Топ си е роботот и многу го користев додека имав само тодлери, некогаш и два пати на ден. Сега некако сум преморена, навечер прва заспивам, па подсредувам од сабајле. Од мене препорака. А сега ми текна дека плус како white noise ми служеше за дневни дремки
Мајки на деца што уште не сте проодени некаде 11 месец па натака со што се заигруваат, штп прават ? Моево воопшто не се заигрува , уште не оди и цело време сака за рака да го водам да оди ..Како ќе се разбуди до вечер е истото, нити можам да фатам нешто нити ништо а и не се обидува сам нешто да заигра или со мене на под да играме туку цело време во движење. Преморена сум се осеќам како на маратон веќе ..
Ај додека сме на тема чистење, ве молам препорачајте ми жена барем еднаш неделно да ми доаѓа. Досега 3 жени што викав од огласи само како мачката со опашката и гледаат побрзо да си отидат, а на една за генералка и платив 7500ден, на другите две по 3000 денари, онака површинско чистење и не сум воопшто задоволна. Ми треба од искуство да ми препорачате, ве молам.
Мене искрено ми е мака. На страна фактот што децава сами ги раскреваат играчките секоја вечер и секогаш кога треба да се усиса, јас треба да ги кренам или поместам сите организери а имам две долги и 3 обични табуретки со играчки и две големи торби. Големите играчки како кујна, масички со активности и столчиња што се распоредени низ соба и се така цело време, па разни големи возови, камиони, куќата за барбики е огромна исто не се собира треба да се помести. И тоа од прилика во детската, во спална имам 3 корпи за алишта, столица од шминкерницата, едно големо цвеќе, во кујна само 4 различни корпи за рециклирање одпадок, столиците од масата, низ дневна клуб масичките, па неколку големи цвеќиња што ми се по под, хранилката само ја шетам наваму натаму… не можам.. стварно, сафра ме фаќа само и за ова што ми текнува вака. Искрено и не ми се ни чека роботот полека полека да помине, или јас ама почесто маж ми усиса за 20 минути цел спрат. Е сега ако ти е минимално средено дома, верувам е поедноставно. Ја вака преку ден и по неколку пати знам да поминам со рачно смукалче по ќошови кај што неизбежно се собира прашина само што ќе исшмукаш поради што се движиме. И искрено колку и да бев скептик за стик, сега веќе гледам дека би ми олеснило. Ама роботот ми е промашена инвестиција.
Вака кога раскажуваш, те разбирам. Јас немам вакви помали работи низ дневна, под гарнитура и маса го собира роботот да помине, немам табуретки, цвеќиња, играчки. Во детска се е по краевите, во среде тепихот е слободен. Плус маж ми седи до касно, па он обично враќа се на место после роботот, јас само раскревам пред тоа, и супер функционираме. Ама сепак на крај од ден зависи индивидуално кој како функционира. И мајка ми не го сака роботот иако живеат во мал стан, полесно и е сама да си правосмука.
Малку на подлога, малку во дубак, паткаме, и мојот освен да патка и да лази не сака ништо друго. Му полнам некогаш базенче да се излади, шетаме со количката кога ќе залади, и сега моментално со еден куп луѓе сме Македонија па од раце на раце како штафета го земаат немам мака. Цртани тука не гледа ич, ваму пуштав по малку да гледа на тв. Кога ќе се преуморев го земав на спална и се галевме оти уште цица па олеснување ми беше малку, ќе цицни ќе стани, ќе се прпелка и така Јас кога го фаќаше лудило количката и надвор, и сега само надвор бара а пекол е не се излегва
мање више сите се исти . Кај мене доаѓа еднаш неделно, булвално спастира и чисто онака хотелски се да е налицкано на прва ама реално не е чисто чисто . Јас чистам по неа..ама реално не можам без неа, дипли, пегла, прередува и еднаш месечно ќе и кажам те молам генералка ќе имам гости и тогаш е турбо. Ама со сите другарки истиот муабет го правиме, сите се како лисицата со опашката.
Некогаш ќе се наполнам револт колку многу ме чека и имам неплатен труд по домот. После го гледам сопругот во ист фазон како е во иста ситуација и завршува нешто на другата страна меѓувремено. Немаме хоби. Филм немаме изгледано, книга прочитано. Е добро социјализација е во ред, зошто тоа ни е спас од секојдневието. Ме убива хаосниот живот. Навикната сум, ама упорно барам решение, упорно додавам нова задача на листата мислиш таа ќе ја реши загатката. Демек уште ова и толку. И еве не во круг. Машини, садови, работа, спиење.
Ма немам мали работи, малите се собрани, се ми се големи работи кои не можат да се соберат и складираат и вадат по потреба. Исто столиците не ми се класични 4 ногарки, тогаш може и не би ги кревала. Во детска и кај мене се е по страните тепихот на средина е празен и плус имам и стаза и таа е празна ама и тоа околу треба да се помести оти фаќа прашина долу. Ми одговара робот да пуштам само кога не сме дома, ама така ми е страв без некој да има дома и да посматра. И несреќниот робот само еднаш беше пуштен и собран засекогаш. @SanelaS надувај мало базенче, седни го на средина и истури од оние торби со шарени топчиња. Ако не се заигрува само ништо нема да му држи внимание долго. И моево е вакво и цело време ми е залепено. Единствено се заигрува кога се и другите двајца дома, иначе е цело време за мене залепено ко коала мече. Имам јас и воз од првиот син, и некогаш место мене да ме влече да го шетам го турка возот. Возот ми е една од најкористените играчки, секогаш го препорачувам.
Моментален хит од играчки ни се кујната и интерактивната масичка од janod. Мн сака да игра со кујната, миделот е со ѕвуци за ринглите, аспираторот, пали гаси сијалички тенџерчиња, лажички комедија е - прави ручеци по цел ден. Интерактивната масичка ја фаќа и сама ама баш да се заигра сака да сум јас седната до неа, да и покажувам форми, да пробуваме да ги ставаме вадиме елементите. Исто си игра многу со дебелите книги, со корици страници, нив ги врти и по нејзино нешто си раскажува - мн е смешна други ситни играчиња се џабе фрлени пари има милион. Буба бу новава серија за деца и е преинтересна ја гледаме и неа
Од мене препорака за dyson submarine моделот ептен е ефикасен, мајка ми има philips стик ама некако не се споредува и само суво е за набрзинка да подсобереш
И јас сакам сега да и земам кујничка. Не знам дали ја имаш некаде објавено може да ми пратиш сликичка? Инаку тоа со книгите и нас ни е омилена активност еве до сега ми “читаше”.
Најмногу си игра со кујната не е на мене секако, јас не сакам да готвам никад нема ни да научам оваа ја земавме од story box https://storybox.mk/detska-drvena-kujna-so-dodatoci-super-serve-hape-international
Денес ни се јавија дека бебе е примено во градинка од 1 септември. Кога аплициравме пишавме од 1 октомври зашто јас се враќам на работа на крај на октомври. Мислите дека е паметно да го пуштаме по малку на адаптација од 1 септември? Многу ќе биде мал 7месеци и некој ден. Како што е зависен од нас не знам како ќе го прифати тоа, сигурно ќе плаче многу. Уште сега сум емотивна не знам како ќе го оставам толку мало а брзо ќе си дојде времето…
Јас би ти рекла да почне од октомври полека со адаптација, по пола саат-саат. Секако однесете си документи и кажи дека од октомври ќе почне. На почеток сите деца плачат, почекај да помине тој бран, па во посмирена атмосфера да почнете. А од искуство, помало бебе полесно се навикнува, мада секако си зависи од детето.
па според мене е многу мал, гледај максимум колку можеш да седи дома. Инску, мислам дека можеш иако сте упишани да не го носиш баш тогаш само ќе го држите местото(ова вака од другарки)
Пушти го на адаптација од октомври штом можеш. Во договорот ќе пишете од 01.10. дека сакаш да почнете. Сега секако ќе си платиш за упис и нагласи им кога ќе ги носиш документите дека сакаш од октомври да почнете. Можеби не сте се разбрале за почетокот од кога ќе биде.
Инаку и мене ми се јавија дека е примена во јасли. Такво некое чувство имам на беспомошност, така ми е жал дека толку малечка ќе почне во градинка. Срце ми се кине кога плаче. Не идам сама никогаш кога треба да се боцка за крвна слика или вакцина, не можам да гледам како плаче со едни крокодилски солзи, такво некое чувство ме обзема како да правам нешто лошо и го мачам детето, иако знам дека нема друг начин како. Како ќе го преживеам тој период на адаптација уфф.
И јас мислев ќе плаче, па она плаче за да ја носиме, плаче ако ја земеме. Така да можеби нема да е така, може баш ќе сака да оди.