Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски

    На пример еве ова ти што спомнуваш сликовница - нема шанси да седиме и да гледа, ќе сврти неколку пати нешто ќе покаже случајно, не знае што покажува и толку, оди кон следно нешто, базен му надував и наполнив со вода седеше неколку минути со играчки додека не ги разгледа и толку од базенот, да копа некаде со кофички не се случило да е повеќе од неколку минути. Ќе разгледа ќе растури се и оди кон следна работа. На тоа мислев дека ми делува поразлично и некако си го поврзувам со многу краток фокус, немање внимание итн.
    Но тоа е секако не преостанува ништо друго освен ете да правиме вежби, играње, зборење и да чекаме. Стварно се надевам дека се е во ред. Само така стварно ми паѓа тешко и жал затоа што е така и се надевам дека со тек на време ќе си научи се.
     
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.317
    Пол:
    Женски
    Има голема разлика меѓу 15 месеци и 2 години. Практично бебе е твоето детенце. Ќе си научи се, верувај. До кај 3 ипол - 4 години машките се збеснати повеќето, фокус и внимание малку тешко (особено како помали), ама имај трпение. Се во свое време ќе биде. И не го споредувај, ти кажаа веќе.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    За некој ден и ќерка ми ќе прави 15м и скоро па со истите мајлстонс е како што го опиша твоево. Доцна пролазе после 10м, и иако веднаш после тоа почна да се исправа еве се уште не е проодена. Јас не ја форсирам и искрено не прашувам доктори дали е во ред или не. На последен ортопедски преглед на 9.5м ми рекоа до 18м се очекува да прооди и после тоа преглед и ете така си го имам во глава. Од страна само ме прашуваат сите дали е проодена, рандом луѓе прво прашање тоа им е. Истата приказна како членката гора, висока е па дури мислат поголема е кога ќе ја видат, носи веќе алишта за од 2-3г. Ми прави стрес ова, не дека не, но се трудам да игнорирам. А стабилна е не дека не е, има пуштено по 2-3 чекори без држење но се плаши. За рака реееетко сака, значи и да сака некој да ја “патка” она самата не сака и одма се пушта да лази. Стои во место без држење по неколку минути но чекори ете не пушта. Ќе пушти кога ќе е спремна.

    Иста е со пентарењето, не дека не знае да се фокусира на играчки но сепак поише сака да се пентари по се и сешто. Скали и се омилено нешто периодов и само сака сама да ги качува а по ново и да ги симнува пробува :whew: И според тоа што читав ова е сосема во ред и баш е нешто што значи дека си ја градат стабилноста за одење. Нема ништо лошо во пентарење, баш напротив.

    За покажување со прст баш исто беше, некој ден после 12м почна да покажува. Сега ретко покажува, како да пробува да каже нешто а избегнува да покаже и дури така нервозно ми мавта периодов ако сака нешто.


    За говор исто така по некој збор само има, се останато си е брбљање и по нејзино а по ново и како карање значи само нешто се објаснува си мрмори. Во главно мама и тата и се редовни зборови, друго се онака еднаш два пати ќе каже и толку па го сметам за без значење.

    Работи специфични пример што знае да ги прави е да си игра со сортери (во главно кругови само погодува другите слабо), си пушта песни на музички играчки, јаде парчиња сама, врти книги љубопитно и ги мести тие како прозорчиња од книгите, му дава храна на кучето, префрла работи од еден во друг сад, помага за облакање- крева нозе раце, зема чешел да се чешла, зема четка за заби демек четка, си го шлапка мешето кога ќе ја прашам каде и е… и ради овие работи не сакам да ја споредувам со никого и си викам ок е бидејќи гледам дека впива информации и учи нови работи, останатото ќе си дојде се со време.

    И ќерка ми мафта така со раце, особено од возбуда и не сум помислила дека е проблем. И не дека ми се обраќа со мамо туку само кога нешто сака и е мамаммама и ме гледа, тоа е тоа. И на прашање каде е мама можда ќе ме погледне само
     
    На Трагедијаупмм и КаринаТ им се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.791
    Кога викаш да ги покаже со прст ако се во соба и прашаш каде е тато ќе ти покаже? Дали користи прсте да ти побара нешто или да ти покаже нешто интересно? Кога почна да покажува? Говорот е во тесна корелација со невербалната комуникација посебно со показен гест, ако го има обично после тоа доаѓа и говорот. Да, на 16м веќе треба да има зборчиња со значење, ама на таа возраст секако е побитна невербалната комуникација. Што прави ако сака да му дадеш нешто? Како комуницира со тебе ако нешто му треба помош или слично?
     
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Не знам мене ме уништија валјда клипчињата што ми искачаат со мафтање па апсолутно страв ми е од тој момент.Он покажува со прст каде е мама,ама да рече мама и да ме гледа не.Дури некад кога вика мамамама ќе му кажам ајде браво кажи мама мама и само како да ќе се засрами и толку,прекинува баботењето.
     
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Да знам за кои клипчиња зборуваш, баш кружат низ социјални мрежи да ни створат фобија дека секое мафтање со раце е аутизам. Како ќе покаже емоција бе дете ако не мафта? Глупости.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Да апсолутно се разбира и покажува.Каде е мама,тато баба сите по еден во соба не покажува,и на слики исто.Мачето каде е кучето други животни на картички секој ден ги покажуваме.Со прст бара работи се додека не го погодиш тоа што ќе го бара стварно.А разбира се вака,пример клекни,стани,каде е нашата кола,автобусот и слично.Патичиња ,капче се знае да си земе кога ќе му кажеш.
    Кога менуваме пелена ја зима ја носи во канта кога ќе му кажам,и ќе му речам кажи блјак и знае да повтори,некогаш не.Кога ќе речам ајде џвакај или ќе му речам мњам мњам ,повторува некогаш.
    Не знам дали се врти на име.Некогаш се врти некогаш апсолутно ме игнорира.Со прст почна веќе 3 месеци/4 можда.Немам осет на време.

    Ова мафтањето со раце и стегањето на ушите у грклан кнедла ми стои кога го прави.Не знам ,стварно се трудам.Цртани се на минимум дали 1-2 цртани на ден ,вкупно 10 мин ако ептен немам избор .
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    На темава за базенов, купив базен, мм се изнамачи да го надува, ја изрибав терасата, го наместивме и ставивме играчки но нејќеше ни момент да поседи туку сакаше да се пентари по терасата (facepalm)
     
    На Vegegirl и КаринаТ им се допаѓа ова.
  9. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Стварно скоро исто прави и мојов се што опиша со играњето. За стоење сам без да се држи уште не е скроз стабилен преку сила 10 секунди дали може. Затоа мислам дека му треба уште доста за да прооди.

    И стварно сите сте во право дека не треба споредување и и ти како што викаш штом е во рамки на нормала да не се секираме и се е така само ете ќе видам некои прооделе на 10 месеци или зборуваат комуницираат ептен а мали си викам што грешам што не е во ред со моево. Ама да не се повторуваме фала ви на сите за мислењата, ќе пробам да не преразмислувам и паничам.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Исто буквално! Се дупна базенот не се ни искористи Нешто што сака единствено што му држи повеќе внимание е да става една во друга чашки или во некое кутивче да става нешто па да го затвори да го скрие.
     
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Истоо баш најмногу време со работи во некои кутивчиња/садови поминува. Јас низ дома на неколку места и оставам така и сортери и такви садови со ситни работи и само преместува од едно во друго и си ги шета. Инаку има и едни книги ако не си ги видела пребарај toddler busy book тие исто се забавни и бајаги ги сака ќерка ми можеби ќе му задржуваат повеќе внимание.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.791
    На тие видеата што ти искачаат кликни see less или not interested за да го блокираш алгоритамот да не ти ги покажува и ќе немаш проблем, зашто детето нема проблем, имаш ти. Мафтање со рачиња не е знак за аутизам, никогаш не бил, никогаш нема да е. Знак за аутизам на таа возраст е дефицит на комуникациски вештини, неможност да ти каже што сака со гестови, да споделува работи што и се интересни со пример да не покажува со прсте кога ќе види авион, куче цвеќе и слично. Да не ги сфаќа твоите невербални гестови, пример да следи каде покажуваш, да погледне во правец во кој ти гледаш ако ја свртиш главата и сл. Од она што го пишуваш, тоа веќе го прави. Рецептивен говор има и понапреден од она што се очекува за возраста. Значи се што е битно да немаш потреба да се секираш за аутизам веќе прави дури и повеќе од тоа.
    Штом почнува да повторува зборчиња по тебе тоа е добар знак, дека блиску е да почне спонтано да кажува зборчиња. Ама никако не викај кажи ова, кажи она, зашто контра ефект ќе постигнеш. Знам колку е тешко исчекувањето да чуеш мама, ама за година две ќе викаш престани со тоа мама мама зашто ќе биде нон стоп.

    Да дополнам. Си пробала ли да стискаш уши кога има некаков звук во околина? Пробај па кажи како нема да му е забавно на бебе од 16м. Ја го правев тоа и постара кога бев, и баш е забавно да манипулираш со звукот или слушаш зуење. Тоа е стимулација, некои деца се посклони да бараат сензорни дразби од други ама се тоа е дел од нормален развој. Она за кое ти си читала дека деца со аутизам што си ги покриваат уште е различно. Кај такви деца им пречат секојдневни звуци што ти не ги ни приметуваш пр бучење на клима или фрижидер и може да предизвикаат нелагодност што завршува со мелтдаун. Покривање на уши и смеење не е тоа.
     
    Последна измена: 3 јули 2026
    На DarkStormm, Peperutce6, dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Да, од Бугарија тие. Ама прашај доктор за секој случај.

    @Stone , 3,5 години е моево, се врти на име кога и одговара во животот.
    Само да си викам онака без некоја цел, ама ич не ме перцепира. Е со целосно објаснување зошто името сум го кажала е друго.

    Да речам Х, ајде дојди да јадеме сладолед, за секунда е наместена на маса или пред замрзнувач да преговара што да се јаде.
    Да викнам само Х... Може и ќе ми се заврти, поверојатно не.

    Видеа за аутизам и се останато просто и проширено на тематиката имам изгледано 100тици. Тестови решено.
    @le.soleil , ја замарам почесто со прашања . :beer::beer: сестре

    И во последно кога веќе нели по алгоритам почнаа да ми излегуваат видеа и се да е аутизам, ми дојде преку глава.
    Ако мавтало со раце, ако трчало во круг ако трчало од еден со друг крај на собата, ако стоело со главата наопаку(надолу). Одење на прсти, не вртење на име и купишта други работи, што реално мислам ние само последниве години ги анализираме до бескрај.

    Оти ние или децата пред 15-20 години не се вртеле, не трчале, не се качувале никаде...
     
  14. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Ама такви се машките до кај 2-2.5 години. Еве ги, истите ги имам. Како муви без глави по цел ден. Откако ќе се изнаскокаат по сите кревети, ќе ги истурат сите играчки и ќе се истепаат за една играчка што никој не ја пипнал од лани, веќе им е досадно и не знаат што со себе. Ќе им спремам игра пола саат и они ќе играат 5 мин.
    Тргај играчки, што помалку тоа подобро. На моите кога ќе им се изнавикам да ги соберат одма нешто креативно им текнува, денеска играа нивна игра саат ипол со кутии, кабли, перници и коли.
    За мене најдобро дома со минимално играчки, повеќе сортери, боички, колаж, пластелин, слагалки (според возраста) или надвор по паркови. Секој викенд од рано сабајле искачаме, земам сендвичи и вода, лопатки, колички и до пладне сме под едно дрво, си копаат, си играат мерачки. Само креативни игри и без тв/телефони. Се ќе си дојде спонтано низ игри, и говор и проодување.
     
    На Peperutce6, Трагедијаупмм и КаринаТ им се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам, ама знам дека ќе рече дека нема потреба.
    Да наполни годинка и ќе му давам изопринозин. Тоа нешто мнооогу помогна со големиот.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Тоа интернетов не збудале нас.
    Само да се споредува ,само да де сомнева во себе си ,детето...
    Мене ми се разлика 5 г. големата на годинка веќе трчаше ,малово сеа ги прави работите што она ги правеше на 9-10м со тоа што големата не лазеше...
    Ама па малово страшно имитира а големото не дотолку.
    Еве денес имав некои внатрепни влакна на нога и ги влечев со пинцета таа седи до мене и ми ја собра пинцетата и пробуваше на ноџето :rofl:
    Ако и скријам нешто помало во тешничка пример отвора го вади :D
    Покажува со прст само за течности.
    Браво и да пукне ,мама не е баш со значење.
    Исто павта со раце ,и големата пафташе.
    Затворањето на ушите всушност приметив дека е кога сака ѕе да направи ама место очи покрива уши :rofl:
    Не дека и јас не се сомневам ау еден период сакав ортопед да закажам ама матичната не ми даде ,вика дека е ради тоа што е потепка од сестра и и со самото тоа потромава ^_^
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Изопринозин и бронховаксом не се даваат толку наивно и често, плус мислам дека над 2 години се даваат. Секогаш консултирајте доктор.
     
  18. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Леле да.. интернетов скроз ме побудале. Арно рекоа погоре see less. И така правам . Малово кога беше новороденче ми излегуваше некое бебе Alice кое починало од срцева маана. И сите видеа беа демек многу икала па требало да претпостават дека тоа е симптом кој не се игнорира. Па други некои рандом ствари кои сите бебиња ги прават.

    Потоа знаци дека бебе е во breathing distress.. па дали знаете дека побудалев со тие chest retractions, nose flaring само демнев додека спиеше.. некогаш уште го правам тоа, па броење колку пати вдишува во минута... па не дај Боже 2-3 пати ако го рашири носето паники, солзи... абе убаво е како знаци да ги знаеме работиве ама некако премногу се напнав јас...
     
    На Трагедијаупмм, КаринаТ и Stone им се допаѓа ова.
  19. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.252
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која има огромна анксиозност за здравјето. Секогаш си ги правам најлошите можни сценарија во глава и секогаш си имам проблеми со мм за тоа. И во право е, имам пробано многу пати да пробам да се опуштам ама џабе.
    Ќерка ми е родена со помош на вакум, па уште сабајлето прочитав десетици страници од форуми дали може нешто да и штети вакумот, какви последици остава и слично.
    Мислам дека кога се новороденчиња, немаат баш целосна контрола на очињата, па гледав видеа за страбизам и сакав да ја носам на преглед зашто бев убедена дека нели не е океј.
    Секој втор ден гледав вакум екстракција можни последици видеа. Секој ден и го пратев главчето дали ќе се заокружи убабо.
    Еднаш ми искочи видео бебе како тешко дише, ја соблеков и ја гледав и споредував, да не случајно и она има таков проблем.
    Видеата за аутизам да не зборам колку ми ствараа паника, ја викав по име илјада пати на ден веќе не сакаше ни да се врти зашто ја напнав.
    Па хипертонус си мислев дека има пошто нели јас сум видела нешто што не е океј.
    Има белегче на ногата, ваљда се гребнала и малку и беше поцрвенето, си направив сто филмови и не се опуштив додека не ја однесов на лекар.
    И помина за два дена.

    Свесна сум дека звучи ужасно и дека многу лошо влијае ова и на мене и луѓето околу неа ама така ми функционира мозокот, не можам да се опуштам.
    Ја можам да се смеам да правам муабет со тебе, а во главата да си мислам што ако сега се случи нешто што ако се разболам и слично, кој ќе ја гледа ќерка ми што ќе прави она без мене..

    Бтв, пробано со психолог, полесно е неколку недели и пак исто.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    4.145
    Пол:
    Женски
    Сите си го правиме истото.
    Јас за големата бидејќи беше во инкубатор кога се роди... па на отпусно пишува дека имала шум на срце и 10 др имам прашано сите викаат не се слуша веќе ама ми се врзало дали треба кардиолог...
    Сеа за малово па други филмови пример дека во градинка ќе се повреди и нема да ми кажат па ќе има последици да речеме... или дека тоа што е тромаво така значи проблем со коски/ мускули.. па сама себе си се смирувам дека ако имаше таков проблем немаше да има толку заби... гемини го прашувам 500 глупости на ден и така.

    @Peperutce6 Ја можамда се смеам да правам муабет со тебе, а во главата да си мислам што ако сега се случи нешто што ако се разболам и слично, кој ќе ја гледа ќерка ми што ќе прави она без мене

    Е исто само шо не е само за мене туку и за пример мм а што ако јас не сум таму да му помогнам или на мајка ми ,брат... итн
    Ко мислиш јас светец сум па ако се погодам таму ќе спречам ама и на фаца ми се познава баш се погоди еднаш на одмор и мм сликал ,фацата искривена ми е
     
    На Peperutce6 и DarkStormm им се допаѓа ова.