Некогаш ми е смешно од што е трагично. Сабајле во 4 саат сум гуглала дали болка во коленото може да прерасне во канцер. Стварно не памтам дека сум гуглала ова, ама знам дека тогаш стана бебка и направив млеко и ме фатиле мислите па набрзинка да читнам
Бронховаксом пишува над 6 месеци, изопринозин над 12 месеци. Секако ќе прашам доктор, ама од доктор до доктор советите се разликуваат. Еден ќе рече треба, друг не треба. @Peperutce6 Јас имам другарка која што и да кажам ми вели проблемот е од tongue tie. Ми набива чувства на вина дека не сум го однела да го средиме. 5 секунди работа било. Сум гледала дека детето се мачи, а не сум преземала ништо. И некогаш си викам може е во право, ама двајца педијатри рекоа нема такво нешто. И јас исто го имам расоблекувано да видам дали вовлекува кога дише. И имаше такво нешто.. запнав по реддит да читам, и други така испаничиле трчале на брза помош, рентген снимки, прегледи. Се си било во ред. Беше споделила некоја мајка дека од доктор и било кажано дека знаеле бебињата така да прават во РЕМ фаза на сон.. ама после сите тие клипови оди смири се... Сами си правиме се. Кај се искулираните мајки се прашувам ?
И јас сум анскиозна за здравје, ама ова фејзбук како да е створено да храни анксиозност. Мислам дека се е поврзано и со чет џпт, и намерно ни се појавуваат такви работи. Имав некоја грижа за здравјето на големово, не почнаа деца на негова возраст со канцер да ми искачаат на фб. Ми излезе девојче што имало тумор што се јавува кај деца исклучиво од 5-7 години. Син ми има 6 ипол, како знаеше баш тоа да ми се појави тој период. Ужас. Јас пробувам да се контролирам и мислам дека релативно успешно успевам сама, ама стварно е тешко. На тема споредување деца, големото имам кажувано колку беше спретен и самостоен за груба моторика, еднаш нема паднато, џумка немал. Ова малово живо се искрши. Уште не се исправа не станува (9м е). Големиот до 9 веќе лазеше, одеше по мебел, никогаш не е паткан. Овааа лази војнички од 6, сега писка цел ден да е во раце. И да го ставам доле, лази до некоја трошка да ја лапне, и до мене и ми се плетка во нозе за да го земам. И сака луѓе исправен на нозе, аууу. Сака да го паткам, сам покажува. Прекинува да плаче кога ќе го исправам јас на нозе и оди жив среќен. Значи не било до мене што поголемото имаше таков развој како по книга, до детето е. Ова е па попитомо. Го имитира татко му со устето папапап за ручкање пошто се е гладен. Не "бацува" по дома со отворена уста сите. Се вози во количка и писка, сите ги закачка, поголемото нит се возеше во количка, нит беше толку питомо. Да се здрави и живи само, ние да не полудиме додека ги израснеме .
@DarkStormm лепенката ми е таква... ама таква си е природно за се не само за децата Дури (шо многу тешко ми паднало и да бев во врска а не брак со дете веднаш ќе си заминев) мм еднаш ми рече зошто си таква во се нешто лошо бараш види снаами(од братучед,јас како комшивка ја гледам затоа само лепенка пишав ) како е цело време насмеана... Ама не знам се дави дете со смока пред неа она мува не ја лази ,пред да направи 2 м го легнала во количка горе телефонот со цртани на она како прозорче ставен таа си се кафесува со цигарата... Зимото седиште за во кола на тросед и цртаните уклучени таа надвор на цигара... и уште куп така примери што не ги ни памтам ама знам сум била wtf е со женава Ама на крај на денот секој си знае за свои деца нели
Еве ме и мене навидум искулирана а уствари ултра паничарка. Демек се трудам да не ја анализирам ама чат пат си увртувам нешто во глава. Баш пред некој ден си увртив дека има зголемен крајник и sleep apnea па се изначитав и изнапаничив од последици. Сега чекам да оздраве скроз дека постојано е со мрсули (со градинкава тешко али ај) па да одлучам дали да ја носам на орл. Баш на преглед кога се разболе и досаѓав на докторката ја прашував за мислење дали да ја носам на орл, мала ли е не е итн итн.
Зошто милион пати напишав овде дека веќе ништо не читам , нит отварам. На 4 месеци гледав видео со што да го анимираш бебето и една од анимациите беше да ја ставам на стомаче, потпрена на пешкир и пред неа тањир со вода и риби, демек ќе шлапа бебе од 4 месеци, абе ќе се удавеше бебе во тањирот а јас глупача уште ќе ја снимам да покажам ете што прават бебиња од 4 месеци. На 5 ипол месеци се напнав дека не се вртела на име, зошто некаде прочитав дека тогаш требало да се врти понекогаш, баш прашував во другата тема може некој памти. После видов дека на истата возраст дете на познаничка веќе вика бабабабба, моево ни б ни бутур, после почнаа да ми ствараат притисок дека на истата возраст дете на пријателка на свекрвата веќе ги ставало нозете во уста, па како тоа зошто не става нозе, па и ги влечеа нозете до уста. Какви работи го имам прашувано чичко чат џпт што еднаш ми пиша дека анксиозноста е болест и треба третман. Не читам и нема да читам. Моето дете се од горните стравови почна да прави на скоро 7 месеци. Дали мислам дека касни НЕ. Едноставно си прави се кога ќе и дојде. Една комшика што редовно ја масирам со моите мисли ми рече ај бе не си ја повикувај несреќата, не мисли на глупости, јас кога беше малиот бебе воопшто не сум се замарала и така и треба. Откако имам бебе на Инстаграм и ФБ цело време ми излегуваат некои видеа и постови да ти набијат страв, плус постојано барања за донации за лечење толку ми создаваат некое чувство на грутка во грлото. И реков не читам, не слушам веќе. Ќе си прави се кога ќе и дојде
Да баш вака е, се трудам и јас да не читам глупости самата, ама некако од околината е проблемот што и сама гледам, што и општо мајки се фалат од што се радуваат за вештините на децата, ама вака кога твоето е малку поназад со вештини ќе си направиш филмови во глава
Ама па од моја гледна точка ова живот ли е? Јас имам проблем едвај останав трудна, прво се нервирав за тоа дали ќе останам трудна, колку пати ќе правам ин витро, колку е страшна хормонската терапијата. Бидна ин витрото дојде ризична бременост, со лежење, со намалена плодова вода и ризик за породување во 7 месец, супер помина се на крајот 40+3 се породив, дојде итен царски, па ме фати постпородилна депресија, па немав млеко па таман се подоправив, сега детето дали се развива како што треба. Преголем притисок е ова. Толку ми е голем притисокот што со мм решивме дека тоа е тоа, нема веќе деца. Нека ни е жива и здрава, јас уште еднаш не можам да поминувам низ истото. Си имам анксиозност и панични напади од претходно. Морам малку да олабавам, пошто ќе треба да пијам апчиња, а не сакам. Со ваков притисок се прашувам некогаш дали ќе дочекаме радости од децата, матури, свадби. Станавме болно општество тоа е реалноста ама мора малку да се изолира човек иначе ќе пукне.
Од нас зависи на што ќе ставиме СТОП. Живееме во анксиозно време, бомбардирани со инфо, а од друга страна притиснати да бидеме совршени. Па ако може, и нашите деца да се ултра нај нај, пред времето ако може. Како па да не. Ќе стаиш СТОП на сите тие глупости, и ќе престанеш да му бараш маана на детето, фалинка или недостаток. Глупости. Ајт полагано малку. Напорно е родителството, како и животот во земјава, па уште екстра да додаваме "зачини".
Никогаш ова не сум помислила. Големиот на школо ќе оди ни буквите ги знае, ниту нешто го интересира многу. Се чудев кога кажуваа мајки дека знаеле и мк и англиска азбука на 2-3 годинки нивните. мислам дека мајките овде пишаа дека се загрижени за развојот дали е во ред. јас и уште некои па здравствено сме преплашени и стегнати.. за големиот памтам сите постари баби викаа дека на прв роденден треба да оди. Како уште не прооден... си прооде на 15-16 месеци негде. малиов сеа на 8 месеци дали се вртел на име, требало да си го знае името... па и во таа соба за доење, од 5-6 месеци име си знаеле и се вртеле... како не. Се вртат на звуци, па нормално мислиш оти се врти на име кога ќе му викнеш.
Да точно јас сакам само да знам дека се е во ред, па после тоа кога сака нека си достигнува се. Но вака од што луѓе зборуваат се и сешто си се запрашувам дали е во ред што кај моето дете не е така. Исто вака коментари од баби со споредби со деца и општо од родители што цело време споредуваат се прави вака стрес
Тебе другачие те сфатив, ти имаш реален предизвик, бебушка што се разболува, поголемо детенце и немаш 5 мин раат, што се вели. Многу те разбирам, само ти посакувам да имаш доволно раце за помош.
Знаат фотографски букви толку мали. И името некои знаат да си го напишат пред училиште. Исто тоа не значи дека функционално ги знаат буквите. Ќе си научи, интересно ќе му биде дека ново. Мојот молив не знаеше убаво да држи пред 1 одделение, сега чита касни порасни
Ние бевме на прв викенд со бебе. Нит гледавме саат, нит бркавме дремки. Бебе се изнаспа во количка и во кола. Мирен до немај каде, со една играчка се заигруваше. Ја остави мама да се изнаплива. Нормално во ресторан си кенкаше ама малце кај мене, малце повеќе кај мм и така. Преубаво. Бебе 1000/10
А зашто мислите на лоши работи? Мислам нормално е да ти пројде некоја мисла или да споредиш нешто за развој да видиш дали го прави итн итн… ама сега од здрави прави деца зошто се бараат проблеми?? Јас ова искрено не го разбирам. Помалку нет, повеќе дружби и присутност во моментот е лекот
Dojdov istoto da go pisam, vo Grcija sme so majka mi i beba luge posledno vaka ubavo i dolgo vo Sistina ima spieno da znaev deka vaka ke i prija ke se preselev od maj na more
Хелоу мамстерс Срцево ми е лешник. 7 години ќе прави големата, 7 години искуство, ама кога идат на ред вакцини… се осеќам толку ранливо, не спијам со денови, не јадам со денови. Ништо друго не ми влијае вака, ниту кога ќе се удрат, ниту кога се болни. Што вика мајка ми, уште имам трауми од моите вакцини. Девојката обнови дтп пред 3 месеци да е спремна за во школо и неочекувано, помина супер. Нит даде отпор нит ништо, си отиде со маж ми, седнала, примила, се врати назад задоволна од себе си. Јас за тоа време не дишев додека се вратија и видов дека се е ок. Денеска ги носев момците. Бебули ревакцина ММР и плус после многу мислење и истражување, иако претходно ја одбив на сите тројца, сепак решив да им ја ставам менингокока Б. Се почесто слушам за лоши искуства со менингокока инфекција, вклучително имавме комшивче што едвај го спасија зимоска. Со месеци собирам информации, уште повеќе храброст и конечно ги однесов момците денеска. Маж излезе од работа оти бев убедена дека ќе ми треба јака логистика. Ова средново мислев ќе прави проблем оти знае да вришти, прета, мава, бега… кога тој.. седна и прими вакцина без да пушти глас. Гордост. Овој премин од 3 кон 4 години носи неверојатно големи промени во однесувањето. Го приметив тоа и кај ќерка ми. Сега и кај син ми. И двајцата станаа посвесни, по смирени и почнаа да соработуваат. Сега да се опуштам и да продишам. Пред некој ден, случајно налетав на чевличиња од ќерка ми и меѓу другото, ги најдов нејзините први патики. Скроз сум заборавила дека воопшто ги имам зачувано. Бебули ги присвои и сега не можам да му ги извадам од нозе. Дефинитивно, најдобрата прва патика, за дете што самошто проодело. Ич не ми е проблем што се лилави, сите бои се и за момчиња и за девојчиња, мака ми е што му се ептен кнап. Штета што не ги најдов бар пред еден месец. Со оглед на фактот што дечково сега ми прооде, пред некои 2 недели како саглам се пушти, сеуште немам земено патики си оди во чорапи. Му купив едни гумени, специјални демек, ама не се ни приближно добри како овие. На сите што ви проодуваат бебињата периодот, ви го препорачувам овој модел, нема измислена подобра прва чевла. Сме го правеле муабетов и претходно. Целосно го следат стапалото. Спојлер А колку само спомени ми вратија. Вчера беа нејзините први патичиња 20ка, а пред некој ден и земав број 31. Толку брзо растат. Се надевам дека уживате во летово. Јас се пакувам и конечно да издишеме на море, да се осолиме и да вдишеме морски воздух. Назад ќе ме чекаат последните подготовки за првачето и освојување нови животни клучни етапи.
@Yowannty , средното со полни 4 е? Да знам де, да се надевам на подобри времиња за пола година Пред точно 4 години на денешен ден слушнавме срцева акција. 300 паники, стравови, што помине, како ќе помине. Од тогаш наваму, по некое, море повеќе бели влакна, истанчени нерви, плачки, смеење, радости и се по список. Последните денови неколку рандом луѓе таа 4та година кај детето како магична ми ја споменаа, па сега ќе ја чекаме.