Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm , една голема гушка вака виртуелно до тебе.

    @Baby warrior , одиме пред некој ден кај братучед на мм во двор да поседиме. Е имаат мало кученце. Мислам кучето се премори од трчање, детево мое, Не :rofl: .

    Едно време јатрвата вика абе секогаш ви е детево вака растрчано? Седнува некогаш?
    Значи немаше ни плачки, ни тантруми, ни префаќање ама едноставно се заигра со кучето али цело време да трчаат низ двор, да прескокнуваат не знам што, па галење...
     
    На DarkStormm и hannybanny им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    7.488
    Јас да ви дадам еден најдобронамерен совет, со бебе на кафе не се седи :rofl: нема такво бебе што ќе седи мирно, а ти ќе си седиш и ќе си пиеш кафе на раат :D

    Сега кога се враќавме од Грција застанавме после граница да ручаме, јас до вц отидов, а маж ми си нарачал мезе прво, викам што ти е бе пиј и јади во исто време имаме 20 мин максимум овде да седиме :rofl:
     
    На strelec231992, Cvetce_, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Ај да кажам и јас збор два за темава додека е актуелна :D
    Никогаш во кафич не ми сметале деца, сум одела со друштво сме си бркале своја работа, не сум ги ни приметувала. Пред да имам дете, а сум тргнала на кафе со другарка што има дете, секогаш сум гледала јас да го држам за да здивне малку и сум го занимавала како знам. Факт е дека некои деца се заигруваат, сакаат во раце па се мирни, а некои нема шанси да се заигра, нит ништо и крај такво си е детето. И не, не личат на родителите само се раѓаат со карактер и од мини мини малечки знаат што сакаат. Во твојот случај ако веќе толку ми сметало што детето вришти па ќе и речам на другарката, аман ма земи го детево се одра. Ако ми рече остај го бе така тераме, не ме интересира, ја оставам да си прави како што она мисли дека треба со нејзиното дете. Дали ќе не гледа народ мене лично ми е гајле, нит се замарам нит па некој некогаш сум послушала што ми кажал. Ако нејзиното дете ми го закача детето исто ќе и речам и ќе пробам некако да ги одалечам да не може да го закача.
    Јас лично на мојава бебка не и давам да плаче за ништо зошто од напон и пука капилар во окцето. Толку сум исплашена што не дозволувам да почне да кенка, а не да плаче. Дали е тоа исправно, не!
    Дали ќе сменам нешто, не!
    Од моето понашање јас со детево на кафе не сум била, сака да мрда, да фаќа, вика ако не и е по кеиф, сака во раце, нејќе во раце. Мене не ми е срам од другите луѓе, мене лично ми е тешко тоа стани, седни, дај, земи, па не одам. Ама искрено планирам да сменам затоа што и ова не е живот. Дома, дома, дома. Доста е. Планираме да почнеме да живееме како порано, заборавив градов како изгледа. Ако бебе плаче ќе пробам да ја смирам ако не се смирува тоа е, можеби ќе морам и јас да му сметам на некој. Не би дозволила да закача друго дете можеби ама и тоа не знам. Ќе видиме како ќе биде. И мојата е уште многу мала, а од се што прочитав погоре, предизвиците тек доаѓаат.
     
    На Vegegirl, Cherry333 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    15.844
    Пол:
    Женски
    Можеби треба да поразговараш со психолог. Премногу ти влијае сѐ ова психички, за да спречиш поголема беља, поразговарај со психолог. И ти си битна мама.:l:
     
    На Mumoftwo30, Vegegirl, Peperutce6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.871
    Допаѓања:
    20.076
    Како нема докажано? Многу си ми интересна при интернет, чат џпт, гугл ти даваш вакви изјави "нема нигде докажано дека смета при развој"...
    Прво ги скокаат најважните фази лазење и стоење.
    Второ може да направат деформитети на нозете ради оттурнување и стоење на прсти.
    Секој добар педијатар и ортопед ќе ти каже да не користиш.
    Добра замена се статичните џампери за да го оставиш 10-15мин или игрални во кои ќе може слободно да се движи без да си до него.
    Сето ова си е докажано имаш и на СЗО за истово.
    Поише штета прави од 15мин врискање во кафич или кубење со друго бебе вп секој случај. Тебе ти е полесно бапни го во дубак, таа другата мајка мора цел ден да го анимира...јбг немаме сите иста "помош". Дали ќе е свекрва, мајка или дубак, џампер...итн
     
    На Noemi, 1001Ana1001, Katie90 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Благодарам на добронамерниот совет. Од искуство и тоа богато психолог само повеќе ќе ме збуни.
    Имам пријател терапевт, ми вика доволно е да пијам Xanax кога сум вознемирена. Другово си го знам, техники, начини на справување...

    Со првото бев во постпородилна депресија скоро година ипол. Многу психолози сменив. Голема сума на пари потрошив, а помошта дојде од друго место на кое не се ни надевав. А замисли тогаш немав толку обврски. Ме отпуштија од работа, после породилно немав каде да работам. Ковид беше. Си имав слободно време и дома бев. А сега ... поминав многу перипетии од кога е родено бебево, јас после породување имав тешка инфекција, почеток на сепса, додека јас да оправам,одма после со бебето хоспитализација. Тоа само што помина одма се вратив на работа, од таму наваму немам здивнато. 4 месеци одев на работа со маска заради вирусите и џабе пак болни дома. И се некако нешто се случува и немам мир.. некако немам време да паднам и во депресија, како телото да си е стално во fight mode и не попуштам. Се држам, а не знамм и јас за што...

    Сеа ми е криво. Како да ја трујам темава звучам... може требаше да изнапишам таму во "Испукајте се".
     
    На strelec231992, Milkiway и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm , слободно пишувај си. Мајчинството не е ниту лесна работа, ниту пак е се розово. Може не можеме којзнае каква помош да ти пружиме виртуелно ама доволно е да си искажеш мисли, па кога најмалку очекуваш, може ќе се појави и подобра солуција некоја.
     
    На merriel0, strelec231992, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    41.431
    Пол:
    Женски
    Абе како не
    Пошо мајчинството е само sunshine&roses.
    Пишувај се шо сакаш, да ти олесни колку шо се може. :l:
     
    На Peperutce6, Noemi, merriel0 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Како личност што работела во кафич во странство потврдувам дека и по Европа и во Америка има деца што плачат и викаат во кафичи а мајките седат и пијат кафе. Дури и ние вработените сме ги заигрувале и смирувале иако тоа не било наша работа, затоа што ако можам да помогнам зошто да не? Се додека играта на децата и (не) грижата на мајките не пречеле во мојата работа не сум реагирала.
     
    Последна измена: 28 јуни 2026 во 10:18
    На Milkiway, DarkStormm и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.497
    Маж ми уште не му е јасно дека не сме така комотни со времето и уживањата ко порано :D
     
    На Anaroz1 и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Лази и патка уште пред годината, и не само моето дете сите деца.
    Друга мајка не го ставаше воопшто во дубак па година и пол има нема проодено се уште
    Чат Џпт ако го слушаш за развој на дете ќе завршиш работа.
     
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Јас тоа пробувам да го објаснам тука ама ми се нафрлија овие со немирниве бебиња :)
    Далеку од тоа дека треба од дома да не излезиш, ама кога гледаш дека бебето со ништо не се смирува ќе станиш и дома.
    Некако некој не можи да разбери дека животот со бебе не е ист и сакаат да си тераат скрос стари навики без да си го нарушат мирот.
    И скроз ја превртија темата на муабет оти тука не збораме за деца кои со ништо не се смируваат туку примерот кој го дадов беше дете што вика во количка саат и пол а родителите не мрднаа со прст да го смират.
    Јас како личност шо не беше застаната со патувања и излегувања прво излегување вчера ми беше навечер со бебе, и тоа со триста молејнци оти ќе бегаме назад Германија за пет дена па толку од излегувањата, ноќе не знае како изгледа, го цицав го заспав па така седнав да пијам една пијачка. Нема да дозволам бебе да плачи за спиење а јас да пијам кафе како ништо да не е.
    Секој нема си прави како што сака ама не е во ред да седиш со саати на кафе а бебе салта прави оти не сака да седи
     
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.863
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво :)
    Малава реши да одмори па спие на спална, а јас дежурам.
    Големиот цело време бега. Барам прилика да го начекам на само дали го мачи нешто. Откако остана на распуст е збеснат, нема внимание, се инаети, се кара со сите...
    Многу ми е тешко да направам баланс меѓу двајцата. Со малава сака да игра само ако и јас сум вклучена, или ако има некој па да се покаже.
    Ако имате некој совет вие со поголеми деца, кажувајте, помагајте.

    Ве читам погоре, и мене ми било срам некогаш да останувам некаде за да не пречам на други. Знам дека не е правилно, но посилно е од мене. И да, не има разни. Некој ќе те погледне наопаку, а некој ќе се обиде да го заигра па да му одвлече внимание.
    Многу ми беше чудно и интересно, одамна седнавме на кафе со син ми кога беше бебе. Дојде келнеркава, праша дали може да го земе, го изнашета. Ѕвезда им беше таму, и беше чудно дека беше питом, воопшто не се плашеше од непознати. Јас бев пресреќна што имаше кој да го придржи да испијам кафе раат. Од тогаш си викав како нема некој кафич со дадилки 8)
    Ова го кажувам затоа што кога порасна и наполни 3 години, го носев во игротека а јас пиев кафе, но претходниот период нема таква можност, а и тоа како ни е потребно додека децата се многу помали од тоа.
    Инаку, и ден денес паметам кога бев дете, на одмор до нашата соба имаше семејство со бебе. Навечер плачеше нормално, а јас викав што не си седат дома а не го носат по одмори за другите да не можеме да спиеме.
    Гооодини подоцна и јас бев со тримесечно бебе на одмор, и мене ми плачеше навечер :devil:
    Кога - тогаш, на она што сме превртувале со очи и сме викале ова нема шанси, нас ќе ни се случи, затоа што тоа е дел од животот.

    Инаку, бебчево конечно појави запче, мама ќе подготвува колачиња :)
    Постојано се исправува на нешто и шета веќе некој период. Деновиве пробува да стои без да се држи. Викам ааа ти порано ќе ме растрчаш од брат ти :D
    Иии научила да доаѓа да гушка. Седам, и велам мама дојди да ме гушнеш. Ги остави играчките, долази до мене, се исправи и ме гушкаше, гушкаше, а јас се топев и нормално се расплакав од среќа :inlove::hug::l:
    Ќерка...нешто најпрекрасно е. Се уште ми е тешко да поверувам дека ми се оствари желбата.:angel:
    Имам еден куп мисли, но ќе оставам нешто и за друг ден.
     
    Последна измена: 28 јуни 2026 во 12:22
    На Tulip023, strelec231992, hannybanny и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    7.488
    јас кога сакам да пијам кафе на раат, одам сама со другарка на кафе :rofl:

    додуша, сега почесто ја зимам и големата со мене, 4 ипол години е веќе, пресреќна е кога ќе дојде со мене и со другарките на кафе, а со бебето, сум имала обиди, никогаш го немам до крај испиено кафето, или ако одиме со маж ми, еден ја шета во раце или ја држи, друг пие кафе :D тоа е тоа, многу големи очекувања имаме од бебе :D
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Одамна немав влезено да читам што тема се дискутира. И имате интересна тема.
    Јас со дете во кафич одам многу ретко, и кафето го пијам на екс што се вели, дур синко се занимава со шеќерот во тацна и си го испие сокчето, и потоа станувам и си одам.
    Мое мислење и пред да имам дете и сега од кога имам дете е исто. На децата не им е место во кафич, туку на игралиште. Ретко кое дете е мирно за да не шета низ масите.
    И никој не е должен да трпи некој да му трча околу маса и да му вришти на уво што се вели. Јас кога не бев мајка не го сакав тоа и сега со дете не го ни практикувам ради раетот на другите. Сепак седнале луѓето да се опуштат. А кога сакам да пијам кафе ко човек излегувам сама без дете.
    А детето го носам таму кај што се децата и каде духот му се уклопува. Тоа е во парк, игралише, игротека. И искрено кафето во парк што си го земам по рает го пијам :lol:
     
    На EarthFire, strelec231992, Mimmi39 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.589
    Допаѓања:
    69.643
    Пол:
    Женски
    Извинете ама.... Бебе да вришти еден саат и мајката и таткото мува да не ги лази тешко дека некоја од вас не би си помислила, е аман веќе. Колку што разбрав не збори членкава немирно било, туку вриштело. Со мали деца кафе се знае, во игротека, а во кафич ако не вришти. Никој не е должен да слуша бебе како вришти еден саат. А да не зборам колку е гревно бебето што вришти еден саат. Сите вие овде изнапишавте примери кои немаат врска со ова. Не и е назад зимата, ниту е до детето, најпросто до родителот е. Ако си таков родител да не те лази мува возраста на детето нема врска, секогаш можеш да го оставиш да вришти.
    Игротека си е игротека, и да вришти некое си отишол таму знаејќи со што си имаш работа. Кафич е кафич, никој не оди да слуша бебиња да му вриштат еден саат, да не се лажеме.
    Изнапишавте ко божем сите ги оставате децата да ви вриштат и си седите раат така еден саат.:D
    Ако е така алал да ви е на нервите.(lalala)
     
    На Mimmi39, Panda00, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Има и возрасни кои се дерат коа зборат и се смеат ко цел кафич да е нивен ,па ете ги седнале на кафе,никој не ги брка.Криво е дете што цел свет му е нов и сака да шета од маса по маса,да им се смешка?Па не.Туку ние неаме емпатија како луѓе.За се имаме мислење се додека не е нешто коа лично не ни одговара.
    Немирни бебиња или мирни,сите како и луѓето си се различни.А зошто да го бутам дете затворено во игротека ако има кафич кај што е отворено има зелено има камчиња има цел свет за откривање?Ми пречат погледи странични но учам да игнорирам,ако може мене дете од 15м да ме игнорира 100 пати на ден кога ќе речам не,зошто па ја да не игнорирам луѓе кои нема никад да ги видам пак.

    И во игротека може детето да ти го пернат други деца,и да им вриштат у фаца...така да,еве валјда се е тоа нормален процес.
     
    На beachedd и Madi им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.589
    Допаѓања:
    69.643
    Пол:
    Женски
    А ти вриштеше и плачеше ли детето или си играше? Инаку, имаш паркови отворени, игротеки на отворено, не мораш нигде да го буташ. Првично беше муабетот за бебе кое плаче еден саат, додека не се изврте за се и сешто, па се најдоа некако сите прозвани како и секогаш, а без потреба.
     
  19. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални дете ако без прекин плаче цел саат не би дишело веќе,би зајдело.


    И прозвани и непрозвани се разви тема на деца во кафичи што плачат и мислење,не гледам лошо во тоа луѓе да споделуваат мислења општо затоа е и јавен форум патем зар не
     
    На LiquidLuna, Puffy2019, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.111
    Допаѓања:
    3.289
    Пол:
    Женски
    Лелеее луѓе дајте ве молам, значи детето сигурно не вриштело саат ипол како што пиша цветче. Верувам дека е преувеличено. Може саат ипол седеле а на детето не му било комотно па заплакувало на секои 5 минути па на членката и засметало, а родителите биле полабави и го оставиле да се буни. Значи шанса нема детето да "вриштело" саат ипол и никој со прст да не мрднал, па сигурно некој од некоја маса ќе се вмешал, не знам..
     
    На beachedd, LiquidLuna, Puffy2019 и 6 други им се допаѓа ова.