично однесување. Така да кевта не е вода , гени се во прашање. Мајка ми не спиела до две години со мене, огин бебе сум била
     
    На Vegegirl, Cherry333 и merriel0 им се допаѓа ова.
  15. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    4.368
    Пол:
    Женски
    Чекај чекај, ние плескавици што им даваме на децава што сме? Што е со муабетот? Каква поврзаност има тука те дубакот (кој и те како штета во развојот), те живец детенце...? @Cvetce_
     
    Последна измена: 28 јуни 2026 во 02:45
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    15.844
    Пол:
    Женски
    Цветче 90% од децата се вакви ко на Бејби, ретки се тие мирни што седат. Додека не влезеш во нивните чевли, не си ја барај бељата. Остави ги децата да бидат деца, а родителите да испијат кафе. За брзо ќе се најдеш во нивните чевли.
     
    На Kala22, EnaEnA30, Vegegirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Како изгледа едно искачање на кафе со моето бебе.
    Гледаме да е после втората дремка пошто нели наспана ќе е. Додека вози мм јас и подавам 63637 играчки, колата ни е препрљава којзнае колку глупости има паднато доле.
    Стигаме.
    Мирна е едно 5 минути таман сум си нарачала кафе.
    Прво почнуваме со смоки, тоа и здосадува.
    Ја зима една другарка у раце, не сака да шета. Ја шета другар по кафичот.
    Се тегне сака да се држи за столчињата доле.
    Ај пак малце бисквити, ај вода, ај мафини( и правам на два дена како снекс да има во вакви моменти)
    Почнува урлање и дерење по моето кафе. Од како научи да пие од цевка се сили и сака се што ќе види со цевка да пие.
    Ај викам ќе и донесат пластична чаша и цевка.
    Ја интересира точно половина минута и ја фрла.
    Ај сега играчка,втора, трета.
    Џабе, ја сака салфетката. Ете ја и таа ама ја става у уста и морам да и ја земам.
    Ја зимам пак во раце се тегне цело време и цело друштво ја врти низ раце за да ја занимава.

    Искрено некогаш ми доаѓа да ја оставам да се исплаче и јас.
    Најадена, чиста, наспана, ама едноставно си е такво детето. Многуу е хиперактивна, таа и кога јаде само мрда со нозете игра со нив не седи мирна.
    Кога почна дискусијава си помислив леле може мисли друштвово за мене гледај ја колку и е немирно детето.
    Ама сфаќам дека не е така зашто се трудат да ја заиграат за да седнам 5 минути на раат(не е баш раат ја гледам дека растура пред себе се).Ама бескрајно сум благодарна на тоа.

    Апсолутно ми годи да излезам па дури и кога 95% е секогаш вака. Не можам да седам дома само затоа што моето бебе е понемирно. Пази, уште не е проодена. Тогаш ќе биде весело.
     
    Последна измена: 28 јуни 2026 во 07:00
    На beachedd, Noemi, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Не замислив мене и тебе со децата на кафе :rofl::rofl::rofl: живи и здрави нека ни се!
     
    На Peperutce6, Mumoftwo30 и hannybanny им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Јас сум престимулирана од деца. Големото е 6 годинки ама премногу емотивно. Премногу внимание бара. А јас со чувства на вина ако не можам во моментот да му цртам,бојам или одговарам на прашања.

    Малово е 8 месеци не се заигрува со ништо. Од кога е роден не знам колку пати веќе се разболува, со секрет, инхалации, мачења... ај тоа што само во раце сака си реков, ќе издржам ќе го држам само да е жив и здрав да не треба да се секирам за болници...
    ама многу е плачко. Многу е тежок за чување.. не седи со никој. Дојдоа на гости баба ми, сестра ми. Ги гледа и црвенее од плачење. Се плаши од секаков звук. Јас ако кивнам во негово присуство не можам да го смирам потоа. Баба ми го зема и не можам 10 минути да го смирам се залисува. Сестра ми е дечар, нема шанса... рика како да го колиме.... дури ни после х видувања не прифаќа други луѓе.
    На работа кога одам си седи со свекрвата, од 2 месеци е оставен, не е приврзан за мене. Ама навечер ако излезам барем и на пола саат пушта сирената и ми се јавуваат се враќам. Конкретно завчера излегов да купам нешто во 20ч во 20:25 ми се јавија да се вратам не знаеле што му е, мислеле да не си ја свиткал лошо раката. Нема врска, кога ме виде престана со плачење одма смени расположение...

    Не ми се оди никаде со него. Ни на прошетки со количка. Неколку пати го однесов, на пола пат почна да пружи раце и да плаче. И што разбрав од прошетката ? Јас туркам празна количка и во раце шетам бебе.. епа ако е за во раце ќе го шетам низ двор...
    Кашички јаде, ама малку. Губи интерес и престанува.
    Формула пие, ама одбива. Дур е жеден смука, после прекинува и толку . Устата запечатена.
    Од кога е роден косата преку ноќ ми побеле. Подочњациве не знам дали ќе ми останат вакви вдлабнати или некогаш ќе ги снема.
    Греота е што вака зборувам, и мене ми е криво ама така е. За никаде... не знам како ќе издржам додека да порасне и тој...

    Не знам... големиот не беше ваков, со сите седеше, дружељубив беше, не се разболе ниту еднаш до 10 месеци возраст. Еве го 6 год е нема примено ниту една инфузија или инекција. Качувал висока температура ама тоа е се. Вирози, бактерии, сирупи... Ова малово ме полуде... на месец ипол старост лежевме во болница со урбазони и инфузии... таму ми се смееја затоа што не знаев инхалатор да користам, ми викаа па како зарем не ми е второ дете ? Епа така, големиот не знае како се дише на инхалатор.

    Тек се плашам како ќе бидеме во иднина... многу многу тешко... и двајцата со сопругот работиме. И тоа цели денови сме ангажирани. Јас работам само прва смена, ама работам и дополнително онлајн. Сопругот работи во смени и плус дополнителна втора работа која е поплатена, ама не е осигуран од таму. Зборувавме да видиме некако да се откажеме од нешто, ама кредитите не знам кој ќе ги враќа, имаме станбен кредит, имаме инвестиција голема моментално за која ќе треба нов кредит...

    Се ќе беше полесно да имаше кој да го чува малово... ама нема.. свекрвата чува уште 4 внуци. Растргната е и таа. Никој свој немам моментално... Градинка ќе почекам сигурно до 2 годинки, нема место секако, а во јасли не сакам .. мал е, и нема да добијам ништо освен разболувања. Така големиот го дадов во градинка на 1 годинка и ништо не видов раат. Само неколку дена одење и пак дома лечење вирози со недели....

    ќе се мрднам ...
     
    На Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Леле те читам си го гледам детево во твоите зборови а тек има 6 месеци. Леле што ме чека. Уште сега драми во количка кога ќе и здосади а само што почна да сака да се вози во неа. 100 играчки носам сите и се интересни вкупно 2 минути. Па се фрла така наназад и се тегне. Па прелепо. Нек ми је са сречом :rofl::rofl:
     
    На Baby warrior и EarthFire им се допаѓа ова.