Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Викаше на цел глас, не плач туку врескање онака без причина, нормално не без престан ама во цел саат и пол насекое врескаше.
    Не збораме тука за немирно бебе, мене ме иритира зошто родителите не пробаа да го извадат од количка или да го земат во раце или да го свртат околу еден круг, големо бебенце кое сигурно и моето да го врзам за количка еден час ќе врска, грбот ќе го фати побогу да дреме така во количка на жешкото плус
     
  2. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    И те како има шанса. Скоро и се жалев на повозрасна пријателка дека моево плачливо и стално намуртено е. Ми рече со овие зборови:"Мојот кога беше бебе рикаше, плачеше, сите трчаа, пробуваа да го смират, ништо." траело тоа со месеци, па потоа и поголемо како дете исто рикало. И дошла до фаза уште кога бил бебе вели вака: "и така го оставив да си рика, јас да си седнам и да си запалам цигара, и мува не ме лази, он со саати може да вришти, немаше што да му правам, ако се нервирав ќе му помогнев ли ?" Вика се изнаплакало како мало, па сеа солза не му капнувала возрасен маж е.
     
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Јас стојам на тоа дека бебе не можи без причина да вришти еден саат, можи не сакало да седи таму, кое дете сака побогу да седи во кафич, поготово на + 30 степени во количка врзано
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Еве и за поголемо дете нека е што не вришти. Што шета по маси. Јас и на тоа сега со 3+ годишно дете пазам. Макар што во класичен кафич не сме седнале, туку во такви што имаат вклучена игротека или тамболини или лизгалки внатре/надвор. Има поприлично во градов, па кога сме со деца бираме такви.
    Верувам дека не му е ќерка ми на секој интересна, да му седнува на маса, познат, непознат, да им префаќа во чаши и слично.
    Не се случило со моево оти не ја оставам де да го прави тоа. Ама на пример се случува со детето на другарка ми.
    Ако не и се игра или се влечи по келнерите и ги замара за таа да носела чаши, за да оставала шеќер по масите пример, за да не знам што.
    Или ако виде некој познат, па и еднаш во живот да се сретнале, стар, млад, ќе си седне на маса кај други.
    И точно, другаркава не реагира, не си прибира дете до неа. Се додека баш некој од другата страна не изреагира дека детево смета.
    Не сме диви или не знам какви. Едноставно некој може седнал на кафе и има битен муабет со тој другиот.
    Не можеме да се изолираме оти имаме деца, не можеме да ги изолираме децата комплетно ама можеме некои правила и принципи на добро однесување да следиме.

    За во игротека пак седам, си пијам кафе и со едно око следам дете, да не случајно прави проблем или некој друг се закачка со неа. Не реагирам за минимални работи ама сепак да ми е пред очи што би се рекло.
     
    На MeowMeow, fragaria, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  5. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски
    Срамота, ги има пореметено децата.
     
    На Frankenwander и Miss666 им се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.252
    Пол:
    Женски
    хит :D:D:D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Мајки на 15м,како го поминувате попладневните часови?Се чуствувам прилично лошо последниов период и искрено со срам ќе кажам гледам како само времето да го испланирам да отидеме некаде за да помине без навистина да седнам, да уживам во бебуш.Криво ми е навистина.Сега со топлово не ми се иде никаде но со ништо не се заигрува дома.Не знам шти не измислив не купив од играчки,абе и сама картони сечи лепи и џабе не се заигрува само лудува.Дајте предлози зошто изгинав.Книги имаме милион не застанува да му држат пажња,играчки сортери не сака само ги фрла,кујна имаме 5мин застанува во нејзе.Базен купив ќе пошлапка 10тина минути и гледа кај да трча следно,повеќе време е спремањето за во базен отколку во базен.Точаче не сака да се качи,туркала милион.Не знам веќе ,не застана.
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Е ќе ти викав вода. Мојава од кое е проодена со вода игра најмногу.
    И тоа пластично со вода и куп чашки околу неа да тура, претура.

    Опција да "валка" играчки, па да ги мие после во чиста вода.
    -Сум правела смеса како кал, од брашно, вода и какао. Ова ако не става во уста.
    -Густин да го сварам со вода, како потечен пудинг и бои за тесто, за различни нијанси оти ептен проѕирна смеса доаѓа.

    -Пена за бричење, исто со бои за тесто.

    https://dambo.mk/product/masicka-so-fontana-dolu/
    Со ваква маса со вода игра(ше) многу
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    13.468
    Пол:
    Женски
    Леле шо глупости кажа шо истреска сега. Некогаш подобро да си преќутиш отколку да се трудиш даси докажеш поента.
    Свашта значи.
    Еве награда ќе дадат на секоја мајка на кое детето почнало да оди пред годината, оти тоа најбитно е.
    Ставајте деца во дубак инаку маф ви е работата.

    Јас не ставав дете во дубак и пази ќерка ми почна да оди на 18 месеци. Бу ху. Сега има подобра груба моторика и држење од многу деца кои пред неа проодени беа. Дури некои нешта како скокање и одење нанадзат ги совлада многу порано. Пошто пази сите деца се различни и секое со неговото темпо.
    Ама ако ја слушав мајка ми и свекрва ми ќе требаше да ја паткам, водам низ дома, ставам во дубак за да ја научам да оди |(.
    Бог да чува.
     
    На Трагедијаупмм, naturally, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Све става во уста како новороденче.3ки искачаат па на се тестира како е за чешкање на непца.Пробав со водата претурање ама ја зима цела вангла и ја истура,Дури и масичка земав пола пола е,пробува да ја преврти масичката.Дома само турка реновира маси столи ,цела куќа ми ја преправа кај да стојат столови.Не сум го видела уморен овие 15м.Као соларно дете надвор наместо да троши се полни со енергија,и на глупости исто така се полни.Не знам што е тоа седење.
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Не знам дали собираш играчки т.е ротираш или се е на видик и на куп. Многу пати сум добила совет колку помалку играчки има во видик, толку повеќе ќе игра дете.
    Ако не го правиш тоа, собери барем пола. Остави еден сортер, 2-3 книги и слично.
    Може и од премногу работи да е престимулирано детето и не може на едно нешто да се сконцентрира.
    Може и по карактер е повеќе активно. Не би знаела да ти кажам ама секако мора да пробуваш повеќе работи додека не најдеш што го интересира.

    Ако имате опција и во близина лулашки и други деца одете и таму.
    Секако нема да седнеш. На 15 месеци е премало за само да игра и да се пази ама сепак ќе смени окружување.
     
    На Трагедијаупмм и Stone им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    8.858
    Пол:
    Женски
    А ти кога играш со детето седи? И моето не седнува, нон стоп е во покрет и интерес кон ништо освен кон колички, и само глупости прави. Ама кога ќе се вклучам јас или баба му во играта и те како знае да си игра. Има и фантазија, одма измислува играта како ќе се одвива. Сам е и си бара друштво. Кога се братучедите или некое другарче, имам друго дете.
    Повеќе се вклучи, знам дека се има и обврски по дома, ама јас во последно се ставам на друг план и си играм и е многу посмирен. Пробај ако веќе не си ;)
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Мајки на породилно што ги чувате бебињата сами: како (ќе) го терате жешкиот дел од денот 10 до 19ч, во пеколно СК со љубопитни бебиња?

    Дајте идеи....
     
  14. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Ние го поминуваме денот дома. Поголеми се моите ама збеснитис на најјако. Ако ептен не се трпи, ги качувам во кола и одиме во некој мол. И јас се чудам како ќе издржиме до септември, претопло е.


    За муабетот погоре, со деца не одам во кафана/кафич по своја волја освен ако сме поканети некаде со повод. Прво ради нив и себе зашто им е досадно и добиваат интересни идеи и јас и маж ми не можеме да седнеме, па на крај испаѓа мачење наместо уживање.
    Многу ми е непријатно ако сметаат на другите гости, не досаѓаат по маси ама самата нивна игра не е за такви места.
    Среќа имаме прекрасни другари и не им смета да се гледаме во игротеки, често и си играат со нив за да можам и јас кафе да испијам.
    Да слушам бебе да плаче подолго самата ќе и речам на мајката да го земе или јас би го земала, секогаш гледам да помогнам на мајка да здивне зашто знам како е.
    И не викајте јас вака никогаш нема да дозволам, јас ова никогаш нема да го направам зашто тоа ʼникогашʼ доаѓа многу брзо :)
     
    На Anastasia579, Amellie, EarthFire и 7 други им се допаѓа ова.
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Мајки кога после 4ти скок се средува и дали се средува спиењето? Го поминавме скокот некако, сега спиење во креветче исклучиво само до прво станување (дури и порано правеше стреч од 5-6 саати, сега ако врзе 3-4 добро е). После тоа на секои саат-два се буди и во креветче никако неќе после. Ќе го презаспијам ќе го легнам и ми де буди. Исто порано во количка заспиваше, сега нема шанси, плаче дури не го земе некој во раце и тогаш инстантно заспива ама во количка никако, колку и да му се спие.

    Подледниве денови исто знае со силно плачење да се разбуди да не можам да го смирам. Гледам не се грчи не е стомачето, забче уште нема на повидок. Некое искуство со слична ситуација?
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.637
    Допаѓања:
    16.013
    Пол:
    Женски
    Епа после е 5ти скок, кој е ништо поразличен од 4ти, па после него малку ќе смени.:D
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.318
    Пол:
    Женски
    Мојов 4 и 5 ги спои, беше ужас. 6ти исто се влоши спиењето, ама не толку. Инаку 2-3 пати станување е премија за мене, затоа што стануваше по 10+ пати од 3 ипол до кај 6 месеци. Во креветче не сака ни сега, пробав да го ставам се разбуди 3 пати додека заспијам јас, викам батали. И сега влегуваме во 7 скок јас почнувам на работа, одлично. Ноќеска кенкаше од 1 до 4, сум се одвикнала :|.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    19.719
    Пол:
    Женски
    и јас читав дека после 4ти скок ќе имам ново бебе ќе спие подобро блабла кај нас беше обратно ако не. И исто. Моето бебе само во 3месец сврзуваше ноќно 5-6саати. Сега од 4ти навака , има 6м и 1н се буди навечер на 2-3саати веќе 2месеци и повеќе :) од се што слушав и читав сите бебиња се различни, а и моево бебе многу менува така да мислам нема правило :D кога спие уживај, кога не спие ќе се снаоѓаме и тоа е тоа.
    Едит: со силно плачење нашето со буди од 2м на периоди некогаш знае така да зареди, некогаш е поретко. Јас прво пробував да го смирам ама безуспешно, маж ми исто, галиме, збориме, шетаме низ куќа кај нас ништо не успева додека он не се извришти. Не знам дали твоето прави така ама напето плаче вришти и очите му се затворени и додека не ги отвори не види каде е што е не прекинува. Некогаш ми помага одма да го ставам на цицање ама одма у секунда кога ќе врисне затоа што ако врисне и не го ставам одма после нема шанси. Така да пробај тоа ако доиш
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl @Cherry333 @Anie93 ви благодарам на одговорите и на утехата. Значи не е само кај нас вака со спиењето и со плачењето. За спиењето се помирив дека нема да се подобри за скоро ама ептен почна да се влошува и плус дека претходно си се навикнавме подолго да спие сега ептен тешко ми паѓа што е вака. А за вриштењето последниве две вечери од памет ме вади баш како што кажа Ани - не отвара очи воопшто само вришти. Ноќеска му пуштив светло вака кога плачеше и ги отвори очите и престана да плаче ама пред тоа никако неќеше да се смири, ни да фати да цица не сакаше.
    Се надевам фаза дека му е ама како што иде 5ти скок којзнае…
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Кој сака да докаже поента жити се ?
    Муабетот беше за членката која рече дека дубаците се наменети за деца со инвалидитет по е апсолутно неточно. Дубаците се користат од памтивек за деца кои не се проодени, ниту се докажало дека децата побрзо проодуваат така ниту дека прават штета