Dubakot pravi shteta i ne treskaj gluposti. I tragedija moze da se sluci. Ortopedi mi rekoa nikako dubak. A ti tuka se pravish pametna.
Не знам јас во кој скок сме не ги пратам зошто до сега само на 4 месеци имавме мака со спиење и станување со плачење и еве сега на крај на 6 месеци почеток на 7. Ова сега со тоа во 4 месец е лудило. Се мрднав не знам што да правам. Сака да спие, трие очи, се дере, не заспива со нишкање, пак како во 4 месец со чучњеви заспива, луѓе стара жена сум јас плус никогаш не сум вежбала абе пукнав. За јадење нема веќе ред. Еднаш плаче на 2 саати, еднаш заборава дека и се јаде па плаче после 4 саати, еднаш на 2 ипол саати, немам поим што правам. Пак сака во раце, а машала е сигурно 9+ кила, сака на земја крева газ, пробува да лази, па плаче не може да тргне, зима играчка, па ќе ја фрли, па плаче дека не и е на дофат. Таман ќе заспие почнува да мрда со газот и во сон вежба да лази па се буди па кога ќе викне ништо не ја смирува. Вришти со затворени очи и додека не и текне да ги отвори се дере. Па кога ќе се расони мора во раце некое време. Ауууу се надевам нема да трае долго време, се мрднав.
Трагедија нормално можи да се случи ако го оставиш само, да падни по скали, да се преврти, да дофати нешто што не треба итн. Каква штета можи да направи друга објасни, ете јас не сум паметна ти си попаметна, оти денешно време мислењата на сите педијатри и ортопеди се косат. Еден ќе ти рече вода никако до 6 месеци, друг ќе ти рече давај вода порано. Еден педијатар ќе ти рече можи дубак друг не. Имаше тука дискусија за дубаците има и тема и една членка кажува дека го ставала детето во дубак а кога ортопед го прегледа му рече дека супер се развива, прашал дали е ставано во дубак му рекла не. И ќе замолам без навреди оти ако почнам јас да вреѓам како шо ми се нервите истанчени Вардар нема с ве испрати, ниту навредив некоја членка тука ниту ништо, комплекси на друго место лечете си, важи ?
Фази се, нас вака не фати со плачење во сон 6/7 месеци кога имаше, можеше и плачеше се додека не ги отвореше очите. Чекај тек кога ќе почне да лазе, да се исправа, да се врти од лева на десна страна е тек тогаш забавно е Мојот сега се исправа и се држи за ивицата од спалната, проблем е што има како перници спалната вградени и се отвораат па се плашам некој ден внатре да не го најдам
Ај да ги оставиме докторите и препораките на страна и од искуства да збориме наши или туѓи. Познавам доста мајки од кои да речеме десетина ги ставаа децата во дубак. На 8 деца од тие ʼништоʼ не им се случи, во наводници ставам зашто некои имаа проблеми со одот, трчаа поточно, некои на прсти итн ама ајде тоа со тек на време се среди. Другите 2 од 10, едното детенце ја искриви ногата и носеше некое помагало, како протеза на целата нога и тоа 2-3 години. Го видов скоро, подобро е ама уште не оди како што треба, а има 4 години. На другата детето и беше доста темпераментно и со се дубак се преврте, среќа освен подуено чело немаше ништо. И сега имам 80% шанси дека на моево ништо нема му се случи ама зошто да ризикувам и 1% така? Јас знам дека е тешко, посебно од кога почнуваат да се исправаат, па до кај 3 години ама има ли нешто поубаво од дете што само вежба мускули, само учи да истражува, љубопитноста што има на маса и пробува да се исправи итн. Прво положбата во дубак не е природна, раширени нозе, искривена кичма и веслаат со неразвиени стапала. И секој нека одлучува за свое бебе ама дека е добро, далеку од добро. Краток е периодот на тие развојни фази, неколку месеци се во прашање што треба да ги издржиме. Никакво помагало не сум користела, па макар да проодеа и на 2 години. Останало дете непроодено?
Овде дискусијата се разви за бебе кое му смета на други луѓе оти родителите не сакаа да мрднат од кафич, па кога во друга тема и напишав на членка што го става во дубак дека и јас го ставам оти цел ден сум сама со бебе и нема како за да земам здив и да му направам јадење ми се нафрлија тука десет хиени. Јас со тоа што ќе го ставам во дубак не и пречам на други луѓе за разлика од мајката која ја посочив тука.
А кој па рече дека ако детето е во дубак 10 15 минути на ден не е на под и не вежба мускули? Од сите препораки мора пародија да се прави. Моето прво дете исто по малце беше во дубак (ми го купија, сама најверојатно нема да го земев, ама нејсе), тоа беше толку незначително во неговиот моторички развој. Прооде на 12 месеци, стабилен од старт, и ден денес такво дете ретко е да се види. Скока, трча, многу е спретен. И цуцла не препорачуваат, па им ставаме. И ад млеко не е совршено, па даваме. И екрани до 2 години не треба, па ретко кој го почитува тоа. Поентата е да не се претерува со ништо (според мене). И цветче не ја нападнаа зошто го става детето во дубак, туку за да види дека судење на други мајки и деца не звучи убаво, ама ептен се развлече темата.
Јас не мислев на бебиња што се ставаат 10-15мин, незначително е за мене, а и искрено не познавам мајки што го користат само 15мин, исто како што не познавам некоја што дава телефон само 15мин. Или даваш или не даваш. Значи тоа сум јас, мислам дека немаше напад никаде во моето мислење, најмалку пародија.
Еве јас го ставам искрено толку. Кога морам да направам нешто набрзина за да се фокусирам максимално. Пример ручек да ставам да излупам нешто. Кога го оставам да лази доле, најчесто ми доаѓа ми се пика во нозе, а јас со ножот во раце. Ми отвара во кујна фиоки, роботот правосмукалка го извлекува. Ептен е критичен. Знам дека е примамливо детето да не ти "досаѓа" и да си раат, ама знам дека спонтан развој е најдобар и стварно кога е нож до коска го ставам само. Јас и противник сум на паткање исто, ама детево ми го паткаат чат пат кога ќе го земат баби комшики. Сега нема да се расправам, ваљда нема штета да му направат..
Па добро тогаш се надевам не ме разбра лошо зашто тука негде сме со размислувањето. Јас за првото војни водев со сите за паткање, скокање на стапала во скут, тресење на сите страни додека го држат, сега за третово сила немам да се расправам, а и секако никој не се замара да дојде да го види. Инаку, знам значи исто беше и моево на таа возраст, со него на мочање идев, ручек правев додека спие. Мада подруго е, знае да се заигра со батковците. Уште сум на ставот дека првото дете најтешко се чува кога си без помош.
Јас сум на мисла да земам онакво подлога ко со ограда. Дубак за мојата нема шанси, не затоа што е добро или лошо, туку зошто уште сега е мува без глава ја замислувам тогаш, немам намера срцев удар да доживувам на секои две секунди. А дете со или без помош е тешко да се чува, кој и да помага помага некое време не го чува цел ден. Јас се водам по она кога бебе спие и мајка спие, не спијам ама лежам и одмарам, себично или не преморена сум. Сфатив дека сум на нога цел ден буквално и кога ќе седнам дури чудно ми е дека нешто погрешно правам и одма станувам, а нема потреба. Кога ќе дојде некој мајка ми или свекрва ми не знам како да се понашам, да одмарам, да работам нешто, со нив да седам, збунка. Ручек правам со неа, за сега она е на подлога јас бркам работа, за во тоалет ја ставам во креветче на кратко ако се заигра ја оставам додека не и здосади, за чистење за ставав во релаксатор ама тоа веќе нема шанси почнува да се превртува со главата надоле. Телевизија пуштам секогаш кога морам да пеглам. Да не глумиме овде и да не се правиме мајки и немајки. Никој не почитува препораки до крај и до екстремност, едноставно е исцрпувачки. Кога ќе си дојде мм од работа буквално сум исцрпена. Затоа се што мислам дека ќе ми помогне барем малку да здивнам ќе го направам, па кој сака нека ме прави немајка. Порано било полесно во заедница мајка, ќерки, снаи, една чисти, една прави ручек, друга чува дете, па детето штафета од човек на човек. Сега сите сме сами и се снаоѓаме како знаеме, плус милион информации имаме, ова чини, ова не чини, ова вака, ова така. Не дај Боже дете може и од друго да се повреди, па да има трајни последици, не мора да е од дубак. Го обожавам форумов, милион дилеми ми имате решено и милион пати помогнато, иако сум повозрасна од повеќето тука, сепак имате големо искуство и сте ми речиси другарки . Да ја затвориме темата за дубакот и мајката што не мрдна за бебето и да продолжиме да си плачеме кога ќе ни дојде на душата
Не, не беше за тебе тоа него општо многу се гледа црно бело на работиве и се прави mom shaming. Ги знаеме препораките сите уреду е и сите скршнуваат од нив понекогаш, ама за напаѓање први. Кога го гледав првото дете не беше волку забегано. Да немав искуство ќе збрлавев..
Еве јас со нова тема продолжувам За неколку дена мм оди на службено патување во странство и една недела ќе биде отсутен. Јас останувам сама со бебе за тој период и да бидам искрена малку повеќе сум исплашена како ќе истераме. До сега немаме останато сами со бебе повеќе од еден ден а инаку помош немаме па ова ќе ни биде прво останување скроз сами и плус толку долго Мислам дека малку повеќе си правам психички притисок отколку што е навистина тешко ама дека ми е страв - страв ми е и мм стварно ми се наоѓа ептен околу бебе. Знам дека меѓу вас има такви што партнерите/сопрузите им се во странство па сами чуваат бебе и искрено секоја чест. Јас ќе се јавам после патувањето да се пожалам или пофалам ако преживеам со оглед на тоа што погоре се пожалив дека сме хаос со спиењето
Јас сум секој месец по едно добри 10 дена сама. На почетокот ми беше многу тешко, сега веќе си го имам редот и тешко е да, ама некако се навикнав веќе. Сфаќам дека е таква работата и не може поинаку, се помирив Ама затос кога ќе дојде е негова сто посто од денот јас уживам
Нека дојде денот да појде и да се врати па после ќе биде негов секако. Јас повеќе си правам притисок дали ќе постигнам се. Што ако ова, што ако она (иако се ми е на дофат, матичен преку улица, аптеки, маркети итн.) успивање, па како ќе одам во тоалет, како ќе се туширам, ќе треба да се зачисти нешто колку и да чистам нема да држи недела дена. Плус жешко дека е, нема мрдање од дома цел ден…Пак ќе кажам, најверојатно сама си правам притисок непотребно. Фала ти
Мајка нормално е верувај. И мене ми беше така. По цели денови сама со неа. Се туширав со нејзе, она беше во релаксатор. Ми беше страв да ја оставам сама додека спие да не падне и слично. Сега се си завршувам додека спие, ама пак ќе кажам некако се навикнав. Не памтам баш колку има твоето, мислам околу 5 месеци? Сабајле на шетање и пред спиење. Преку ден сигурно ти има три дремки, јас една одвојував за чистење на пример една за ручек третата за дремење само. Ќе помине, ден по ден и ќе биде океј
Скроз сама ќе си или имаш помош од твоите/неговите ? Јас останав Македонија на два пати по три месеци сама, ама имав помош од моите и неговите, мене повеќе психички ми беше тешка разделбата оти првиот пат замина 10 дена откако се породив, кога ќе се присетам сега неарно ми паѓа ама верувај лета времето. Мајка што можи да постигни сама никој не можи, ќе се изненадиш колку силна ќе бидиш верувај ми
@Peperutce6 Инаку да, 5 месеци е. Тоа се тешам дека колку толку разбира се заигрува а и дремки си има барем 3 во денот па ќе завршувам тогаш обврски. @Cvetce_ секоја чест на храброста инаку баш сама. Затоа и ми е страв.