Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Само опушти се.
    За утеха за 7 месеци, 3 пати излегов сама со неа и реков веќе неееее, не, неее. Нејќе и нејќе дете во количка, крај. Шета со татко и попладне во кенгур, а јас дремам дома зошто ни да шетам не можам од болки во грбот, цело време плаче за во раце. За разболување помири се, некои деца се понежни. Еве мојата од мај не можам да ја средам, цело време е со мрсули.
    Од дома сама имам излезено исто 3 пати и се имам вратено со трчање.
    Еве сега се спремам да ја носам на 3 доза вакцина абе ми се плаче под стрес сум. Се мислам да лупнам дијазепам ама па кој ќе ја чува после. Сите ми рекоа 3 доза најлошо поминале и сум во паника цела недела. Плус општо од сите што се прават паметни и само нешто кажуваат за вакцините душа немам на секое боцкање. И плус што она плаче така гласно и со едни крокодилски солзи и еден поглед така тажен абе душа ми се кине.
    На крајот од денот се ќе помине. Многу брзо ќе пораснат па после ние ќе ги бараме, а они ќе ни викаат ај бе остави ме раат.
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски

    Најлесно е да ти речеме смири се, ќе помине. И точно поминува. Ама реалноста е барем кај мене де, дека стресот останува.
    На секое шмркање со нос сум била еве сме пак и секое шмркање завршувало со долготрајна терапија и антибиотик. И траеше може и 2 години така.
    Тек сега со дете од 3,5 години можам да речам дека здивнав, зацврсти и имунитет, од нога што се вика поминува.
    И сеуште не ми е сеедно оти некаде потсвесно си стои траумата од сите разболувања и сите трчања по доктори и од сите распореди на лекови, инхалации...

    Ми се плачело кога другаркава ќе речеше на Х и се растече носот ама ништо не и е, си оди во градинка. Од лај моево растечен нос значеше седење 2-3 недели дома и терапија и се останато.
    И баш од нашата мака јас не носам дете и со најминимални знаци на вирус било каде.
     
    На DarkStormm и strelec231992 им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.635
    Допаѓања:
    16.012
    Пол:
    Женски
    Еве ние супер поминавме. Нека те води тоа, дека не се сите деца исти и немаш потреба да очекуваш секогаш најлошо.
    @DarkStormm ај вака знам дека звучи клише, но и јас вака се осеќав на почетоците со малата. Безизлезно, спобудалено, се осеќав дека се губам себеси, никако не можев да прифатам дека сум мајка, да сфатам дека сум мајка и дека имам дете. Ти предложив психолог, но викаш дека не ти помага. Те замолувам да се обидеш да ја прифатиш ситуацијава, колку и да ти изгледа хаотична и безизлезна, не е таква. Сѐ ова што ти се случува е нормално, нема и не може да биде второто како првото дете, не се обидувај да ги споредуваш, никогаш нема да најдеш ништо заедничко помеѓу нив, освен ТИ. Кога ќе ја прифатиш ситуацијава, се ќе ти стане полесно. Јас од искуство ти зборувам, стварно станува полесно. Сѐ ова ќе помине, колку и да ти изгледа сега дека вечно трае. Те молам пробај и да си посветиш некој дел од денот за тебе, макар и на пола саат, добро ќе ти дојде. Вака само се губиш себе во хаосот. Те гушкам и се надевам дека за брзо ќе пишеш дека конечно ти е малку полесно.:l:
     
    На DarkStormm и hannybanny им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Првите 6месеци се урнебес, ретко која жена ќе каже супер беше. Одвен што жувест во заедница кожеби или доаѓаат баби дедовци константно. Еве после година некои аспекти стварно стануваат полесни… и тоа чувство на неприсутност во твојот живот, вина, погубеност, гнев, умор, тага за минатото се некако спласнува и се подзаборава. Ќерка ми од октомври ќе почне во градинка и мислам дека премногу ќе ми значи што ќе си го добијам назад барем првиот дел од денит за мене/мојата работа итн. Олеснуваат работите и децата си растат. Пробувај да бидеш надвор почесто, некогаш и тоа е тршко, одобено ако бебе е кенкаво и нејке во количка ама промена во рутината дома е и воздухот значи многу.
    Во однос на психолог, пробај нов, верувај ми добар психолог или некој со кој ќе кликнете е мн значаеен- немаат сите усти методи а на сите ни треба нешто различно во различен дел од животот. Исто, мн важно партнерот! Тој е носител на сутуацијата како и ти, не се заборавајте, премногу помага кога ќе осетиш колку мн те сака, колку мн ти го сакаш и какво семејство создавате :l: пиј убаво кафенце, мене ме дига и ми дава енергија многу! Мноооогу вода и овошје за убави мисли. Отиди на фризер, закажи масажа, искочи сл другарка барем на една пијачка дотерана… мн ми менува се ова мене … пробувај сите сме различни ама имај на ум дека хаосот не трае засекогаш… се доаѓа на свое место постепено:inlove:
     
    На DarkStormm, Cherry333 и hannybanny им се допаѓа ова.
  5. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    676
    Пол:
    Женски
    Дојдов и јас да си поплачам овде. Денес буквално ми се плаче и се расплакав дека бебе нејќеше да јаде. Не знам што е со детево стварно, досега бев трпелива ама осеќам дека не можам веќе и ептен криво ми е што вака се осеќам. Значи ништо не јаде, ништоооооо... 8 месеци е, со вкусови почнавме нешто пред да наполни 6. Значи повеќе од 2 месеци. Од сам почеток плукаше, ај океј, ново му е. Ама не може 2 месеци ново да му е. Секако пробав, блендирано, пасирано, парчиња - ништо не сака, очајна сум веќе. Барам рецепти, правам и на крај фрлам сè, веќе на психа почна да ме мава. Пред некое време му правев палачинки со овес и банана, не сакаше. Па му испасирав зрела банана одгоре на палачинката како крем да му дојде демек благичко, ни тоа не сакаше. Дајте совет, утеха, што да правам, како да правам. Пробав секако, кога ќе се разбуди од дремка да има повеќе време поминато од млеко, пробав малку да дадам млеко (30-40мл) колку да не е нервозен, па после да понудам јадење. Никако не бива. Пробав и 'очајни' совети (очајни моменти, очајни мерки) да го изгладнам па да му дадам као демек тогаш ќе јаде - 4 часа немаше јадено и не сакаше и не сакаше. А стварно не го форсирам со сила, кога ќе почне да негодува, да плаче одма запирам за да не му стварам одбивност. И пак еве денес таман ја виде лажичката почна да кенка, само му допрев малку до муцето, лижна и почна да вреска. А овес со кајсија му дадов, благо беше, убаво... И толку пукнав, почнам да плачам и тргнав сè. Што да правам луѓе ;( Дали е паметно да направам пауза некој ден/недела да не давам ништо?
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.298
    Утеха од мајка чие дете ќе прави следна недела годинка и пол и 99% е на АД.
    Иста бев како тебе, прави и фрлај и сеуште сум со надеж дека нешто ќе касне и понудувам со раче да земе зошто на лажичка не отвара уста пола година ако не и фазла. Некогаш ќе касне лепче, морков варен, домат, а како си јадеше претходно..
    Јас мислам дека се забите, горе му излегуваат 4ки, а долу веќе и 3ки, може и кај твоето се заби во прашање или може е во скок и ќе пројаде за брзо.
    Многу ми беше ова стрес па кога ќе видам деца како си јадат, мерак за очи ми е.
    Толку сум уморна од сите дневни обврски што сега не ми е толку тешко што не јади зошто сум окупирана со безброј други ствари.
    Крвна слика да му е добра, над 13 кг е и што да се прави ако е само на АД, може е за осуда ама ќе помине и ова.
    Немој со сила, оставај самото да посака, со сила само поголема одбивност се создава.
    :hug:
     
    На DarkStormm, Eho и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    8.315
    Уште една мајка моето е 13 месеци ,се е пробано и узалуд. Пред некој ден прашував баш совет низ темиве, од сите јадења може само доручек да помине срто друго зготви, згмечи и исплукај па собирај од земја.
     
    На DarkStormm, Eho и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Не ве цитирам ќе си пишам
    И јас сум во клубот... 1 г направи месецов. Не јаде ништо и јас веќе се откажав ,нудам од нашето колку касне толку и шмукалчиња давам си ги шмучка и толку тоа е тоа. Напредува убаво ме прашуваат со што ја хранам била буце а кога ќе ми речат така мене ми се темни (facepalm)
    И така :) чисто да знаете дека има уште такви деца не сте сами :angel:
     
    На strelec231992, DarkStormm, Eho и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Уф исто. Најголема дилема ми беше тоа вакцинирањето...
    Се обидувам. Знам дека нема вечно да трае.. ако имам среќа ќе потрае уште 3-4 год, а до тогаш не знам како ќе се справам со сите фази.. денес во сон се расплака, го земав, уште посилно. Морав да кревам ролетни да ме препознае и да престане да плаче. Плачеше како преплашен едвај дишеше. Ме излудува.

    Веруваш ли дека до пред да го родам дома немав ни шампон ? Два пати неделно си имав фиксен термин за фризер, дома коса немав измиено со години. Маникир, депилации редовно. Масажи кога имаше време. Сеа нема време за ништо. Едвај одам на маникир и депилација 1 месечно. Партнерот повеќе од мене го чува, ноќе ме остава да спијам. Ама оди и тој на работа... не знам додека да порасне само да не станам бардовачки пациент...
    ;(;(;(;(;(
    еве го пак ми кива, гледам и суви мрсули во нос. Значи готово. 9-10 јуни се разболе, 2 недели се лечевме, еве сеа ме стега и вратот и градите. Ќе пијам Xanax ако продолжи оваа вознемиреност. Во принцип сум многу опуштена и храбра особа. Не се плашам од никој и ништо. Ама кога се болни деца во прашање, нема поголема плачка од мене. Нема трага од мојата храброст.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm , може имаш пишано колкаво е, читав и суплементи даваш.

    Да прашаш за Бронховаксом. Мислам после 6 месечна возраст можеше ама идеално би било од кај август/септември да се почне. Не е магично ама кај ќерка ми помогна да се намалат компликации со бронхити и слично.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Како го даваш? И за ќерка ми ни рекоа сега да го даваме дека полна секрет беше ама па го повраќаше и преќинав немаше сврха. Истото и со виранто беше баш прашував во некоја тема значи буквално и двата сирупи инстантно ги повраќа
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Не е сируп. Прашок е. Во малку вода растворам. Буквално во лажиче. Наутро на гладно. Некогаш и недоразбудена што се вика.

    10 дена се пие, 20 се прави пауза. Циклус од 3 месеци така.
     
  13. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Некако ми тежи на душава и можеби има некоја мајка со слична ситуација што би ме утешила. Моето дете некако на почеток добро се развиваше, но сега има скоро 15 месеци и се уште не оди. Некако не е ниту стабилен во стоење и не ни мислам дека е блиску до проодување. Докторката вика се е во ред му треба уште време итн., но некако мајчинствово постојано сме во контакт со други деца малку поголеми/помали и некако многу ми е тешко кога ќе видам доста помали бебиња што имаат многу повеќе вештини или имаат многу повеќе вештини од он што имал на нивна возраст. Детето е општо многу активно и љубопитно, но како дефокусирано некако, постојано нешто прави и е во движење, некако кога ќе излезам со други деца, повеќето си седат си играат покрај мајката пример, само моето дете нема сопирачка лази се пентари за качува насекаде, мислам дека немам видено друго дете така да се однесува, што уште повеќе некако ме обезхрабрува. Има и доста помалку комуникација и социјални вештини од други деца во смисла на тоа дека тек на 12-13 месеци почна да покажува со прст, да кажува чао и по некое зборче со значење како не, брм, мама, бам, ам. Гледам други деца на таа возраст многу по зрело делуваат.
    Некако и од другите се осеќам малку како повеќето мајки како натпревар да го гледаат развојот на децата па се фалат за вештини и во јавност и приватно и некако вака кога имаш дете што уште не прави работи, многу тешко паѓа. Не знам дали е до мене, дали и јас самата треба ставовите да си ги сменам или пак стварно можда нешто не е во ред со детето.
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Тоа од Бугарија што се купува? Ќе прашам. Јас давам цинк, витамин Ц, д3, лактоферин.
    Инаку 8 месеци е.
     
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    9.294
    Пол:
    Женски
    Јас бев во слична ситуација. Те молам, не споредувај и не читај по нет.
    Од мојата луда глава на 4 месеци го однесов детето на невролог во Систина дека има епилепсија оти правеше некои движења.
    Констатираа дека е само повеќе мрзлив.
    Моето прооде на полни 16. Може 2 месеци за раче го водевме, се нервирав кога ќе се пушти и еден ден додека ме држеше за рака сам се пушти и отиде до врата.
    Е оди сега седни ако можеш.

    Сфаќам дека е нервозно, и јас споредував и тука читав дека до одреден месец мора тоа и тоа да прави и мислам дека заостанувал.
    Браво направи на 16 месеци, чао уште не сака да направи, го знае значењето одамна кога му викам, се врти дека ќе заминам и ќе го оставам, ама ете нејќеше. Од скоро почна да мава со рачето и пак нејќе секогаш.
    Да пукне прави од пред година, тоа беше прво. Прави и здраво сега со рачето.
    Со прст не покажува, касно почна и со тоа и само кога бара нешто, пример вода, млеко, банана, нешто кога виде на подлогата со играчки или да му пуштам некоја играчка.

    Разбира наредби се.
    Ајде да ја наполниме машината за перење, одма трча и отвора да става алишта или земи ја топката, донеси ми топче, оди на столчето да ручаш, ајде да спиеме и оди на спална се качува сам, оди кај дедо, дај му смоки на тато, однеси ова на мама, ајде оди на лулашката, ќе пиеш ли сокче и почнува да се смее...

    За зборење сега почна така почисто мама, тата, деда, ајде. Нешто подолго не. И не се замарам дали требало на 2г да сврзува или да знаел толку звуци на имитирање животни.

    Кога ќе му дојде, ќе прозбори и ќе научи што треба.
    Не се сите деца исти. Внук ми прозборе на 2 ипол исто тешко, сега зборува на 3 ипол ко старец некој.

    Пак ќе ти кажам опушти се. Само се стрес си правеме. Колку само се замарав и нервирав да се сврте од грб на меше...

    Пак сум бремена и си ветив со второто како сака нека оде.
     
    На sani99 и КаринаТ им се допаѓа ова.
  16. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски

    Фала многу што ми сподели како ти било. И честито за бременоста. Колкаво е сега твоето дете? И што мислиш зошто беше така се покасно кај вас? Јас постијано се прашувам што згрешивме или грешиме.
     
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    9.294
    Пол:
    Женски
    Не знам дали грешам и дали сум погрешила. Ако забележа нешто ептен да отстапува, нормално ќе го носам каде треба.

    Мене ми е битно дека ме разбира. Тоа погоре што ти набројав или каде е цуцлата, ја бара, ајде стави си ја, ја става. Или насабајле кога ќе го облечам, ајде оди во купатило да миеме заби, знае каде да оди и што ќе правиме.

    Може дека кажаа малце помрзлив, па покасно достигнува некои работи.
    И јас читав, гледав за аутизам, за тоа што треба да достигне.
    Знам дека има одредени работи за одредена возраст, ама ете кај секој не е така.

    Јас работам со него. Оди на градинка од 15м, сега е 2г. Ретко гледаме тв, обично пуштам песнички, не сака цртани.
    Читаме сликовници, нон стоп сме надвор на лулашка, лизгалка, има базен, си копа со играчки во дворот, го шетам секој ден пешки или во количка.
    Не знам како мислеш дека другите си седат до мајки кога се излезени. Кога одиме во парк, јас трчам по него, не седе мирен на едно место. Кога сме со мм на кафе, еден пие, другиот со него, после обратно.
    Не може дете да седе како возрасен.

    Ако те интересира уште нешто или да споделиш, може и да ми пишеш.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.791
    Ништо од ова што го наброја не е задоцнето, туку е баш на време, покажување со прст е мајлстоун на 12м и само 50% од децата го прават на 12м. Одење е до 18м, 3 збора со значење се очекуваат до 15м, 10 до 18м и 50 збора на 2г со врзување на две зборчиња понекогаш. Значи ништо не доцни. Тоа што некои деца се понапредни не значи дека твоето доцни. Знам дека не е лесно да не споредуваш ама работите на таа возраст се менуваат преку ноќ. Во ред е што мајките си кажуваат што прават децата зашто секоја е среќна кога гледа дека детето учи нешто ново, ама ретко кога е тоа индикатор да каква личност ќе биде во иднина. После 4-5 години се изедначуваат скоро сите во развој (освен екстремите, премногу напредни или со доцнење во развој)
    Моите проодеа на 15м. Дека се доста високи ги мислеа за 2 години и ме прашуваа зашто не одат. Не дека ми било сеедно, ама од денешна перспектива не дека нешто им се познава дека прооделе подоцна од врсниците. За развој на говор треба цело време да му зборувате раскажувате што правите, да играте заедно, вежбајте фина моторика преку игра и говорот ќе си дојде.
     
    На Ceneva, Miss_S и КаринаТ им се допаѓа ова.
  19. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Јас се убивам од зборење раскажување и џабе...16м сме нема ни 1 збор со значење.Знае некогаш да проба да повтори нешто пример блјак но толку е.Ги знае сите членови да ги покаже со прст.Се разбира ,дури и работи што не сум пробувала да го учам.Знае делови од тело но од зборење ништо.
    Не прави чао,преретко знае да мафне,иако точно го знае зборот чао .Знае браво,знае да се искриви,знае да пукне...но најголем страв во се ова ми е мафтањето со раце кога е возбуден.И чудно ми е што за исти или слични работи што секојдневно ги правиме е така возбуден со мафтање на рацете.Се стега како да сака да викне да каже и мафта нагоре надоле.Пример кога ќе идеме надвор на врата е тоа,кога седнуваме во хранилка,и не знам така некои апсолутно безвезни моменти.Исто од пред некое време знае да ги стиска ушите со двете раце како да ги затнува но цврсто и грубо стиска ,не е до звук гласен,нема инфекција.А се смее чим ги тргне.Немам памет бе веќе толку.Си реков чекам до 16м и го носам некаде...и не знам каде.
    А оди трча не застанува веќе 3/4 месеци.


    Срце ме боли што уште ми се нема обратено да ме викне мамо...ми иде да плачам.Знае да баботи и да вика мамамама бабаба дедеде но убаво со значење нема.Мислам дека ако го слушнам ќе се скршам од солзи бидејќи толку го чекам
     
    На DarkStormm и КаринаТ им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Офф го измешав со Бронхамил сирупот, тоа давав јас. извини еден памет изветреан (facepalm)
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.