Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.316
    Пол:
    Женски
    На моево дете сега на 6 ипол години крв од вена му земаа без да зуцне. Се чудеа баш сите во лаб. А претходно војска да го држи требаше за обично земање крв од прст. И јас се изненадувам многу позитивно од него во последно време, од ова дете штом излезе соработувач, сите ќе ги биде си мислам :D.
     
    На fragaria и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.070
    Пол:
    Женски
    Невакцинирани. Близнаци се и двете поминаа тешко и на клиника, ама за едното многу брзо стана многу неизвесна работата. Среќа, даде Господ двете да се добри. Ако си во Македонија, заразата е многу ниска, помалку од 1%. Во Германија исто официјално е ниско, ама сешто се досели од трет свет се живо донесе со себе. Па во клиниките е различна сликата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.070
    Пол:
    Женски
    @Miss_S дааа полни 4 од петокот. :sun:
    Немој да очекуваш бубаче, да не ме разбереш погрешно. :lol: Сеуште ќе има и плачки и тантруми, ама ќе проретчат. И да, мислам дека преминов од 3 до 4 години е еден поголем ментален мајлстоун. И ќе го приметуваш и во помалите и во поголемите работи. Овде секоја година задолжително имааат систематски, а од 4ти роденден се одвива во два дена, првиот е класичен систематски со физички прегледи и мерења, а вториот ден ги следат колку се ментално развиени за годините низ низа практични тестови и разговори. На 3 години ќерка ми не соработуваше воопшто. Таа е дете што и ден денеска ако не сака нешто едноставно само ќути и те гледа, не збори, не реагира, те игнорира целосно, едноставно не соработува па ти и на глава застани ако сакаш. На 4 години, откако некој период ја спремавме од дома што и како ќе биде, си отиде дете два пати, си направи се што се побара од неа.

    Син ми туркаше, преташе, вриштеше не оставаше докторката да му се приближи, 4ца го држевме за вакцина на 3години, за денеска ментално се спремав знаејќи што можам да очекувам и иако се гледаше дека му е многу некомфортно, не даде никаков отпор и одлично поминавме. На 4 години веќе е баш детенце, 2-3 месеци пред 4 години почнуваш полека да приметуваш транзиција. Сеуште си се ливадинки за воља на вистината, ама сега се позаинтересирани и посвесни ливадинки. :D

    Леле каков ролеркостер е мајчинствово. Де се смееш, де плачеш, де се смееш и плачеш во исто време. Ме довеле до лудило. Мислам, секој кој има дете знае колку едно такво трапаво суштенце може да те излуди, имало ситно и ситуации ми идело да пропаднам од срам, милион ситуации да се стопиш од љубов толку што не ти е реално, нема ништо повредно на светов.
    Успех. :) Кажи сеа колку си најгорда кога ќе направат нешто така зрело и неочекувано? :wasntme: Најубаво чувство на свет.
     
    На 1209, fragaria, Anaroz1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    @Yowannty Многу ми се свиѓаат патичињата, кој модел се?
     
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.790
    Колку поточно после 4тиот роденден да очекувам магија? :D
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna да се јави на главна каса.

    Јас имам уште за чекање магија да се случи.
    Некој од поискусните нека ни каже. :rofl:
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    многу е полесно после 4 години, нема веќе толку трескање од земја за ништо, конкретно мене шо ми е полесно, сама станува сабајле оди во вц, сама се брише, мие раце, мие заби, сама се облака, уште млеко си пие насабајле, сама си зима од фрижидер и несквик си става, мојата е и мирна, знае да земе боенка, или листови и да си бои, да си црта, мене искрено најтешко ми е со неа шо не престанува да збори, и цел ден поставува прашања на кои немаш одговор :rofl: е сеа знае да си има испади, дете ко дете, ако и кажеш за нешто не се кара со мене, се објаснува, ама воглавно е многу полесно од предходно, ми помага со бебето многу, ќе донесе за пресоблакање, пелени, алишта ќе извади кога ја бањаме, дипли сама алишта си реди во плакар, навечер си ја средува собата сама, 4 ипол е мојата
     
    На SanelaS, hannybanny, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Женски
    Уште пола година, ама не ме пцувајте мене после :D
    Комплет шо пиша Анароз, само уста не затвара. Има испади де чат пат, ама не е за у лудница работава веќе. Инает си беше и си остана, тоа веќе карактер е у прашање :$

    Бевме во болница изминативе денови, и да ви кажам херојка мала си имам :l:
    Очекувано полуде кога и вадеа крв од вена, матер и еба на сестрата од клоцање ама прв пат и е.. не ни знаевме шо не снајде наеднаш.
    На инфузии беше врзана по 3.5 саати дневно... Издржа јуначки. :muscle:
     
    На Miss_S, Anaroz1, Mrs.Cuper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.790
    Ох душа мила, се надевам дека е добро сега. Децата се похрабри од нас, она ќе заборави, ние никогаш нема. Со помин да е, и никогаш да не се повтори:hug:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Женски
    Подобра е таа, јас полудена сум и кошмари имам :tmi:
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.790
    Чек да ти кажам кај нас како е

    1. Сами идат у вц, мијат спремаат - резултат ќе направат лом, ќе испрскаат све и ќе се тепаат кој прв да се среди
    2. Сами се облакаат - ама по 13 пати зашто ако еден сака едно, другиот облече друго и првиот ќе се предомисли и ќе го сака истото, ако немаат исто или боже сачувај е за перење ќе се вришти ќе се тепаат ќе пробуваат да се соблечат еден со друг. Често ќе изберат несоодветна комбинација пример кога е ладно шорц или кога е жешко долги ракави. И тоа трае цело сабајле додека не попиздам

    3. Да земат да побараат да бојат или да пишуваат не се десило освен на ѕидови- цела куќа ми е со уметнички дела. Активности што вклучуваат седење на газ се апстрактна именка, не постои во нашето секојдневие освен ако е сечење со ножици на мали делчиња што завршува со парчиња расеани секаде низ соба или хартија залепена на ѕидови или мебел

    Средување по себе? Како прави мажи се што ќе соблечат завршува на под на различни делови од куќата во комбинација со точка 2, можете да замислите. Тек сега почнаа да ставаат нечисти алишта у корпа и тоа исклучиво со закани дека ќе биде фрлено или дадено на други деца.

    Прашања по милион на саат. Карање како тинејџери. Тантруми поише него на 2 години.

    Отворена сум за сугестии. И не, се што прават не поминува без карање, објаснување, забрани и казни. Џа-бе!
     
    На DELFINA81, LiquidLuna, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Ај на 3,5 години

    Алишта ако и речеш да се облече почнува плачки и драма како не знае самата да го направи тоа. Арно ама ако и текни некаде попатно дека друга блуза сака или чорапи или не знам што знае да се облече и без да ја видиме

    За цртање, ако јас речам ајде да цртаме тоа и тоа или да сечкаме со ножица или не знам што, завршува со врескање како мадам не знае да црта. (facepalm)
    Е кога е расположена да си седне сама и да црта тоа е веќе друга приказна.

    Од дете што одеше мирно за рака без глупости по улица, сега имам такво што се влечка, се качува до кај ќе стаса, одвај чека можност да се пушти и истрча некаде ...

    Значи рековме да дишам длабоко уште некој месец, па со нов апдејт.
     
    На LiquidLuna и le.soleil им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    хахахха, ги има и мојава тие моменти, да сака да носи долги сега на 40 степени, а во зима кратки :rofl: исто и со ножиците, се затвара во соба и касапи се, земала сите фустани на барбиките ги искасапила, стагачи се што има, затоа сега и се кренати и ги давам само под надзор :D пак кога ќе споредам со предходно, реално полесна е сега за чување, кај што не е толку зависна од мене
     
  14. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    После скоро една година пред некој ден се запнав да идеме со мм и бебе до гтц и плоштад, да го прошетаме нели бебе да го види градот. Толку убави спомени имам од овој град. Отидовме и се разочарав. Нема ништо. Скопје е мртов град. Нема луѓе, во ГТЦ во сабота после 5 не работат продавници, пола се и затворени. Едно чудо Непалци, Пакистанци, Филипинци. Прљав градот. Нема музика по кафичи. Нема ништо. Отидовме по улица Македонија исто. Едно чудо кафичи со никаква содржина. Мизерија. Од друга страна Скопје е се позагаден. Дење, ноќе, лето, зима веќе нема поента прозор да отвориш смрди на гума, на пластика, на све. Онде кај Рашче има закана и водата да се загади. Ќе изумреме млади. Прв пат на 40 години ми помина мислата дека не сакам да живеам тука и не сакам тука детето да го растам. Што има да и понудам во Скопје? Освен за возрасни повеќе работни места од другите градови, сериозно веќе апсолутно ништо нема. Сериозно почнав да размислувам да се преселиме во некој помал град или село. Не сум сигурна само како би се снашле за работа, ама некако мислам дека ќе почнеме и тоа да мислиме.
    Како да растам дете овде? Во загаден воздух, со вода што не знаеме до кога ќе биде добра и за пиење и за техничка употреба, со сите што се доселија од трети држави и не ми личат како безбедни луѓе.
    Со деца без емпатија, те гледа со мало дете со количка и иде преку тебе. Што се случи со генерацииве како дојдовме до тука? Освен игротека и мол нема што друго со дете да правиш.
    Многу ме фаќа страв каде и како ќе порасне бебка. Како ќе се снајде. Најмногу ме мачи како да ја воспитувам. Каква генерација ќе бидат, ќе почитуваат или ќе се тепаат. Тешки времиња се овие многу недоумици имам.
     
    На Kjara2025, Liza38, Tasha masha и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    И мене овие работи ме плашат, а најмногу околу воспитувањето. Како да ја воспитаме, кога да бидеме строги, кога попустливи..во каква личност ќе израсне? Како да се брани од врсници, децата сега се толку многу сурови.. Стварно не знам, дали да ја учиме да биде поостра, зашто јас многу сум мека па си трпам во животот. Милион прашања ми се вртат во глава. Ако се закачне со некој надвор и викаме немој така, ако земе играчка на некое дете да си поигра што да направам, да ја искарам ли? Има и различни родители, не секој дозволува да му се земе играчка. Еве ние имавме ситуација собрани 10тина деца на лулашки, сите си ги мешаат играчките, колички слично. Мојава зема една количка да ја види (детето не изреагира, а во моментот не ја држеше) ама мајка му отиде кај ќерка ми и и ја зема од раце. Океј разбирам и тоа ама ако таа играчка не ти е за делење па остави ја дома, деца се тоа нормално дека ќе посегнат по играчката..
     
    На Tasha masha, fragaria и hannybanny им се допаѓа ова.
  16. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Скроз го делам мислењето со тебе. Уште од времето сум размислувала да се преселам ама не во помал град или село туку надвор од државата ама не сум била решителна да се преселам трајно а имам живеено надвор од мк. Сега повторно истото го размислувам. Што имам да му понудам на моето дете? Загаден воздух? Загадена вода? Катастрофален здравствен систем, луѓе без емпатија итн. Од Скопје ќе избегаш ама воздухот речиси во цела македонија е загаден, здравството во помалите места да не коментираме. Еве ние и двајцата можеме да работиме од дома плус имаме опции во два различни градови да се преселиме од кајшто потекнуваме ама не ни е опција тоа заради причините погоре.
    Единствена опција што ја размислуваме е за надвор од државата. Ама како шетам барем од европа разочарана сум скроз. Ако овде има непалци индијци и пакистанци во европа има десет пати повеќе…И мислам дека се полошо ќе станува.
     
    На Tasha masha, fragaria, Vegegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Не дека не ми прошла мисла и за надвор ама и таму не знам како е и не знам дали сме способни за таков чекор. Двајцата сме од Скопје и скопските деца да знаете дека се најунаказени, цел живот блиску сукњата на мама. Вие што сте од други градови сте поснаодливи и повозрасни за годините затоа што на тоа ве научил животот. Сериозно размислувам некое време ама откако имам бебе и гледам што се се случува се повеќе и повеќе ми се буди желбата да си одиме.
    Загадена е цела Македонија не викам не ама во Скопје е најстрашно.
     
  18. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам цело време. Мала е многу ама од сега се почнува. Да ја карам, да не ја карам, да дозволувам работи да не дозволувам, да биде фина или да биде оса. Стварно не знам што е паметно. Знам само дека не сакам да е насилник, ниту да ја малтретираат насилници.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум сакала да одгледувам дете во центар на Скопје. Од Скопје сум иако не живеам веќе 8 години во Скопје и сега кога пак би дошла да живеам таму би живеела во некоја приградска населба во некое селце со мало основно школо. Не мислам дека ќе биде многу подобро ама колку толку. Овде кај што сум сега во моментов можам да се замислам во иднина без да мислам како ќе се врати ќерка ми дома од школо, дали некој ќе ја нападне или навредува. Никаде не е сигурно на денешно време. А исто така не можам а и не знам како да ја научам да биде дрска и да се “вклопи” во суровиов свет.
     
    На Tasha masha, fragaria, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    12.213
    Пол:
    Женски
    Ние го минавме и 5 ти роденден..уште ја чекам магијата..:D
    А близнаците се 2 год..шта речи, а не полудети 8-|
     
    На Miss_S и le.soleil им се допаѓа ова.