Леле мајки што убаво Моиве уште си плачат на оставање Инаку се 20 месеци и 4 год Најголемиот (6год) си оди со песна, а средново од лигавење плаче.
Под 8 месеци мислам не примаат во градинка.. Инаку, не би го пуштала во септември секако, октомври е таман.
Морам да се пожалам, и да знам дека е период и ќе помине ама на моменти ми е многу тешко Освен со мене со никој друг не сака бебе да заспие и да се смири, сега ја оставив успана, мајка ми легна до неа јас излегов, цела среќа бев на 5 мин од дома. По 45мин станала со вриштење не успеала никако да ја смири, ја видов на камера и одма тргнав накај дома, со мене поплака уште 2-3мин и веднаш презаспа Оставив и млекце во шише за да и даде ако стане, ама не упали ни тоа 4ипол месеци е, знам ќе ми речете мала е уживај си ги овие мигови зошто ќе ти фалат ама моментално многу ми треба да се издишам 1 саат сама на раат да испијам пиво без да бидам на штрек кога ќе треба да трчам накај дома
Мојата почна на 6 месеци и 3 недели. (Ова + ваљда се недели поим немам ама ако добро сфаќам на 6+++ )
Уфф како те разбирам. 7 месеци на секое излегување имам чувство дека душата ми излегува. Излегувам и трчам од паника дека ќе ми се јават да се вратам и секој пат викам веќе не излегувам налет. Мојата до скоро заспиваше со татко и сега нема шанси плаче додека не ја земам. Уште не сум се осмелила сама да излезам ама одат заедно со татко и накај 7 вечер шетаат и тој саат малку дишам.
Нека биде упорна мајка ти да и ја најде финтата. Кај мене за среќа од одма бебево почна да заспива со мајка ми, дури и побрзо отколку со мене. Само сè уште не сум оставила за ноќното заспивање со друг, само денски ми е посигурно, за сега.
вака направи моето два пати на мајка ми ама се случи и на мене неколку пати пробувавме да најдеме што е причината кај нас мислам што огладнува и сака одма во секундата. Еве скоро 6ипол месеци уште знае така да вришти и го оставаме со мајка ми за свадба до сега, мекици, прв роденден на дете од другарка иначе не…..
Не знам колку ќе ти е утеха ама се уште има вечери да трчам дома а скоро 15м е ќерка ми. До 13.5 не заспиваше со никој освен со мене. Не можев нигде да отидам додека не ја заспијам. Јас прифатив дека тоа е родителството и дека немам избор, ќе порасне за час. Кога беше најзависна од мене ќе си земевме по една пијачка по дома или на тераса со мм и така ќе се опуштев. Често и викавме гости па јас одев да ја презаспивам додека си беа они тука и никому ништо. Ќе се подружевме, ќе помуабетевме, ќе поигравме друштвени игри а сепак ќе бев одма тука за да изреагирам ако стане и плаче. Во периоди кога не вадела заби или не била болна знаеше и да врзува по 7-8 саати до прво станување и тогаш знаев и да искачам навечер без мака. За денски дремки исто ме бараше само мене, во количка не спиеше. Кога тргна во градинка на годинка почна да сака денски за викенди да заспива и со мм или во количка а кога ја одбив од цицање на 13.5 без проблем и навечер почна да си заспива со мм. Мислев готовоо ајде дојде живот амаа не баш. Периодов пак не сака со мм, само со мене, му вришти кога ќе ја земе додека не ја земам јас. И еве јбг се тешам период е ќе пројде. Уште има вечери да излезам и да трчам дома, баш викендов се враќав од свадба трчајќи во 10ипол а стигнав во 9 откако ја заспав… Тешко е знам ама ќе има и добри и лоши периоди. Најди начин во овој период како можеш да се опуштиш дома ако тоа е местото каде треба да си за да си поблиску до неа. Пивце и дома можеш да пивнеш иако знам не е толку слатко. Ќе има некој друг период каде без мака ќе си поседиш со саати излезена а она ќе си спие без да знае дека не си дома. Праќам гушки
аа заедно ќе ни одат во иста градинка кои долументи се потребни, никако да отидам да прашам а сакам од следен март да ја пуштам
Денски заспива во количка и може со било кој се дур е најадена, ама навечер јок Мајка ми е тип на човек што се ќе направи пред да се јави, ама и сама видов на камера како бебе урлаше не се смируваше со ништо
Добро е ќе имам другарка за плачење не дај Боже За упис треба само да земеш пријава, не знам дали горе во Железара ќе ти дадат, мене ми рекоа доле во дирекцијата кај кит го во автокоманда да ја земам и таму ја даваш после тоа. Не треба ништо документи друго, кога ќе ти се јават дека е примена ќе треба да одиш да земеш едно туце документи плус список што се треба да доставиш. Види на веб страната на градинката да не ја има пријавата пошто дел од обрасците што ми требаат ги има на страната.
Ме маваат стравови во јули месец. Секоја година во јули ме снаоѓа нешто. Децава почеток на јуни беа болни, едвај се оправија. Сеа малиов ми кивна два пати и како мрсули малку слушам. А не оди во градинка големиот, не шетаме никаде со други деца.... офффф... од кога е роден сум во грч. 8 месеци наполни, ама како години ми се гледаат... утре сме на детски роденден, се плашам од таму да не закачиме нешто.. аман веќе,не можеме да се изолираме. Сите шетаат, се дружат.. Општо немам ни желба некои денови ни со количка да го прошетам. Премногу сум уморна и напната од сите обврски со кои жонглирам со месеци.. откако ќе завршам сила немам за ништо.. ајде се убедувам да сепак испешачам со бебе да се разбистрам... нее бе.. 10 мин не издржува, одма рика да го земам.. и што сум разбрала ? Туркам празна количка, а со него во раце се борам... Колку пати сум пробала да го оставам кај сестра ми или баба на чување.. нема шанса, ги погледнува и вришти до поцрвенување. Еднаш го оставив на саат време, морав големиот да го носам на офталмолог, па кога се вратив он плаче и баба плаче затоа што не знае што да му прави. Цел саат рикал и имал исплашен израз на лицето. Па аман што дете ми се погоди.. и да не го зема некој да го држи, еве јас го држам ама ако во близина има друг пак како преплашен зајак е. Налет сето тоа.. се помирив дека ќе го држам јас во раце колку и да треба. Никаде нема да шетам, не мора ништо прекрасно да ми се случува. Само бре да не се разболува, се ќе прифатам, со се ќе се помирам. Не бе нее.. ни тоа не може.. матичната докторка ми се смее колку го суплементирам, колку му се плашам. Ме вика најнежната и најкршлива мајка.. а не сум таква. Првото го израснав и око не ми трепна. Немав аспиратор за нос, една инхалација немавме направено.. едно дружељубиво дете, абе со секој седеше и се смеееше.... со ова второво прегорев. ТРИ АСПИРАТОРИ ЗА НОС, инхалатор, лекарства. Плачки, нервози и стресови. Да ти ебам животот.
Да, ми кажаа дека не мора одма да го носам, затоа и се мислам, ама ќе почекам да наполни барем 8. За место не е проблем ќе стои. Кај нас веќе си игра со нив од пред речиси месец дена. Некаде во 4 скок почна мислам.