1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Јас како дете кое цел живот живеело во центарот на Скопје,многу тешко ја прифаќам новава средина во предградие на Скопје.Валјда пристапот кон се ми е различен и тешко се снаоѓам.Одлуката беше на стан кој за кратко нема да не собере и за неколку години ќе барам пак или куќа по наш кејф но на страна,и одлучивме на куќа.Иако сум благодарна за чистиот воздух,пространоста и се тоа,тешко ми е што сум сопната да тргнам и да стигнам некаде за 40 минути.Посебно периодот со новороденче ми беше хорор и само си мислев издржи и мисли како ќе расте во огромен двор и на чисто.Со зеленило со простор за сите овошни дрвца,во комшии домашни кокошки кои сигурно за некое време ќе ги брка и трча по нив:wasntme: Од една страна си викам ќе му дадам детство за кој секој сонува од друга ми е тешко јас да се навикнам.Куќата огромна не се чисти не се постига со мало дете,но ете простор има.И така се во круг.Најголем страв ми е само времето што доаѓа и изгубените вредности на народот,не сум соочена дека ќе расте во ваков свет.

    Туку сакам да ве прашам,кој ви беше омилен период со децата и зошто?Како расте секој ден ми е се посладок и полуд ,некогаш ми е криво за времето што поминало ,некогаш нетрпеливо чекам како ќе е натака
     
    На kozuf, fragaria, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Јас се каам што наместо куќа со голем двор на страна одбравме стан. Малата до пред еден месец не сакаше во количка, па џабе имам се околу мене пукнав дома и на тераса.
    Првите 3 месеци ми беа хорор, само плачеше и како да го живев истиот ден одново и одново, а сега имам чувство дека времето ми лета. Многу сакам се да памтам, секој момент со неа, ама знам дека нема да биде така и многу ми е криво.
     
    На fragaria, Трагедијаупмм, Stone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    234
    Мајки, каде можам да најдам мали фигурички со мики маус и дружината? На тему не наоѓам за жа
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Андреј компани карши поштата под железничка. Јас таму најдов комплет мико, мини, гуфи, плуто, пајо и дејзи.
     
    На kozuf и 1001Ana1001 им се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Јас пак плачам за куќа на страна...јас сум тип кој ужива во мир, тишина, тоа ме пуни. Разбирам дека има луѓе и кои ја сакаат вревата, градскиот метеж, достапноста итн, така да, те разбирам. Мислам дека компромисот ви бил разумен, сепак е битен комфорот дома. Тешко се живее тројца, четворица во 55 квадрати, со деца кои растат. А поголеми станови се изгор, така да....верувам полека ќе ти стане ок да возиш 40 мин за до мол, кафич итн. Човекот е суштество створено од навики.

    А за вредностите....ќе мораме мн да се потрудиме....
     
    На kozuf, fragaria, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.578
    Ние истеравме дури 2 одмори од по недела дена 8)
    Бебушка полесно се навикна од мајката, се прерадува, убаво спиеше, беше ко Алиса во земјата на чудата.
    Мене ми е тешко да искочам од редовите мои по дома...ама на крајот, бебе ми покажа дека сè може да испадне ок.
     
    На fragaria, Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.171
    Допаѓања:
    192.070
    Пол:
    Женски
    Nike Tanjun е моделот. Најсовршени детски патики.
    Сугестии нема освен трпение. Моиве се во фаза се доживуваат како натпревар, до ситница мерат и премеруваат кој колку играл со нешто или гледал нешто или го гушнал бебето или ете комшија еден помина и му мафна на син ми и тој и кажува на ќерка ми која беше свртена тогаш и не виде. Ама секако проба да го убеди него дека не му мафнал нему и не и успеа оти јас и кажав дека видов оти стварно му мафна дечкото и се налути за тоа. :sweat: Само таа сега е поголема, разбира, ќе и кажам дека таа беше свртена и не виде и дека не е причина за лутење. Ќе се помири побрзо отколку пред некоја година да се случеше ова ќе беше голема драма. Ама во основа се им е причина за кавга. Ептен се нервирам ама фаза било. :tmi: Нели се е некоја фаза. :D

    Иначе ради тоа алишта им спремам од вечер и им покажувам што ќе носат, да нема драми сабајле. Ги научив од мали дека јас им вадам алишта од вечер и немало проблем до сеа. Маж ми стално се заебува кога им дава избор. Ако седнеме на кафе тој сака да ги земе со него да одберат дал сакаат вафла или колаче некое и вечито ќе се испокараат. Јас одам сама, нарачувам и не праат проблем што ќе добијат. Или ќе ги прашам од дома што сакаат, за да нема драми таму. Тоа ми се покажало најбезбедно решение, секогаш ги спремам од дома.

    Иначе со двајцата на 3 години поминав еден подолг период кога не сакаа сами да се облакаат. Па не сакаа да извадат патики кога ќе дојдат дома, па некој дури и раце да им измие. Плачки и вриштачки. Двајцата имаа таква подолга фаза. Сеа средново уште знае ако нешто е лут, да влезе дома да седне во ходник на под и да чека ко султан некој друг да му извади патики и јакна, фала богу не е секој ден. Ама многу голем ментален предизвик ми беше и со двајцата тој период да останам смирена и да не ги рашлакам некој ден.

    Другото исто… ѕидовите ми се цели апстрактна уметност и ќе кречам тек сега летово зошто сега веќе разбира и средното дека не треба таму да се шкрта. Имам две клуб масички, едната ја прежалив им ја дадов нив. Ќе си легнеа двајцата на под и си ја шкртаа на долната страна. После ќе им дадам крпите да бришат. Ама тоа ми беше голема оддишка и кафе време за мене. Некогаш времето не дозволува надвор и дома мора да се смислува нешто. И алиштата до скоро кај ќе ги соблечеше таму ќе останеа. Сам да му текне да ги стави во корпа нема шанси, јас треба да му кажам па и да се помолиме некогаш. Еве сега сам прави се. Вчера што му текна не знам, сам зеде ја рсскрена цела детска и после отишол и дневната и дојде во спална да не викне да видиме што направил, ние зазборени диплевме алишта не ни приметивме. И тоа како фино се беше цакум пакум. :D

    Машки се твоите. Знам дека знаеш на машките физичка активност им е потребна многу поише отколку на девојчињата. Мора да трчаат и да трошат. Тестостерон се полни. Не очекувај да играат седнати. Природно им е и нормално за момчиња. Потешки се сега што мораш уште да ги пазиш цело време зошто трчаат ко муви без глави целосно неоптоварени за простор, опасност, време.. :D ама ним тоа им е потребно и ќе си издржиме машки и ние со нив. :)
     
    На fragaria и le.soleil им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Очекувам олеснување. Се враќа свекрва од одмор деновиве, па стегам заби. Вчера суви мрсули имаше беба. Се испаничив, само проверувам да нема температура, а нема никој болен од нас, контакти сведени на минимум..

    Големиот толку што го фалев, вчера крокодилски солзи ронеше затоа што не му дадов да си игра со златен накит.

    дома ми е хаос најголем. Ништо немам средено, само облека имам испрано и здиплено, садови редам во машина и толку. Толку стигнувам за време на дремките на бебе. Додека е буден мора да е во раце или да сум во близина.

    Од завчера почна да мрмори Мамама, па и само мама кажа неколку пати, си го снимив и се пофалив на сите.
    Знам на 8 месеци тоа не значи навистина мама, ама се топам.

    Мм е гладен како волк, само спремам ручеци, вечери. Вчера излегов до работа ме викаа, сто пати ми се јави кога ќе се вратам за да му спремам храна, а мислев да тркнам до мол да видам во Синсеј има ефтини работи за децата. Ај денес или утре таа работа...

    Почнав од први јули со онлајн фитнес тренер, срам ми е да кажам дека само 2 пати бев во теретана и без енергија, без мотивација. Преморена сум и не се придржувам баш до тренинзи. Ама храната ја следам беспрекорно и за овие 10 дена имам намалено 2кг. Не е најголем успех, ама се надевам до Нова година да се средам физички. За психички ќе чекам до 4-ти роденден на бебето. Тоа веќе читнав сте го пишувале. Да не е магично одма, ама отприлика на 3 години кога е дете можеш да одиш до ВЦ без да се плашиш дека извршил самоубиство или нешто опасно, може само некој неред да најдеш. А на 4 год исто не е безопасно, ама барем можеш да се разбереш, да објасниш, да го заплашиш. Конкретно пример еве, како помал големиот не пиеше сируп никаков, плукаше и само плачеше, оди објасни дека мора ? Ама тука некаде на 4 год му кажував добро ако не го испиеш одиме на инфузија, па ќе се вразуми. Или за миење заби, стално беше борба, ама му покажав едно видео како бактериите ги нагризуваат забите, како црви во уста се прават, па после како на стоматолог се оди за кариес, е од тогаш заби миеме редовно.
     
    На Anaroz1, strelec231992, Eho и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Шишиња има и во бабу центар,за цуцли не сум сигурна провери.
     
    На Vasileva98 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    580
    Породена пред акоро 2 месеци. Имав отоци по породување, па ги снема и сега пак имам отоци на стапалата. Не знам од што вака. Цела работа дома е на мене, станувам ноќе со бебе нормално и знам дека не пијам вода воопшто, сокови секакви, брза храна најчесто и многу благо јадев од што и се поправив доста. Сега сум највеќе на овошје и зеленчук, морам пак да ослабнам. Дали е можбо од начинот на живот и премореноста вака да сум?
     
  11. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Oтоци главно се јавуваат од долго стоење. Но проверувај и мери гокрвниот притисок. Може ти е висок и ги добиваш.
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.569
    Допаѓања:
    19.718
    Пол:
    Женски
    Денес денов почна со стрес. Јас и бебе сме спиеле на спална, мм излегол на тераса кафе си пиел. Се будам бебе шушка а не го гледам, не е до мене не е во креветче…. он доле плива. Спалната ни е превисока. А паднал од страната со креветчето што е споена и него го турнал, перниците што седат како заштита стоеа на место…: нез како успеал. Јас го зимам тој си се смее си плива си игра доле. Некако дека бев кроз сон не бев мн свесна што опасно се случичо. Денес цел ден си мислам на тоа….. да не повредил нешто;( и како ќе спиеме денес и општо што ќе правам како ќе го заштитам….
     
    На Anastasia579, DarkStormm и hannybanny им се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.865
    Пол:
    Женски
    Офф. Не грижи се. Се случуваат такви работи.. Крени ја оградата на креветчето, или купи ограда за спална. Ако немаш таква можност нека ти позајми некој транспортно креветче.
     
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.569
    Допаѓања:
    19.718
    Пол:
    Женски
    имам и транспортно… тоа во дневна ни стои . Денес доближивме до ѕид па ќе видике вечер што ќе правиме..
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Женски
    Чим не плачело бебе немаш ич гајле. мене слично на одмор ми се деси, она спиеше на спална од што вадеше заби и беше многу плачлива а транспортното беше залепено до брачниот кревет и успеа така да падне баш мегу кревет и да се одвои транспортното. А не бевме ни заспани ние со мм, ја глеав на камера ама додека стигнав до спална она веќе тресна. Ништо страшно, ретко кое бебе нема паднато не се секирај. Пробај обезбеди колку можеш најмногу, стави оградица, премести до ѕид ако тоа е решение или ете во транспортно можеби најпаметно. Сепак нема по безбедно од тоа да си е во свое креветче пошто како расте се повеќе ќе се движи и за секунда може да падне.
     
    На Anie93 и DarkStormm им се допаѓа ова.
  16. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Јас да се пофалам и воедно да се пожалам дека бебе ја отфрли цуцлата за век и векова, значи тоа е добрата вест, се лошата е дека цицката моја му е сега цуцла па буквално спие со нејзе во уста :party:
    Наместо да намалуваме подои бебе цица во полн гас, новороденче кога беше не цицаше така.
    Го земам во скут и автоматски се мести за цицање, сега е поголем па ми ја трга блузата, плачи, се нервира, хаос ама воедно и љубов, јас како мајка пресреќна дека се уште дојам и веќе ноќите ги навикнав, не сум нервозна кога се буди често за цице
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.569
    Допаѓања:
    19.718
    Пол:
    Женски

    И јас вака се осеќам за последниот дел се поубаво ми е доењето и поуживање со тек на времее, само бебе е мн буци па веќе немам кичма:D
     
    На Anastasia579, Трагедијаупмм и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    И мојот е за машала со килажа, мислам не е толку дебел колку што е долг, кога го држам во раце до колена ми иди.
    Единствено ми е олеснето затоа што не ми е во раце ич, го научив да си лежиме си се гали со цице и така одмарам, плус сега го оставам да шета послободно низ стан, не му одам зад пети цело време, за чудо стабилен е, кога ќе паѓа се потпира на рачиња од страна, пресмешен ми е како се снаоѓа и кога ќе се под чукни некогаш оти често знае да ми забега под стол ќе направи само ооо, онака тивко и ќе се подзадума, прејако :)
     
    На Anie93 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.569
    Допаѓања:
    19.718
    Пол:
    Женски
    Ние утре ќе идеме на вакцина, ептен ми е паники и шубе пред секое ама пробувам да бидам смирена….:whew:(waiting) Ајде ова да помине па до година дена мирна глава:inlove:
     
  20. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Женски
    Леле исто бев и јас. Секаде прочитав трета доза најлошо поминувале. Освен драмата со плачење од две боцки, пошто сега веќе и разбираат по малку, друго ништо немаше. Исто и јас реков слободни сме до после нова година :D
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.